- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.767
- Поени од реакции
- 33.509
Far From Heaven - вака, јас не успеав да го репризирам, ама уште релативно свежи ми се сеќавањата за филмов, па ќе пробам да скоцкам нешто. Сакам мелодрами, но обично имаат една маана - во поглед на приказната се обично плитки, не говорат многу или и ако говорат нешто, тоа не е нешто од кое може да се извлече некоја поента или да те натера да размислуваш. Онака, служат само за тие два саати да си поминеш убаво пред екран, и потоа испаруваат некаде во потсвеста. Овој не е никаков исклучок од правилото. Приказна за една домаќинка од 50-тите, по сите учебници - совршена жена за своето време, таква која израснала здрави деца, има успешен сопруг, социјално е активна, и наместената насмевка на лицето создава привид на среќа. А всушност: во моментот кога дознава дека нејзиниот сопруг е латентен хомосексуалец, целиот свет се урива за неа, и сфаќа колку всушност она е несреќна. Својата утеха ја бара во градинарот, кој случајно - е црнец, со што како да сака и да се одмазди на некој сопруг, и таа рушејќи (во тоа време) уште една општествено неприфатлива норма. Толку просто, толку едноставно. Но она што плени во филмов, што останува запамтено, е неговиот колорит, продукцискиот дизајн и костимографијата. Едноставно не може а да не ти падне во очи дека целата таа палета на бои е толку складна и убава што делува поважно и од она што се случува. Ова е мојот трет филм на Тод Хејнс, и втор по допадливост, по Carol. Исто така, во клубов ни е втор негов, по I'm Not There. Интересен режисер, морам да признаам. Но филмов е, како што реков - само нешто повеќе од ОК - уживаш два саати во боите, и толку. Не поместува ништо кај тебе во поглед на емоции и однесување. Останува 7/10.[DOUBLEPOST=1538303723][/DOUBLEPOST]Последен ден за гледање, guys. Ако бојкотирате, пуштајте ТВ. Ако гласате, одете гласајте, и пуштајте ТВ. @Corvus , @grande-juve , @Iceboy , @Patience , @Хоуп . Па и @Gazpapir - да те потсетам дека сакаше да се вратиш.