Film Club (Wolf Children: 19.08-01.09)

Член од
21 октомври 2014
Мислења
1.888
Поени од реакции
3.146
Candy

Факт 1: ова е трет филм со Џефри Раш во клубов. Не знам дали има друг актер кој сме го гледале повеќепати?
Ќе беше за малце четврт, ако ти текнува првенчето мое во клубов за малце ќе беше The Best Offer, ама ми рече го имаш гледано и се водев по тебе.:cautious:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.365
Поени од реакции
26.920
Kolnati sme Irina

Ne postuvam mnogu nasi filmovi, zatoa nemam gledano mnogu, duri klasicite. Mozebi predrasudata deka e za tursko, krpen zivot... abe drami. I kolku postar filmot tolku sansite da e takov. Ovoj me iznenadi, posebno horor zickata mu dade smek i me mrdna malku od krevet i se spremav da gledam nesto razlicno. Inaku mnogu teska drama, moze da se nosi so mnogu novi i priznaeni. Mozebi razvrskata bi ja prodolzil jas poveke, posle smrtta na Damjan, mozese poveke da navlezat vo psihata na devojkata i tatko mu i komotno da isfuraa saat ipol kako klasika dolgometrazen na koj sme naviknati. Plus ima i za obrabotuvanje takva tema vo toa vreme, i uste eden plus sto mi ostavi poveke od pozitiven vpecatok zemajki predvid deka mu vlegov hejtajki, losa snimka, nas film, jutub.... ke go hejtav zlate. Odlicen.

4/5
 

Vlatko_Gjorce

Негативец
Член од
17 април 2009
Мислења
2.322
Поени од реакции
1.894
Ирина

I am with wot on this one, кога се работи за наши филмови истите предрасуди ги имам, и ме изненади и мене позитивно со оглед на тоа што не знаев што да очекувам, сосема различен жанр од Викенд На Мртовци, храбар потег од Колета Ангеловског да обработи ваква тема забранета љубов у тоа време, и мене ме разочара малку крајот што не се задржа повеќе чекаш импактот а едноставно си заврши само прерано некако го исече, иначе преубава наша музика уште од самиот почеток те внесува у филмов, и после двајцава си го носат на грб, Неда Арнериќ една од најубавите екс-ју глумици :цицки: и Бата Животиња совршено ја доловија таа сексуална тензија меѓу нив, плус околината, тесната куќарка, отсеченоста од останатиот свет у тоа вукојебината како дополнителен притисок, таа неизбежност, исчекување, чувство на проколнатост, мрачната атмосфера све тоа беше добро доловено, Мето Ј. не ми беше баш убедлив али па и мала улога имаше.

Бтв, наидов на оваа интересна изјава од Колета дека да не бил Бата филмов немало да бил реализиран -
https://www.google.com/amp/s/www.telegraf.rs/amp/vesti/2739050-bata-zivojinovic-ga-je-prvi-put-spasao-drugi-put-doktori-makedonski-reziser-ima-74-godine-i-ne-odustaje-od-snimanja-filmova

7.5/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
938
Поени од реакции
2.823
Колнати сме, Ирина

И јас се слагам со вас за се и не би сакал да се повторувам. Се гледа дека буџетот бил ограничен ептен, а и прочитав интервју со какви се не пречки се соочувал Коле на снимањето. Па и тоа дека главниот актер, Дарко Дамески му откажал снимање на сред филм. Бата бил тој кој го спасил... Со едно читање на скриптата ја прифатил улогата и дури му донел камера. Добро е да се знае како информација дека и он, и Неда глумеле без хонорар.
Смела идеја би била и денес да се сними оваков филм, а камо ли тогаш во бивша Југославија.
Глумата беше одлична... Долги кадри од природата, реката, дрвата... Снимката не беше најдобра, за жал. Не толку сликата колку што звукот беше лош. Лап топот го попуштив докрај и пак не се разбираше, ставив слушалки и така некако се напрегав да разберам. Не дека имаше некој којзнае каков дијалог... Иначе се знае ли зошто филмот е на Српски? Знам дека Неда знае Македонски, во Исправи се Делфина одлично го зборува...

Можам да замислам како би изгледал денес, со модерна техника и продукција, со подобар буџет, но со истите глумци. Неда... Ех, колку само била убава како млада. А и цицките се незаменливи.

Сепак, крајот беше лошо претставен и фалеа некои финеси за да кажам дека е ремек дело. Овака останува само одлична идеја, со не до крај добра реализација.

7.5/10

П.С Што мислите, има ли потенцијал за еден римејк?
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.871
Поени од реакции
5.359
Branded to Kill

Јас како по правило, го делам мислењето на Мунгусот, не знам ни зошто постојам во клубов, кога може тој место мене да пишува и јас само да климам со глава во знак на одобрување.
Филмов уште на почеток ме фати една смеа, некои сцени не знаеш дали треба да бидат смешни или не, ко што вика гореспоменатиот како пародија. Јас гледам, не знам што да мислам, битно има смеа, најмногу се смеев на сцените со пукање. И цел филм прашував кој е кој зашто сите ми беа исти, Влатчево како дојде, загњави со азијативе, а јас не ги разликувам па муки филм да се изгледа. Едно време мислев дека го утепаа главниот, па испадна не го утепале него, нема за мене гледање азијски филм без толкувач од страна. Сцената со секс беше предолга, јас навикната на амерички секс, 30 секунди максимум и да си продолжиме со животот, ваму 10 минути секс гледав, а не беше ни ептен енгејџинг искрено, онака просечно накај лејм, easily distracted бев за време на сцената. Тоа со оризот не го сфатив, ни па осеќам потреба да го сфатам, и сега да го скокнам делот од филмот што апсолутно не го памтам и да дојдам до моментот кога......заспав. Знам дека се коси со правилата на клубов да се дискутира филм што не е комплетно изгледан, ама не испуштив многу, а стварно немам намера да го прегледувам филмов за тие 5-10 минути што ги предремав. Се разбудив кога пукна нешто на филмот, и го догледав од таму, и до одјавна шпица да спиев немаше ептен криво да ми биде зашто тоа што го догледав беше апсолутно досадно. Шаутаут до Гранде што ме остави да спијам.

5/10[DOUBLEPOST=1560716833][/DOUBLEPOST]The Tennant

Нема да пишувам многу за филмов, зашто веќе се е пишано, а и почнав да се трошам. Ќе спомнам само дека ми е многу криво што не ја пишав рецензијата одма додека бев под импресии зашто многу ми се допадна и многу бев внесена додека го гледав. Сцената кога гледа ликови во тоалетот, и после од тоалетот кога се гледа себеси во станот, како и сцената кога се фрла два пати од прозор ми оставија најголем впечаток и уште ги памтам вивидли. Сигурно ќе го репризирам во иднина и можеби тогаш ќе напишам подетална рецензија и анализа на секој елемент од филмот. Немам многу од Полански гледано, ама многу ми се допаѓа и како актер и како режисер, кудос за Хоуп што го предложи филмов кој подолго време сакав да го гледам, и којзнае уште колку време ќе го одложував да не беше нејзиниот предлог тука.

8/10

На друга, еднакво битна тема.. Злате да ја апдејтне листата на Летер за клубов зашто нема филм додадено од Лето.
И една најава Злате, полагам следен понеделник и не знам дали ќе стигнам баш на време да го изгледам филмов. Овие два освен што немав на време пишано рецензии ги имав изгледано во рок, за твојов може ќе каснам ден-два, немој да ме кикаш.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.306
Колнати сме, Ирина… (Татко), (1976)

Состојбата во која е достапен филмов како и најголемиот број македонски филмови, комплетно ја отсликува целокупната состојба во државава со нејзиниот систем на вредности ако воопшто е останато нешто од него.

Се работи за одлична психолошка драма, сместена во една планинска воденица. Главниот лик, воденичарот, е сам со својата прекрасна снаа, додека го чекаат враќањето на синот од војска. На почеток ја штити од селските момци кои постојано се врткаат околу неа, но со времето и тој не одолева на нејзината привлечност. Како обично бидува, понатамошниот тек на настаните доведува до трагедија и казна за која ликовите се свесни дека ја предизвикале со своето однесување.

Со минимален дијалог и вешта актерска и режисерска работа целосно се пренесува и приказната и психолошката состојба на ликовите. Одлично завршена работа, исто така и музиката на Зографски, како и камерата што не беше баш забележливо од лошата снимка.

Ова е еден од повеќето македонски филмски бисери кои за жал остануваат закопани во калта.

7/10
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
1.888
Поени од реакции
3.146
Колнати сме, Ирина

Јас немав предрасуди, си ги поштувам нашите филмови (одбрани, се разбира). Ко што кажа Мунгусот
Ова е еден од повеќето македонски филмски бисери кои за жал остануваат закопани во калта.
За филмот што да кажам што немате веќе спомнато и да не ве повторувам.Сите се што кажавте се сложувам со тоа.Краток беше,има уште барем за некои 20-30 минути материјал тоа ми беше малце downer. Каква сексуална тензија имаше...Браво.Кадрите и покрај лошата снимка беа прекрасни. Некако повеќе ја вреднувам глумата во постарите филмови, со оглед на лимитираните средства, па затоа ќе му дадам 8/10.
П.С Што мислите, има ли потенцијал за еден римејк?
Ноуп, ќе ја нема душата, ќе го нема истиот вајб. А и си одговараш на прашањево неколку реда погоре.
Смела идеја би била и денес да се сними оваков филм, а камо ли тогаш во бивша Југославија.
Барем мене би ми делувало тоа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.072
Поени од реакции
14.472
Ноуп, ќе ја нема душата, ќе го нема истиот вајб. А и си одговараш на прашањево неколку реда погоре.
...плус ќе го нема и контекстот: филмов се појавува во едно општество каде владеела цензурата, а прикажува една тема на начин на кој дури и најблаго е да се опише како - храбар. Плус е и првенче на режисерот. Сето тоа се моменти (иако повеќето вон-филмски) кои кај мене предизвикаа дополнителен WOW-ефект.[DOUBLEPOST=1560880556][/DOUBLEPOST]Колнати сме, Ирина

Во македонската кинематографија пред 2000 филмовите се делат на следните жанрови:

1. Комедии - вкупно 2
2. Филмови за средниот век, Византија, и општо пред 1900 година
3. Филмови за турското ропство, за комитите, за востанијата
4. Филмови за Народноослободителната борба, фашистичката окупација, тешкиот живот на народот
5. Филмови за македонското себеуништување (влегуваат и некои од 2,3 и 4 точка)
6. 2-3 експериментални филмови од крајот на 20 век
7. Колнати сме, Ирина

Филмов е дефинитивно светла точка на македонското кино небо. Бев запрепастен кога го гледав прв пат: што од храбрата приказна, што од оригиналниот пристап, што од глумата, музиката, кинематографијата, што од тоа што не очекував нешто такво, зашто се останато е сосема поинакво. Запрепастен бев и денес, по второто гледање, и уште не можам да поверувам како е можно кај нас да има вакво ремек дело. И тоа од дебитант-режисер. И тоа од истиот тој кој ги сними и Викенд на мртовци и десетици третокласни ТВ-комедиички на кои некој може да се насмее само ако го скокотнат додека гледа. Ова е за мене најзрелото, најкомплетното, најоригиналното и наубавото македонско парче филмска уметност на сите времиња. А како што сум видел и по IMDB и Letterboxd - и едно од нашите најценети остварувања насекаде во светот. Имаше еден форум за филм, странски, не се сеќавам конкретно од која држава е, имаа таму некои слични проекти како моиве скромни тука. Еден од нив - членовите на форумот гледаа филмови според одредени критериуми, и се сеќавам дека еден од предлозите за гледање беше токму овој. На крајот на годината членовите на форумот гласаа за најдобрите европски филмови на сите времиња, и Колнати сме Ирина беше меѓу првите 50 во топ 100. На многу од поединечните листи на членовите на истиот тој форум филмов им е исто еден од најдобрите 100 кои ги гледале во животот, а речиси секаде - најдобар македонски филм на сите времиња. И јас реков: не можам а да не се согласам. И по второто гледање од мене има чиста 10/10. А еве и што сум напишал на LB како рецензија по првото гледање на филмов:

Останав забезекнат. Прво, заради „авантурите” на Коле Ангеловски во жанрот (урнебесна) комедија, не очекував премногу од филмов. Второ, заради „трендот” на снимање на филмови со историска тематика, очекував уште една „варијација на тема” - „Тешкиот живот на македонскиот народ под турско ропство”. Наместо тоа, видов прекрасна драма-романса за една забранета љубов која и во денешна Македонија би била табуизирана, а не пак во почетокот на седумдесетите, во комунистичка Југославија во која на Голи Оток праќале за многу поблаги „злодела”. Ме изненади не само приказната, туку и режисерскиот пристап, одличната игра со светло и сенки, прекрасната музика, совршената актерска игра... Мора да му се оддаде признание за храброста на Ангеловски да постави една таква тема на една толку конзервативна сцена, но и на тогаш младата Неда Арнериќ и храброста да се соблече на истата таа сцена на која царувала цензурата. Една мала замерка за моно звукот, но со тогашната технологија, добро е и што филмот испаднал со звук :D. Според мене, сепак ова е едно од најзрелите и најкомплетните македонски филмски остварувања. Ова треба да е лектира за македонскиот филм, а интересно, до пред само неколку месеци не ни знаев дека постоел. Маестрално и неповторливо дело за кое имам многу причини да го наречам „македонскиот Ordet”. И се разбира, да го крунисам со највисока оценка!
И уште го мислам истото![DOUBLEPOST=1560882607][/DOUBLEPOST]И за крај, мала анализа која ја должам од пред недела дена:

Candy го гледаа седуммина и му дадоа средна оценка 7,1. Го испуштија @Corvus и @grande-juve . За @grande-juve тоа е трет неизгледан, со што (се надевам повторно привремено) е кикнат од клубот.

Завршивме и со седмиот круг и почнавме со осмиот. Во седмиот круг гледавме 8 филма, 1 повеќе од шестиот круг. Гледаа вкупно 9 члена, севкупно 57 напишани рецензии, и филмовите ги оценија со средна 7,22, што е за само 0,02 послабо од средната оценка во шестиот круг, а го става овој круг на 5 место по квалитет од почетокот до сега. Сите 8 филма ги изгледавме само тројца: @Zlatikevichius , @moongoses и @Vlatko_Gjorce . Минималната дадена оценка беше 3, а максималната - нормално, 10. Во кругот имаше 4 десетки - 2 од @Zlatikevichius и 2 од @wot . Но сепак, најдарежлива во оценувањето беше @Хоуп со 7,86 средна оценка за филмовите кои таа ги гледала, и @wot на второ место со 7,85 (секако ако не го сметаме @Gazpapir кој има 8,00, но само за еден изгледан филм). Најскржав во оценувањето, пак, бил @Vlatko_Gjorce со средна оценка 6,06, и @moongoses на второ место со 6,75.

Најгледани филмови беа How to Steal a Million на @Corvus и The Red Shoes на @grande-juve кои ги гледале по осуммина, а најмалку гледан беше Branded to Kill на @Vlatko_Gjorce кого го гледале шестмина.

Најдобро оценет филм во кругот, со средна 8,5 беше The Tenant на @Хоуп , а најслабо оценет со 5,3 средна оценка - Branded to Kill на @Vlatko_Gjorce .

Новиот, осми круг предлози веќе започна. Редоследот на предложување е следен:

1. @Zlatikevichius
2. @moongoses
3. @Corvus
4. @devilko
5. @Vlatko_Gjorce
6. @Хоуп
7. @wot
8. @Gazpapir

Со тоа ќе стигнеме до бројката од 98 предложени филмови во клубот. Се ближиме кон стотката.

И за крај, за Колнати сме, Ирина, остануваат уште 5 дена. @Хоуп и @Corvus - уште вас ве чекаме.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.306
Со оглед дека мојот последен предлог не помина лошо, а повеќето се изразија позитивно за музиката, продолжуваме во правецот „слушај гласно“.
Овојпат со една модерна бајка, моторџии, кожни јакни, неонски светла и лилаво-портокалово-зелен тон и секако многу рок.
Во следните две недели ќе се движиме по „Огнени улици“

AL_.jpg
 

Vlatko_Gjorce

Негативец
Член од
17 април 2009
Мислења
2.322
Поени од реакции
1.894
Сега брзо го гледав пак, реков да му дадам уште една шанса, па ќе пишам затоа одма....

Streets of Fire

Ми го погоди Мунго филмот :icon_mrgr:... обожавам (Б) филмови од 80тите поради таа филгуд атмосфера, музиката и симпатични/ андерграунд глумци какви што за жал нема повеќе ко у случајов М.Парé или Б. Пакстон (гејм овер мен гејм овер) али овој филм ми е редок исклучок и не го можам...Рик Моранис у нетипична улога за него (намерно) наместо како што била намерата да биде со тоа смешен спротивен ефект имаше кај мене тука ми е многу чуден и неинтересен...уште па и мушкоданкана демек bad-ass што се праеше :rolleyes: колку ми беше одбивна немам зборови...В. Дефо колку и да му лежат уврнути улоги овде изгледа многу глупо/геј...Не му давам (уште) послаба оцена поради Дајан Лејн:love: (иако тука се обидуваше да изглуми нешто дека пее, опраштам јој) ...и огромното влијание врз еден од најдобрите Capcom beat-em-up евр Final Fight

репликите ко да ги читаат...
Музиката ништо посебно не ми беше...
Сетовите reused...
И акцијата тапа...за Волтер Хил стандарди...што беше толку импресивна борбата на крај па што ја повтори пак у тој со Сталоне и Момоа, beats me...удри rock-bottom со 50ти/80ти миксов, ништо чудно што била откажана планираната трилогија (ко што прочитав...).

3/10
:toe:
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.871
Поени од реакции
5.359
Да го фатам јас последниот воз за Ирина па за новиов порано ќе се качам.

Прво, да видиме што пропуштиле лузерите што не го гледаа филмов

upload_2019-6-24_23-21-10.png

И ТАТА БИ СИНЕ! :giggle:


Енивеј, мене не ме освои премногу филмов искрено, што да кажам, различен е од останатите македонски и награден е за тоа со оценката, ама не можам да кажам дека ми се допадна колку што ми се допаѓа на пример Мирно Лето, а мене Мирно Лето ми е омилен македонски филм, па веројатно тој ми е мерна единица за македонскиве филмови. Не беше филмов лош пер се, ама некако... ми немаше динамика, ништо особено не се случуваше најголем дел од времето, а мене тоа во филмови ми е проблем, не сакам саатипол филмови што може комотно да се сместат во 15 минути. 5 реда текст имаше секој лик. Тоа ме потсеќа на Тарковски и советската филмографија. Не го сакам Тарковски. Уште една замерка ми е тоа што ми имаше некаква чудна транзиција на ликовите. Пола филм ги мачеше вина и грижа на совест, за да поминат една ноќ заедно и кога требаше следниот ден вината да удри најсилно проследена со каење, да ми се однесуваат безгрижно и заљубено без некакво чувство на грешност, што знам ми беше тоа несвојствено искрено особено што добар пола саат и повеќе ги мачеа внатрешни конфликти и немири. Од друга страна, техничките работи и глумата беа доста задоволителни. Арнериќ кога ќе ја видиш во каст одма знаеш дека at some point гола ќе се прошета, свака и част. Другите исто добри, ама никој од нив не прошета дојки пред камера па нема шаутаут за нив.


7/10
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
1.888
Поени од реакции
3.146
Се вратив пак на Letterboxd и вечерва си земав за право да си го средам акаунтот, па здружете ме ако сакате :rolleyes:

Username - Naum[DOUBLEPOST=1561509541][/DOUBLEPOST]Можеле барем малце пореално да го изглумат интрово и концертот, ептен очајно изгледаше :D
Па и киднапирањево беше греота, звуците од боксовите беа ала Bud Spencer. Шамарањево во кафетеријата... мислев комедија ќе е нешто филмов. Дијалозите беа греота, среќа музиката ми беше онака добра па ми правеше барем малце побрзо да минат. Глумата воопшто да не ја коментирам...да не претерам ама на граница на Tommy Wiseau беше. Среќа стварно што постоеше музиката, не знам како ќе издржев да го догледам да беше без неа. Двајца со оружје исплашија 10 цајкани со оружје :D Fuck it, ради музиката еден левел повеќе од The Room е. Ми нема поента филмов,едвај чекам да видам останати мислења и што позитивно сте виделе. Not my cup of tea I guess.

Не ми се верува дека се двоумам помеѓу 4/10 и 3/10... Како и да е, се што е под 5 ми е на исто ниво скоро,така да, за да изгледа малце пошмекерски ќе му дадам 4/10.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2014
Мислења
1.888
Поени од реакции
3.146
За до крајот на 2019 ли е филмов? :love:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.306
Огнени улици (1984)

25 години се поминати откако е направен филмов. Во време кога во Холивуд сè уште можело жанровски да се експериментира. Така е и настаната оваа рокенрол бајка како што е претставена на почетната шпица, што се случува на некое друго место во друго време. Многу слично на најавата не еден друг филм, „во една далечна галаксија, многу, многу одамна…“. Покрај тоа, заедничко е што и двата се наменети на тинејџерската публика.

Приказната е најкласичната од бајките, принцезата треба да се мажи за смотаниот принц, но лошиот вештер ќе ја украде и тогаш доаѓа скромниот дечко кој по големи патешествија ќе ја ослободи принцезата. Крајот малку отстапува од нормата. И ликовите се такви, излезени од истиот калап. Како и главниот глумец, кој освен што добро изгледа, воопшто не е за улогата што ја има.

Она по што филмот се двои, тоа се сценографијата којашто е мешавина од тековни и стилови од неколку декади порано, камерата и целиот визуелен впечаток од сочинет од светла, сенки и рефлексии и секако музиката која можеби е и причината што филмот не е отиден во заборав.

Сето заедно изгледа како оживеан стрип. Високо стилизиран. Инспирација за „Градот на гревот“ на Тарантино.

8/10
 

Vlatko_Gjorce

Негативец
Член од
17 април 2009
Мислења
2.322
Поени од реакции
1.894
Инспирација за „Градот на гревот“ на Тарантино
? Откаде па ова...не можам да видам никаква поврзаност а и Син Сити е правен според стрипот на Френк Милер кој е можно од тука да е инспириран
 
На врв Bottom