FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.944
Worst person in the world

Почетокот и не ме импресионираше многу. Мислев дека ќе биде уште еден филм направен последниве години за животот на персона која треба да се пронајде во овој свет во нејзините доцни 20-ти години. На момент помислив и дека е сатира на младите денес...

Но, после cheesy почетокот, лошите одлуки и клише елементите и дијалозите, филмот нурнува подлабоко во емоционалниот елемент на ликовите, доловувајќи ни ја нивната внатрешна страна, нивниот страв, оставајќи не со една добра поука за "кроење" на животот.

Јулија е девојка во нејзините доцни 20-ти години која пробува да се пронајде во својата кариера, својот љубовен живот и динамиката на модерниот начин на живот. Некогаш во бунило и неодлучност што да го избере, се наоѓа растргната на повеќе страни барајќи го сопствениот пат и исполнетост.

Нешто што ми недостасуваше беше повеќе среќни сцени. Знам, мелодрама е, но, некако забележувам дека модерните филмови се базираат премногу на депресија, апатија и тага. Што, несомнено е одлика на младите генерации денес и сите може да се пронајдат во некој сегмент.

Би додал малку повеќе надеж, свежина и ведрина, малку повеќе кураж, па макар било тоа и една убаво спакувана "бајка".

Скандинавските филмови знаат совршено да портретираат мелодрами, а последниве години и да ги начнат кризите кои се појавуваат во одредени декади во животот. Данскиот Another Round беше добар осврт на оние во 40-те години. Овој, поблизок до мене, па може затоа и подобро ми "легна".

7.5
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Thelma (2017)

Генерално не ме привлекува многу норвешката кинематографија и ми беше скоро сеедно што да гледам од таму. Го избрав Tелма од Јоаким Трир, зашто мислам дека играше на некој наш фестивал и ми се свиѓаше неговиот The Worst Person in the World, па се надевав и овој ќе ме бендиса.

Жанровски е некоја нетипична романтична драма со фантастични елементи и малку мистерија. Го пишува и дека е хорор, ама јас како хејтер на хорор жанрот можам да кажам дека од хорор имаше само сцени на лазење на змии и мотање околу вратот на жена или влегување во човечка уста. :noze:

Почетната сцена беше баш шокантна, татко и 6 годишна ќерка одат во лов, здогледуваат срна, таткото ја вперува пушката во срната и по некоја секунда ја насочува пушката накај главата на ќерка си.
После ќе се разоткрие и зошто тоа го правел.

Првата половина од филмот тераше добро имаше некоја доза на мистерија, што се дешава, зошто се дешава и после се разоткри мистеријата, погодив како би терало дејствието и ме маваше досада до крајот.

Оцена 3/5.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Turn me on, Dammit!

Видов ариевка со провокативен наслов и стиснав play. Суштински, тоа што го очекував, тоа и го добив. Содржински, очекував многу повеќе.

Краток несодржински филм, без никаква приказна, дури немам ни некоја посебна инспирација да се внесам во оваа рецензија. Филмот се врти околу сексуалните фантазии на една тинејџерка. Среќа нема многу порнографија.

Сценариото личи како да е напишано доста брзоплето. Сите дијалози се површни, колку да ги има. Настаните се вртат околу пар исти сцени.

Само што почна, заврши. Саат и 20-тина минути. Алтернативата беше Oslo, August 31st. Ариевката пресуди. И не сум во расположение за љубовни филмчиња, требаше да си одберам или трилер или хорор. :oops:

Она што ме асоцира на Норвешка е широкото природно пространство, езерата и планините, што не изостануваат во филмот, но тие сцени се кратки, штури, позадински. Имаше една единствена, кратка, сцена во шума. Толку. :(

Обична тралалајка, му дадов 2/5.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.779
Поени од реакции
33.567
02. Ni liv / Nine Lives

1648320714921.png

Првиот од споменатите 6 норвешки филмови номинирани за Оскар, во 1957 година. Црно бела авантура/драма за еден неверојатен подвиг, снимена според исто толку неверојатна, но вистинска приказна за еден норвешки борец против нацистичка Германија и неговото неверојатно бегство низ снежните планини во Норвешка, до слободата која го чека во Шведска. Приказната е навистина запрепастувачка, исто толку се запрепастувачка и прекрасната кинематографија од норвешките снежни врвови. Но темпото со кое таа приказна е раскажана по малку делува како да си се напил дијазепам. Нема многу динамика, што навистина е потребна во филмови како овој, а исто така и монтажата беше малку чудна (со сцените како се прелеваат еден во друг, па ме потсети малку на некоја емисија на МТВ од 90-тите, или на Македонски народни приказни). Морам да го споредам филмов со Pathfinder, вториот норвешки филм номиниран за Оскар, гледан одамна, и до сега за мене најдобар норвешки филм кој сум го гледал - таму ја имаше баш таа динамика /која тука ми фалеше. А инаку многу е сличен сетингот, па и приказната. За Nine lives, од мене 7/10. Сепак е далеку од лош филм.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.628
Поени од реакции
81.513
Дечки не ќе можам да ве дружам, работата ми е таква што едвај наоѓам време да погледнам филм или два во месецот...терајте си, ќе ве читам само :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.779
Поени од реакции
33.567
Еве ја мојата рецензија за Pathfinder. Уште еднаш препорака да го гледате овој филм, преубав е!

Филм бр. 5
Ofelas / Pathfinder - Е ова ми беше ко јаготка на шлагот! Одлична тема @grande-juve и одличен избор на филмови. Овој беше поразличен од сите други: прв пат снег, многу далеку во минатото, некаде околу 1000 година, и прв пат европски филм (добро, и Dersu Uzala е руски, но од јапонски режисер, а Fitzcarraldo германски, но со американски кастинг). За природата немам што да кажам - обожувам снег, преубаво изгледаше. Ама она што најмногу ми се допадна тука беше тензичноста која почна уште од самиот старт и држеше цело време, до сам крај, без да спласне ни за миг. Веројатно и погодената должина имаше големо влијание тука - обожувам филмови кои траат околу саат и пол. И приказната многу ми се допадна - момче на кое дива орда му го убива целото семејство одлучува да се одмазди за нивната смрт, и успева во тоа на крај, при тоа спасувајќи цело едно друго село, и стануввајќи нивни водач на крај. Звучи едноставно, и е! Ама во едноставносста е убавината, а тука имаше многу убавини. Ми се допадна и вметнувањето на елементи од нордискиот мистицизам, му даде една убава фантастична нота на филмот. Ма се ми беше ептен погодено. Една единствена, минорна замерка имав само - костимографијата. Имаше на костимите некои шевови кои во тоа време на никој начин не би можеле да ги направат, се познаваше дека се машински изработени. Значи до таа ситница се ми беше перфектно тука. Преубав филм, навистина! 9/10

Средна оценка за сите филмови од темава - 8,2, и три деветки! Навистина уживавме месецов. По редослед: Pathfinder > Deliverance > Dersu Uzala > Fitzcarraldo > Walkabout.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Еве ја мојата рецензија за Pathfinder. Уште еднаш препорака да го гледате овој филм, преубав е!
Каков trip down memory lane, ми фали предизвикот :love:
Си ја прочитав и мојата рецензија ама полна е со спојлери па решив да не ја постирам тука.
Мене Pathfinder ми е 6/10.

Инаку, @moongoses учествуваш, така?
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.357
Поени од реакции
4.879
Не играм оти не ме тагна на почеток, не сум во одбраното друштво на филмаџии :kezec:
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.236
Blind (2014)


Ескил Вогт е најпознат по неговата работа со Јоаким Триер како главен сценарист во сите досегашни филмови на режисерот.
Blind е негово режисерско деби, истотака е и сценарист на оваа мирна и спора драма каде главна тема е самотијата, покрај стравот и несигурноста.
Се работи за една жена која останува слепа и се што прави е седење сама во станот, пиење вино и пишување нешто као книга. Освен неа, во филмот се појавуваат уште 3 ликови, нејзиниот сопруг, еден воајер и млада самохрана мајка доселена од Шведска.

Во еден мирен и пријатен тон се прикажани секојдневијата на Ингрид, нејзините мисли, нејзиното привикнување со хендикепот, борбата со самата себе, стравот од што е следно, темницата и пишувањето на книга.
Не ни можеш да бараш динамика во филм каде слеп човек е главен протагонист. Можеби има некои конфузни моменти ама брзо се сфаќа што е поентата и потоа само се следи и набљудува. Ова е филм што се гледа сам, максумум со уште еден до тебе, некој којшто знае да гледа филм. Може да се праи муабет за филмов и би бил добар предлог за филм клубот.

Јас ги сакам скандинавците и нивното правење на филмови, општо ми одговара ваквиот стил. Вогт и Триер досега се покажале како топ тандем кај мене. Верувам нема да ме разочара The Worst Person in the World којшто следи во текот на следните денови.

Не ми е јасна оценкава на имдб за филмов.
Јас 4ка му ставив, од 5, или 8 од 10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.779
Поени од реакции
33.567
Не играм оти не ме тагна на почеток, не сум во одбраното друштво на филмаџии :kezec:
Па ти не си учествувал во клубот во минатото, затоа не сум те тагнал. :( Секако дека си во одбраното друштво, еве таг: @Mark Renton . :P
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.236
The Innocents (2021)
De uskyldige


По сценарио и режија на Ескил Вогт.
Кога ги бирав филмовите што ќе ги гледам ова недела, ова девојче страшно ми личеше на актерката од претходниот филм, Blind. После видов дека и е ќерка. Таа и е мајка и во филмов.

Психолошка хорор драма сместена негде во Норвешка во летен период каде децата се на распуст и секојдневно си играат во паркот меѓу зградите.
Ида е ова девојче на сликата, Ана е нејзината сестра со аутизам, Бен и Ајша се деца што живеат со нивните мајки. Се запознаваат, почнуваат да си играат како и сите деца и приметуваат/знаат дека имаат натприродни моќи. Сето тоа делува интересно на почетокот се додека не почнат да се случуваат и пострашни работи.

Никогаш немој да викате дека се сте виделе од скандинавците. Секогаш со нешто ќе ве изненадат, згрозат и зачудат. Не го пишувам ова затоа што фрлија мачка од 100ти спрат за после да ја бараат таква искршена и беспомошна па да и ја згазнат главата. За друго ми е.

Првиот час трае прилично споро, се наметнува мистеријата, децата си играат и ништо посебно не се случува.
Потоа добива на динамика, се отвараат картите, има некои доста шокантни моменти и на место е тој психорор тек.

Јас не обожавам супернечурал ствари во филмови ама ги почитувам истите ако најдам поента и крајна цел во тоа. Ова тука беше добро и задоволен сум поради тоа пошто ако не беше така и останеше на безвезна хорор приказна ќе добиеше единица.
Не е ова хорор филм за да те плаши.
Не е ова мистерија за да очекуваш плот твист на крајот.

Се мислев меѓу 3.5 и 4, ама ќе му дадам 4ка, ради харизматичното девојче, добрата поента и идеја, и прекрасното место каде се одвиваше драмава.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
За почеток, сакам да го изразам моето задоволство од новиов предизвик. Слабо стојам со европската кинематографија што не е од веќе популарните држави: Италија, Германија, Франција, Обединетото Кралство. На овој начин би добиле шанса да погледнеме филмови од разни кинематографии. Морам да напоменам дека сепак сум скептик за европските филмови кои пречесто ми обработуваат чудни теми. Ќе се потрудам барем еден да изгледам од секоја држава додека трае предизвикот. Како прва држава, од која за чудо, немам гледано филм досега, Норвешка, го одбрав затоа што ми се чинеше како најпопуларен:

Телма

Филмов го имав начекано само на Letterboxd, и ми останал во сеќавање поради интересниот постер. Многу чуден филм, не допре до мене премногу. Не ми се допадна генералното дејство, направи да се чувствувам неубаво и да чекам да заврши побрзо, со цел да видам дали се исплати целиот заплет на крај. Си имаше свои пораки за праќање, само не ги сфатив јас потполно кои беа тие.
Одлична сценографија се разбира, Норвешка има преубава недопрена природа. Актерите си ја завршија својата работа солидно.
Видов дека режисерот има други популарни филмови, па се надевам доколку сум во можност до крајот на рокот на предизвикот, ќе изгледам уште некој норвешки филм. Сепак, можат да се стават во watchlist за во иднина.

Му давам просечна оцена од 6/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.779
Поени од реакции
33.567
03. Hva vil folk si / What Will People Say

1648530307608.png

Ништо особено. Очекував моќен филм со моќна порака, но добив нешто веќе видено. Еден конзервативен татко, пакистански имигрант во Норвешка е премногу загрижен за тоа „што ќе речат луѓето“ за тоа што неговата ќерка се однесува како совршено нормална норвешка тинејџерка. Па да му е... м... , сте се иселиле во Норвешка, таа е израсната таму, нормално да се однесува така, не знам со кој памет очекува некој кој се иселил во земја во која одамна престанале да им ги заклучуваат половите органи на децата со катанци, неговите деца да се однесуваат како да живеат во Пакистан. И зошто, for God sake? Кога веќе одам во Норвешка, одам за да им овозможам на децата да имаат живот поразличен од тој кој би го имале во Пакистан, а не да очекувам да се понашаат ко уште да се таму. Филмов претерува до крајни граници! Замислете, таткото оди до таму што дури ја тера ќерката
да скокне од еден клиф, само зашто се бакнала со машко (и тоа замислете - по втор пат). Ај тоа со договорениот брак можам и да го сфатам, и кај нас и ден денес има култури во кои се договараат бракови и тоа е се уште совршено „нормално“, но татко да сака ќерка му да умре само зашто си фатила дечко и го бакнала!!! И тоа не затоа што се грижи да не и се случи нејзе нешто, туку зашто се грижи за тоа „што ќе речеле луѓето“!
Себично!
Па дури и ја испрати да живее во Пакистан кај сестра му за да не го брукала!
:tapp: :tapp: :tapp:

Друго што не ми се допадна - крајот. Ваков филм мораше да поентира на некаков начин, со некаква порака дека сепак децата се најважни, што знам јас што. А овде добивме крај во кој
таткото демек се свести дека згреши (а како и зошто го промени мислењето, ни видовме, ни сфативме), ќерката избега од дома, и као демек - пу пу не важи ништо!
Ма идете у три лепе! Филм кој треба да ги прикаже стереотипите на иселениците во западните држави како нешто кое треба да се искорени, ги прикажува стереотипите како дел од нечија култура, и не дава одговор што треба да се направи со нив. Јас не велам дека вакви случаи нема, и дека по дифолт Пакистанците во Западот треба да се асимилирани веќе, но тука гледавме семејство кое веќе со години живеело на Запад, а се однесува како штотуку да се доселило. Не знам, ова за мене беше филм кој не ми се допадна (глумата е извонредна, сепак, морам да признаам), сметам дека е претеран, ни малку суптилен и иако се труди да биде моќен, е само благ и нереален приказ на патријахатот во модерното општество.

Филмов инаку бил норвешки кандидат за Оскар за 2017 година. Јас прв пат слушам за него, што значи и покрај тоа што се труди да биде моќен, благо поминал секаде и останал неспомнат. Па и јас не би го спомнал никому. Препорака, ако ви се пружи прилика, да НЕ си трошите време да го гледате. 5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.779
Поени од реакции
33.567
04. Elling

1648574312806.png

Ова е најтажната комедија што сум ја гледал во животот. :( На еден чувствителен и анксиозен wannabe поет и друг 40-годишен џин со опсесија кон жените, но никогаш немал секс и не разговарал со жена, државата им дава стан откако ќе излезат од институцијата во која се лекуваат. Предизвиците кои им претстојат се огромни, зашто за нив се чини потешко е да се снајдат во светот околу нив од било што друго. Случките се комични, на моменти се смеев на глас како ретко кога, но приказната е навистина тажна, па и тогаш кога се смеев имав една грутка во грлото која не исчезнуваше. Ова е прекрасен филм воден од ликовите кои се навистина одлично изградени, а глумата е навистина преубава. По малку ме потсети на естетиката на британските филмови од 90-тите со целото тоа сивило и таа сурова реалност во која живее обичниот Норвежанец. Или барем оној со поинаков ментален склоп од остатокот од светот. Имаше многу емоции тука, ми фалеа само малце повеќе комични ситуации (иако тогаш ќе беше дефинитивно само една обична комедија на ситуации, а не вака емотивно комплексен филм). Ова е четвртиот од шесте филма од Норвешка номинирани за Оскар во историјата кој сум го гледал. Убав филм. Од мене 8/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom