FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.045
Alice (2005)

Aлис е исчезнато девојче и филмот го следи Марио, нејзиниот татко, кој има несвојствени методи кои ги користи за нејзино пронаоѓање. Секој ден ги прави истите работи што ги правел на денот на нејзиното исчезнување. Покрај тоа, во рандом домови односно тераси низ Лисабон има поставено камери кои ги снимаат улиците во надеж дека некако случајно ќе ја забележи. Поминува речиси цел ден шетајќи низ локациите и прегледување на снимките.

Атмосферата во филмот е крајно депресивна, меланхолична, спора, темна баш како што е сликава.
Сопругата на Марио е на граница на лудило односно тешка фаза на депресија, тој пак има некаква надеж се додека не ги прегледа снимките и разочаран оди во кревет да заврши уште еден празен и тажен ден.

Многу е спор филмов, скоро и ништо да не се дешава цело време. Ја сфаќам јас идеата на режисерот, добро е прикажана таа осаменост и депресија, ама некако досадно ми беше. Сепак во ред е до негде, ова е филм за осаменост и тага.

6 ќе му дадам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.358
26. Diamantino (2018)

1651685942478.png

WTF was this? Ова е еден од најчудните филмови кои сум ги гледал во животот. Толку е надреален и на моменти без врска што си мислиш: „што по ѓаволите гледам јас“, ама има некоја магија која не те остава да го прекинеш. Инаку кога барав филмови од Португалија, на една од листите, меѓу најпопуларните, ми се појави овој, и притоа видов дека има рецензија од Дејвид Ерлич од IndieWire (го знаеме сите по тие годишните видеа со топ 25 филмови од годината што изминува, ги споделувам секоја година во Генерална), кој го оценил со 9/10. Затоа морав да го гледам.

Да земеш и да споиш фудбал, пекинезери, луд научник, пропаст на Европската Унија, две злобни близначки, глупав фудбалер, бегалци од земја од третиот свет и чипови заради кои растат цицки и да направиш нешто гледливо - треба да си или екстремно откачен генијалец, или некој со ментално пореметување кој гледа смисла таму каде никој друг не ја гледа. Tl;dr - се работи за најдобриот фудбалер на светот, Португалец (sounds familiar, no?), во некоја alternate history Европа во која Португалија не е црвено-зелена, туку сино-бела, и игра во финале на Светско во фудбал 2018. Фудбалерот има вградено некаков чип во мозокот кој го прави да биде натпросечен талент за фудбал, но екстремно глупав, па така на теренот наместо фудбалери гледа пердувести кучиња, асексуален е, и сака да посвои дете бегалец. :sramezliv: Е, ама на крајот од финалето во фудбал се случуваат две трагедии кои водат кон драматични исходи: Португалија не е веќе светска велесила и е екстремно разочарана од Дијамантино, Европската Унија пропаѓа, а Дијамантино не сака веќе да игра фудбал. На моменти пресмешен, на моменти глуп ко Дијамантино, на моменти духовит и прониклив, а друг пат ти доаѓа да го скршиш телевизорот само за да не гледаш веќе глупости, ова е дефинитивно филм со најчудниот вајб кој сум го гледал во животот. Препорака за сите кои сакаат да гледаат нешто оригинално и откачено. За сите кои не сакаат да експериментираат, нека се држат понастрана. Не за друго, да не ви пораснат цицки! :pos:

6/10 од мене.

P.S. Карлото Кота, главниот актер, aka. Дијамантино глуми и во You Won't Be Alone на Горан Столевски. Таму е Борис, еден од ликовите кој имаше поголема минутажа. Глуми и во последната, петта сезона од Elite.
 
Член од
18 март 2019
Мислења
430
Поени од реакции
1.967
Tabu

Црно бел филм, од 2 саати из кеца у двојку, поделен на два дела. Првиот дел кој траеше некаде околу 40-50 минути ми беше очајно досаден. Сакав да си ги ископам очите додека го гледав, испушив 5 цигари во тоа време и повеќе му обрнував внимание на кучето него на филмот. Не знаев што треба да се дешава во филмот и дури на моменти се мислев да скипнувам понапред колку да го изгледам.

Првиот дел уствари беше build up на приказната од вториот дел. Се работи за жена (Пилар) која е напната да и помогне на нејзината богата стара комшивка со сумливо минато. При крајот на првиот дел, Аурора (старата комшивка) доаѓа до "смртна постела" и ја тера на Пилар да најде одреден лик Жан Лука, кој и е уствари љубовник од младоста кога живеела во Африка. Го наоѓа ликов, оваа умира па потоа Жан Лука ќе почне да раскажува за животот на Аурора и така почнува вториот дел.

Вториот дел целосно се состои од нарација со гласот на Жан Лука, и се навраќа на младоста каде ја запознава Аурора во имотот на нејзиниот тогашен сопруг, во некоја од португалските колонии во Африка. Вториот дел е далеку поинтересен и од самиот почеток го задржува вниманието бидејќи има конкретно дејство на настаните. Ми се свиѓаше и тоа што само преку чиста нарација на Жан Лука и глумата на актерите беше доволно да ми пробуди емпатија со ликовите.

Се на се интересен филм нека тера со едно 7че.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.273
Поени од реакции
781
26. Diamantino (2018)

Прегледај го приврзокот 331190

WTF was this? Ова е еден од најчудните филмови кои сум ги гледал во животот. Толку е надреален и на моменти без врска што си мислиш: „што по ѓаволите гледам јас“, ама има некоја магија која не те остава да го прекинеш. Инаку кога барав филмови од Португалија, на една од листите, меѓу најпопуларните, ми се појави овој, и притоа видов дека има рецензија од Дејвид Ерлич од IndieWire (го знаеме сите по тие годишните видеа со топ 25 филмови од годината што изминува, ги споделувам секоја година во Генерална), кој го оценил со 9/10. Затоа морав да го гледам.

Да земеш и да споиш фудбал, пекинезери, луд научник, пропаст на Европската Унија, две злобни близначки, глупав фудбалер, бегалци од земја од третиот свет и чипови заради кои растат цицки и да направиш нешто гледливо - треба да си или екстремно откачен генијалец, или некој со ментално пореметување кој гледа смисла таму каде никој друг не ја гледа. Tl;dr - се работи за најдобриот фудбалер на светот, Португалец (sounds familiar, no?), во некоја alternate history Европа во која Португалија не е црвено-зелена, туку сино-бела, и игра во финале на Светско во фудбал 2018. Фудбалерот има вградено некаков чип во мозокот кој го прави да биде натпросечен талент за фудбал, но екстремно глупав, па така на теренот наместо фудбалери гледа пердувести кучиња, асексуален е, и сака да посвои дете бегалец. :sramezliv: Е, ама на крајот од финалето во фудбал се случуваат две трагедии кои водат кон драматични исходи: Португалија не е веќе светска велесила и е екстремно разочарана од Дијамантино, Европската Унија пропаѓа, а Дијамантино не сака веќе да игра фудбал. На моменти пресмешен, на моменти глуп ко Дијамантино, на моменти духовит и прониклив, а друг пат ти доаѓа да го скршиш телевизорот само за да не гледаш веќе глупости, ова е дефинитивно филм со најчудниот вајб кој сум го гледал во животот. Препорака за сите кои сакаат да гледаат нешто оригинално и откачено. За сите кои не сакаат да експериментираат, нека се држат понастрана. Не за друго, да не ви пораснат цицки! :pos:

6/10 од мене.

P.S. Карлото Кота, главниот актер, aka. Дијамантино глуми и во You Won't Be Alone на Горан Столевски. Таму е Борис, еден од ликовите кој имаше поголема минутажа. Глуми и во последната, петта сезона од Elite.
Diamantino (2018)
И јас го Гледав Дијамантино Роналдо ама немислев дека ќе го напрат како фантазија фикција ,ХиперСуреалистичка сатира као гледајте народот на шо глупости се пали и кој му е идол ,а има вистина некоја предиминзионирана ,Хаос филм 5.0

Сакав да гледам некој со диктаторот Антонио Салазар, ,васко де гама или магаелан ама не
најдов таков
 
McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.752
Поени од реакции
10.439
@Zlatikevichius предлагам, кога си во можност секако, да ја објавуваш државата во четврток вечер. Така вечер да можеме да избереме филм и од петок да гледаме.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Еве ме мене конечно во Грција, троа изгубен во маглата

Landscape in the Mist (1988)

Никојпат не ме бендисал ваков филм, па ни овој пат не е исклучок. Лирско-поетски реализам или како ќе му дојде, со примеси на Херцог, Антониони и други неореалисти. Ги немам гледано постарите филмови на режисерот, па не знам колку е авторски печат а колку обид да личи на некој од споменативе.
Филмот е за сестриче и братче, на кои одеднаш тек така ќе им текне да тргнат за Германија да го бараат нивниот татко. Кого никојпат не го виделе и знаат само тоа што мајката им кажала - дека е во Германија. И така без пари, без ништо, сред зима, од Атина се качија во воз за Германија. Ги симнаа на првата станица и оттаму продолжија пешки.
Не покажаа никакви емоции, ниту реакции на емотивни настани. Рамнодушни беа кон сѐ. И во добро и во лошо. Дури и кога возрасните се радуваа на снегот, тие беа мртви ладни. Нешто потполно спротивно од детско однесување, односно од реализмот. Не дознавме ни што им се врти низ глава, затоа што речиси и да не говореа.
По разни перипетии стигнаа го граничниот премин, сконтаа дека им требаат пасоши што ги немаат и ја поминаа границата на црно. Односно со чамец го поминаа Вардар и стигнаа некаде пред Гевгелија каде ги огреа сонце.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.358
@Zlatikevichius предлагам, кога си во можност секако, да ја објавуваш државата во четврток вечер. Така вечер да можеме да избереме филм и од петок да гледаме.
Така правам секогаш, само овојпат не бев во можност. Подоцна ќе патуваме на нова локација во Европа, односно - се враќаме на Балканот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.358
Исто како за Азербејџан, само 13 филма беа изгледани од Португалија. И тоа од:

1. @Zlatikevichius , @Shawn Spencer , @Filip Telford и @Keyser - по 2, со просек 6,00
2. @Shutmanga , @grande-juve , @moongoses , @Violetova и @zmija1 - по 1, со просек 5,62

@devilko , @Dumbledore , @The Cooler King , @Mark Renton , @Corvus и @Imperatorot не допатуваа во Лисабон.

______________________________________________________________________
Се враќаме назад на Балканот (иако реално поблиску до Азија не можеме да бидеме), со мало задоцнување што и онака ништо не значи, зашто секако нема многу да испуштиме. Плус, уште од сега да ви најавам дека заради мои обврски (нема да бидам достапен на форумов од 12.05 до 17.05) оваа недела ќе заврши во среда, што значи од четврток почнуваме со новата држава. Пак - нема ништо да смени, нема што да се испушти, затоа, don't worry, be happy.

Bulgaria.jpg

БУГАРИЈА 06.05-11.05.2022

Што да се пише тука. Ништо посебно. За разлика од Македонија каде кино културата започнала уште со зачетоците на кино културата во светот, Бугарите како и за се останато - доцнат, па така кај нив киното (без култура, зашто култура не ни имаат) започнало во 1915 година, подоцна од скоро сите држави на Балканот, со проекција на филмот „Б'лгаран е галант“ (што и да значи ова, у к****), комедија кој се смета за првиот нивни игран филм. Филмот е изгубен, наводно само 2-3 кадри се сочувани, па така се провејува прашањето дали воопшто постоел или е уште една историска измислица на нашите драги источни соседи кои допатуваа од источна Азија за да ја „европеизираат“ Европа! Од 1915 до 1948, кога кино продукцијата била национализирана, вкупно 55 филма биле направени. Нормално, заради тешката националистичка и нацистичка реторика која отсекогаш владеела кај нив, само филмови со идеолошка позадина биле дозволени, и биле стриктно контролирани од бугарската фашизоидна цензура. Најголемото студио било Бојана филмското-студио, основано во 1962. Во 1997 започнал со работа интернационалниот филмски фестивал во Софија.

Бугарски филм, актер, режисер или било каков филмски работник НИКОГАШ НЕ БИЛ НОМИНИРАН ЗА ОСКАР!!! Нормално, каков квалитет можеш да бараш во било што креирано од нив? Никаков. Јас имам гледано еден филм, The World is Big and Salvation Lurks Around the Corner кој го имавме во клубот, и е навистина исклучок и е одличен филм, па за сите кои го немаат гледано, а навистина сакаат да гледаат нешто гледливо, најтопло го препорачувам. За останатите кои ќе се одлучат сами да бараат нешто гледливо - Господ (кого исто така го сметаат за Бугарин) нека ви е на помош! Еве некои листи што можеби ќе ви помогнат:

All the Bulgarian films on letterboxd
Bulgarian submissions for the Academy Award for Best International Feature Film
Bulgarian cinema
ultimate list of contemporary Bulgarian films
Bulgarian cinema

Се сомневам дека ќе уживате!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Еднаш реков злато да фатат Татариве гомно ќе го направат. Сепак имаат по некој исклучок.

Тандемот Грозева-Валчанов обично снимаат добри филмови. Го препорачувам Слава (2016), Урок им беше солиден исто, а Џими го препорачуваше нивниот Татко/Баштата (2019), што до скоро го имаше на HBO Go.
Солидни се и Ага (2018) и Посоки (2017).

Избегнувајте ги: Вездес'штијат, XIa, Мисија Лондон, а бегајте како од ѓаволот од: Диви и штастливи, В'звишение, Привличане и Ујут.

Се надевам му бев од помош на некого и good luck со овој одвратен македонски дијалект. :)
 
Баш и јас сакав да пишам да ги одбегнете овие филмови. Особено Диви и штастливи, кринџ има во секоја сцена
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Баш и јас сакав да пишам да ги одбегнете овие филмови. Особено Диви и штастливи, кринџ има во секоја сцена
Тој филм се чудев како им е толку гледан у кино. Мислам рушеше рекорди во гледаност. Ама па и јас смешен, кај од такви лејки очекувам да препознаат квалитет. Лејка народ лајка лејка филм. :D
 
McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.752
Поени од реакции
10.439
#7 Бугарија

King for a Day (1983) /Господин за един ден/

1651868455386.png

Комедија, но може да се вброи и во категорија траги-комедија.
Спомен за детство во кое го имам изгледано над 10 пати и ги знам сите реплики.
Накратко, се работи за период околу Балканските војни. Период во кој целото Балканско население, највеќе селското, страда од сиромаштија и беда. Во филмов на комичен начин е претставен животот на човек којшто, нешто од несреќа, нешто од глупавост, е полна мизерија. Има се што е карактеристично за тој период-жена, стока и 7-8 деца :D. Постојано го посетува даночник кој што бара да се вратат заемите што нашиот херој, Пурко, ги има подигнато. Пурко на секаков начин ке се обиде да дојде до пари, но секој пат ке заврши со некоја катастрофа и уште поголема сиромаштија за неговото семејство.
Како што кажав, филмов го имам гледано последен пат пред околу 10 години и сега сакав да го изгледам заради носталгија. Сеуште ми е смешен. Предобра е глумата на можеби најдобриот бугарски артист, Тодор Колев.
Го има на јутуб во добра снимка кој сака да го гледа.

4/5
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
20 филма пребарав по торент сајтовите, 1 не можам да најдам. Да одам во на Ванчо Михајлов клубот, можи ќе ми дат некое ЦД.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
20 филма пребарав по торент сајтовите, 1 не можам да најдам. Да одам во на Ванчо Михајлов клубот, можи ќе ми дат некое ЦД.
Замунда акаунт немаш? Имаат цела секција
 
Kajgana Shop

На врв Bottom