FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Живеј го животот :)
Па секако! Ама јас сакам животот да е со шлаг, и со цреша на шлагот. Филмовите / сериите / книгите ми се шлагот на мојот живот, а ова што го правам на форумов ми е црешата. :*
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.166
Поени од реакции
8.795
Не го фалете многу многу. На тие што највеќе го почитуваат тука, нив не им ги гледа филмовите :P
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Не го фалете многу многу. На тие што највеќе го почитуваат тука, нив не им ги гледа филмовите :P
Хахахаха, sorry, ќе го гледам деновиве, ветувам. На годишен одмор сум моментално, имам троа повеќе време. :backa:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
I'm Not Therе. - филмов всушност и не е толку лош. Најголем проблем е што за нас недоволно запознаените со ликот и делото на Боб Дилан е многу конфузен. Имаше блескави моменти и реплики како: "You don't have to write anything down to be a poet. Some work in gas stations. Some shine shoes. I don't really call myself one because I don't like the word." Некаде прочитав коментар дека ова е Cloud Atlas за музичари. Арт филм за една уметничка душа вметната во 6 различни идентитети и приказни. Но, не можев доволно да се задлабочам и сепак бидејќи оценуваме субјактивно, само 5/10 од мене. Mоето гледачко искуство изгледаше некако вака:

1.jpg

Character - како склопка што бавно се одмотува. Силни карактери навистина, ретко кој филм гради така јаки ликови за само 120 минути. Горчлив, остар и мрачен, но фасцинантен однос меѓу таткото и синот. Но, исто таков и меѓу мајката и синот, недоискажан, но силен. Нереализираната љубов меѓу главниот лик и секретарката ја сфатив само како рамка на главната приказна. Тоа што не беше доволно храбар, зборуваше за неговата ниска самодоверба за која татко му очигледно беше многу свесен. Последната сцена ја очекував и не ми беше изненадување, таквите наизглед тврди мрчала секогаш попуштаат и на крајот дозволуваат да исплива добрината од нив. Не понуди катарза и воодушевување, но солидна, брутална приказна, вредна за размислување и анализирање од повеќе аспекти. Оценка, 7/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Знаев точно на кој каков ќе му биде, барем за тие што ве знам, за вот само се изненадив што му се свиѓал, за другите погодив и оцена... И тоа ми е најинтересно во клубов, што има од крајност во крајност различни вкусови. И затоа е толку интересно и опстојува исто енергично ко првиот пат. Да беа сите 10ки, ќе си изнаставевме лајкови ќе напишевме три реда "немам што да кажам сите сте кажале, се согласувам со сите"

Супер, цело време дремам тука не можам да дочекам сите да го изгледаат. :ROFLMAO:
Е ништо не пишувам сега. Ќе чекам прво да кажеш што мислиш: ми се допаднал, или не, па после ќе пишам мислење. :P

^^ за Diabolique ова.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.166
Поени од реакции
8.795
Е ништо не пишувам сега. Ќе чекам прво да кажеш што мислиш: ми се допаднал, или не, па после ќе пишам мислење. :P
Гледав сега дека си лајкувал постови кај што го оцениле високо и мислам дека ти се допаднал по тоа што го видов. :D А да судам по тоа што те знам до сега, ќе речам дека не ти се допаднал, пошто мислам дека некако не е твој тип на филм.

8? :LOL:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Гледав сега дека си лајкувал постови кај што го оцениле високо и мислам дека ти се допаднал по тоа што го видов. :D А да судам по тоа што те знам до сега, ќе речам дека не ти се допаднал, пошто мислам дека некако не е твој тип на филм.

8? :LOL:
Како не е мој тип на филм? Демек жанрот не ми е омилен, или дека црно-бел?
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.166
Поени од реакции
8.795
Како не е мој тип на филм? Демек жанрот не ми е омилен, или дека црно-бел?
Па еднаш те прочитав дека ноарите баш не ги обожаваш и ми се всади во глава дека можеби така се осеќаш за сите црнобели филмови. Не знам како што ама мислев дека досаден ќе ти биде лично тебе. Ај не ме мачи веќе кажувај те молам :ROFLMAO:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Па еднаш те прочитав дека ноарите баш не ги обожаваш и ми се всади во глава дека можеби така се осеќаш за сите црнобели филмови. Не знам како што ама мислев дека досаден ќе ти биде лично тебе. Ај не ме мачи веќе кажувај те молам :ROFLMAO:
Преубав филм, Хоуп, погрешно мислење имаш за моите вкусови. Ова може имаше некои елементи на ноар, но далеку од ноар беше, генерално. А и не дека не ми се допаѓаат ноари, само многу малку имам гледано во животот, на прсти се бројат. Од една рака. Е сега, за Дијаболик. Јас имав две теории: првата - онаа што навистина испадна, дека љубовницата и директорот имаа се изрежирано, а втората (во која повеќе верував) е дека децата направиле нешто со телото и дека се обидуваат да ги полудат професорите, па дури и верував дека затоа така се вика филмот: Демони. Мислев дека децата се демоните. :D Првата третина од филмот се согласувам - досадна беше, малку и подзаспав на неа, па после морав да го пуштам одново од почеток, но по „убиството“, ми беше сѐ совршено. За крајот, јас мислам дека е можно и директорката да испадна попаметна од другиве двајца, па да ја изрежира својата смрт, затоа и така театрално беше прикажана. Да се случеше филмов во последниве 15-тина години, сигурно ќе имаше продолжение, ќе смислеа некој sequel, по таков крај, хахаха. Шегата на страна. Ептен морничав завршеток имаше, последниот половина час беше перфекција. 9 од 10 му дадов јас. Браво![DOUBLEPOST=1492195158][/DOUBLEPOST]@MyloXyloto , @devilko , @Goodfella , @wot , @Iceboy , @Хоуп , @Џонтра Волта , @ManUtdChampions , @ob1 , @Васил МКД , @Corvus , @Zarniwoop , @Донев - уште 2 дена за Character. Ајде guys, ајде!
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Јас па A Time to Kill го гледав сега. Internet Explorer wait up! Нема да гњавам многу.
Ви ги видов постовите и сфатив дека не сте биле многу импресионирани од филмов, за разлика од мене. Kudos @ManUtdChampions за изборот.
Иако и јас не можам да кажам дека останав *gasp* од филмов, меѓутоа не ми беше досаден, плус обработува тема којашто пред некое време со @wicked_1 жестоко ја дискутиравме од правен и морален аспект. Не знам што е работава, немало до сега судска драма што ми била досадна.
Има 8/10 од мене, што во превод е солиден филм што има потенцијал за препорака.

btw @Zlatikevichius се договоривте со Васил?
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.372
Поени од реакции
42.562
На апсолвентска сум јас Злате, пишав пред да тргнам дека овој и наредниот нема да бидам во можност да ги изгледам. :)
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Јас го гледав уште пред 3 дена ама бев баниран до денес и затоа не пишав. Вечер пишувам што и како ми се допаднало.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom