FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Дечки извинете што ме почекавте, не се правам дива ор самтинг (иако сум wild and all), како и да е знаете како е, adulting and stuff...

Назад на темата then, гледаме летен филм, модус операндито ми е тоа, сезонски филмови, наместете ме на есен и ќе гледаме ноар, ама засега.... малку Френки, малку Грејси, малку музика, малку хумор, и многу љубов

Мојот омилен тип на society.... High Society
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.181
Поени од реакции
8.822
Никој нема, Злате го нема, никој не гледа... Зошто да не направиме колективен одмор бар до крајот на август? И да почнеме после со филмов. И измеѓу тие денови простор за да се пишува и да се гледаат другите негледани филмови.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Додека трае паузата решив да изгледам она што сум пропуштил. Денес падна изборот на:

Shine 1996

Прв Австралиски филм за мене, или бар еден меѓу првите... Убава мелодрама за животот, блиските, љубовта... Нејзината добра и лоша страна. За тоа колку си ценет кога си на врвот, а заборавен кога си на дното.
Џефри Раш изглуми феноменално. Имаше одлични кадри, поучни лекции мал милион, но филмот како да го изгуби своето темпо таму некаде на средината. Како да почна да се гуши самиот во себе, мистеријата спласна и ја немаше таа почетна заинтересираност од моја страна. Сепак на крај, се издигна како Феникс, како животот на младиот пијанист и ни го даде очекуваниот спокој и среќа.

7
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Високо друштво (1956)

Благодарејќи на @Corvus се изнагледавме мјузикли. Во случајов се работи за музички римејк на Филаделфиската приказна. Овојпат е Грејс Кели во улогата на Хепберн на размазена богаташка која воочи својата втора свадба доаѓа до трилема за кого всушност сака да се омажи. Дали со веќе договорениот богаташ, чии кастинг и однесување вриштат дека нема да е тој, дали со тукушто дојдениот новинар или повторно со поранешниот сопруг.

Сцените, речиси сите во прекрасен ентериер, наспроти неколкуте екстериери кои фотографски премногу двоеја од остатокот. Зошто така навистина не знам, можеби виставижн камерата им била преголема за на локација, во секој случај изгледаше лошо.

Дијалогот, структурата и ликовите типични за овој жанр од тоа време, со ништо не се одвојуваат од останатите наслови. Истото можам да го кажам и за изведбата на повеќето актери. Единствено музиката на Портер останува забележана, посебно нумерата True Love.

6/10

И на сите убав (принуден) летен распуст. Се надевам дека нема да прејде во траен :(
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Па ако има кворум да си продолжиме тие што можеме да сме активни, па после за оценки и редослед ќе напишам на кратко за да му олеснам на Злате да не бара.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Пошто го гледав сега брзо у Предизвикот (а не требаше :smirce:) за овој ќе копипејстнам од таму...

High Society


А филм је тако лепо почео...

Сачмо, кул ез фак, уште на самиот почеток со насловната песна не може а да не ти изнуди насмевка, дали пее или свири небитно...
Грејс Кели, уште од првиот момент кога ќе влезе низ вратата блеска, никогаш поубава, уште и газето како и се оцртува во тие панталоните мх мх а и во наредната сцена не останува покуса, уште и со девилиш карактерот тука хат ез хел, во првата половина од филмов не приметив што зборуваше.
Бинг Крозби, уште со првата песна те омекнува, те носи на некое друго место и те тера барем за момент да заборавиш на сите срања у животов.
А Синатра е Синатра, кој глас кога ќе запее, човече...

И што се случи(ло) после за филмов така осетно да падне у втората половина, стварно не знам.
Приказната тапка у место...развојот на односите помеѓу ликовите нема никаква смисла, нема логика тоа што се случува...Грејс Кели цела втора половина од филмов ја поминува пијана/мамурна....?

Штета, затоа што во поголемиот дел е многу забавен ром-ком-мјузикл со оној посебен шарм кој само постариве филмчиња го поседуваат.

6.5/10
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Хај :)

Искрено, не знам како дојде до тоа да отворам Кајгана гледајќи на тоа колку имам за учење, и уште поискрено, ќе ве излажам ако ви кажам дека Film Club-ов не ми фати окце.
Видов дека клубов е формиран одамна и верувам дека веќе си имате формирано свој круг, па би била баш хепи ако би се согласиле да ме примите (ако не е касно).
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Хај :)

Искрено, не знам како дојде до тоа да отворам Кајгана гледајќи на тоа колку имам за учење, и уште поискрено, ќе ве излажам ако ви кажам дека Film Club-ов не ми фати окце.
Видов дека клубов е формиран одамна и верувам дека веќе си имате формирано свој круг, па би била баш хепи ако би се согласиле да ме примите (ако не е касно).
Добредојдена си овдека. Сите филмски дегустатори ги примаме во нашиот круг.

Иначе, јас мислам дека сепак е подобро да се продолжи филмот на Corvus до крајот на Август и да коментираме за него, кога веќе истиот е предложен, а од 1 Септември да си почнеме со нов предлог?
Еве јас го имам гледано скоро и сакам да коментирам за него, а треба да чекам месец и пол. После Мунгусот, Влатко гледам веќе го коментирал, а може има и други заинтересирани што сакаат да го гледаат. Зошто да го одложуваме толку?
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Хај :)

Искрено, не знам како дојде до тоа да отворам Кајгана гледајќи на тоа колку имам за учење, и уште поискрено, ќе ве излажам ако ви кажам дека Film Club-ов не ми фати окце.
Видов дека клубов е формиран одамна и верувам дека веќе си имате формирано свој круг, па би била баш хепи ако би се согласиле да ме примите (ако не е касно).
Таман имаш време за распустов да изгледаш неколку и се уходаш. :D
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Искрено, не знам како дојде до тоа да отворам Кајгана гледајќи на тоа колку имам за учење, и уште поискрено, ќе ве излажам ако ви кажам дека Film Club-ов не ми фати окце.
Видов дека клубов е формиран одамна и верувам дека веќе си имате формирано свој круг, па би била баш хепи ако би се согласиле да ме примите (ако не е касно).
Добредојде. Клубот е секогаш отворен за нови членови, а кругот баш и не е тркалезен. Сега нѐ начека на распуст, @Zlatikevichius го има фатено мрза од жештиниве :)
Во првиот пост на темава ги имаш правилата, како и табела со сите наслови досега и како од кој се оценети. Почни со актуелниов наслов, па ако не ти се чека до септември изгледај нешто од минатите предлози, почни со тие највисоко оценетите што ги немаш гледано.
Иначе, јас мислам дека сепак е подобро да се продолжи филмот на Corvus до крајот на Август и да коментираме за него, кога веќе истиот е предложен, а од 1 Септември да си почнеме со нов предлог?
Еве јас го имам гледано скоро и сакам да коментирам за него, а треба да чекам месец и пол. После Мунгусот, Влатко гледам веќе го коментирал, а може има и други заинтересирани што сакаат да го гледаат. Зошто да го одложуваме толку?
Слободно коментирај за филмот и така нема нов да има наскоро. До септември ќе го заборавиш :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Хај :)

Искрено, не знам како дојде до тоа да отворам Кајгана гледајќи на тоа колку имам за учење, и уште поискрено, ќе ве излажам ако ви кажам дека Film Club-ов не ми фати окце.
Видов дека клубов е формиран одамна и верувам дека веќе си имате формирано свој круг, па би била баш хепи ако би се согласиле да ме примите (ако не е касно).
Ти не знаеш ние колку се радуваме кога ќе дојде некој нов! Дали ќе сме те примеле? Пфффф... Со шампањско, ако треба!

Инаку, клубов постои веќе 3 години, моментално го гледаме 93 филм, High Society. Обично по 2 недели трае секој филм (со 1-2 исклучоци, меѓу кои и овој сега), но бидејќи во моментов имам премногу работни обврски, моравме да направиме мал летен распуст, па така, до 31.08 сме на одмор. До тогаш го гледаме и пишуваме за High Society и доколку има некој некој филм од старите испуштено, може да надомести.

Еве ја листата со сите членови и филмови, и оценки за филмовите: https://docs.google.com/spreadsheets/d/1JwmnUcgqimv82qEMk8ZLADnA9arb5P0Gs_vHaUk6DAQ/edit#gid=0

А листата на сите филмови можеш да ја најдеш и тука: https://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/

Ги чекаме твоите први рецензии! :vozbud:

Иначе, јас мислам дека сепак е подобро да се продолжи филмот на Corvus до крајот на Август и да коментираме за него, кога веќе истиот е предложен, а од 1 Септември да си почнеме со нов предлог?
Да, да, секако. Од 01.09 почнуваме со нов филм. Има доволно време за сите да го изгледаме High Society

@Zlatikevichius го има фатено мрза од жештиниве
Да знаеш само колку ме нема фатено. Скапав од работа. :( Немам време (ping @Anon ), затоа.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Добредојде и од мене, се надевам ќе ти се допадне овде со нас и ако не сите барем поголемиот број на предлози што ги имаме. Ако имаш време изгледај некој од старите предлози, не е неопходно до душа не осеќај притисок, ама како што рекоа со оглед на тоа што нов филм нема да има до крај на Август, убаво време е да изгледаш по некој предлог.

Не ти кажав ништо ново што претходно ти немаа кажано, така што еве пак да ти посакам добредојде и долг стаж во клубов.


@devilko пиши ти рецензија секако паузава е за СИТЕ филмови до сега, нема потреба да чекаш.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Ај малку да надоместам што сум испуштил од анализите:

91. Колнати сме, Ирина - 7 гледачи, средна оценка 7,9. Го испушти - @Хоуп (1 филм)

92. Streets of Fire - 4 гледачи, средна оценка 4,0. Го испуштија - @Zlatikevichius , @Corvus , @devilko (1 филм) и @Хоуп (2 филм)

93. High Society - 2 гледачи (до сега), средна оценка 6,3. Го испуштија - @Gazpapir , @wot (1 филм), @Zlatikevichius , @Corvus , @devilko (2 филм) и @Хоуп (3 филм)

Пауза мора да направиме, зашто периодов ми е стварно пренапорен за да мислам и на клубов. Е сега, ако евентуално има желба, можеме да го скратиме распустот и да почнеме од 19.08. Како и да е, јас ќе му пратам порака на следниот предложувач, а во меѓувреме, да удриме на гледање!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom