FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.401
Поени од реакции
9.269
The Man Who Shot Liberty Valancе

Спрема тоа колку јас ги обожавам. т.е не ги обожавам вестерн филмовите, не беше лошо, ама кога гледам вестерн се забавувам исто колку да гледам собраниска седница.

Во филмот ми беа најинтересни два ликови, ликови од истра страна а различни како небо и земја. Stoddard , кој доаѓа најавувајќи доба на демократија во една неимована земја без правила, цврсто верува во законите и на насилството враќа со цитирање на уставот и Doniphon, кој му доаѓа како добрата верзија на Liberty Valance, праведен човек кој уствари знае како навистина функционираат работите и не верува во бајки како правда и такви ствари, за него насилството се решава со насилство и тоа е тоа, праведен и добар ама си живее во тој див и нападен свет без правила што Stoddard уствари очајно сака да го цивилизира ... Тук и таму по малце романса што го направи Doniphon уште поинтересен како лик пошто не постои никаква сила ни закон што може да се противи на љубовта, и тој си останува сам, умира како самец и со него умира и цел тој свет и цело тоа време на насилства без закони.

Да не беше Џејмс Стјуарт ќе ставев пониска оцена, ама тој им дава некоја топлина на филмовите што ги прави поинакви и повузбудливи за гледање т.е човекот им дава душа.. Иако не се работи за класичен вестерн со коњи и пукотници, него е сосема обична мирна приказна за доаѓањето на цела една нова доба и заминувањето на старата. Барем јас така ќе си го запаметам, пошто многу многу не се разбирам и не сакам ни да навлегувам во се она што сакал да го каже филмов, а богами многу нешта раскажал.
8 од мене.

My name's John Ford. I make Westerns.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Whatever Happened to Baby Jane
Одамна многу одамна ми е гледан филмов, не го поднесував ни тогаш ниту наредните 2 пати кога го репризирав. Не дека сакав туку од што морав. Не ни знам што да кажам, две сестри едната луда другата не, лудачава глуми нешто, не знам стварно потполно не ме задржуваше. Првиот пат не се ни сеќавам како сум го изгледал, вториот пат заспав а третиов пат не го ни гледав. 6 му давам бидејќи црнобелите филмови ми имаат некаква убавина.

The Man Who Shot Liberty Valance
Е ова е филмиште, браво за предлогот. Најмногу сакам вестерни и поточно филмов ми е еден од омилените, немам најомилен нормално. Значи ако за претходниот филм немав зборови од што не ми се допадна, овде немам зборови од што е добар филмот. Доволно е да се види дека глуми Џон Вејн, најдобриот глумец кога се работи за вестерн филмови, тоа се тие Џон Вејн, Клинт Иствуд и Ли Ван Клиф. Подобри нема.
Сцената со стекот :cuc:, тоа е она што го сакам кај вестерните, тензијата и дуелите. Секако тука е и музиката. Нема подобро од вестерн жими се. 9 оценка.
"This is the west sir. When the legend becomes fact, print the legend" :cuc:
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.401
Поени од реакции
9.269
Whatever Happened to Baby Jane
Одамна многу одамна ми е гледан филмов, не го поднесував ни тогаш ниту наредните 2 пати кога го репризирав. Не дека сакав туку од што морав. Не ни знам што да кажам, две сестри едната луда другата не, лудачава глуми нешто, не знам стварно потполно не ме задржуваше. Првиот пат не се ни сеќавам како сум го изгледал, вториот пат заспав а третиов пат не го ни гледав. 6 му давам бидејќи црнобелите филмови ми имаат некаква убавина.
Сакаш да кажеш дека и крајот кога испадна дека уствари бејби џејн е поделена личност и не постои другата сестра ти беше очекуван? :eek:

Не го поднесував ни тогаш ни другите 2 пати, што значи сум го гледал 3 пати, ама првиот пат морав, а не се сеќавам, вториот заспав а третиот пат не го ни гледав. Каков е тој трет пат репризирање на филм кога не се ни пушта филмот?
Па дури и не му се свиѓал ни третиот пат кога не го пуштил.
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Сакаш да кажеш дека и крајот кога испадна дека уствари бејби џејн е поделена личност и не постои другата сестра ти беше очекуван? :eek:
Да, исто ко тебе што си знаела уште на пола од Usual Suspects кој е Кајзер. Видиш многу паметни сме биле нели? Браво за нас. Да не продолжуваме понатаму бидејќи ќе испадне дека на секој филм си му го знаела крајот.
Третиот пат не го пуштив нормално тоа сакав да кажам, го гледав онака колку да помине, набрзина. На филмот се сеќавам на делови од првиот пат, вториот пат до пола некаде го гледав и после не. Не се потресувај, еве и ти не ми го гледај цел филмот што ќе го предложам, гледај го на делови и дојди исплукај го, секако тука има разлика бидејќи јас на филмот што се дешавало се сеќавам, туку не знам како сум го изгледал.
Го чекам и @Anon со неговиот неверојатен хумор, овојпат не може да праша да или не, ама ќе најде нешто сигурен сум. Паметен е.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.349
Сакаш да кажеш дека и крајот кога испадна дека уствари бејби џејн е поделена личност и не постои другата сестра ти беше очекуван? :eek:
Чекај малку, како не постои другата сестра? Не разбирам.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Секој има различен крај. Некогаш во иднина и различни филмови ќе гледаме, а не предлогот.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.401
Поени од реакции
9.269
Чекај малку, како не постои другата сестра? Не разбирам.
Да де не постои такво нешто во филмот, ама ете Zarniwoop знаел од почеток дека тоа ќе се деси и тоа што ни кажува? Дека воопшто не го гледал филмот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.349
Да де не постои такво нешто во филмот, ама ете Zarniwoop знаел од почеток дека тоа ќе се деси и тоа што ни кажува? Дека воопшто не го гледал филмот.
Јас па помислив јас сум испуштил некој дел од крајот на филмот. :pos:
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Да де не постои такво нешто во филмот, ама ете Zarniwoop знаел од почеток дека тоа ќе се деси и тоа што ни кажува? Дека воопшто не го гледал филмот.
Па не го гледав сега, три пати кажав дека сега филмот не го гледав како што треба, туку пишував по сеќавање. Сега демек во лага ме фати? :pos: Или вешто се изваде за тоа што го пиша? :D
Гледаш дека после тоа пишав дека секој има различен крај, значи знаев претходно како завршува филмот. И другпат тагнувај ме, не се плаши.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.401
Поени од реакции
9.269
Ич не си го гледал. Којзнае колку не си гледал. Ќе те проверувам од сега.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Кога ќе видам нотификација од клубов не ми се отвара веќе. Ај плис стишете со хранењето на непотребниов рак од конверзација. Ве сакам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.349
Кога ќе видам нотификација од клубов не ми се отвара веќе. Ај плис стишете со хранењето на непотребниов рак од конверзација. Ве сакам.
Конверзацијава потекнува од друго место, од друг форум, каде, под друго име, @Zarniwoop тврдеше дека The Revenant бил лош филм, а го немаше гледано. Тогаш малку го реметевме (ОК, може малку и повеќе отколку што требаше, признавам), ама мислам дека ја научи лекцијата, тука нема такви испади, супер е. Дури и сам го кажа тоа. Е сега, @Хоуп веројатно препознала елементи на тој стар @Zarniwoop , па сака да ги доискорени. Не им замерувај, ќе се смират.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Ич не си го гледал. Којзнае колку не си гледал. Ќе те проверувам од сега.
Ок, едвај чекам да ме проверуваш. И јас тебе ќе те проверувам.[DOUBLEPOST=1507227375][/DOUBLEPOST]
Конверзацијава потекнува од друго место, од друг форум, каде, под друго име, @Zarniwoop тврдеше дека The Revenant бил лош филм, а го немаше гледано. Тогаш малку го реметевме (ОК, може малку и повеќе отколку што требаше, признавам), ама мислам дека ја научи лекцијата, тука нема такви испади, супер е. Дури и сам го кажа тоа. Е сега, @Хоуп веројатно препознала елементи на тој стар @Zarniwoop , па сака да ги доискорени. Не им замерувај, ќе се смират.
Сите филмови ги имам гледано, ако треба ќе сликам додека гледам. Baby Jane на делови го гледав, набрзина, дека порано ми е гледан. Многу неверување има кај Хоуп.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.349
Сите филмови ги имам гледано, ако треба ќе сликам додека гледам. Baby Jane на делови го гледав, набрзина, дека порано ми е гледан. Многу неверување има кај Хоуп.
Верувам де, какво сликање, нема потреба од тоа. ;)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Инаку @Anon еве и тука имаш материјал за исмејување, ама спреми се добро сега, не како претходниот пат.
Го чекам и @Anon со неговиот неверојатен хумор, овојпат не може да праша да или не, ама ќе најде нешто сигурен сум. Паметен е.
Види сеа, за паметен, паметен сум.

А за тебе, што да ти кажам... самобендисан си, не цениш, млада тиква си.
Делуваш малку ко несфатените уметници, не знаеш дали да пратиш тренд, дали да имаш сопствено мислење. Поделено ти е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom