FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Не се лутете што не ви ги изгледав последните два филма, ветувам ќе ги изгледам за брзо.

Јас ви идам пак со нискобуџетен британски филм,претходниот не ми го сакавте баш...:D Го гледав летото и одма ми текна да го предложам и на моја среќа никој го нема гледано од тука.:love:

Нема што многу да дрлавам, следниот филм е

Dead Man's Shoes

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Ај и јас зашто го изгледав во рок да пишам пред да дојде Злате да го затвори терминов. И кога сме кај тоа, мислам дека не мора цело време да го чекаме Злате да најавува, знаеме сите да броиме, ако не знаеме да броиме пишува горе кога завршуваат термините, мислам дека не е толку неопходно да дојде да пише Следен е тој и тој нека пише филм.

Енивеј филмов, не знам што да пишам за филмов не го сфатив ептен, многу чуден ми беше, му дадов висока оценка заради инвентивноста и пристапот, ама не можам да кажам дека нешто особено ми се допадна или не ми се допадна, најголем дел од времето се осеќав како да не се случува ништо, а и тоа што се случуваше не бев сигурна кон што води. Не сфатив со жена му и ќерка му што се случи, а мислам дека тоа беше важен дел од филмот, исто и со тоа што имаше рак ор смт, беше болен од нешто. Also, што беше со куќата на онаа што гореше, so what's up with that? Зборев со Злате пред некој ден, и тој не знаеше да ми објасни, @wot try me? Знам дека имаше некој апсурдистички елементи филмов, ако не беше и целиот заснован на таа премиса, ама некако не успеав да навлезам подлабоко и да го сфатам што му беше поентата. Тежок беше за гледање, фактот што траеше повеќе од 2 саати и не помогна многу, многу повеќе се базира на атмосфера/вајб отколку на содржина, вот сака вакви филмови, што целта им е да ти ја пренесат општата атмосфера на филмот, а не да пренесат приказна, проблемот е што јас не го изгледав in one sitting, па таман кога ќе почнев да навлегувам во тој апсурд на постоењето, ќе се десеше нешто да ме извади од тоа, има шанси да му се пробам пак некогаш кога ќе бидам сигурна дека ќе го изгледам цел одеднаш, чисто со цел да го доживеам како што е замислен да се доживее, ама не верувам дека нешто повеќе ќе ми се свиѓа, зашто преовладува генерално негативна атмосфера во филмот, и не сум ептен фан на филмови што прават да се осеќам лошо.

7/10
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511

Иди на Вики за филмов и доле у Motifs имаш објаснувања и за куќата
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ај вака:

The Reflecting Skin го гледаа четворица и му дадоа средна оценка 7,3 што е втора највисока оценка во кругов. Го испуштија: @Corvus , @devilko и @Gazpapir .

Synecdoche New York го гледаа исто четворица и му дадоа средна оценка 6,0. Го испуштија: @devilko , @wot и @Gazpapir .

@wot - Film Club: (Dead Man's Shoes: 30.09 - 13.10)
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Иди на Вики за филмов и доле у Motifs имаш објаснувања и за куќата
Немам обичај и избегнувам да читам вакви работи за филмови. Сакам да го конзумирам само тоа што филмот ми го приложува и толку, не сакам експертски анализи, уште помалку сакам квазиекспертски анализи на влогери и јутубери. Сакам да читам лични импресии и интерпретации вака од луѓе на форумов или пријатели, да ми кажат нивна интерпретација на нештото што не сум го сфатила, ама вакви детални работи не сакам да читам зашто ми влијаат на мислењето, а сакам истото да ми зависи исклучиво од крајниот продукт/изведбата на филмот.
Фала во секој случај :X3:
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Немам обичај и избегнувам да читам вакви работи за филмови. Сакам да го конзумирам само тоа што филмот ми го приложува и толку, не сакам експертски анализи, уште помалку сакам квазиекспертски анализи на влогери и јутубери. Сакам да читам лични импресии и интерпретации вака од луѓе на форумов или пријатели, да ми кажат нивна интерпретација на нештото што не сум го сфатила, ама вакви детални работи не сакам да читам зашто ми влијаат на мислењето, а сакам истото да ми зависи исклучиво од крајниот продукт/изведбата на филмот.
Фала во секој случај :X3:
Ова ја што ти посочив, режисерот објаснува...
А ако, како што викаш, сакаш мислењето да ти зависи од крајниот продукт само, зошто пак бараш интерпретации/објаснувања?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Ова ја што ти посочив, режисерот објаснува...
А ако, како што викаш, сакаш мислењето да ти зависи од крајниот продукт само, зошто пак бараш интерпретации/објаснувања?
Може станувам досаден, ама пак ќе пишам. Режисерот тоа треба во филмот да го објасни, не отпосле во интервјуа и есеи да се правда што сакал да каже. Ако не можел на филм, можел уште отпочеток да си напише книга и да не ни го губи времето со гледање на филмот. Во ред е некоја симболика или детаљ да не се разбере или да се испушти и да се праша за појаснување, ама никако за целиот филм.
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Хај!

Јас како духче се појавив за момент и ме снема :oops: ама ветувам отсега ќе сум редовна. Па еве ја и мојата прва рецензија :)

Dead Man's Shoes (2004)

На почетокот на филмот си реков: „оф уште еден типичен revenge филм“ и го гледав без некој интерес морам да признаам. Напати со некои сцени ми беше пренасилен и до некаде одвратен (мека душа сум, don’t judge :icon_mrgr:) ама си реков ќе го гледам до крај. И не зажалив, пошто мислам дека крајот ја даде клучната поента на филмот а воедно и ми го смени мислењето – воошто не станува збор за типична приказна за одмаздувањето, баш напротив, поената на филмов ја сфатив како противодмаздувачка. Тешко е да изгубиш некој близок, како што кажа и самиот Ричард, но дали одмаздата може да го врати блискиот? Да го врати назад времето и да ги поправи грешките? Можеби ликвидацијата на убијците и не беше со цел да си го врати својот брат, можеби со тоа сакаше да ја докаже љубовта кон него која во изминатите години никогаш не успеала да исплива на површината? Како што спомнав и погоре, крајот е клучниот момент, момент кога Ричард ја сфаќа баналноста на целата ситуација, свесен дека не може да го добие она што сака излезот го бара во смртта. И уште едно прашање кое го поставува филмот: кој е сега монструмот, бедните, изнадрогирани насилници или Ричард?

Прекрасна психопатска глума на Paddy во улогата на Ричард што на моменти ти влева страв, интересен концепт, не би го гледала по втор пат, но саундтракот би го слушала уште долго! Прекрасна музика што одлично се вклопуваше со целиот зелен но мрачен country амбиент.

6/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Dead Man's Shoes (2004)

Овој наслов ми бил на списокот за гледање, којашто постојано расте и никако да почне да се намалува.

Имаше некој тренд што започна таму некаде средина-крај на деведесеттите и траеше извесно време, не знам можеби има и име, со кој и филмов е малку зафатен. Беше тоа камера од рака, без користење светло што резултира со зрно, филажи наместо резови во дијалошки сцени што на моменти придонесува кон лошо кадрирање и дефокус, следење на ликовите во движење без стабилизација… Лично не ми се допаѓа тој стил, но го почитувам како авторска определба.
Иако ова, барем колку што забележав, беше одлика само на сцените во ентериер, екстериерните беа стандардни.

Приказната да не речам стандардна, но изведбата малку поинаква со оригинален пристап. Малку не навлече на друга страна со тоа што го прикажа братот како присутен лик, а за кого дури на крајот ни откри што всушност се случило. Што од друга страна го менува и значењето на црно-белите флешбеци, не беа работи што навистина се случиле, туку само претстава на главниот лик за тоа.

Супер тераше филмот, едно време премина во фарса со тоа спачекот и назови гангстерите што го возеа, кон средината малку опадна ритамот, но брзо се врати во колосек. Од друга страна освен главните ликови речиси и да немаше статисти. Пусти улици, пусти објекти, немаше никој ништо да не види и не чуе. А цело време очекував од некаде да се појави инспектор Барнаби. Типична средина за негово делување.
Музиката исто убава иако на моменти не беше баш соодветна на дејствието.

7/10
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Дојде и тоа време по 3 години да ви речам збогум на клубов.
Бев од самиот почеток во него. Изгледав и предобри филмови, испишав безброј страници, разменив безброј мислења. Пораснав овде, филмски.
Ќе ми фали сето ова. Проклета нека е туѓината.
Поздрав људови. Ќе недостигате.

Че се врнам. :D
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Рецензијава ја пишувам после Џокер, тешко ми е да мислам на друг филм после таа дрога.

Dead Man's Shoes e еден од тие филмови кај што ми се допаднале многу, ама не е за втор пат да се гледаат, плус тоа и што го гледав многу скоро и нема поента да се гледа по втор пат кога веќе знаеш се. Изгледав само последниот дел и мојата омилена реченица од филмот You were supposed to be a monster, Now I am the fucking beast. Мунгус, го приметив и јас фактот дека нема ниту еден статист,некако не ни му оддадов значење оти не ми правеше разлика, го гледав онака само, ко интересен факт. Познавајќи го Пади од неколкуте "познати" филмови, ова му е неспорно најдобрата глума. Имам приметено, британските филмови ми носат некој реализам вајб баш поради нискобуџетноста и камерата, и можам да кажам дека до сега не сум гледал британски филм кај што кастот не бил перфектно погоден. Приказната е cliche revenge movie,но како е прикажана е сосема уникатно. Убивањата се одлично осмислени, страшни,тензични,даваа хорор вајб. И нешто што ми се допадна многу, беа комични на некој начин,а со тоа режисерот успеа да не го направи филмот до толку депресивен.Низ целиот филм имаше некои хумористични досетки, ти го олеснуваа мизерното и депресивно возење. Ниту еден дијалог не ми беше досаден, тоа и го барам во секој филм. Мрачен,депресивен,тажен,реален,страшен,одбивен,тензичен, што повеќе сакате :D
А за музиката, нека не ве изненадува, до сега сите филмови што сум ги кажал имаат прекрасен саундтрак :love:

8/10
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
@Zlatikevichius рекордно најмала гледаност е ова??

Заврши стариот круг со мене, ама имаме нов член,иде после мене или во новиот круг последна ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom