Film Club (Wolf Children: 19.08-01.09)

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
35.446
Поени од реакции
69.341
А и прашање е колку има режирано од Sin City Тарантино, не верувам да е повеќе од една-две сцени, сепак Милер и Родригез се главните во филмот.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.365
Поени од реакции
26.922
Nisto sme bez zlate... Pisete do koga trae predlogot i koj e sleden ako zlate ne uspee da ne stavi u red, da se probame sami...

Streets of fire

Mnogu out of character predlog od mungos, content kinda guy mi e. Interesen predlog, iako ako udri samo na nostalgicna zicka bi bilo. Glasen film, fast cuts, mi se dopagase kako izgleda, duri malku bladerunner vibes mi imase. Iako nekoi tranziciski sceni so screen tear bea ludilo sepak ne potfrli ko so znaat vakvite filmovi da potfrlat - udri jak opening so site finti i posle zaboravi kako se snima i editira, do krja imase eksperimentalni kadri (barem za vakvi filmovi u toa vreme), brzi i vnesuvaa dinamicnost za da ne zdosadi. Koga prv pat se pojavuva dafoe... Chills, koja joker faca e. Diane lane bozica.

Uglavno toa e pozitvata.

Losoto e sto filmot e krajno klise. Se osekas kako da si go gubis vremeto ako na moment zaboravis deka se zabavubas i probas da se investiras. Srekja ima mnogu momenti koi se borderline cringe pa te potsekaat sto gledas, kako samarot sto i go vrza i ja onesvesti za da se vrati sam u gradot. Zanemev.

Bi mu dal visoka ocena, no u posledno retko gledam filmovi i sakam koga, da mi ponudi nesto poveke. Uostalom ovoj ke bese osvezuvanje. Vaka u sushava... Se osekam kako da mi potrosi vremeto a ne me zabavuvase dovolno za da se iskupi.

5/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.494
Поени од реакции
31.737
Има посебно место во рајот за гледање филмови како Streets of Fire и The Outsiders. Таквите филмчиња од 80-те се категорија сама за себе и така треба да се гледаат. И не знам како да му објаснам на Њотомир Први дека не може филм со Дајан Лејн да е под 6ка. Значи 6ка во старт.

Филмот е тоа што е, сведоштво за едно време и една култура која повеќе не постои. За некоја несреќа и втор дел има филмот, ако се сеќавам добро. Секоја чест што нашле пари за тоа :)
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
3.159
@Corvus е следна ко што гледам. А денеска е deadline day за Streets of Fire.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.873
Поени од реакции
5.372
Од каде да го симнам филмов?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.306
Откаде па ова...не можам да видам никаква поврзаност а и Син Сити е правен според стрипот на Френк Милер кој е можно од тука да е инспириран
Стилистички ми беше многу сличен. Градот на гревот како да се случува три улици понатака од огнените улици. Иста атмосфера, слични карактеризации, во едниот бојата беше од неонските светла и оганот, во другиот додадена/оставена за сличен ефект.
Може нема врска, но таков впечаток имав.

Него вторник сме, нема нов филм... :confused:
 

Vlatko_Gjorce

Buddha be praised
Член од
17 април 2009
Мислења
2.322
Поени од реакции
1.895
Стилистички ми беше многу сличен. Градот на гревот како да се случува три улици понатака од огнените улици. Иста атмосфера, слични карактеризации, во едниот бојата беше од неонските светла и оганот, во другиот додадена/оставена за сличен ефект.
Може нема врска, но таков впечаток имав.

Него вторник сме, нема нов филм... :confused:
Видов една изјава од Ф.Милер дека главна инспирација му биле ноариве со Богарт и Кегни.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.873
Поени од реакции
5.372
Дечки извинете што ме почекавте, не се правам дива ор самтинг (иако сум wild and all), како и да е знаете како е, adulting and stuff...

Назад на темата then, гледаме летен филм, модус операндито ми е тоа, сезонски филмови, наместете ме на есен и ќе гледаме ноар, ама засега.... малку Френки, малку Грејси, малку музика, малку хумор, и многу љубов

Мојот омилен тип на society.... High Society
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
1.204
Поени од реакции
5.609
Никој нема, Злате го нема, никој не гледа... Зошто да не направиме колективен одмор бар до крајот на август? И да почнеме после со филмов. И измеѓу тие денови простор за да се пишува и да се гледаат другите негледани филмови.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
940
Поени од реакции
2.831
Додека трае паузата решив да изгледам она што сум пропуштил. Денес падна изборот на:

Shine 1996

Прв Австралиски филм за мене, или бар еден меѓу првите... Убава мелодрама за животот, блиските, љубовта... Нејзината добра и лоша страна. За тоа колку си ценет кога си на врвот, а заборавен кога си на дното.
Џефри Раш изглуми феноменално. Имаше одлични кадри, поучни лекции мал милион, но филмот како да го изгуби своето темпо таму некаде на средината. Како да почна да се гуши самиот во себе, мистеријата спласна и ја немаше таа почетна заинтересираност од моја страна. Сепак на крај, се издигна како Феникс, како животот на младиот пијанист и ни го даде очекуваниот спокој и среќа.

7
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.306
Високо друштво (1956)

Благодарејќи на @Corvus се изнагледавме мјузикли. Во случајов се работи за музички римејк на Филаделфиската приказна. Овојпат е Грејс Кели во улогата на Хепберн на размазена богаташка која воочи својата втора свадба доаѓа до трилема за кого всушност сака да се омажи. Дали со веќе договорениот богаташ, чии кастинг и однесување вриштат дека нема да е тој, дали со тукушто дојдениот новинар или повторно со поранешниот сопруг.

Сцените, речиси сите во прекрасен ентериер, наспроти неколкуте екстериери кои фотографски премногу двоеја од остатокот. Зошто така навистина не знам, можеби виставижн камерата им била преголема за на локација, во секој случај изгледаше лошо.

Дијалогот, структурата и ликовите типични за овој жанр од тоа време, со ништо не се одвојуваат од останатите наслови. Истото можам да го кажам и за изведбата на повеќето актери. Единствено музиката на Портер останува забележана, посебно нумерата True Love.

6/10

И на сите убав (принуден) летен распуст. Се надевам дека нема да прејде во траен :(
 
На врв Bottom