FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.755
Поени од реакции
33.479
Браво дечки, Грција баш ја прошетавте!

Најмногу филмови гледаа:

1. @Shawn Spencer - 5 филма = просек 5,30
2. @Filip Telford - 4 филма = просек 7,37
2. @Keyser - 4 филма = просек 5,75
4. @Zlatikevichius - 2 филма = просек 7,00
5. @Shutmanga , @Mark Renton , @grande-juve и @zmija1 - по 1 филм = просек 7,66

Или вкупно за Грција = 19 филма, со просек 6,44.

До сега, по 5 поминати држави и update-увани новите гледани филмови, вака стојат просеците по држави:

1. Hrvatska = 6,82
2. Norge / Noreg / Norga = 6,69
3. Ελλάδα = 6,44
4. Azǝrbaycan = 6,18
5. Crna Gora / Црна Гора = 4,93

а по број на гледани филмови:

1. Hrvatska = 31
2. Norge / Noreg / Norga = 21
3. Ελλάδα = 19
4. Crna Gora / Црна Гора = 16
5. Azǝrbaycan = 13

@devilko , @Dumbledore , @The Cooler King , @moongoses , @Violetova , @Corvus и @Imperatorot - Ntropí sou!

Одиме понатаму! После три недели на Балканот, остануваме на југ од Европа, но се селиме на крајниот југозапад. Шеста држава е:

Portugal.jpg

ПОРТУГАЛИЈА 29.04 - 05.05.2022

И во Португалија кинематографијата започнала уште со раѓањето на медиумот кон крајот на 19 век. Во 1896 се прикажани првите странски филмови во Португалија, а истата 1896 е снимен и првиот португалски филм: Saída do Pessoal Operário da Fábrica Confiança. Првото кино е отворено во 1904, а првиот филм направен по сценарио е O Rapto de Uma Actriz (1907). Првиот долгометражен звучен филм, пак, е направен 24 години подоцна, во 1931 година, A Severa. Почнувајќи од 1931, во следните 2 децении се случува златното доба на португалското кино, со еден реалистичен стил кој му претходи на подоцнежниот италијански неореализам. Во 1950-тите индустријата стагнира. 1960-тите се случува едно ново движење, наречено Cinema Novo, каде исто така се прикажува еден нов реализам, но со малку поинаква естетика. Во 1989 филмот

1. „Recordações da Casa Amarela“ / „Recollections of the Yellow House“ (1989)

освојува Сребрен лав во Венеција. Тоа е еден од најуспешните португалски филмови.

До сега ниту еден португалски филм никогаш не бил номиниран за Оскар во ниту една категорија, но многу филмови се натпреварувале на значајни филмски фестивали како Венеција, Кан, Берлин. Инаку, иако никогаш ниту еден португалски филм не бил номиниран за Оскар, дури 5 филма на португалски јазик биле номинирани (4 од Бразил, и 1 од Франција, кој дури и има освоено Оскар за најдобар странски филм: познатиот „Orfeu Negro“ на Марсел Ками.) Доколку сакате да дознаете повеќе за овие филмови и нивните успеси, можете подетално да прочитате на Википедија: https://en.wikipedia.org/wiki/Cinema_of_Portugal

Еве некои листи каде можете да најдете некои препораки:
World Cinema: A Comprehensive Guide to the Cinema of Portugal (тука има речиси се што е снимено од Португалија, а го има на LB)
Every Best Foreign Language Film Submission (PORTUGAL)
from Portugal, with love
Portugal
Portugal

Слично како од Азербејџан, јас до сега не сум гледал филм од Португалија, па така ова и за мене ќе биде сефте и нормално - не можам да ви дадам никаква препорака. Се надевам дека нема да имаме проблеми со наоѓање на филмовите, и дека ќе најдеме некои во кои може да уживаме.

Аproveitar!
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Јас еден имам многу одамна, Табу, 8ца сум му дал..

За темава го одбрав God's Comedy
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Да беше Бразил ќе предложев сигурно едно 5 одлични филмови, од Португалија за жал немам гледано ништо, а ми мириса и дека нема ништо да ме бендиса од тоа што го видов на листиве.

Еден интересен факт што не е спомнат е дека најпознат режисер е Маноел Де Оливеира што живееше 106 години, а снимаше сè до смртта. Ме мрзи да проверам, али мислам дека на 105 години извади филм, а може и 106 да беа.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Cinco Dias, Cinco Noites / Five Days, Five Nights (1996)
Нема некој опис за филмот на Википедија, освен дека бил најдобар филм во 1997 наGolden Globes (Portugal) па си реков ај овој ќе го гледам, и промашив филм. :D
Здодевно, бегалец револуционер и водачот 5 дена и 5 ноќи минуваат од Португалија до Шпанија.
3/10

p.s. Ама затоа си најдов португалска серија на Нетфликс, Глорија, па ќе ја гледам, се надевам нешто интересно ќе е. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.755
Поени од реакции
33.479
25. O Fantasma / The Phantom (2000)

1651243071683.png

или „Најглупавиот филм што постои!“ Човече, ова беше страшно! Уште синоќа пред легнување пуштив да се симнуваат десетина португалски филмови кои ги избрав од тие листите кои ги поставив тука. Арно ама јас сум на бакар, и симнувањето е малку споро, а забележав дека на една од листите го имаше филмов, за кој знаев дека веќе ми е симнат и зачуван на некој хард диск. А приказната за симнувањето одеше вака: на времето нели имав таков 5X предизвик во подфорумов - секој месец различна тема, и требаше да се гледаат мин. 5 филма од зададената тема. Е па се сеќавам дека вториот месец откако почнавме со тој предизвик, за тема ја поставив: real / unsimulated sex. Се сеќавам тогаш дека на @grande-juve не му се допаѓаше темата зашто имаше многу мал број такви филмови - се на се околу 20. Е па тогаш меѓу тие кои ги симнав беше и овој, ама не го гледав дека геј, нели, ме одвраќаше помислата на unsimulated gay sex. :D А обично не бришам филмови кои веќе сум ги симнал, па така и овој. Е, ама синоќа за да не ги чекам да се симнат останатите, реков - што има врска, ајде, ќе го побарам, и ако го чувам уште, ќе го гледам. Сум го чувал, за жал (а инаку убеден бев дека е бразилски филмот пред тоа, ни на крај памет дека е португалски).

Го пуштив синоќа и ми се згрози животот за сите пари! Инаку сум прилично толерантен и либерален, веројатно знаете, ама што побогу беше ова? Да поврати човек! Геј порнич, со фелација, со фетиши, со секакви глупави настраности. :pov: Синоќа на првото фелацио го исклучив. Не можев да издржам, ама утрово реков - штом си се фатил на орото, ќе го догледаш (до душа морам да признаам дека скокав некои сцени и моменти, премногу беше ова за мене). Ужасен филм, одвратен, негледлив, без никаква поента, верувам дека дури и хомосексуалците би се згрозиле од ова и нема да им се допадне. Катастрофа. Да можев 0/10 , 0/10 ќе дадев. Кец на стаклени нозе.

И НЕМОЈ НА КРАЈ ПАМЕТ НЕКОМУ ДА МУ ПАДНАЛО ДА ГО ГЛЕДА ОВА! SHIFT + DEL.

P.S. Уште се нема симнато ни еден од останатите. :(
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.771
Поени од реакции
10.522
#6 Португалија

The Metamorphosis of Birds
(2020) /A Metamorfose dos Pássaros/

1651247447339.png

Не знам како да ја почнам оваа рецензија. Искрено.
Прекрасен автобиографски филм за едно поколение во кое припаѓа и самата создавателка на филмот. Бавен, топол, визуелно извонреден филм.
Сижето нема да го анализирам детално затоа што филмот не може да се објасни со зборови. Се работи за семејство во кое го следиме животот на неколку генерации. Во почетокот се запознаваме со животот на млад пар во којшто мажот е морнар и во текот на целото дејствие тој е далеку од дома. Тие имаат 6 деца. За животот на семејството дознаваме од писмата кои се разменуваат меѓу сопружниците. Во раскажувањето учествува и нараторот-едно од 6те деца. Подоцна со умирањето на мајката приказната се префрла целосно врз животот на нараторот и неговата ќерка.
Воодушевен сум од филмот, највеќе од визуелен аскпект, не трепнав додека го гледав. На моменти ми беше тешко да го следам преводот и филмот. Преубави кадри, преубави монолози.
@__Vita____ знам дека сакаш ваков вид на филмови, кога си во можност изгледај го. И не само таа, ви го препорачувам на сите.

4,5/5
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
A Comédia de Deus

Филм со специфично и споро темпо, треба малку време за да му се навикнеш на шемата.
Иако мислам дека малку сумњив беше англискиот превод, пак интересно ми беше сценариото и се осети квалитет.
Хумор исто специфичен и суптилен, посебно ми беше јако во некои делови каде што мислиш дека сцената оди во еден правец и одеднаш некоја глупост/реплика ќе падне тотално неочекувана и смешна.
Минус ми беше што делуваше сѐ развлечено, ама како што проаѓа филмот(скоро 3 саата) помалку смета и не се осеќа.
Инаку приказната се врти околу Жоао де Деус, ексцентричен и у свој некој свет, врвен сладоледџија, поборник за хигиена, љубител на младите и згодни вработени, а некогаш и на муштериките.

7,5/10
Автоматски споено мислење:

пред некое време сум го ставил у вочлиста, не знаев дека е Португалски.. ќе се глеа (y)
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Дечки мора да го гледате овај филм.


Немам време да го коментирам бидејќи е 3 часа долг и го гледав на делови, но го обработува животот на браќата Манаки. Првиот час е феноменален, го шета скоро цел Балкан, ја посетува и Битола, родната куќа на Манаки, се зборува за нивното кино во Битола, доаѓа и во Скопје (Македонија е Скопје за нив). Во потрага по првиот филм на Јанаки Манаки.

И немам многу слободно време да анализирам, но мене лично ме привлече оти се работи за браќата Манаки.

Едно 8/10 колку да се забележи во ќитапот.

Сакав повеќе од Грција, но немав време. Останав само на 2 филма од ист режисер.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Португалија
#14. Capitães de Abril / Априлските капетани

Филмов го прикажува еден од веројатно најважните настани во португалската историја - Револуцијата на каранфилите. Во април 1974, поточно 25 април, група капетани собираат поголем гарнизон војници и од една база се упатуваат во центарот на Лисабон во мирен протест против диктатурата и барајќи престанок на војната и крвавата експлоатација што ја правела Португалија во Африка (Мозамбик, Гвинеја, Ангола) и Азија (Источен Тимор). Настанот е наречен Револуција на каранфилите зашто диктатурата е соборена без речиси ниеден испукан куршум, а добар дел од војниците добиле каранфили во пушките од луѓето кои им се придружуваат во протестот.

1651313503174.png

Со падот на диктатурата, се формира нова демократска влада која им дава независност на поранешните колонии, а 25 април секоја година се одбележува ко Ден на слободата во Португалија.

Сакам кога после некој филм ќе ме копка да прочитам нешто повеќе, а после филмов дефинитивно сакав да дознаам повеќе за војнава и за што станало со веќе независните африкански/азиски држави.
По стопирањето на колонијалната војна и добивање независност од Португалија, Источен Тимор е освоен од Индонезија со поддршка од Америка и во таа „добрина“ што Американците ја направиле се загинати, ранети или заробени повеќе од 185 илјади Источни Тиморци. Племе клето „демократско“.

Оцена за филмот 3.5/5.
 
Последно уредено:

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.771
Поени од реакции
10.522
#6 Португалија

Tabu (2012)

1651350162294.png

Црно-бела романтична драма. Зашто црно-бела појма немам.
Филмот е поделен на два дела. Првиот во кој што се запознаваме со ликовите на три жени, сосетки-Пилар, старата Аурора и нејзината куќна помошничка Санта. Аурора е веќе жена пред смрт и постојано е скептична за својот живот и бара помош од Пилар, исто така жена во години којашто живее сама. Аурора по некое време ќе се најде на смртна постела и ке побара од нејзината сосетка да го најде човекот којшто го нема видено од својата младост, нејзиниот љубовник (истовремено и наратор во филмот). Пилар успева во тоа, но тој никогаш нема да оствари повторен контакт со Аурора.
Во вториот дел нејзиниот стар пријател не запознава со животот на Аурора, од нејзината младост па се до нивното последно видување.
Филмот мене ми беше баш досаден. Како што кажав не разбрав зошто филм од 2012 е монохроматски. Јазикот исто не ми се допаѓа. Во вчерашниот филм не го приметив толку бидејќи уживав во кадрите.

3/5
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Само јас изгледа имам проблем со наоѓање на торенти за Португалија. Pirate Bay и RuTracker воопшто не ми се најдоа. Помагајте!
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Само јас изгледа имам проблем со наоѓање на торенти за Португалија. Pirate Bay и RuTracker воопшто не ми се најдоа. Помагајте!
Најлесно ти е на Youtube, ако пишеш portuguese movies. На Нетфликс дава бразилски, дека на португалски јазик се
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.231
Listen (2020)


Португалско семејство сочинето од мајка, татко и три деца од кои едното е глуво, живеат на раб на егзистенција (не баш ама сепак, сиромашни се) негде во Англија и ќе се соочат со проблем наречен социјални служби кои ќе се вмешаат во нивниот живот сакајќи да ги заштитат децата со тоа што ќе ги одвојат од родителите. Ја гледаме борбата на Бела и Жота за нивните деца.

Саат и 10 минути трае филмов, тапа некако, недоволно изведено како што треба, тапа глума, тапа сценарио, подпросечен филм. Не би трошел зборови повеќе, не ни има што да се каже да бидам искрен. Фалат многу работи.

5/10 оценка.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
A Metamorfose dos Pássaros (2020)

Ова не беше филм, туку илустрирана аудио книга.

Повеќе ликови ги читаа писмата што ги испраќале или дневниците што ги запишувале, додека одеа статични кадри, не нужно поврзани со тоа што се чита. Глумците беа само за илустрација. Многу малку имаа игра со дијалог, во поголемиот дел беа пасивни учесници во кадрите.

Морам да признам дека визуелно изгледаше многу добро со прекрасно компонирани кадри. Но самото тоа ни оддалеку не е доволно за да создаде комплетно филмско искуство. Приказната ништо нарочито, дали била автентична или измислена воопшто не е важно кога не беше интересна. Можеби да имаше добра музика наместо спикер, ќе ми оставеше подобар впечаток. Вака како што беше не успеа да развие никакви чувства кон ликовите кои не ги гледавме, туку ни раскажуваа за нив.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Португалија
#15 Aniki-Bóbó (1942)



Првиот долгометражен игран филм на легендарниот Маноел де Оливеира насловен Aniki-Bóbó по дел од една детска песничка која децата ја користеле при избирање членови во екипите за играње. Нешто слично како кај нас Еци-пеци-пец.

Филмов прикажува една група на деца од околу 8-10 години кои секој ден по часовите, а некогаш и бегаат од часовите, се собираат низ улиците на приморскиот Порто и играат детски игри. Едно од децата по име Карлитош ја бендисува Терезиња, ама неа ја бендисува и водачот на групата Едуардито и тука се дешаваат некои заврзлами.

Интересно филмче од само 70 минути што брзо минуваат. Цело време ми се движеше негде околу 3.5/5, али крајот ми се бендиса и ме премисли за оцената, па нека биде ете 4/5.

Ако некој уште не знае што да изгледа, ете препорака. Го има на Youtube со англиски титл.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom