FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.736
Поени од реакции
33.429
32. La planète sauvage / Fantastic Planet (1973)

1654373500872.png

Француско-чешки научно-фантастичен анимиран филм за кој веројатно сите сте слушнале. Филмов го има на многу A Must Watch листи и одамна сакав да го гледам, па еве конечно му дојде времето. Навистина е екстремно оригинален, со интересна stop-motion анимација, уникатен и екстремно фантастичен. Раскажува за една планета, Ygam, на која живеат хуманоидно-амфибио-лики суштества со сина боја кои се викаат Draags, но по раст многу повисоки од луѓето (тука наречени Oms), кои се инфериорни во споредба со Drags, во секој поглед, и Draags ги нарекуваат животни и ги чуваат заробени по дома за со нив да си играат нивните деца. Планетата на која живеат е полна со секакви фантастични суштества кои се плод на навистина бујна имагинација. И се тоа е навистина супер, но приказната не е нешто посебно: инфериорните Оми почнуваат да учат и да се борат против Draags (многу потсетува на Планета на мајмуните) и може да претпоставите каков ќе биде и клише-крајот. Дополннително, заради темпото и отсуството на дијалози, иако ова трае само 80-тина минути, на моменти е екстремно досадно и делува како да трае цела вечност. Но во секој случај е уникатно и неповторливо искуство, и е веројатно најоригиналниот анимиран филм кој сум го гледал. Затоа од мене една солидна 7/10..
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Еве сум во Чешка, на проекцијата на Ikarie XB 1 (1963)

Свемирски брод кој се движи со подсветлосна брзина на истражувачка мисија кон Алфа Кентаури и попат наидува на неочекувани нешта. На почетокот се запознаваме со екипажот кој не е директно претставен, но од контекстот и разговорот се разбира кој е на каква позиција. Сценографијата и камерата одлична па и ефектите на ниво. Музиката механичка исто како и гласот на централниот компјутер а и целокупната опрема на бродот.

Од денешен аспект гледано делува малку застарено, но филмов бил далеку пред времето. Многу личи на епизода или филм од оригиналните Ѕвездени патеки, со тоа што е снимен добри три години пред нив.

Топла препорака за сите љубители на ретро СФ.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.769
Поени од реакции
10.519
#10 Чешка

Marketa Lazarová (1967)

1654374845942.png

Филмот да беше снимен после 90тите ке беше ремек дело.
Приказна сместена во 13ти-14ти век на границата меѓу Германија-Чехословачка. Период во кој религијата е на прво место. Главен лик околу кој се вртат сите дејства е Маркета, ќерка на водачот на еден од клановите во регионот. Ке биде грабната од другиот клан и од таму ке почнат да се случуваат проблеми. За животот на останатите ликови ке бидеме запознаени преку ретроспекции/визии.
Долг е филмот, спор, на моменти претерано досаден. Ми сметеаше што гласот е додаден после и не се разбираше кој зборува. Затоа од сеа немам намера да глеам филмови пред 80ти-90ти од другите држави.
Океј во филмот беше приказната.


3/5
 
Член од
18 март 2019
Мислења
435
Поени од реакции
1.974
Еве ме ве стигнав за еден ден. :roker:

Бугарија

Номер едно
Сум го гледал филмов порано, не памтев ништо што се дешава, пошо и ништо не се дешава. Очај од филм, очоболие. Глуми оној Мартин од "Под прикритие", се работи за проблем со малолетничка деликвенција во средни школи во Софија, професор што пробува да ги исправи работите и тврдоглави деликвенти средношколци. Прелоша глума, камера пепел. Очаен филтер кој пробува да направи некоја депре атмосфера во сиромашните квартови на Софија, на моменти мислиш гледаш црно-бел филм.
1,5/5

Естонија

I was here

Копи-пејст од овој горе, само подобро обработен, тро поинтересна приказна и подобра глума. Средношколец зема да дила дрога, се заплеткува со матни ликови, завршува во затвор. Не беше толку лош филмот колку што многу брзо се одви дејството и на крај заврши нејасно и нелогично.
2,5/5

Македонија

Големата вода

После 3 часа очоболие, пак очоболие но овој пат само ради лошата снимка, јбг морав да го гледам на Јутуб. За разлика од овие горе ова веќе може да се нарече филм и ми е криво што морав да го гледам со лоша снимка. Иако не сум го читал романот, знаев за него, но не знам зошто не сум слушна за филмов. После ова дефинитивно би го прочитал, бидејќи според тоа што ми го долови филмот приказната е добра. Класика во македонски филмови, смрт, меланхолија, тешки времиња. Иако во новите филмови што излегуваат тоа ми смета, тука прогледав низ прсти бидејќи се работи за постар филм, а и романот е прилично стар. Глумата од децата колку што може да се очекува од нив беше горе долу океј, овој што го глумеше Лем одличен. Исто отпосле дознав дека Исак го глуми девојче. Музика од Џајковски не може да разочара, па мислам дека и таа најмногу ми се свиѓаше.
3,5/5

Чешка
Е од Чешка не гледав филм, бидејќи стварно не можам веќе, морам да одморам. Го иам гледано "The Painted Bird", пишав рецензија за него во филм клубот, сум го оценал 3,5/5. Ако најдам време деновиве ќе изгледам уште еден, ако не за Чешка ќе го искористам овој.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
Кој имаше слободен петок? Џабе, не се погоди новиот бран.

Loves of a Blonde (1965)
lovesofablonde.jpg
Наивната Андула е во потрага по љубов, а Милда по забава. Случајноста се претвора во one night stand, а инцидентот во беља за едниот од нив. Дали Андула е навистина толку лековерна или само подголтнува за да ја оствари целта? Форман се занимава со обичните луѓе, оние со кои секојдневно се разминуваме и не им го ни гледаме ликот. Не делат сличности по темата, но по начинот на кој е сниман, ме потсети на италијанскиот Il posto. 6.5/10

Closely Observed Trains (1966)
closelywatchedtrains.jpg
Строго контролирани возови го следи животот на младиот Милош и неговата намера да се ослободи од товарот што му го задава невиноста. Монотоното секојдневие на железничката страница е нарушено од наминувањата на Маша, германските возови и сексуалните излети на железничарот Хубичка. Комбинацијата од овие тројца ќе се покаже како пресудна.
Срамота е да кажам дека не знаев за филмот, а уште помалку дека добил Оскар? :sramezliv: Во моја одбрана, ја имам читано книгата на Храбал. Not great, not terrible. 6/10

Daisies (1966)
daisies.jpg
Две Марии прават луд хаос. Деструкција, расипништво и психоделија. Тоа е цел филм. Го пуштив знаејќи за побунетоста на Хитилова, општествениот контекст и воопшто важноста на филмот. Да го гледав во средно убедена сум дека впечатокот ќе беше целосна спротивност на ова сега. Не знам дали е до слабиот желудник или е тоа што веќе немам седумнаесет ама 75 минути кои ми се видоа како 750. Феминистичка ода, my ass. 5/10

Овој тогаш :D Епик филм, го гледав пред некои 10-тина години, Бела Тар, Тарковски, Бергман, три во едно уживање. Нешто ко Јад, само чешки и така тро позабеган.
Ќе го гледам! Е значи...ептен сум тешка за убедување.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.001
Поени од реакции
55.214
Cosy Dens (1999)
Pelísky


Поим неам што значи насловов.
1967ма, година дена пред Прашката пролет, во Чешка, рандом семејства односно комшилук се спремаат за Божиќ. Еден од родителите комунист, другиот контра комунистите, децата не може да бидат понезаинтересирани за политика, со таа разлика што покажуваат бунтовнички карактери.

Приказнава е таа, приказ на возрасни и млади, контра размислувања. Не знам ни како да го објаснам. Читам низ интернетов, чесите максимално лично си го доживуваат и сакаат филмов. Они се пронаоѓаат, јас не. Иако ваквиот профил на ликови ни е добро познат и на нас од овие краишта, пошто сепак сме блиски народ и комунистичкиот систем оставил траги кај сите народи што живееле во вакво политичко уредување.
Досаден е филмов, спор, неинтересен, чат пат има некои комични ситуации ама ништо посебно ниту пак нешто да те држи заинтересиран и расположен.
Праволиниски филм, обичен приказ на рандом семејства пост ВВ2, за време на студената војна и ко што реков почетокот на Прашката пролет.

Нивен си е филмов и нема што нас да ни смета и да го ругаме. Се нервирам вака коа ќе глеам ништо од филм и не знам да го објаснам. :D

4/10.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.769
Поени од реакции
10.519
А мислев да го гледам
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.001
Поени од реакции
55.214
Важи дека ќе читам рецензии и коментари за филм ПРЕД да го гледам. (y)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Од Чешка, го вклучив пред некој ден на YpuTube да го гледам:
Those Wonderful Movie Cranks (1979)
На англиската Википедија пишува дека бил предложен за Оскар, ама не добил номинација, исто така стои дека е комедија, па си реков, нема да згрешам, ќе се насмеам со филмов. Арно ама ... после првите 30-тина минути ништо смешно не ми се виде, па го паузирав до денеска, и денеска кога го пуштив да продолжам со гледање, сфатив дека толку ми бил неинтересен, што сè сум заборавила што гледав од филмов.
Се откажувам од Чешка. :D
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.001
Поени од реакции
55.214
In the Shadow (2012)
Ve stínu


Политичко детективски трилер сместен во 50тите години во тогашна Чехословачка. Филмот започнува со ограбување на златара, инспекторот Хекл е на должност и според доказите брзо го наоѓа злосторникот, но, малку подоцна дознава дека и не е баш така како што првично заврши истрагата.
Во игра се вмешува државниот врв помогнат од еден германски инспектор кои ја превземаат истрагата на сега веќе ограбената пошта каде има и убиства.
Хекл е тргнат од случајот но своеглаво одлучува сам да истражува иако се соочува со сериозни пречки и закани.

Пак е ова некој личен филм за ситуации кои им се подобро познати на чесите.

Има печат на ноар филм, таков е сетингот, малце е затемнет, детективите се такви со шешири и долги капути, не сум експерт за ноари ама има некои сличности.
Добар е филмот, држи внимание, интересен тек има, добра глума, ја сум задоволен.

7.5/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.001
Поени од реакции
55.214
Kolya (1996)
Kolja


Лука е средовечен ерген кој свири на контрабас во оркестар но потребни му се повеќе пари па така во слободно време реставрира споменици. Тоа време Чехословачка е под руска окупација, ова негде 1988ма година е, и меѓу народот се чувствува голема нетрпеливост кон рускиот народ.
Лука ќе добие понуда да се ожени со русинка за таа да има документи за престој а овој да земе пари. Прифаќа и од тука животот ќе му тргне во еден неочекуван и поинаков правец за него.

Добар беше, мада во голема мера праволиниски тераше, некако ми фалеа емоции иако имаше неколку емотивни сцени. Али во ред, коректен филм, добитник за Оскар.

7.5/10 и за Коља.

Тука завршувам со Чешка.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Чешка
#22. Normal (2009)



Крими драма - ванаби трилер во чешко/македонска ко-продукција со делови снимени во Битола.
Го гледав само зашто Македонија има дадено пари и филмов настанал у периодот кога повеќе се арчеле пари на странски проекти со сумњив квалитет отколку домашни филмови.

Колку што прочитав филмов е правен по вистински настан за некој психопат Питер Куртен (Куертен) што касапел мажи, жени, деца, а на дел од нив и сексуално се изживувал по убиство. Започнува со полициско апсење на психопатов и ги прикажува последните денови пред егзекуцијата кога му раскажува на својот адвокат што се настрани ствари правел.

Ништо интересно, доста досадно, доста гнасни муабети, технички делува ко ТВ филм и визуелно е со некој плав ефект цел филм што ептен ме живцира. (Ќе ме живцираше и сепија да беше, им ебам тоа глупите што не знаат да направат визуелно убав филм).

Единствено нешто што ме бендиса во филмот е што во два наврати одеше „Со маки сум се родила“, претпоставувам во изведба на легендата Вања Лазарова. Снимкава немаше завршна шпица со credits за да проверам.

Оцена: 1/5.

Има Чешка далеку подобри филмови, ама ќе чекаат подобри времиња кога ќе ожеднам за филм.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom