FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Taste of Cherry мене не ми се допадна. Ама не го ни хејтам. Доста просечен филм, јас не гледам вообичаено кој филм од каде е, ако е добар - добар е. Не му додавам на вредноста зашто бил од филмски неразвиена земја, ниту па му одземам на истата основа. Овој филм ми беше доста просечен. Мене ми се интересни филмови што се базираат на дијалози и што се занимаваат со внатрешен конфликт на протагонистот, меѓутоа проблемот со овој филм е што не успеав да се поврзам со протагонистот, ни со останатите ликови for that matter. Единствено ми беше интересен делот со стариот таксидермист, но со оглед на тоа што беше премногу краток многу повеќе делуваше на скеч отколку на дел од некаква целина, всушност кога ќе размислам подобро целиот филм делуваше на компилација скечеви, прво со војничето, па со студентот по религија, и на крај со таксидермистот, сите по половина час. Тонот на многу сцени беше лош затоашто микрофоните им беа во различна просторија од дијалогот, не знам зошто беше тоа така. Крајот исто не ме остави премногу воодушевена, иако се насетуваше дека протагонистот на крај ќе го изврши самоубиството. Футиџот со екипата беше непотребен, барем според мене, она што мунгусот го кажа за законот во Иран верувам можело и некако поинаку да се реши/заобиколи, но што е тука е. Otherwise, идејата е добра и ми се допадна, можело да се навлезе повеќе во мотивите како размислуава човек кој е на праг на самоубиство, протагонистот спомна нешто во контекст на повредување на луѓето што ги сакаш и како тоа е грев еднаков како и самоубиството, но тоа беше премногу vague и плитко за да помине како мотив во еден ваков филм. Не велам дека требаше да ни дадат конкретна причина Е види ја листава со pros & cons зошто сакам да се убијам, ама малку подлабоко да се навлезеше во мајндсетот на самоубиец. Дијалозите беа солидни во глобала, ама мора да спомнам дека имаше моменти кај што се осеќав ко да гледам средношколци како се мољакаат за првиот пат. - Ај закопај ме. - Мммммм не. - Ај бе! - Нах. - Ама нели си војник нели треба да убиваш, а јас ни тоа не го барам, just the tip. - Сакам да излезам од колава. - ... - ...

Собери, подели и добиваш 6/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
Црешата и вкусот

Генерално ми се свиѓаше. На почеток, со војникот и со оној пластика или што и да собираше, главниов лик ми делуеше сумњив и мислев или бара некоја жртва или ќе им дае задача да убијат некого.. така да ме држеше од тој аспект на мистерија. После како што се дознаваше што му е целта уште поише ме заинтересира и кулминираше со чичево. Значи доста интересен и неизвесен ми беше иако е ултра спора драма.
Малку му одземам заради крајот со филмскава екипа кој ми беше глуп, а и зашто сакав малку поише да се навлезе у причините зошто сака да се самоубие. Иако целокупно доста добро се покажа, ко да не го зададе финалниот удар за убаво да те здрма.
Да не забораам главниов глумец да го пофалам јако си изглуми.
Се на се едно фино убаво 7,5че од 10

@Corvus ајде давај филмче
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Јас сум на реееееееед :X3:
Well, со оглед на тоа што овие две недели се мои, у старт знаете што ќе гледате. Мхм, тоа. Меѓутоа овој пат повеќе ком отколку ром, зашто ромот не е централен плот овде, иако има доста од тоа. Ова е инаку филмот, којшто ми беше прв избор првиот пат кога предложував филм во клубот, се сеќавате кога го гледавме A Good Year, овој филм требаше да го гледаме тогаш, и од тогаш чекам летен термин за конечно да го стаам во наслов. Инаку тогаш не го гледавме, зашто како што неретко е случајот со моите пррдлози тука, немаше торент. Се изнабаравме со Злате, ништо не најдовме и после еден месец дојде Гранде и ни најде за неколку минути, Гранде МВП. Ќе мора сите тој да го симнеме, не е со којзнае каков квалитет, 2гб е само ама другите немаат сидери, а овој и доста брзо симнува зашто русите не се заебаваат.
Ако минатото лето бевме во рурална Франција, ова лето одиме во рурална Италија каде што млад писател добива задача да најде и врати во литературниот свет писателски великан кој со години нема објавено ништо. Харви Кејтел е одличен во филмов, ликот многу му потестува на ликот од Youth, споредните ликови се исто доста забавни и се на се филмов е многу лесен, измислен за во лето и забавен, трае не повеќе од 100 минути сите исполнети со смешни авантури на протагонистот.

Се работи за:
Shadows in the Sun/The Shadow Dancer

*филмот има dual audio и дифолт му е руската синхронизација, така што ќе треба да селектирате англискиот кога ќе го пуштите
**филмот нема вклучен sub во фајлот, и зашто знам колку е досадно да се бараат мануелно преводи, а форумов ми вади ерор кога го аплоадирам, ќе оставам линк од преводот па симнете го сами.

Ако има проблем со нешто, тука сум, вие само гледајте :LOL:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.368
Taste of Cherry го гледаа петмина и му дадоа средна оценка 6,5. Го испуштија @wot , @devilko , @Iceboy и @Gazpapir (на сите прв неизгледан) и @Хоуп (втор неизгледан, во опасност е).

Шеесет и осмиот филм го избра @Corvus , ви пиша веќе погоре детали, па да не должиме:

@wot - Film Club (Shadows in the Sun/The Shadow Dancer: 23.07 - 05.08)

@Patience и @Толстој - ве чекаме и вас во следниве 2 недели.
 
P

Patience

Гостин
Taste of Cherry го гледаа петмина и му дадоа средна оценка 6,5. Го испуштија @wot , @devilko , @Iceboy и @Gazpapir (на сите прв неизгледан) и @Хоуп (втор неизгледан, во опасност е).

Шеесет и осмиот филм го избра @Corvus , ви пиша веќе погоре детали, па да не должиме:

@wot - Film Club (Shadows in the Sun/The Shadow Dancer: 23.07 - 05.08)

@Patience и @Толстој - ве чекаме и вас во следниве 2 недели.
Само да ве прашам, треба да изгледам и некои од филмовите што ви изминаа до сега и да пишам рецензија, нели? За последните три филма или...? :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.368
Само да ве прашам, треба да изгледам и некои од филмовите што ви изминаа до сега и да пишам рецензија, нели? За последните три филма или...? :)
Ако имаш време, нерви и желба, изгледај ги сите 67 и пиши 67 рецензии. :P

Се зезам, твој избор е тоа. Ако ги гледаш редовно филмовите, таман додека да ти дојде тебе редот за предложување, ќе имаш изгледано минимум 1 од последните 3 и минимум 3 од последните 10, па така, не, не мора да гледаш ништо од тоа што поминало (ако не сакаш). Почни од овој сега, и се ќе е ОК. ;)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Shadows in the Sun (2005)

Момакот од големиот град доаѓа во мало мирно селце, тука налетува на локалната убавица, нормално се раѓа љубов меѓу нив двајца, а успат и ја завршува задачата што никому пред него не му успеало и тоа го прави херој и на крај сите среќни и весели.

Филмов е од оние што го прикажуваат животот каков што треба да биде, не каков што е. И тоа доста солидно го прави. Приказната ни за момент не излегува од проверената формула за овој жанр, но вешто изведена и филмот е гледлив. Добри беа и дополнителните ликови, попот и гостилничарот, не преминаа во фарсични што е често случај во други филмови.

Ок филмче, но не нуди ништо ново или незаборавно, брзо ќе се стопи во масата.
7/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
The Shadow Dancer / Shadows In the Sun
6.5/10
Како да не беа доволни филмовите од Злате со писателите, па еве уште еден сличен.
Во овој ром-ком, комот ми беше лош а ромот не ми беше доволен.
Филм исполнет со клишеја.
Продукцијата некако ми делуваше хипстерски евтино, можеби ради двдрип.
Гледлив онака.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.368
Очекував многу повеќе од Shadows in the Sun. Прво - филм за писател и за пишување, потоа, сместен во сончевата Италија (никогаш не би ми било доста да ги гледам ваквите пејсажи), плус, мора да е придружено со love story оти Италија без љубов не е Италија... А некако млако. Го доживеав како премногу straight-forward, немаше успони и падови, едноставно од точка А стигна до точка Б, при тоа не пропуштајќи да ни ги прикаже сите можни клишеа кои ги очекувавме. Кој го пишувал ова, дефинитивно треба да си седи во Тоскана некаде, во некое питорескно селце ко прикажаното, да си молзе крави, да се пијанчи секоја вечер пред кооперација и повремено да има блиски средби со селската курветина. Сеа може нема врска којзнае колку, не знам ни дали воопшто е случај IRL, ама не верувам дека Евреин би изговорил „Jesus!“ како извик за изненадување ако му рипне некоја кокошка од стог сено во кој претходно се забил со кола. Да не беа прекрасните пејсажи, прекрасната 'Талијанка, како и да и беше името, и убавиот перформанс на Харви и Џошуа, пред се (но и споредните улоги не беа ни малку слаби), веројатно би добил и послаба оценка од 6/10. Повеќе не можев.
 
P

Patience

Гостин
Shadows in the Sun е океј филмче за пополнување време во летни денови, лесен за гледање.
Не ми беа нешто ептен смешни сцените кои најверојатно им биле замислени како такви, бегање од куче, терање крава, паѓање преку ограда, фрлање у вода...
Инаку да, прикажани прекрасни пејсажи споени со карактеристики на едно мало местенце каде најверојатно секој би посакал да живее повеќе или помалку. Место каде сите се знаат еден со друг и доаѓа странец на мисија, а локалците од една страна чиниш по малку резервирани кон него, од друга страна претставени како вистински шегобијци.
Нормално, кое место со убави жени, храна и вино ако не Италија и симпатичната Изабела.
Филмот протнува некои пораки за креативноста, стравот, упорноста, дека е сосем у ред да се биде по малку луд и спонтан во животот и да се бориш за тоа што го сакаш.

7/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
Лесно, релаксирачко, летно филмче, полно со харизма кое од сите аспекти ми е погодено и затоа немаше проблем што е малку предвидлив и клише.
Се случува во Италија и е преубаво прикажана.
Сценариото ми беше доста добро и смешно, посебно на Харви Кајтел репликите. Така да од хуморот бев прилично задоволен.
Коа сме кај Харви си одглуми перфектно, а и сите останати беа добри, посебно попот.
Многу сакам коа во фокус се става убавината на животот во мало место/природа наспроти големите градови.
Романтичниот дел беше ко спореден ама cute enough.
Се на се си уживав по вторпат и си ја задржува високата 8/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom