FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Отворите кај мене на letterboxd ќе видите што сум изгледал месецов :place::place: Game Night реприза и Deadpool 2 само :D

Јас покрај серииве што ги гледам во и така малку слободното време, немам време за филм :mad::mad:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Отворите кај мене на letterboxd ќе видите што сум изгледал месецов :place::place: Game Night реприза и Deadpool 2 само :D

Јас покрај серииве што ги гледам во и така малку слободното време, немам време за филм :mad::mad:
Barem dvojkata, jas kecot...
Srekja spoen vikend pa izgledav dva filma. :D

Aj ke zaladi, znam septemvri ke nadoknadam big and hard.

Screenshot_20180529-135704.png
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
2.540
И, нормално, по толку статистики, заборавив:

-најдобро оценет филм во четвртиот круг - Еnemy на @Gazpapir - 8.1
Е од кога 8,1 е повеќе од 8,25? Не штелувај резултати.

најлошо оценети филмови во четвртиот круг - Serendipity на @Zlatikevichius и Conan the Barbarian на @moongoses - 5.9
Мислам дека овој круг ти и јас не треба да предложуваме :LOL:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.703
Поени од реакции
33.340
Е од кога 8,1 е повеќе од 8,25? Не штелувај резултати.
Упс, sorry @devilko , Spacewalk е најдобро оценет филм со 8.3[DOUBLEPOST=1527611094][/DOUBLEPOST]
Мислам дека овој круг ти и јас не треба да предложуваме :LOL:
Аха, како не. Нека сонуваат само. Ќе земам ќе им предложам некој од кој умираат мозочни клетки, ако треба, ама не се откажувам од предложување! :mad:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.703
Поени од реакции
33.340
:masa:

Да не беше ти тука, којзнае што сѐ ќе нѐ прелажеше Злате досега...
Се сеќаваш на, цитирам:
"Имаш дадено два пати 17, ти фали 8 и 11, и си гласал за 29 филма наместо за 30."

...ангелчиња мои! :angel::angel:

П.С. Ако речеш нешто за наводниците, те убив!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Се сеќаваш на, цитирам:
"Имаш дадено два пати 17, ти фали 8 и 11, и си гласал за 29 филма наместо за 30."

...ангелчиња мои! :angel::angel:

П.С. Ако речеш нешто за наводниците, те убив!
Да да, Мунгосот ме менува. Јас веќе не сум во можност до толку поради _ _ _ _ _ _ _.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Асален торент за филмов?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
2.540
Man Facing Southeast / Hombre mirando al sudeste (1986)

Ова е филмот чиишто римејк е K-Pax. Вториов нешто не ме воодушеви. Оригиналот обично е подобар. Темата е таа: одеднаш во една психијатриска болница се појавува нов пациент кој за себе тврди дека е дојден од друга планета. Ништо чудно за такви установи, но пациентот има одредени знаења и вештини кои одат во прилог на неговото тврдење. Од друга страна имаме доктор ептен посветен на работата што дури и семејството го има оставено. И нормално се заинтересира за пациентот. И како во сите филмови со мистерија, сите се прават наудрени и не ги поставуваат ни најосновните прашања за да ја разоткријат истата. Наместо тоа, докторов е во дилема дали овој е навистина луд или можеби е навистина тоа за коешто се претставува. Размислувањата на докторот и имаа поента и се сосема наместо во една ваква ситуација, но ми пречеше тоа што воопшто беше премногу амбивалентен и воопшто не се ангажираше да ја дознае вистината. Да, заврте еднаш на телефон колку да се оправда тоа очекување од гледачите, ама баш тогаш линиите во прекин. Немаше вторпат, немаше писмо пишување, немаше консултација со колеги. Ама затоа па паралели со Исус, со Пилат, па не знам што.

Музиката отепа со тоа саксофонот, толку популарен во тој период. Тонски не ми се допадна, немаше никаква позадина. Сликата исто така, премногу зрно во многу ситуации. Овие работи најверојатно се должат на буџетски или технички ограничувања, но влијаат на вкупната слика на филмот.

Добра беше секвенцата со концертот, но најмногу заради музиката. И покрај сите мани и со веќе позната приказна, гледлив филм.

6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.703
Поени од реакции
33.340
Spacewalker

И јас малце доцнам, па решив освен тековниот, во неделите што следат да изгледам и по еден од пропуштените. Првиот пропуштен - Spacewalker беше ОДЛИЧЕН! Браво @devilko за филмов, големо браво! Е сега, прво да реплицирам на некои нешта од погоре, па после ќе допишам што преостанало.

Освен германски и холандски превод за оваа верзија немаше на друг јазик.
И јас го симнав истиот BDRip. Сликата џам, ама превод ни за лек. Симнувам еден: касни 3 секунди, го подесувам, тече сцената, ОК е, почнува нова сцена, превод нема. Леле, од такт ме вадеше. Симнувам друг, преводот скока, ко божем го имаа одново монтирано филмот и измешано сцените. На една сцена се појавува ОК превод, другата сцена е со превод на некоја од подоцна, па овој претходниов се појавува отпосле... Хаос. Шекнав. Симнав се што можеше да се симне. Освен англиските, ги пробав и српските, и хрватските... дури и еден бугарски, и тоа од вкупно 4 сајта за преводи. Не бе, џабе! Сите фалични. А да симнувам друга верзија на филмот, не ми се симнуваше. И на крај, се појави, на Subscene мислам, еден за некоја 3D верзија на филмов, го симнав него, каснеше 5-6 секунди, ама го подесив, и guess what? Полн погодок, конечно!

Најјака страна на филмов би рекол дека беа звучните ефекти.
Можеби, да, одличен звук и монтажа на звучни ефекти, но мене нешто што прво ме импресионираше кај филмов, и за кое сметам дека му е најјака страна, е кинематографијата. Боже, каква фотографија! Просто, занемев на некои кадри. Плус, сето тоа е потпомогнато и од оодличните визуелни ефекти... Ова е дефинитивно првиот руски филм со толку голема и толку добра употреба на визуелни ефекти. Еве, за да илустрирам, сликнав нешто што ми беше права бонбона:

05.jpg

01.jpg 04.jpg 03.jpg 02.jpg 06.jpg 07.jpg

Плус и кадри од сцената во која се враќаа на Земјата, па на почетокот од филмот, кога скокаа од авион... Филмов предизвика прав eyegasm за мене! Преубаво!
Добро, помагаше и тоа што појма немав каква била судбината на двајцата космонаути и бев во исчекување.
Исто, потполно исто. Впрочем, и единствената замерка која ја имав за филмов е тоа што во сите сцени во кои се очекуваше некаков исход, мислам дека постоеше хиперболизирање на suspence моментите. Дефинитивно не било така реално и сето тоа беше само за да се постигне драмски ефект. Но мене ми беше претерано. Буквално: се случува се што може лошо да се случи, за да си помислиш дека буквално тоа е крај, за на крај сепак да се спасат. И тоа не еднаш, туку 3-4 пати. И тоа навистина ми сметаше. Ептен ми делуваше холивудски и евтино. Но, имаат среќа што баш како и @moongoses поим немав што навистина се случило со астронаутите, па затоа ми го задржуваше вниманието. Да ја знаев приказната, ќе ми изгледаше ко непотребно лигавење сето тоа.

И на крај, што да додадам. Ептен ми се допадна, навистина. Не трепнав, буквално. Ќе заборавев: и флешбек сцените во кои малиот Љоша оди да види дали навистина гнездото е домот на птицата, сам, сред ноќ, без да се исплаши, иако неговиот „подвиг“ ги плаши неговите блиски ми беа одлично вклопени и во приказната, и во текот на филмот. Не само што разбиваа монотонија, туку и ја надополнуваа прикзната за возрасниот Љоша. Плус, и визуелно ми беа едни од најубавите.

Штом го изгледв, му дадов 8/10, но вака, по еден ден од гледањето, откако легна малце (вчера не можев да пишам оти баш тогаш форумов крена температура, почна да кашла и замина на лекар, па го немаше едно време), некако се чувстувам ко премногу да ми влезе во умот и пре-импресиониран сум, па затоа би сакал и да ја зголемам оценката за 0,5 некаде, што значи 8,5/10, но бидејќи не давам половинки оценки, ќе заокружам на 9/10 и јас. Давајте уште вакви!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom