FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Црната кола по мене ја претставува смртта.
За фетусот и мене ми е тоа мистерија...
Детето не знаеше што е тоа ангел, ни вампир, ни смрт. Ако се плашеше, немаше да разговара со странците во црниот автомобил, а тој разговараше како да ги знае цел живот. Плус тој шерифот кога го прашуваше: " дали татко ти те допирал некаде", му одговори "да, во кујната". Детето беше неуко, просто селанче. Едноставно не можеше да разбере некои концепти и поими, не дека се беше уплашило. Единствено нешто од што се плашеше беше вампирот кој всушност и не постоеше.
Точно дека детето беше неуко, но не беше глупаво. Едно е да не разбира апстрактни концепти, друго е да не го поврзе влегувањето на другарчето во црната кола и неговата непосредна смрт. Реков дека можеби се беше уплашило од разговорот со возачот на бензинската, единствено тоа ми е објаснување зошто не пријави, од страв да не дојдат и по него.
Од друга страна ако колата е само симбол на смртта, зошто ги собираше децата?
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Poslaba verzija na Tideland od Gilliam, koj sakav eventually u klubov da vi go pustam. Ista atmosfera, boi, voznemiruvacki film niz ocite i samo objasnuvanjeto na dete...

Reflecting skin mene mi bese vizuelno predobar no sepak ne mnogu gledliv, mostly radi mene i toa sto nemav cuvstvo za nekoj cuden film. Prvpat nemav moi teorii i sfakjanja za takov film, gledav i cekav da mi se objasni. Spored mene stvarno mozese da izleze taa vampir, ili stvarno crnata kola da e metafora za smrtta, ili bukvalno ovie da bea ubijci... Anything goes bese, i nemajki nekoja zainteresiranost ne ostanav osvoen i impresioniran.

Se na se... 2.5 od 5. Ama ostavi traga, drfinitivno ke go pametam. Moze nekogas na rewatch podobro ke se pozdravime.

Zlate, pisi dali uste sum ispadnat od krugov za predlozi.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Од друга страна ако колата е само симбол на смртта, зошто ги собираше децата?
Кога возачов го прашува Сет дали му треба превоз на крајот ова му одговара "not yet".
Детето насила пикнато... цел живот е пред него зошто би сакало да умре? "Вампиркава" од друга страна своеволно си влезе во колата ама таа си беше таква мизерна не знаеше зашто живее и пред да влезе уште и се насмеа толку изгледаше среќна у тој момент затоа што таквите нели гледаат спас у смртта. А и кога се запали татково кажуваше колку оганот самиот призор и изгледал убаво на брат му на детево исто и за големите експлозии што ги видел беше фасцинирана. А и така овој умираше од радијација пак сретнува се заљубува во некого за да и се случи пак истото да го изгуби и него за кратко време.
Има една теорија дека нејзиниов сопруг што се обесил е тој што го фатиле со татко му на детево на времето.
"Sheriff Ticker says it's a short step from kissing to killing" колку е добро напишан филмов, поготово монолозите на вампирката на крајот и детево кога ќе дојде кај неа дома и/ли кога ќе и раскажува овој за војната. Заборавив нејзината глума да ја спомнам, немаше воопшто лесен лик.
Татко му беше нереализиран хомосексуалец и повеќе ми изгледаше дека жената не го поднесуваше, отколку тој неа. Постојано му префрлаше дека мирисал на бензин и моторно масло. А човекот само чесно си работеше на бензинска пумпа.
Баш така...и двајцата поради тоа патеа цел живот...овој поради сексуалната ориентација неприфатлива за тоа време и неможноста да биде тоа што е, наметнато гадење од самиот себе...а женава поради тие гласини срамот осудата од околината кои ги пратеа цел живот и никогаш не престануваа, и животот со таков човек кој не може да и ги возврати чувствата кои она ги има кон него.

Друг втф момент близначките со мртвиот галеб? Манифестирана конфузноста кај детево ???
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Zlate, pisi dali uste sum ispadnat od krugov za predlozi.
Не си.
Автоматски споено мислење:

Има една теорија дека нејзиниов сопруг што се обесил е тој што го фатиле со татко му на детево на времето.
Да, тоа сакав да го спомнам и јас, и јас мислам дека за тоа се обесил маж и. Затоа му рече на детето дека светлината од пожарот кога се запали татко му била убава.
Автоматски споено мислење:

Друг втф момент близначките со мртвиот галеб? Манифестирана конфузноста кај детево ???
Баш. Којзнае што правеа тие, може само се молеа на некој неразбирлив јазик за детето. Нему, со сите тие стравови, наивност и незнаење само му изгледаше ко да испуштаат звуци ко гулаб.
Автоматски споено мислење:

Плус, сите тие wtf моменти може и немаат никакво објаснување. Може режисерот намерно ги ставил за да си поигра со гледачите, или филмот да изгледа што погрозно или поконфузно. Исто и сцената со сликите што му ги даде брат му на детето беше таква. Малиот ги нареди: прво прво сликата со брат му, па бебето со reflecting skin од радијацијата, па сликата со голата жена. Ова евентуално би можело да се објасни како животот на малиот: на првата слика е безгрижното детство, времето кога брат му бил тука, татко му жив, а тој се чувствувал безгрижен и сигурен, втората слика е симбол на тоа сега: детето дознава за смртта, и дека таа може да ги земе и нив, децата, и третата слика е приказ на младоста која за него допрва доаѓа. Но камерата го губи фокусот за дел од секундата, малиот заминува, а кога камерата се враќа, сликите се наредени по друг редослед, дувнува ветар и ги одвејува. Оди па најди НЗС!
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Исто и сцената со сликите што му ги даде брат му на детето беше таква. Малиот ги нареди: прво прво сликата со брат му, па бебето со reflecting skin од радијацијата, па сликата со голата жена. Ова евентуално би можело да се објасни како животот на малиот: на првата слика е безгрижното детство, времето кога брат му бил тука, татко му жив, а тој се чувствувал безгрижен и сигурен, втората слика е симбол на тоа сега: детето дознава за смртта, и дека таа може да ги земе и нив, децата, и третата слика е приказ на младоста која за него допрва доаѓа.
Тоа со сликите го класифицирав како грешка во континуитет, со оглед дека малиот постојано ги вртеше. Затоа што и на претходниот кадар сликите не се по тој редослед како што ќе ги прикажат во крупно, односно редоследот повеќепати се менува и кога се картите во крупен и во широк план.
Повеќе симболика би барал во ненадејниот провев што ги дувна картите.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Ауууу ау ау ау Synechdoche. Партали. Браво бе вот.
Дискусија секако би развил иако мене филмот ме остави нем по говорот на свештеникот.
Гледан ми е пред пола година така нешо, не го дискутирам, само се уфрлив онака.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Synecdoche, New York (2008)

Филмов го гледав пред некоја година, не се сеќавам од каде ми дојде препораката. Не би го гледал уште еднаш, па макар ми дале годишна карта за Синеплекс.
Интересна е идејата што ја обработува, но реализацијата ми беше лоша. Многу лош ритам, некои сцени беа развлечени без потреба и воопшто не воспоставува емпатија со главните ликови. Особено што Хофман и покрај тоа што е врвен актер, ми е крајно антипатичен лик, па и тоа влијае.
Одвреме навреме имаше добар муабет и пар интересни идеи, како и во секој филм од Кауфман, но тоа е недоволно за да опстои целиот филм. Еден од ретките филмови на кој задремав додека го гледав.
Сето изгледа како снимена театарска претстава за правење театар. Нема ништо филмично. Некои се одушевуваат на вакви филмови, но јас не можам да ги сварам.

5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Synecdoche, New York

Сум гледал неколку филмови кои на некаков начин се поврзани со театарот - или за процесот на создавање на театарска претстава, или снимени како театарска претстава. Овој е како сите тие во едно. Навистина оригинален пристап, мора да се признае, само кон крајот веќе ми беше тешко да пратам кој е кој, зашто некако се ми се измеша - Кејден ја сака Хејзел, Хејзел е во врска со Сами кој во претставата го глуми Кејден, и во претставата наместо да и се додворува на актерката која ја глуми Хејзел, тој и се додворува на Хејзел. А актерката која ја глуми Хејзел треба да е во врска со актерот кој го глуми Сами... Прекомплицирано за mood-от во кој бев во тој момент. Кауфман го знам како сценарист на Eternal Sunshine... и режисер на Anomalisa, не очекував да не е комплициран, да бидам искрен, ама ова е мислам крајност, дури и за него. Друго што ми се допадна - имаше доста добри дијалози, може да се дискутира за мал милион нешта по филмов, да се извлечат добри поенти... Но нарацијата ми беше just too much. Веројатно поентата и во тоа му беше да прикаже дека животот не е ништо друго туку само серија скечеви, и дека кога си веќе дојден на крајот, кога ќе се навратиш наназад, само тоа останува: мали скечеви од сеќавања, кои подредени хронолошки може да се наречат живот. Или, поедноставно: животот е само колаж од исечоци од спомените. Но тој начин на раскажување ми сметаше, навистина - ми делуваше пребрза нарацијата, не можев да се поврзам со ликовите, не можев да најдам НЗС од некои од постапките и ultimately не можев да се внесам доволно. Затоа останува само тоа: „добар“ филм, кој ќе го паметам по уникатноста (и јасни ми се сите високи оценки), но на кој не можам да му дадам повисока оценка од 7/10 само заради мојата неможност да влезам во филм и да бидам дел од повеќезначната претстава на Кауфман.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Synecdoche (њтф?) , New York

Како што рекоа и другите...
интересен концепт - анализа на својот живот ко театарска претстава во некој залуден обид да се најде смисла и да се разберат грешките, самиот себеси...
али лоша реализација. Преспор, развлечен, главниот лик пасивен и чуден, гадни сцени...едвај од 3 пати го изгледав...не можев да се внесам затоа што немаше поврзаност со ликовите....а не сум ни некој Хофман/Кауфман фан... при крајот, покрај тоа што станува конфузен кој-што-како и комплициран за пратење, што уште повеќе придонесува за дистракција/дистанцирање, станува и бајги депресивен, али како резултат на тоа што реков, не те допира уопште.
Нити видов да има некој eye opener момент, некоја порака освен вообичаените очигледни (да, тука мислам и на говорот од погребот).
Добар кастинг (нз зш Tooth Fairy ме потсети на Larry David...) и тука и таму по некоја добра сцена.

5/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Дискусија секако би развил иако мене филмот ме остави нем по говорот на свештеникот.
Гледан ми е пред пола година така нешо, не го дискутирам, само се уфрлив онака.
Абе арно дете си беше порано, како така те испуштивме од раце...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Абе арно дете си беше порано, како така те испуштивме од раце...
Со првото „дискусија секако би развил“ мислев општо, не дека ја би развил.
И беше повеќе како reply на wot-овото „не знам дали би развил дискусија“.
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Вака сега.
Јас на вот му ветив некои работи, и ќе ги исполнам. Но, до тогаш...

Streets of Fire
Во филмов уживав повеќе отколку што очекував, зачудувачки, зашто јас не сум особено фан на филмови со банди, мотори, сељаци, и целата таа култура впрочем ми е одбивна и одвратна. И во реалноста, не само на филмови. Така што во старт филмов кај мене разбуди голем сомнеж и немав особена желба да го гледам, ама ете го изгледав, и не ми беше толку лош како што очекував. Музиката убава, плотот стандард, ми се допадна романсата, јас сум сакер се разбира за такви чисти љубови каква што имаше овде помеѓу Том и Елен, иако не беше центарот на приказната тоа, ми се допадна како елемент, овој ја сака, се враќа од пичке си матер да ја спаси, па ја остава за да не и стои на патот до успехот, ваква романса ќе освои секој што е растен со руски романтичари. Во секој случај, некои работи ми беа некако површни, и недообјаснети, уште не сфатив зошто ја киднапираа оваа, освен што Вилем беше психопат, не беше ептен навлезено во мотивите на заплетот на филмов, и кога веќе го спомнав, одличен ми беше, ептен фаца, ко млад Дракула. Главниов Том, на моменти ме потсетуваше на Гослинг во 2049, се мавта сам по маглите во некаков мантил, доста лајкабл лик. И Дајан Лејн добра, ништо посебно тхо, ми се свиѓаше облеката што ја носеше, не ми текнува што друго да кажам за неа. Споредните ликови, океј беа ама и без нив исто ќе беше, не можам да кажам дека нешто многу придонесоа кон целокупниот впечаток на филмов. Црнците добри беа. Тепачката на крај ми беше релативно смешна, ама океј i guess, за тоа време толку квалитет.

Океј се на се, солидно, не беше којзнае што, не беше мој тип на филм, ама си заслужи 6/10 со срце.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom