FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
20 филма пребарав по торент сајтовите, 1 не можам да најдам. Да одам во на Ванчо Михајлов клубот, можи ќе ми дат некое ЦД.
Барај ги на рутракер со кириличните наслови.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
Фала ви, си напрајв акаунт на Замунда.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.752
Поени од реакции
10.438
#7 Бугарија

Dangerous Charm (1984) /Опасен чар /


1652044230648.png

bulgarskiq Patrick Bateman, вака ке ја почнам рецензијата на овој филм. Коментар од летер.
Сакав да ја започнам реченицата со неговото име, ама не го научив. Тој е човек кој што се претставува секаде различно, секаде со различна професија. Главна негова цел е да се зближи со неговите пленови за потоа да ги ограби. Ке биде архитект, полицаец, банков инспектор. Одличен манипулатор кој го завртува умот на наивните луѓе за потоа да ги остави со празни џебови.
Интересен филм, повторно со Тодор Колев кој и во овде одглуми одлично.

4/5
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
После долга борба, конечно пронајдов торент за бугарско дело.

Изборот падна на

Зошто? Љубител сум на вакви филмови, ми пројавуваат носталгија од времето кога ги читав "Големи и Мали" , "Дружината Братско Стебло" итн. Ах, какви лета..

Затоа и го одбрав "Со Деца на Море".
Детски лудории на море. Толку разбрав, толку видов, покрај кратките бугарски фустанчиња.

Превод симнав, не го читаше и морав да нагодувам за шо се разговара.

Па руски повеќе се разбира од бугарскиот.

Един народ, две држави, куров ми.

5/10. Да имаше превод, поќе.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.752
Поени од реакции
10.438
#7 Бугарија

A Nameless Band (1982) /Оркест'р без име /


1652116466733.png

Feel good филмче.
Група од 4 членови се спрема за својата летна турнеја по Бугарското Црноморие. Наидуваат на проблеми околу изборот на водечки вокал. По заминувањето на својата скромна турнеја имаат уште поголем проблем, немаат каде да настапуваат. Па така почнуваат да бараат локали преку кои ке успеат да се пробијат на музичката сцена.
Интересен филм со многу интересни реплики и доста хумор. Единствено што ми пречеше е тоа што аудиото е додадено подоцна, нешто што го приметив во сите 3 филма што ги гледав од Бугарија.
Искрено се изненадив и од 3те филма што ги гледав од овде, мислев дека бааги лошо се бугарите во однос на филм. Судејќи по тоа каква музичка сцена имаат очекував нешто слично и овде.

4/5
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.752
Поени од реакции
10.438
#7 Бугарија

Glory (2016) /Slava/

1652198106188.png

Реален приказ на нашето балканско труло општество.
Цанко, сиромашен човек, сам, вработен во локалната железничка станица како одржувач на пруги. При рутинска контрола на пругата Цанко наоѓа огромна количина на пари кои место да ги земе за себе случајот го пријавува во полиција. Вработена во министерството за транспорт - Стајкова решава да го искористи ова и да го претстави Цанко како херој со цел да го одвлече вниманието на јавноста од незадоволството кон министерството. Се организира церемонија на која на Цанко му е врачен часовник кој не работи. Но тоа не е најголемиот проблем, поголем проблем се јавува кога Цанко ке разбере дека неговиот стар часовник, поклон од татко му, е загубен на церемонијата. Цанко е човек со говорна маана, дткање, нешто што му ствара огромна пречка во комуникацијата со луѓе. Во филмот е претставен односот на високите политички структури со обичниот граѓанин.
Расплетот оставам да го гледате вие, нема да згрешите.
Предобар филм! Камера, глума (посебно глумата на Цанко). Интересен наратив и баш успева да задржи внимание. Со сигурност најдобриот филм до сега од ова патување.

4,5/5

Зошто никој не ме дружи?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.349
Зошто никој не ме дружи?
Може изгледа на прв поглед дека ги бојкотирам нашите источни соседи, ама не е така - периодов сум навистина презафатен, затоа до вторник не ме барајте. Ќе гледам во следниот термин да надоместам и да изгледам барем еден филм.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
@Keyser Ме мрзи да гледам Блгарето, али ти си растураш. :D
Го загледав Баштата од истиов двоец на Слава, ама само пола саат досега.

Уште 2 имам симнато одамна, 18% сиво и Жените наистина плачат али прашање е дали ќе ги изгледам.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Неколку бугарски филмови сум изгледала, и една серија, ама порано, нема смисла да се правам дека се сега гледани. :D
Одбрав еден, па деновиве ќе го гледам и ќе пишам.
И без друго, јас по еден гледам од земја.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
The World Is Big and Salvation Lurks Around the Corner или Свет'т е голјам и спасение дебне отвсјак'де (2008)

Последно изгледав филм од Азербејџан на предизвиков, за другите држави и немав време да изгледам а и не најдов некои добри, затоа што се погодија некои држави за кои не ни имав слушнато за нивни филм. И за Бугарија не знаев некој посебен филм, освен овој, што ми стоеше подолг период во watchlist како предлог од пријател да го изгледам.
Многу добро feel-good филмче кое вреди да се погледне. Приказната е со фамилијарен мотив, за дедото кој пробува да го врати сеќавањето на својот внук кој има амнезија после преживеана сообраќајна незгода, и кој живее во Германија. Дедото е супер лик, позитивен, кој не се откажува од својот внук а и од неговите лични ставови кои му носат проблеми со режимот на Живкова Бугарија.
Како позадинска приказна која се појавува преку цел филм е таблата (backgammon), која за мене како човек што обожава да ја игра ми беше многу симпатично. Најмногу ми се допадна изреката "Табла се игра за чест, никогаш за пари".
Фала за пријателот што ми го предложи филмот. Добро е што дојде Бугарија на ред, затоа што може филмов да чекаше долги години за да биде изгледан.

Од мене добива 7,5/10.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.272
Поени од реакции
779
Опак човек 1973

Бугарија за бреме на комунизамот за време на земјоделските задруги,Две Села ,Горно и Долно сакат да се обединат имат некој спор нешто Прокара го викат место и се тепат со векови за местото едните имат вода другите земја ,Главен лик е како кмет нешто во селото Попето Частник по функција визи џип уаз и сите задачи тој ги има ,во истото село има уште еден поранешен Частник и тиј нејќи да се приклучи во задругата има ќерка,и тука целото дејствие е даго убеди да се приклучи и тој во селото ама не сака и го убедува со секакви начини но не сака да попушти ,најповеќе со музика ноќе му ја свират да живее трудот секоја вечер со музичари,во селото има еден агроном и на крај преку ќеркаму прават свадба и не разбрабв накрај овај као попушти и пееше да живеи живеи труда и го напуста селото ,а пред то му викаше додека си ти частник нема да се приклучам,и на крај идат тие од селото да се обединат и овај попето останува без функциа го избират преседател тој од другото село и овај другиот одма се врати само што замина за 1 минута ко слушна дека не појќе попето частник ,Толку на крај Попето извисен на толку труда .

Quotees Аз сам капиталустечки частник ти си Социалистически частник
Тој не сака да се прилагаоди на социализамот социализамот сака да го прилагоди кон себе




бонус видео ова е е времето кога тодор живков беше во бугарија на власт

 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.976
Поени од реакции
55.041
King for a Day (1983)
Gospodin za edin den


Намерно одбрав најкраток филм што постои, најлесно достапен и најлабав во поглед на жанр и сценарио пошто неам сила да им го слушам тој селски јазик поише време, ниту пак со истиот тој селски јазик да гледам озбилен филм.

Овој комотно можеше да биде нем филм со оглед на тоа што `хуморот` е Чарли Чаплин. А и не дека имаше многу зборење.
Стар сум веќе за да ми е смешен таквиот тип на хумор, убрзани сцени каде ликот трча смешно, не може да фати прасе, цртан филм од хумор - влегол у сток сено и оди со него и слични глупости.

Пурко ко бугарите денеска, глуп лик, допира дно у секој поглед, све сака да спечали и да земе, задужен на сите страни, го излажаа едни арамии, продаде нивите, се искурчи со парите и остана со курот у раце. Ко ти јебе матер бугарска.

1. Мрш.

Доста им е еден филм, тој со Мики Манојловиќ го иам гледано, не се сеќавам ама не беше така лош филм. 2 бугарски филмови у мојот живот мислам дека е и повеќе од доволно. Се надевам во иднина нема повторно да се сретна со тој селски јазик.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.349
Немам време за анализа, немам време ни за вовед. Ќе едитирам во вторник се. Следна држава е:

Estonia.jpg

ЕСТОНИЈА 12.05-19.05.2022

Се читаме во вторник!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom