Film Club: (The Man Who Planted Trees (1987))

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
10.696
Поени од реакции
15.771
Ауууу ау ау ау Synechdoche. Партали. Браво бе вот.
Дискусија секако би развил иако мене филмот ме остави нем по говорот на свештеникот.
Гледан ми е пред пола година така нешо, не го дискутирам, само се уфрлив онака.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
1.344
Synecdoche, New York (2008)

Филмов го гледав пред некоја година, не се сеќавам од каде ми дојде препораката. Не би го гледал уште еднаш, па макар ми дале годишна карта за Синеплекс.
Интересна е идејата што ја обработува, но реализацијата ми беше лоша. Многу лош ритам, некои сцени беа развлечени без потреба и воопшто не воспоставува емпатија со главните ликови. Особено што Хофман и покрај тоа што е врвен актер, ми е крајно антипатичен лик, па и тоа влијае.
Одвреме навреме имаше добар муабет и пар интересни идеи, како и во секој филм од Кауфман, но тоа е недоволно за да опстои целиот филм. Еден од ретките филмови на кој задремав додека го гледав.
Сето изгледа како снимена театарска претстава за правење театар. Нема ништо филмично. Некои се одушевуваат на вакви филмови, но јас не можам да ги сварам.

5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.197
Поени од реакции
14.714
Synecdoche, New York

Сум гледал неколку филмови кои на некаков начин се поврзани со театарот - или за процесот на создавање на театарска претстава, или снимени како театарска претстава. Овој е како сите тие во едно. Навистина оригинален пристап, мора да се признае, само кон крајот веќе ми беше тешко да пратам кој е кој, зашто некако се ми се измеша - Кејден ја сака Хејзел, Хејзел е во врска со Сами кој во претставата го глуми Кејден, и во претставата наместо да и се додворува на актерката која ја глуми Хејзел, тој и се додворува на Хејзел. А актерката која ја глуми Хејзел треба да е во врска со актерот кој го глуми Сами... Прекомплицирано за mood-от во кој бев во тој момент. Кауфман го знам како сценарист на Eternal Sunshine... и режисер на Anomalisa, не очекував да не е комплициран, да бидам искрен, ама ова е мислам крајност, дури и за него. Друго што ми се допадна - имаше доста добри дијалози, може да се дискутира за мал милион нешта по филмов, да се извлечат добри поенти... Но нарацијата ми беше just too much. Веројатно поентата и во тоа му беше да прикаже дека животот не е ништо друго туку само серија скечеви, и дека кога си веќе дојден на крајот, кога ќе се навратиш наназад, само тоа останува: мали скечеви од сеќавања, кои подредени хронолошки може да се наречат живот. Или, поедноставно: животот е само колаж од исечоци од спомените. Но тој начин на раскажување ми сметаше, навистина - ми делуваше пребрза нарацијата, не можев да се поврзам со ликовите, не можев да најдам НЗС од некои од постапките и ultimately не можев да се внесам доволно. Затоа останува само тоа: „добар“ филм, кој ќе го паметам по уникатноста (и јасни ми се сите високи оценки), но на кој не можам да му дадам повисока оценка од 7/10 само заради мојата неможност да влезам во филм и да бидам дел од повеќезначната претстава на Кауфман.
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.351
Поени од реакции
1.939
Synecdoche (њтф?) , New York

Како што рекоа и другите...
интересен концепт - анализа на својот живот ко театарска претстава во некој залуден обид да се најде смисла и да се разберат грешките, самиот себеси...
али лоша реализација. Преспор, развлечен, главниот лик пасивен и чуден, гадни сцени...едвај од 3 пати го изгледав...не можев да се внесам затоа што немаше поврзаност со ликовите....а не сум ни некој Хофман/Кауфман фан... при крајот, покрај тоа што станува конфузен кој-што-како и комплициран за пратење, што уште повеќе придонесува за дистракција/дистанцирање, станува и бајги депресивен, али како резултат на тоа што реков, не те допира уопште.
Нити видов да има некој eye opener момент, некоја порака освен вообичаените очигледни (да, тука мислам и на говорот од погребот).
Добар кастинг (нз зш Tooth Fairy ме потсети на Larry David...) и тука и таму по некоја добра сцена.

5/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
1.344
Дискусија секако би развил иако мене филмот ме остави нем по говорот на свештеникот.
Гледан ми е пред пола година така нешо, не го дискутирам, само се уфрлив онака.
Абе арно дете си беше порано, како така те испуштивме од раце...
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
10.696
Поени од реакции
15.771
Абе арно дете си беше порано, како така те испуштивме од раце...
Со првото „дискусија секако би развил“ мислев општо, не дека ја би развил.
И беше повеќе како reply на wot-овото „не знам дали би развил дискусија“.
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.902
Поени од реакции
5.433
Вака сега.
Јас на вот му ветив некои работи, и ќе ги исполнам. Но, до тогаш...

Streets of Fire
Во филмов уживав повеќе отколку што очекував, зачудувачки, зашто јас не сум особено фан на филмови со банди, мотори, сељаци, и целата таа култура впрочем ми е одбивна и одвратна. И во реалноста, не само на филмови. Така што во старт филмов кај мене разбуди голем сомнеж и немав особена желба да го гледам, ама ете го изгледав, и не ми беше толку лош како што очекував. Музиката убава, плотот стандард, ми се допадна романсата, јас сум сакер се разбира за такви чисти љубови каква што имаше овде помеѓу Том и Елен, иако не беше центарот на приказната тоа, ми се допадна како елемент, овој ја сака, се враќа од пичке си матер да ја спаси, па ја остава за да не и стои на патот до успехот, ваква романса ќе освои секој што е растен со руски романтичари. Во секој случај, некои работи ми беа некако површни, и недообјаснети, уште не сфатив зошто ја киднапираа оваа, освен што Вилем беше психопат, не беше ептен навлезено во мотивите на заплетот на филмов, и кога веќе го спомнав, одличен ми беше, ептен фаца, ко млад Дракула. Главниов Том, на моменти ме потсетуваше на Гослинг во 2049, се мавта сам по маглите во некаков мантил, доста лајкабл лик. И Дајан Лејн добра, ништо посебно тхо, ми се свиѓаше облеката што ја носеше, не ми текнува што друго да кажам за неа. Споредните ликови, океј беа ама и без нив исто ќе беше, не можам да кажам дека нешто многу придонесоа кон целокупниот впечаток на филмов. Црнците добри беа. Тепачката на крај ми беше релативно смешна, ама океј i guess, за тоа време толку квалитет.

Океј се на се, солидно, не беше којзнае што, не беше мој тип на филм, ама си заслужи 6/10 со срце.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
2.022
Поени од реакции
3.338
Не се лутете што не ви ги изгледав последните два филма, ветувам ќе ги изгледам за брзо.

Јас ви идам пак со нискобуџетен британски филм,претходниот не ми го сакавте баш...:D Го гледав летото и одма ми текна да го предложам и на моја среќа никој го нема гледано од тука.:love:

Нема што многу да дрлавам, следниот филм е

Dead Man's Shoes

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.902
Поени од реакции
5.433
Ај и јас зашто го изгледав во рок да пишам пред да дојде Злате да го затвори терминов. И кога сме кај тоа, мислам дека не мора цело време да го чекаме Злате да најавува, знаеме сите да броиме, ако не знаеме да броиме пишува горе кога завршуваат термините, мислам дека не е толку неопходно да дојде да пише Следен е тој и тој нека пише филм.

Енивеј филмов, не знам што да пишам за филмов не го сфатив ептен, многу чуден ми беше, му дадов висока оценка заради инвентивноста и пристапот, ама не можам да кажам дека нешто особено ми се допадна или не ми се допадна, најголем дел од времето се осеќав како да не се случува ништо, а и тоа што се случуваше не бев сигурна кон што води. Не сфатив со жена му и ќерка му што се случи, а мислам дека тоа беше важен дел од филмот, исто и со тоа што имаше рак ор смт, беше болен од нешто. Also, што беше со куќата на онаа што гореше, so what's up with that? Зборев со Злате пред некој ден, и тој не знаеше да ми објасни, @wot try me? Знам дека имаше некој апсурдистички елементи филмов, ако не беше и целиот заснован на таа премиса, ама некако не успеав да навлезам подлабоко и да го сфатам што му беше поентата. Тежок беше за гледање, фактот што траеше повеќе од 2 саати и не помогна многу, многу повеќе се базира на атмосфера/вајб отколку на содржина, вот сака вакви филмови, што целта им е да ти ја пренесат општата атмосфера на филмот, а не да пренесат приказна, проблемот е што јас не го изгледав in one sitting, па таман кога ќе почнев да навлегувам во тој апсурд на постоењето, ќе се десеше нешто да ме извади од тоа, има шанси да му се пробам пак некогаш кога ќе бидам сигурна дека ќе го изгледам цел одеднаш, чисто со цел да го доживеам како што е замислен да се доживее, ама не верувам дека нешто повеќе ќе ми се свиѓа, зашто преовладува генерално негативна атмосфера во филмот, и не сум ептен фан на филмови што прават да се осеќам лошо.

7/10
 
Иди на Вики за филмов и доле у Motifs имаш објаснувања и за куќата
 
На врв Bottom