Corvus
Latrodectus
- Член од
- 24 јануари 2011
- Мислења
- 4.004
- Поени од реакции
- 15.326
Одлична и пресмешна пародија на нашите омилени детективи и детективски филмови и романи. Мене филмов ми беше врв, следниот ден ми идеше пак да си го изгледам. Си се изнасмеав додека го гледав, немаше лик што ми е досаден или сцена што ми е бавна. Баш у еден момент памтам дека ми го паузираше Гранде и мислев дека 15 минути сме изглеале од филмот, а тоа пола да ти бил поминат. 10 саати да траеше со таа динамика, уопште немаше да ми здосади особено кога би бил Питер Селерс во сцената, којшто патем го украде шоуто и ми беше најсмешен од сите. Никако не можев да поверувам дека азијатот е Селерс, маестрална глума, браво! Уште у старт со прикаската за печурките ме купи и после се подобри и подобри цитати имаше. Сигурно ќе го репризирам со оглед на тоа што I had a great time the first time around. Неверојатно е како филм во којшто не се случува нешто особено и нема некој којзнае каков плот може да помине толку брзо без да осетиш развлекување во дејството и непотребни сцени.
Супер избор, 8/10
Супер избор, 8/10