FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
Dark Horse

Јис јис јис.. Многу ми е закон акцентов од Нов Зеланд.

Ликот на Џенезис и како беше одглумен е локомотивата на филмов. Солиден беше миксот на комедија и драма. Исто и борбата на Џен со себе и со опкружувањето, целта да помогне и всади ентузијазам на децата како воедно и негово средство за неговата борба.
Исто саундтракот беше доста разноврстен ама ми беше погоден скоро во сите ситуации.
Бандава само за мој вкус доби премногу место во филмот иако е јасно зошто.
Филм со срце, предизвика емоции кај мене само не во толкава мера и константност за да отскокне, иако комплетно сфаќам како може некој до крај да се поврзе и трогне. Мене баш одма ме потсети на овој, кој успеа да ме трогне и комплетно уживав во него, а од друга страна знам дека "реално" си има по некој недостаток и не е толку совршен.

Како и да е, добар предлог.. 7,5/10[DOUBLEPOST=1543155811][/DOUBLEPOST]
Да си пишам јас за Стуарт додека се тркалаат тамблвидс на темава. Од телефон пишувам, појма неам пасусиве како ќе излезат, good luck to all.
Стуарт јас го дефинирав како филм што не можам да кажам дека не ми се свиѓа, ама сигурно не би го предложила некому да го гледа. Едноставно филмот е неинтересен, и не постигнува било каков ефект, а впрочем и непознато е каков ефект сака да постигне. Освен глумата на Том Харди, која беше извонредна,се останато беше просек и испод просек. Во главно ништо особено не се случуваше во филмов, а и дијалозите не беа ептен engaging. Вистина не знам што виде толку интригантно Александер кај Стуарт па се реши книга да пишува за него, апсолутно никаква имагинација треба да немаш како писател за да земеш да пишуваш животна приказна за просечен бездомник алкохоличар.
Инаку без да се задржувам многу само ќе кажам, многу педерски од страната на Александер онака да го стави Стуарт on the spot да раскажува за првиот пат кога лежел затвор пред група луѓе што не ги познава, очигледно му беше непријатно и не сакаше да зборува за тоа воопшто, а не па пред толпа непознати.
Не ми беше особено криво што умре на крај, ниту особено мило, како што реков никако не бев инволвирана емотивно во филмов, а не знам ни дали беше целта да бидам.

6/10
Скоро идентично ми е мислењето па цитирам. Си имаше моментчиња ама главен проблем беше што не успеа да те внесе и предизвика емпатија и емоции.
Повеќе ко да целеше да биде шоуто на Том Харди.

6/10 не е лош ама апсолутно ништо нема да се изгуби и да не се гледа
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Јас не планирам да го репризирам, не е поминат ни месец откако го изгледав.
Мислам дека се си кажав во почетниот пост, филмов ми е 10/10, ми навлезе под кожа.
Never give up, секој од нас без разлика на околоностите треба да се потруди да даде се од себе за да го направи светот едно подобро место за живеење.
Неверојатно добра opening сцена, страхотна closing сцена.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Јас ќе го изгледам најкасно до среда со уште други од филмскиот клуб(според предвиденото) аман више ќе си го прашам курот кога нареден пат ќе натрупам милион филма:mad::place:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
За да не ме чекате до вечер, зашто јас сум на ред за предложување: избрав трилер, овојпат, за промена. Тој ми беше вториот филм според системот со кој го избрав The Last Unicorn минатиот пат. Се надевам барем дека ќе биде поуспешен од него.
Искрено, се изненадив кога видов дека од сите вас само @Iceboy го гледал, зашто јас сум го гледал 3-4 пати сигурно, по телевизиите. Баш и затоа сакав да ви го предложам. Може не е филмиште, ама уште ги памтам одличните перформанси на актерите, особено Пит, Луис и Духовни.

Во следниве 2 недели ќе го гледаме Kalifornia.

@wot - Film Club (Kalifornia: 25.11-08.12)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Денес починал Бернардо Бертолучи. А баш утрово се мислев меѓу Kalifornia и еден негов. RIP!
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
И кога го гледав порано еднаш мислам на Сител?, и сега, не ми остави некој впечаток, за мене просечен филм, мислам дека таа фасцинираност од и глорифицирање на сериски убијци беше многу подобро направено во Naturall Born Killers од Стоун исто со Џ. Луис, на еден подинамичен, поинтересен начин. Поготово ликовите...кога ќе ми текне само на Томи Ли Џонс :icon_mrgr: у тој филм ...а од овие 4 у Калифорниа ниеден не ми остави некој впечаток па може затоа и ми се виде некако спор, едино глумата на Бред Пит :aplauz: ми го држеше вниманието, прав реднек :D, тоа би одвоил...и 2-3 брутални сцени. Мишел Форбс увек ми била чудна... Дуковни увек ист, некако без енергија/емоции, ко да ги чита репликине, ништо повеќе од тв-актер ју ноу Екс-Фајлс и Дневникот На Црвените Чевлички...Џулиет Луис мене лично ми е крајно антипатична, не сум видел филм со неа а да не се лигави и оптегнува со тоа селскиот акцент и да не е така малку "спора"...

5/10
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Kalifornia baby yeah

-Бред пит како реднекот од Алабама,со пола заб,неуредноста,однесувањето,Џулие Луис ја обожавам со тој акцент,доста пати сум ја гледал,и секогаш го влече истиот тон и призвук со неа,не ми здосадува не.Делот со косите после една година од овој филм се раѓа Пул фикшн,па некако многу ми личеа на ума.Немаше подобра приказна од таа што ја доживеа навистина искусија како е да си со.
Доста прашина,кога беше на бензиската и кога го вкуси ветерот навистина тоа беше многу добар дел,патем кажа дека го сака ветерот.

7.5/10

Firstborn unicorn
Hardcore soft porn
Dream of Californication

 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Kalifornia (1993)

Како едно патување или доживување може комплетно да ни го смени ставот. Од краен противник на смртната казна до извршител на истата, без порота, без судии. Мислам дека тоа е главната поента на филмов, дека луѓето градат и шират ставови, се претставуваат како стручњаци, за работи што воопшто не ги познаваат и разбираат. Брајан со својата девојка подготвуваат книга за сериски убијци, но не успеваат да препознаат еден таков веднаш до нив. Барем додека не станат директни сведоци на едно такво убиство.
Многу добро направени ликови, доследни во своите постапки и однесувања. Феноменална глума на Бред Пит, како и во останатите улоги на почетокот од неговата кариера. Портретирањето на интелигентен социопат, без чувство за емпатија и прифатливо однесување го изведува перфектно. Слична е и изведбата на Џулиет Луис која, рака на срце, остава таков впечаток само кога игра некои вакви недозреани ликови.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Феноменална глума на Бред Пит, како и во останатите улоги на почетокот од неговата кариера.
Многу јак тик правеше со устата, нешто измеѓу ждригање и крик на некое крвожедно животно за да го престраши планираниот плен. Од кожа ме вадеше кога ќе направеше така. Секоја чест, алал! :cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom