FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.423
Еј, најчесто немаат врска со религија филмовите на Џејлан. Moreover, од тоа што сум видел (зашто ем многу пати сум бил во Турција, ем сум сретнал многу Турци зашто работам во турска фирма), таму се далеку помалку религиозни отколку Турците кај нас: можам да речам 9 од 10 не ни постат за Рамазан, а 7 од 10 локаат алкохол. Кај нас има, ама 1 од 10, да речеме - што не пости, и еден од 100 - што пие. Иако Ердоган сега малку ја искриви сликата со потези како на пример прогласувањето на Аја Софија за џамија, Турција е сепак секуларна држава. Па седиштето на православната црква, т.е. "православниот Ватикан" е на сред Истанбул. На само 100 метри од Аја Софија е Аја Ирене што денес ја користат за концерти заради акустиката, која никогаш не станала џамија и во која на сред главна купола внатре има огромен крст.

Не знам зошто морав се ова да пишам, испаѓа ко да се правдам, ама ни на крај памет не ми падна Бајрам. :pos:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Уживај.

Го спомнав во контекст дека филмов е три саата и кусур,, а Бајрам е неработен ден па да има време да се изгледа :) :D
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Јас само да кажам дека почнав да снемувам време за барање и симнување на филмови, па лош бил звукот, или сликата ... на некои такви се чувствувам не како да учествувам во нешто што ми е забава, туку како да имам домашна задача по математика. :(
Минативе недели се фатив себеси на три пати кај што си велам: да го пуштам филмот од Клуб или да си гледам по свој избор мини серија? Џентлемен и Три боди систем победија ... филмот остана неизгледан, а времето беше толку, огранчено.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Јас само да кажам дека почнав да снемувам време за барање и симнување на филмови, па лош бил звукот, или сликата ... на некои такви се чувствувам не како да учествувам во нешто што ми е забава, туку како да имам домашна задача по математика. :(
Минативе недели се фатив себеси на три пати кај што си велам: да го пуштам филмот од Клуб или да си гледам по свој избор мини серија? Џентлемен и Три боди систем победија ... филмот остана неизгледан, а времето беше толку, огранчено.
Ако сакаш јас ќе ти праќам квалитетни снимки од филмовите, со се превод на јазик по желба.
Само немој да се жалиш дека немаш време за еден филм од два часа, а имаш за две серии по 10 :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
мислиш VHS време е па лоши снимки наогала па и се укочила касетата, па како ке ја вратам во видеотека сега леле ке ме казнат, драпај си мевот


за About Dry Grasses го гледав скоро по препорака од ерик зан што го предложи пред некое време на форумот, нз крајот чуден крај доби кога го праша девојчето зошто тоа го направи а она што тоа ?

4/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.423
за About Dry Grasses го гледав скоро по препорака од ерик зан што го предложи пред некое време на форумот, нз крајот чуден крај доби кога го праша девојчето зошто тоа го направи а она што тоа ?

4/5
Важно ти се допаднал. Многумина пишаа за тоа на крајот, ама јас воопшто не видов ништо чудно таму, не ми ни падна на памет да правам некои теории дека Севим не ни била таа која се пожалила, како што мислам дека некои помислиле. Тој ја прашува: „зошто го направи тоа“, зашто и покрај се, наместо да се осврне на своите грешки, тој се уште ја држи таа грутка во него и не може да прости и да продолжи понатаму. Наспроти него, со одговорот на Севим: „што тоа?“, покажува дека за неа тоа било само детска игра, дека таа заборавила, „простила“ и продолжила со животот.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Kuru Otlar Üstüne (2023)

Ова беше многу поблиску до снимен театар отколку до филм. И стилистички и наративно гледано. Фиксна камера во широк план и актерите си тераат со муабет. Или одат. Ама повеќе прават муабет кој наликува на филозофско-политички трактат. Целиот филм е всушност анализа на карактери, приказната е само средство да ги стави ликовите во одредени ситуации. Во сите сцени откриваме по некое делче од карактерот на ликовите, но сметам дека некои беа излишни или предолги. Некои ликови, како тој командирот на војската, воопшто не се ни појавија повторно, а имаше цела сцена за него. Од друга страна па ми фалеа разврски во некои сцени.

Камерата многу ми се бендиса, светлото даваше некоја посебна топлина во кадарот и одлично беше вклопено во сценографијата. Што е голем предизвик имајќи ги предвид локациите на кои се одвиваше филмот. Од друга па страна им беше големо олеснување нејзината фиксна позиција.

Не ми е јасна сцената кога наставникот излезе од собата и едноставно излезе и од филмот, влезе зад кулисите и отиде до тоалетот. Тотално беше надвор од колосек од сè претходно прикажано и кога си реков ќе има некаков Тарантино од самрак до зори стил на пресврт, сцената нагло заврши и филмот продолжи како ништо да не било.

Сличен впечаток имав и за ликот на наставникот. Беше прикажан како симпатичен оптимист, доблесен интелектуалец за многу брзо да се сврти во надмен, одмазднички настроен злонамерник.

Во секој случај впечатлив, иако предолг и развлечен филм на кој немаше да му шкоди некоја сцена помалку. Или па со неколку сцени повеќе да прејде во минисерија.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.423
Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses - Nuri Bilge Ceylan (2023)

Прегледај го приврзокот 405903

За тие кои го имаат гледано претходниот филм на Џејлан, Ahlat Ağacı / The Wild Pear Tree (2018), ова на некој начин е продолжение на приказната. @Anon , @Setsuko , @grande-juve од LB пријателите го имаат гледано и веројатно се сеќавате на Синан, студентот кој требаше да биде испратен во некое пм место во Анатолија за да биде учител и да го испече занаетот, за што имаше цел „пасус“ во тој филм. Е па тука е веќе таму! Иако не е Синан, туку е Самет, не може да не се направи паралела, да се спореди и да се сфати дека е истиот лик, само неколку години повозрасен. Дури и двата филма се правени од Акин Аксу како ко-сценарист, а базирани на неговите лични дневници кои се објавени како роман за неговото учителствување во задолжителната Анатолија за сите наставници од Турција. Но About Dry Grasses иако делува како пофокусиран или помалку расплинет филм од The Wild Pear Tree во кои имаше од се по нешто, сепак About Dry Grasses е според мене далеку покомплексен и послоевит филм. Реков, се работи за Самет, учител кој е испратен во некое зафрлено село во Анатолија да ја одработи тригодишната задолжителна служба како наставник пред да биде префрлен во понормално место од таа недојдија. Откако тој и неговиот цимер се обвинети од неколку девојчиња, ученички во нивното училиште за несоодветно однесување, обидите за одбрана и бегство од тој проблем Самет го водат во уште подлабока егзистенцијална криза. Перформансите од тројцата главни актери се перфектни! Актерката Мерве Диздар зеде и награда за најдобра актерка за улогата на Нурај во овој филм во Кан 2023. Како и во секој негов филм, Џејлан успева да влезе под кожата на неговите ликови и да допре до нивната суштина, но тука можеби е тоа и поизразено. Ликовите се навистина комплексни, нивните дејства и зборови отвораат многу прашања и морални дилеми. И иако е филм (ко по обичај) подолг од 3 часа, истите поминуваат како миг. Јас го обожавам Нури Билге Џејлан и и овој филм ми беше вистинско уживање. Можеби еден од неговите подобри. Ќе оставам да ми легне, па можеби ќе имам и што повеќе да пишам за него, морав само онака, на прва да ги запишам некаде мислите да не одлетаат. Најтопла препорака за сите кои сакаат филмови базирани на квалитетен дијалог! 9/10 од мене.
Kuru Otlar Üstüne го гледаа само тројца и му дадоа средна оценка 8/10. Го испуштија:

- @grande-juve , @The Cooler King , @Darklady - прв неизгледан
- @frizider , @Imperatorot - втор неизгледан
- @wot - трет неизгледан.

@wot се врати и ќе го предложи својот предлог кој требаше да биде последен во претходниот круг, најдоцна до утре вечер. Ако не, тука сум јас.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.423
Поени од реакции
9.318
Може сега да ни го кажете да го спуштам, имам време вечер да го гледам? Плс <3
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
Може сега да ни го кажете да го спуштам, имам време вечер да го гледам? Плс <3
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.423
Поени од реакции
9.318
Овој е сега следен од утре што почнува?
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Kuru Otlar Üstüne (2023)

Го гледав пред неколку денови, ама не бев во можност да пишам.

Препознатлив стил на Џејлан. Долги, релативно статични и изразито дијалошки интонирани сцени се неговиот заштитен знак и секако рурална Анадолија.
Првично 3 часа и 10 минути изгледа предолго, ама кадрите му се максимално промислени и одмерени, иако имаше делови што можеа да се скратат, или барем ми делуваа непотребно. Актерската екипа на висина на задачата, иако наставникот ми одеше на нерви. Крајно нехаризматичен, антипатичен, манијачки лик, поставен над сите други („подобро да чувам овци во планина, отколку да бидам наставник тука“), чувството на заробеност, ама сепак одлична глума. Малата Севим ептен ми се допадна. Мерве Диздар заслужена наградата за најдобра женска улога во Кан.
Уживав во суровите и импозантни пејсажи, преубавиот зимски амбиент, споен со сиромашната Анадолија.

Моменти што посебно ми оставија впечаток, првата сцена, осамена човечка фигура, движечка црна точка по бескрајна снежна бура и кога раскажува додека се искачува по сувата трева на ридот. Маестрално:cuc:

8/10

П.С. @Zlatikevichius бриши минусот :icon_mrgr:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.662
Ќе бидам поредовен, од Дуна - цел месец ништо не сум пуштил но сега повторно имам тв аксес. :party:

Следниот филм што сакам да ви го предложам е Perfect Blue (1997)

IMG_3917.jpeg

Станува збор за саат и петнаесе анимиран хорор-трилер. Ретко гледаме веќе кратки, често одличните филмови се 2ипол три саати оправдано а ретко гледаме и анимирани/хорор, многу го немавте гледано, па ми се виде совршен предлог. Има мајдфак моменти нешто што беше ултра популарно еднаш, како Black Swan да имал дете со Inland Empire на Lynch со скокови од и во реалноста низ филтер на ептен кул и ретро “Ghibli” анимација. И кога сето тоа го видел Еminem си рекол некој треба ова да го дефинира за у речник и ја создал Stan. Се надевам ќе уживате.

Денес го репризирав.
5/5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom