FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Естонија
#18 Dead Mountaineer's Hotel (1979)

Оцена: 4/5 и баш ме интересира како го доживеал @moongoses со оглед на тоа што само тој од форумџиите го гледал пред мене.
Го гледав одамна и тогаш беше достапна само една многу лоша снимка на која што едвај се распознаваа ликовите. Се мислев дали воопшто да продолжам го гледам, но сценографијата и целата атмосфера ме вовлекоа и го изгледав до крај. Каква е сега снимката? Би го гледал пак ако има реставрирана копија.
Книгата ја имав читано уште поодамна и иако не се сеќавав на детаљи за да кажам колку е верна адаптацијата, сепак го помнев крајот и изостана изненадувањето. Додуша него го расипува и самото жанровско определување. А за филмов е најдобро ништо да не се знае однапред.

Се согласувам со тоа што имаш напишано. Одличен филм е, но не е за секого, ептен е за тесен круг на љубители на жанрот.

Ако ти се допадна овој, има еден чешки уште позабеган, ама не ми текнува насловот. Ќе ти пишам кога ќе се сетам :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Го гледав одамна и тогаш беше достапна само една многу лоша снимка на која што едвај се распознаваа ликовите. Се мислев дали воопшто да продолжам го гледам, но сценографијата и целата атмосфера ме вовлекоа и го изгледав до крај. Каква е сега снимката? Би го гледал пак ако има реставрирана копија.
Книгата ја имав читано уште поодамна и иако не се сеќавав на детаљи за да кажам колку е верна адаптацијата, сепак го помнев крајот и изостана изненадувањето. Додуша него го расипува и самото жанровско определување. А за филмов е најдобро ништо да не се знае однапред.

Се согласувам со тоа што имаш напишано. Одличен филм е, но не е за секого, ептен е за тесен круг на љубители на жанрот.

Ако ти се допадна овој, има еден чешки уште позабеган, ама не ми текнува насловот. Ќе ти пишам кога ќе се сетам :)
Има реставрирана снимка. Кон крајот мислам пишуваше дека 2015 е реставриран. Ќе ти пуштам линк.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Естонија
#19 The Fencer (2015)



Во 1952 г. во руско-окупирана Естонија во едно мало селце по име Хапсалу пристигнува млад човек Ендел Нелис да предава спорт во локалното училиште. Покрај спорт мора да држи и вон-наставни активности, па како поранешен мечувалец отвора мечувачка секција и тука се дешаваат некои проблемчичи.

Не ми се верувало дека филм со мечување може да биде интересен, ама Естонија ме демантираше.
Филмов е делумно базиран врз животот на Ендел Нелис, естонски шампион во мечување.

Имаше некои клише моменти, како што ги има во секој филм кој има спорт во себе, али во глобала ми се допадна.

Како финско-германско-естонска ко-продукција бил фински кандидат за Оскар, ама пошто е за Естонија и сè се дешава и е поврзано со естонска историја, мислам дека може да го сметаме ко естонски филм.
Оцена: 3.5/5
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.237
I Was Here (2008)
Mina olin siin
4050_531729.jpg


Не, не се ова Лиам Хемсворт и Драган Бјелогрлиќ.

Криминалистичка трилер драма каде еден ученик средношколец, од ситен криминал како крадење нафта, набргу влегува во бизнисот со дилање метамфетамин за еден клошар, па после во игра влагаат играчи а со тоа и поголеми проблеми.
Спор филм, не многу интересен, тенко сценарио, малце оди у претеризам и потсеќа на овие нашиве балкански филмови со ваква тематика. Саат ипол трае, го има на јутуб мада не би го препорачал нешто многу многу.

Интересно ми зборат естонциве, малце на финскиот јазик потсеќа. Не најдов некој друг филм што би ме привлекол да го гледам па мислам дека тука завршувам со Естонија. До душа овој е така малце ветувачки ама многу трае и ми изгледа на досаден и спор филм.
Едино ако најдам време и ако не ме мрзи да го репризирам Tangerines.

За Јас бев тука, оценка 5/10.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.773
Поени од реакции
10.526
#8 Естонија

The Temptation of St. Tony (2009) /Püha Tõnu kiusamine /


1652619522721.png

Естонците дефинитивно на филмски план се луди!
Искрено, не знам како да го раскажам филмот. Не само јас, отворете коментари на летер за филмот нема да видите една рецензија. Зошто така? Затоа што филмот е мешавина од многу нешта и нема некоја траекторија по кое да се движи дејството. А и од прва филмот тешко се разбира, баш тешко. Се работи за човек Тони којшто цело време се наоѓа во центарот на некакви негативни случувања, толку можам да кажам :D.
Интересен филм, на моменти многу збунувачки. Добра камера, глума, атмосфера.


4/5
Тука завршувам и јас со Естонија.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
Tangerines (2013)

Бидејќи Keyser одлично го доловил сижето, мене ми останува само да си ги пишам впечатоците.

Каков филм! Непретенциозен, удира точно во срж. Tangerines не го прикажува животот како подобар или полош (за Иво), туку токму онака каков што навистина е. Тоа е она што ме воодушеви. Во една таква небезбедна средина, кај што природно би било да се активира егоизмот, Иво е воден од чисто човекољубие. И останува човечен до крајот, а потоа сам, со сите свои порази. Lembit Ulfsak наполно ја има доловено добрината на ликот со сета негова кроткост, без да се впушти во лековерност. Всушност, целата актерска екипа беше одлично избрана. Подбуцнувањата меѓу Ахмед и Ника дадоа една хумористична нота, ставени во точен момент тамам да скршат тензија и да олабават ситуација од она што се случува надвор. Сцената во која вечераат во дворот беше ролеркостер од емоции. На крај, Иво и мене ме порази со прашањата.

Иако првично го оценив со осмица, мислам дека сепак ќе променам во 9/10

p.s. На кого личи Misha Meskhi? Ме потсеќа на некој македонски глумец ама три дена се думам и никако да се сетам. Некој нека ми ја реши мистеријата, порфавор.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Естонија
#20 Tangerines (2013)

Мандарини, мандарини, навали народе.



Шала на страна, да не повторувам за што се работи.
На еден интересен начин, би рекол ко камерна драма, зашто голем дел од дејството беше меѓу 4 ѕида, е прикажана војната во Абхазија.

Потсеќа на Ничија земја на Танович, ама за разлика од тој филм што незаслужено доби Оскар и е крајно просечен филм, овој е баш одлично сработен и уживав во секој кадар.

Музиката со тамбурчето (претпоставувам некое тамбурче свиреше) ептен ме бендиса. Супер глума.

Не можам да најдам никаква замерка и стварно е потребна мајсторија за во само 80 минути да спакуваш ваков филм.
Оцена 5/5.

Со ова го завршувам моето патување низ Естонија. Дефинитивно земја која досега најмногу ми легна и доби највисоки оцени од мене. Се надевам во иднина ќе изгледам уште од неа.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
November (2017)

November е фолкорна бајка, поставена сред рурална средина во 19 в., која оперира со стандардни мотиви - жртвување на младата девица, како да се измами смртта, трампа на сопствената душа. Многу мистика и паганизам во шумата која е дом и свето место на сеништата и темните сили.
Досега не сум гледала ништо на Тар ама вака некако ги замислувам неговите филмови, само уште поспори. Веројатно на тие кои ја сакаат неговата естетика, ќе им се допадне и November. Никако не можам да кажам дека не е добар филм ама дефинитивно не е my cup of tea. 6/10
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.277
Поени од реакции
791
Metsluiged 1987
Дивите Лебеди од андерсен Талин филм
бајка од данскиот раскажувач цар кралица прицеза класична приказна маќеата ги претвора 11 браќа во лебеди и принцезата елиса кој аќе проба да ги ослободи од магијата на злобната вестица интересно дејствие талинфилм руска школа има и дански понов од ова бајка сказна ама не е толку добар


1652916305713.png


 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Слава (2016)

Да пишам два-три збора за бугарскиот филм, дури не се сменија пак земјата.

Филм со современа и актуелна тематика, направен на ист таков начин. Низ серија настани ни прикажува што се случува со чесните луѓе со добри намери во денешново општество. За системот и луѓето кои ценат некои поинакви вредности. За тоа како јавната слика е многу поважна од суштината. Да мислат сите дека нешто се прави, па макар и да е безначајно, е многу подобро од тоа да се прави нешто добро, па дури и ако е многу добро.

Ликовите се секојдневни, можеме да ги препознаеме околу нас, исто како и многу од постапките и настаните. Убаво раскажана приказна и изградени ликови, беше интересен цело време за следење. Иако повеќе наликува на телевизиски филм, морам да признам дека сум пријатно изненаден од новава бугарска кинематографија.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.781
Поени од реакции
33.569
Еве ме, sorry што доцнам. 6 души биле во Естонија, и гледале вкупно 13 филма, додека ме немаше. И тоа:

1. @Shawn Spencer - 4 филма - просек 7,5
2. @Keyser - 3 филма - просек 7,33
3. @Filip Telford и @Варвара - по 2 филма - просек 6,87
4. @Violetova и @zmija1 - по 1 филм - просек 4,00

Јас заглавив во Истанбул, а @devilko , @Dumbledore , @The Cooler King , @Shutmanga , @Mark Renton , @grande-juve , @moongoses , @Corvus и @Imperatorot не знам кај биле.
______________________________________________________________
Оваа недела се враќаме дома! Како деветта држава на патувањето низ Европа, рандом генераторот ја избра:

Macedonia.jpg

МАКЕДОНИЈА 20.05-02.06.2022

Да, добро гледате! Дома ќе останеме 2 недели! Ова ќе биде единствена држава од Европа каде ќе се задржиме 2 недели, намерно, за да изгледаме што е можно повеќе од нашата кинематографија. А сега нешто повеќе за неа:

Филмското производство во Македонија започнало спонтано во почетокот на XX век, како поединечни опити на поединци кои беа фасцинирани со новиот медиум на подвижните слики. Браќата Јанаки и Милтон Манаки во 1905 година, само една деценија по појавата на филмот, со нивната 35 мм филмска камера „Bioscope No. 300“, производство на Charles Urban Trading Co., ги направија првите филмски снимки не само во Македонија туку и на Балканот.

Пионерскиот подвиг на Манакиевци ќе го продолжи Арсениј Јовков, снимајќи го во 1923 година филмот „Македонија“ со јасно профилирана свест за национална кинематографија. Првите обиди, пак, за организирана филмска продукција се направени во рамките на филмското одделение на Хигиенскиот завод од Скопје, кој во 1931 година започнува со сопствена филмска продукција. Пред Втората светска војна во Македонија живнува и аматерското производство на филмови.

Филмската продукција како базичен дел на институционално организираната кинематографија, во Македонија се раѓа во 1947 година со формирањето на „Вардар филм“. Со основање на оваа продуцентска куќа, Македонија се здоби со своја национална кинематографија.

Со почетните скромни кадровски и технички можности производството на филмови брзо се развивало. Постепено се ширела техничката база, а голем број вработени се специјализирале за комплетирање на филмското производство. Тоа доведува до зголемување на филмската продукција, и со текот на времето, и до оспособување за производство на сите филмски видови и жанрови.

Во развојот на филмската продукција во Македонија, особено влијание одиграле филмските творци кои кон средината на 60-тите можеле да имаат статус на слободни (самостојни) филмски работници, кои потем на различни начини се организирале, се здружувале меѓу себе или, пак, соработувале со државната продуцентска куќа со склучување на посебни договори. Како резултат на овој статус на филмските автори, зачетоците на првичните приватни облици во филмското производство во Македонија се појавија за првпат, уште во 1968 година, кога на иницијатива на неколку филмски работници била формирана Филмската Работна Заедница (ФРЗ). Така започнува конкуренција меѓу „Вардар филм“, кој дотогаш бил монополска организација, и ФРЗ, што силно ја развива македонската филмска продукција и во квантитативна и во квалитативна смисла.

Со згаснувањето на Филмската Работна Заедница, продуцентски иницијативи пројавиле и „Македонија филм“ и „Градски кина - Скопје“, покрај единствениот „државен“ продуцент „Вардар филм“. Овие три институции одвреме-навреме влегуваа во копродукции.

Со развојот на филмското производство а, особено, со новите општествено-политички и економски односи по осамостојувањето на Македонија, дојде до експанзија на приватните продуцентски активности. Така од 1991 година во Македонија се оформени голем број приватни продуцентски куќи кои, со поголем или помал успех, работат и денес.

Хронолошки развојот на македонската филмска индустрија изгледа вака:

1905 - Започнува креативната историја на филмот во Македонија. Според сеќавањата на Милтон Манаки, Јанаки Манаки ја купува филмската камера „Bioscope“ производство на Charles Urban Trading Co. Со таа камера во родната Авдела, Гребенско, браќата ги снимаат првите „живи слики“ не само во Македонија , туку и на Балканот . За навек ќе останат забележани нивната 114 години стара баба Деспина , жени како сноват основа за ткаење и училиштен час на отворено.
1952 - „Вардар Филм“ го снима првиот македонски игран филм „Фросина“ по сценарио на Владо Малески, а во режија на Воислав Нановиќ. Снимател бил Киро Билбиловски. Премиерата е одржана на 28 јуни во скопското кино „Култура“. Владата на Македонија го оформува претпријатието за дистрибуција на филмови „Македонија Филм“.
1955 - Премиера на вториот македонски игран филм „Волча ноќ“ и учество на овој филм на Филмскиот фестивал во Пула. Славко Јаневски добива „Златна арена“ за сценарио. Режисер на филмот е Франце Штиглиц.
1957 - Премиера на третиот игран филм на „Вардар Филм“ , „Малиот човек“ во режија на Жика Чукулиќ. Исто така снимени се и првите краткометражни играни филмови „Сонце зад решетки“ на Славко Јаневски , „Бунт на куклите“ на Димитрие Османли и „Подарок од веселиот молер“ на Димитар Ќостаров.
1958 - Снимен е првиот македонски игран филм во боја и тоталскоп техника „Мис Стон“ во режија на Жика Митровиќ. На фестивалот во Пула , следната година , Петре Прличко и Олга Спиридоновиќ добиваат „Златни Арени“ за главна машка и најдобра женска улога. Филмот доби почесни дипломи на фестивалите во Единбург 1960 и Њу Делхи 1961 година.
1959 - „Вардар Филм“ снима два играни филма : „Виза на злото“ на Франце Штиглиц и „Три Ани“ на Бранко Бауер. Реализирана е и првата копродукција во Македонија , „Дубровски“ , во режија на Вилјем Дитерле, со продуцентот „Хеспериа Филм“ од Рим.
1960 - Производството на „Вардар Филм“ бележи мала стагнација. Освен големиот број на документарни филмови снимен е и краткометражниот игран филм „Давид, Голијат и петел“ на Славко Јаневски.
1961 - Премиера на два нови играни филмови: „Мирно лето“, прв филм сниман од македонски режисер , Димитрие Османли, како и прва македонска филмска комедија и „Солунските атентатори“ на Жика Митровиќ. На фестивалот во Пула , „Солунските атентатори“ ја доби традиционалната награда на публиката „Елен“ а Диме Шумка доби награда за сценографија.
1964 - Снимен е филмот „Под исто небо“ на Љубиша Георгиевски и Миомир Мики Стаменковиќ. Одржан е првиот републички фестивал на аматерски филмови. Отпочнува со работа Телевизија Скопје.
1965
- Во продукција на „Вардар филм“ снимен е играниот филм „Денови на искушение“ во режија на Бранко Гапо, според драмата „Црнила“ на Коле Чашуле.
1966 - Одржани се премиерите на играните филмови „Денови на искушение“ и „До победата и по неа“ на Жика Митровиќ. Сценаристот Симон Дракул за филмот „До победата и по неа“ доби „Златна арена“ на фестивалот во Пула 1966 година.
1967 - Реализирани се дури три играни филмови: „Мементо“ во режија на Димитрие Османли , „Каде по дождот“ на Владан Слијепчевиќ кој на фестивалот во Авелино ја доби наградата „Lanceno d'Oro“ и „Македонска крвава свадба“ во режија на Тале Попов. Никола Лазаревски за работата во овој филм доби награда за сценографија на фестивалот во Пула 1968 г.
1968 - Формирана е филмска работна заедница за снимање на филмови "ФРЗ". Снимен е играниот филм „Планината на гневот“ во режија на Љубиша Георгиевски.
1969 - Во продукција на „ФРЗ“ е снимен играниот филм „Време без војна“ во режија на Бранко Гапо кој доби специјална диплома за режија во Пула 1969 година, „Сребрен медал“ за режија во Авелино 1972, како и наградите „11 Октомври“ за снимателот Љубе Петковски и „13 Ноември“ за режисерот Бранко Гапо. „Вардар филм“ го реализира играниот филм „Републиката во пламен“ на Љубиша Георгиевски.
1970 - Во продукција на „Вардар филм“ е снимен играниот филм „Цената на градот“ во режија на Љубиша Георгиевски.
1971 - Една од најбогатите години на македонската кинематографија. „Вардар филм“ ги реализира играните филмови „Македонскиот дел од пеколот“ на Ватрослав Мимица и „Црно семе“ на Кирил Ценевски кој ги освои наградите „Златна арена“ за режија и „Златна арена“ за најдобра машка улога за Дарко Дамевски во фестивалот во Пула , „Жар птица“ на фестивалот во Москва за најдобра дебитантска режија и на фестивалот во Авелино 1972 , награда „Lanceno d'Oro“. Снимен е и првиот македонски цртан филм „Ембрион No. М“ на Петар Глигоровски. ФРЗ бележи уште еден игран филм „Жед“ во режија на Димитрие Османли.
1972 - „Македонскиот дел од пеколот“ на Ватрослав Мимица добива „Златна арена“ за сценарио на фестивалот во Пула , а за своите творби во филмот „Жед“ , Ацо Јовановски и Неда Спасоевиќ се наградени на фестивалот на глумечки остварувања во Ниш. Во продукција на ФРЗ е снимен играниот филм „Истрел“ во режија на Бранко Гапо.
1973 - Уште еден игран филм во продукција на ФРЗ: „Колнати сме Ирина“ („Татко“) во режија на Коле Ангеловски. На фестивалот во Пула композиторот Томислав Зографски доби „Златна Арена“ за музиката во овој филм.
1975 - Премиера на филмот „Јад“ во режија на Кирил Ценевски. За снимателската работа во овој филм Љубе Петровски добива „Златна арена“ на фестивалот во Пула. Филмот добива и „Специјална награда“ на фестивалот во Карлови Вари во 1976.
1976 - Почнува со работа Кинотеката на Македонија. Премиера на играниот филм „Најдолгиот пат“ на Бранко Гапо кој на фестивалот во Пула добива „Голема сребрена арена“ а Киро Билбиловски „Сребрена арена“ за камера.
1977 - Снимени се два играни филма: „Пресуда“ на Тале Попов и „Исправи се, Делфина“ на Александар Ѓурчинов, кој покрај „Бронзената арена“ за режија и „Сребрената арена“ за главна женска улога на фестивалот во Пула, освои и повеќе меѓународни признанија.
1979 - Документарниот филм „Дае“ на Столе Попов е номиниран за Оскар, а претходно стана лауреат на Фестивалите во Белград и Оберхаузен. Жиријата во Мелбурн 1979 и Лондон 1980 година му доделија специјални награди.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.781
Поени од реакции
33.569
1980 - Два нови македонски играни филмови: „Време, води“ на Бранко Гапо и „Оловна бригада“ на Кирил Ценевски, кој на фестивалот во Пула доби „Златна арена“ за снимателска работа на Мишо Самоиловски.
1981 - Играниот филм „Црвениот коњ“ на режисерот Столе Попов на фестивалот во Пула освои „Златна арена“ за сценографија на Властимир Гаврик.
1982 - Снимен е играниот филм „Јужна патека“ во режија на Стево Црвенковски.
1984 - Снимен е филмот „Нели ти реков“ на режисерот Стево Црвенковски , а во реализација на Вардар Филм и Телевизија Скопје.
1985 - „Јазол“ - уште едно играно остварување на Кирил Ценевски. За тонското оформување на филмот, на фестивалот во Пула, Глигор Паковски доби „Златна арена“.
1986 - Голем успех на филмот „Среќна Нова '49“ на Столе Попов. Има добиено многу награди од кои: „Голема златна арена“, „Златна арена“ за најдобро сценарио, „Златна арена“ за најдобра споредна машка улога на Душко Костовски, „Златна арена“ за музика на Љупчо Константинов на фестивалот во Пула, на Нишките средби награда за најдобро глумечко остварување на Мето Јовановски, награда за најдобар глумец натуршчик на Кире Симоновски, „Златна плакета“ за сценографија на Никола Лазаревски во Младеновац и многу други.
1987 - Играниот првенец на режисерот Владимир Блажевски, „Хај-Фај“ на фестивалот во Пула доби две „Златни арени“ за режија и за монтажа на Петар Марковиќ.
1988 - Втора комедија во македонската кинематографија: „Викенд на мртовци“ во режија на Коле Ангеловски.
1991 - Играниот филм „Тетовирање“ на режисерот Столе Попов на фестивалот во Херцег Нови добива прва награда за режија, „Златна мимоза“.
1993 - ТФРЗ „Пегаз“ го реализира својот прв игран филм „Македонска сага“ во режија на Бранко Гапо. На меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки '93“ снимателот Владимир Самоиловски ја доби наградата за дебитантско остварување.
1994 - Голем успех на македонската кинематографија. Филмот „Пред дождот“ на режисерот Милчо Манчевски стана лауреат на филмскиот фестивал во Венеција, освојувајќи го „Златниот лав“. Филмот набргу доживува успех на сите фестивали каде е прикажан. Најголем успех на македонската кинематографија. Филмот „Пред дождот“ е номиниран за Оскар во категорија на неанглиско говорно подрачје. Освен таа номинација , филмот продолжува со жетва на награди на голем број филмски фестивали низ целиот свет. Димитрие Османли го реализира играниот филм „Ангели на Отпад“.
1997 - Премиера на играниот филм „Gipsy Magic/Џипси Меџик“ на Столе Попов. Исто така снимен е и првенецот на режисерот Антонио Митриќески „Преку езерото“.
1998 - Младите режисери Александар Поповски и Дарко Митревски го реализираат својот прв игран филм под работен налов „Wake up dead man“ а официјален „Збогум на 20 век“ . На различни локации во Скопје, Амстердам, Њујорк и Истанбул е снимен и играниот првенец на Ацо Станковски, „Маклабас“. Ацо Станковски се јавува како режисер и сценарист на филмот.
1999 - Се одржува премиерата на играниот филм „Време, живот“ во продукција на „Носталгија филм“ и МРТВ (сценарист е Русомир Богдановски а режисер Иван Митевски). Во фаза на реализација е и долгометражниот експериментален филм „Судијата“ на Жанета Вангели во македонско-германска копродукција.
2000 - Премиерно се прикажани долгометражниот игран филм „Омнибус А“ (продукција „Вардар филм“, режисери Маја Младеновска, Огнен Димитровски, Борјан Зафировски и Марија Џиџева) и документарните филмови „Копнеж по глината“ (продукција „Пегаз“, сценарио Мите Ноневски, режија Љупчо Тозија) и „Богородица 90“ (продукција „Вардар филм“, режија Лаки Чемчев), како и документарниот филм „Вета“ (продукција „Небото е лимит“, сценарио и режија Теона Митевска).
2001 - Филмот на Милчо Манчевски „Прашина“ го отвори фестивалот во Венеција. Премиерно е прикажан филмот во македонско-белгиско-француска копродукција „Одмазда“, во режија на Јан Хинтјенс и Слободан Деспотовски, кој е воедно и сценарист на филмот.
2002 - Играниот филм „Како лош сон“ во режија на Антонио Митриќески влезе во постпродукција. Започнува снимањето на играниот филм „Тајната книга“ во режија на Владо Цветановски, а по сценарио на Јордан Плевнеш и Љубе Цветановски. Финални подготовки пред почетокот на снимањето на играните проекти „Глува куќа“ во режија на Иво Трајков, како и на филмот „Како убив светец“ во режија на Теона Митевска.
2003 - Играниот филм „Како лош сон“ на Антонио Митриќески ја имаше светската премиера на Филмскиот фестивал во Монтреал. Играното деби на Теона Митевска „Како убив светец“ се прикажа на фестивалот во Ротердам, додека краткометражниот игран филм „Бубачки“ на Игор Иванов-Изи влезе во офоцијалната конкуренција на 54. Берлински филмски фестивал. Започна снимањето на „Година на надежта“ на Светозар Ристевски и „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски.
2004 - Исклучително плодна година за македонската кинематографија. Беа реализирани 4 долгометражни играни филмови: „Како убив светец“ на Теона Митевска, „Големата вода“ на Иво Трајков, „Илузија“ на Светозар Ристoвски и „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски. Играното деби на Сергеј Станојковски, филмот „Контакт“ влезе во пост продукција. Започна снимањето на краткиот игран филм „Просечна брзина“ на режисерот Наум Михајловски.
2005 - Македонската кинематографија бележи две филмски остварувања: краткиот игран филм „Остани исправен“ на Кристијан Ристески, со премиера на Скопскиот филмски фестивал и играниот филм „Контакт“ на Сергеј Станoјковски, со кој се затвора филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.
...
2019 - Документарниот филм „Honeyland / Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов станува третиот македонски филм номиниран за Оскар, и прв во две категории: најдобар интернационален и најдобар документарен филм (за прв пат еден филм бил номиниран истовремено во тие две категории во историјата на Оскарите).

Извор: Wikipedia.

Сумирано: можеме да се пофалиме со нешто повеќе од 100 играни филмови, многу повеќе кратки, ТВ и документарни, со 4 номинации за Оскар од 3 различни филма (за потсетување, земји како Бугарија, па Хрватска и Србија по осамостојувањето немаат ни една номинација за Оскар) и со Златен лав во Венеција! Се на се, една мала кинематографија со огромни интернационални успеси. А можеме и повеќе!

Што да гледате? Јас морам да ви го препорачам мојот омилен наш филм, смелиот „Татко / Колнати сме Ирина“ на Коле Ангеловски. За тие кои го немаат гледано - задолжителна лектира! Секако, номинираните за Оскар: „Пред дождот“, „Медена земја“ и „Дае“ се на листата A MUST! Други препораки: комедиите „Мирно лето“ и „Викенд на мртовци“, па и можеби најгледаниот македонски филм - „Бал-Кан-Кан“, потоа „Исправи се Делфина“, „Мајки“, „Големата вода“, „Џган“, македонскиот вестерн - „Прашина“, најскапиот македонски филм во историјата - „До Балчак“, секако, првиот наш филм „Фросина“ и многу други. Листи од кои може да црпите инспирација:

Мојата листа со сите македонски играни филмови направени до денес
Complete list of Macedonian films on LB (work in progress) на @Shawn Spencer
Macedonian Feature Films (from best to worst) на @Shawn Spencer
Мојата - Македонски кратки филмови
MACEDONIA - Kajgana Showdown #07

Верувам дека ќе уживаме!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Тешка одлука што да се гледа. :D
Од негледани на располагање имам:
- Дубровски со ужасна слика и лош српски превод
- Аматерскиот Маклабас и брат му Самит на шаманите
- Созерцание на чешки без превод.

Или репризирање на некој класик.

Пошто Злате ја споделил мојата листа на best to worst, таму може да погледнете мои препораки.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.773
Поени од реакции
10.526
Некој торенти за:
We’re Cursed, Irina
A Quiet Summer
Honey Night
Days of Temptation
Punk’s Not Dead
Cabaret Balkan
Avec l’amour
?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom