FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Некако испаѓа дека жанровски или тематски се надоврзувам на предлозите на @Zlatikevichius, па и овој пат така излезе: продолжуваме на темата сериски убијци. Овојпат ќе го гледаме првото екранизирање на првата книга за Ханибал Лектор. (Втората е „Кога јагнињата ќе стивнат“)

Филмот има малку специфичен пристап, но за мене и за многумина други е најдоброто остварување на оваа тема. Тоа па значи дека на многу други ќе им е досаден. Како и да е, гледајте го на голем екран и гласно.

Се работи за можеби најдобриот филм на режисерот Мајкл Мен кој своите најдобри дела како да ги има направено на почетокот од кариерата.
Со овој наслов на голема врата влегува и форензиката во филмот и телевизијата.

А насловот е Manhunter (1986)

Прегледај го приврзокот 200972
Од филмов има обичен и Director's Cut (DC). Која верзија да ја гледаме... истражи ако не знаеш.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Од филмов има обичен и Director's Cut (DC). Која верзија да ја гледаме... истражи ако не знаеш.
Оригналната верзија. Од режисерската има повеќе варијанти, многу е пишман овој Мен, ко Лукас скоро.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
По ред, мала анализа:

The Dark Horse го гледаа петмина и му дадоа средна оценка 8,1 што е највисока оценка по Spacewalker кој беше 57 филм. Го испуштија: @Corvus (иако пиша дека си го гледала, јас коментар не видов), @devilko , @Iceboy и @whatto .

Kalifornia го гледаа дури осуммина и му дадоа средна оценка 6,3. Го испуштија само @devilko (втор неизгледан филм, во опасна зона си) и @Iceboy за кого е трет неизгледан и добива црвен картон и пад надвор од листата предложувачи. Се надевам дека ќе се врати наскоро.

@wot , насловот, please - Film Club (Manhunter: 10.12-23.12)
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
По ред, мала анализа:

The Dark Horse го гледаа петмина и му дадоа средна оценка 8,1 што е највисока оценка по Spacewalker кој беше 57 филм. Го испуштија: @Corvus (иако пиша дека си го гледала, јас коментар не видов), @devilko , @Iceboy и @whatto .

Kalifornia го гледаа дури осуммина и му дадоа средна оценка 6,3. Го испуштија само @devilko (втор неизгледан филм, во опасна зона си) и @Iceboy за кого е трет неизгледан и добива црвен картон и пад надвор од листата предложувачи. Се надевам дека ќе се врати наскоро.

@wot , насловот, please - Film Club (Manhunter: 10.12-23.12)
Воопшто го немам гледано.
Ни сум го симнала, ни сум го гледала, ни сум пишала.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Прво нешто што ми текнува на филмов, стилот (кинематографија, режија поготово боите).
Второ, Х. Лектор-за-сиромашни, кое разочарување е тука коа ќе го споредиш со Е. Хопкинс кој уште од првиот момент коа ќе го видиш таков ефект има врз тебе, која глума е само тоа :cuc:....тука е еден тотално неинтересен лик....заедно со жена му на главниот лик, а не и помага многу и тоа што не е нешто и на изглед. :P
Имам една омилена сцена тука која ми е останата во сеќавање, таа со тигарот, уште и моментот кога ќе почне музиката како ја подига атмосферата, уф, се наежувам, колку моќна сцена е само. :notworthy:
И не само тука, низ цел филм тој (80ти <3) саундтрак/атмосферата е топ. (y)
За негативецот не можеле подобар избор да направат (y), толку језив и уверлив.
Книгата не сум ја читал, не можам да споредам.
Од Ред Драгон е каде-каде подобар.

7/10

(Не знам зш цело време сум си мислел дека и To Live And Die In LA е од Манн...)
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Абе многу бргу поминаа овие две недели. Јас си мислев дека уште цела недела имам за гледање, кога оно веќе дошол нов филм... А и оној на Анон уште ми стои во комп неизгледан. Периодов ептен бев зафатен и резултатот е ниту еден изгледан филм во последните 20тина дена. Дури неќни го изгледав Џонатан и еве сега Менхантер. Утре како ќе станам само јас си знам...

Да се вратиме на филмот...
Ги имам сите филмови на Ханибал гледано со Ентони Хопкинс. Сите сум ги рејтувал многу високо а "Кога јагнињата ќе стивнат" ми е во Топ 10. Имам гледано и некои од оние после овие со Хопкинс и биле жива катастрофа, заклучно со серијата каде Ханибал го глуми Медс Микелсен. Имав големи очекувања од таа серија, Микелсен е одличен актер и верував дека достојно ќе се претстави во улогата на Лектор. За жал и таа испадна тешка бљувотина со единствена цел да го згрози гледачот. Имам читано и нешто од книгите...

Менхантер, се решив да го оставам неизгледан, посебно што го гледав веќе Ред Драгон па самата приказна ќе ми беше донекаде позната и наместо да уживам во него, ќе го немаше факторот на изненадување и целиот ќе ми поминеше во споредба. Од тогаш поминаа неколку години и сеќавањата на Ред Драгон донекаде ми се избледени, па Менхантер ми дојде донекаде како освежување на меморијата. Сепак, споредбата беше присутна...
Не гледам потреба да се збори воопшто за Ханибал Лектор, како што рече Влатко, очај, разочарување... Го немаше тој погледот по кој морници те лазат, ниту пак доби превише внимание. Ама пак кога ќе видиш дека Ентони Хопкинс имаше само 16 мин скрин тајм во јагнињата, и тоа остана запаметено како една од најдобрите улоги, евер.
Од друга страна пак, Тут Фери ми беше вистинско откровение. Добар кастинг направиле со актерот. Изгледаше страшно, злобно. Страшно потсеќаше на мојот комшија, Боро. Исто беше и он така скоро па подгрбавен, со таква полуќелава глава, високо дигнати панталони, маицата пикната во нив, а погледот... како сета злоба на светот да се собрала во него.
Не знам дали овој перформанс се должи на фактот што Менхантер беше филм на Вил Грем, и Тут Фери се појави тек на средината, па самото негово исчекување го направи своето...
Ред Драгон, обратно, беше филм на Тут Фери, се појави уште од самиот почеток, дознавме повеќе за неговото потекло и ја немаше таа неизвесност. Едвард Нортон беше запоставен, до степен да биде споредна улога. Мене ми е меѓу омилените глумци и секогаш ќе бидам субјективен кон него, ама морам да признаам и дека Петерсон доста добро ја донесе улогата.
За Реба. Потребно ли е воопшто да се пишува? Катастрофа. Исто како Лектор. Кога ќе се сетам колку беше само слатка во Ред Драгон, се плашиш да не и се случи нешто, сцената со тигарот беше толку напната... Овде навивав да ја килнат.

За крај... Менхантер од денешна перспектива делува како филм кој почнал да го јаде јазот на времето. Техничкиот аспект, камерата, сценографијата, лоши кастинзи беа нешто што не можеше до крај да ги извади одличната музика. In A Gadda Da vidda ми е толку добра што ја имам на мемориска уште од 2012 и си ја префрлам на секој новокупен мобилен.
Фалеше факторот на изненадување, бар за мене. Доколку некој прв пат се запознава со Лектор, верувам дека импресиите ќе му се поголеми.
Overall се работи за солиден филм кој вреди да го изгледа секој љубител на ликот и делото на Ханибал Лектор, но според мене севкупно заостанува зад филмовите со Ентони Хопкинс. Ред Драгон ми е подобар.

Одличен предлог и одличен тајминг. (y)
Ако не го изгледав сега, којзнае кога ќе дојдеше на ред. :)

7.5
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Од друга страна пак, Тут Фери ми беше вистинско откровение. Добар кастинг направиле со актерот. Изгледаше страшно, злобно. Страшно потсеќаше на мојот комшија, Боро. Исто беше и он така скоро па подгрбавен, со таква полуќелава глава, високо дигнати панталони, маицата пикната во нив, а погледот... како сета злоба на светот да се собрала во него.
:lolzz:
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Не е нималку смешно да имаш таков комшија. :D
Језив е у пм. Дефинитивно е психопат, скриен. Њухот не ме лаже.
Само во последно време слабо го гледав... Отиде технолошки вишок или она со надоместок до пензија. Нешто не беше арен со здравјето, операции го правеа неколку. Ја мислев скинал конци, ама ја слушнав жена му ДУминика како се дере со тоа иритантниот глас (мешавина од Бернадет од Биг Бенд Теори и онаа секретарката од Викенд на Мртвоци): "Бореее, немој многу далеку да одиш, Бореее. Не можеш уште." А овој па: "Доста мори викаш од таму, сите комшии те слушаат. Сеирот ни го гледаат". И го гледам замина накај продавница, едвај некако, со бастун се крепеше. Не го бива. :(
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Manhunter 1986

Страхотно добар филм.
Одлична режија, по мерак атмосфера, супер музика.
Уживам во филмовите од овој период, ми имаат некој посебен шмек, секогаш имаат слична атмосфера, музика и видео продукција.
Скоро да немам ништо гледано нит читано од Ханибал, Silence of the Lambs итн. и ова ми се виде јако и веројатно сега ќе ги гледам и другите филмови.
Само утка имаа на крај со сцената кога му дојдоа во куќата и кога ги убиваше... фрејмови засецкуваа, чудно беше, требало некако подобро да го склопат тоа.
За глумата на негативецот :cuc:


9/10
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
По серија филмови што не ми оставија особен впечаток, дојде Manhunter. Одличен филм, мене Јагнињата ми се гледани многу одамна, можеби пред 7-8 години или нешто така, и искрено не памтам многу од плотот што како, ги памтам вивидли ликовите до душа, а другите филмови не ми се гледани. Сите ликови ми беа добри искрено, дури и Ханибал, иако гледам на мнозината не им се допаднал, можеби затоашто очекував ептен да ме разочара ликот и да ми флопне, но не беше лош, lowkey на вампир изгледаше и тоа ми беше интересно, земајќи го предвид фактот дека е канибал, можеби и намерно го направиле така да изгледа, нејсе, ми се допадна. Главниов лик ми беше ептен симпатичен, ептен интересен ми беше процесот преку кој им влегуваше во психата/мајндсетот на убијците и начинот на којшто го водеше и решаваше случајот. Детективски психолошки филмови ми се слаба точка мене, од тој апсект ептен ме погоди филмов, ептен уживав да го гледам Грахам како работи, особено ептен бев хајпната кога му текна дека ги има гледано филмовите и најверојатно тоа му е професија. Тут Фери е многу ванила назив за некој што самиот себе се нарекува Ред Драгон, тоа ми беше ептен смешно, и ептен језив беше ликот, на чудовиштето на Франкенштајн личеше, тотално да видам некој таков по улица ќе мислам дека е сериски убиец или нешто од лепезата на психопати, ама супер си одглуми одличен кастинг. Другиве ликови горе доле небитни, иако и Ханибал со вкупно три сцени не беше нешто особено важен лик, ама ајде дека култен карактер па да го рачунаме во битните. Жените во филмов доста невпечатливи и незначајни, па нема што многу за нив да се разговара.

Одличен филм, 8/10
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.372
Поени од реакции
42.562
Конечно и јас изгледав филм од клубов после 100 години. :D Топ филмче, започнува стварно одлично. Ти ствара тензија од сам старт, и те држи целосно заинтересиран првите саат време. Искрено, малку ми беше досаден делот кога го прикажуваа Тут Фери, со таа слепата кога се мавташе 20 минути, без буквааално ништо да не се дешава. Сепак, генерално сум задоволен и јас сум слаб на детективски трилери. Посебно кога се во прашање сериски убијци и екстремно паметни детективи. Би му ставил 7.5 оценка од 10, иако веќе и критериумите си ги заборавив, со оглед на тоа што не сум пишал тука (а и во мувиспотинг) оддамна. Поздрав до следниот филм. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Јас од Лектор-universe само Јагнињата ги имам гледано и филмот буквално ме распарчи тогаш. Еден од најдобрите трилери кои сум ги гледал во животот. Топ 10, дефинитивно! Manhunter ја имаше буквално истата атмосфера, и без оглед што Ханибал беше послаб и со поминорна улога, мене филмов многу ме потсети на Кога јагнињата ќе стивнат. Типов од CSI ептен ми се допадна во улогата! Исто и негативецот - алал за глумата. Музиката, особено при крајот, ми беше врв. Значи, се на се - преубав филм, убаво освежување во клубот. Е сега, за нешто кое немаше улога во оценката, која патем е 8/10, ама морам да го спомнам:

Не обратив внимание кога @moongoses рече дека требало theatrical version да симнеме, а не directors cut, па ко сум барал торент не сум забележал дека сум симнал directors cut. И си го гледам така филмот, BlueRay рип, btw, сликата џам, и наеднаш, оп, сцена - се замаглено. Ај, си викам, ќе да е некој флешбек или некаков сон, инаку не можев да си објаснам зошто таква естетика. Се враќа пак се во нормала, туку - оп, пак истото. Кон крајот дури и една подолга сцена која никако не можев да ја вметнам во приказната: оди детективот кај една црна девојка и плав дечко кој носи пиштол, и кои прв пат ги гледам во цел филм, и прво таа се плаши од него, па дечкото излегува и посегнува по пиштолот. Овој им вели: јас сум тој и тој, детективот, и плавушот го враќа пиштолот в гаќи и ја гушка девојката. Му викаат фала на детективот и тој си заминува. WTF happened?!?!?!?!?!?!?!?!? И му пишав на @Anon откако заврши, и веројатно го заинтригирав и него, зашто сцената од која му пратив screenshot со детективот во кадарот, сликата замаглена и дожд позади во неговиот филм ја немало. И он ми ја разреши дилемата: всушност, DC верзијата е подолга од оригиналната. И фалат сцени од оригиналот во времетраење од околу 2 минути, но има сцени кои ги нема во оригиналот во времетраење од околу 8 минути. Сцената со дождот е уствари сцена во која детективот, по убиството на негативецот оди кај дечкото и девојката кои требаше да бидат неговите следни жртви, и тие му се заблагодаруваат затоа што го спасил животот. А тоа што сликата беше катастрофално лоша во тие додадени сцени, уште не можам да го разберам во целост, ама ќе да е едно од двете понудени одговори на @Anon :
1. Тие сцени отпаднале во оригиналот заради лошата слика, ама Ман очајно сакал да ги има, па затоа ги додал, иако не биле со ист квалитет.
2. RARBG биле лоши енкодери и на некој начин заебале некои сцени, енкодирајќи.

Инаку, јас во животот немав гледано филм на Ман до пред еден месец. А сега, за неполн месец - 2. Прво Heat во 5x предизвикот, па Manhunter сега. И дефинитивно не сакам да остане на тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom