FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Yay! Фала ви за топлото добредојде. Баш ми е мило!:jeeee:

Ќе изгледам неколку филма, колку што ми дава времето, па и малку ќе ве посталкам :rolleyes: да видам кој, што, како пишувал.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.625
Да знаеш само колку ме нема фатено. Скапав од работа. :( Немам време (ping @Anon ), затоа.
Јас си реков ме пинга за да ме потсети дека му ветив дека ќе го гледам, он ме зафркава.
Сега размислувам за ветеното...
P.S. Што ми значи светлосината боја во екселон, односно зошто сум само јас со таква? Без зафрканции, овој пат.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Јас си реков ме пинга за да ме потсети дека му ветив дека ќе го гледам, он ме зафркава.
Сега размислувам за ветеното...
P.S. Што ми значи светлосината боја во екселон, односно зошто сум само јас со таква? Без зафрканции, овој пат.
Тоа е бојата на морето, на небото... на Малта... :)
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
High Society

Ја обожавам Грејс Кели. Ја обожавам таа нејзина грациознот, шарм, начин на глума. Има некоја посебна привлечност во неа. Затоа сакам да гледам филмови со неа.
Еве пред скоро го гледав Rear Window. Класика. Предобар филм. А и она изглуми одлично. Но, во High Society некако не ми легна. Како да не беше филм за неа. Не ја претставуваше дамски како што е. Прилично досаден, предвидлив и не нудеше ништо ново. Сепак, и во него блескаше во тој синиот фустан.
Да не беше она, ќе му дадев и пониска оцена, но овака добива една просечна 6ка.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Хм, не знам што би пишал, онака на моменти интересен, на моменти досаден. Ликовите ми се океј али ми немаше хемија помеѓу нив, музиката и пеењето солидни(со оглед на тоа дека ми играа нозете), приказната поима неам што требаше да биде. Ми почна убаво и ме заинтересира, али се отупе негде од пола натаму и едвај чекав само да дојде музика за побрзо да ми мине времето. Хуманитарна 6-ка од мене.

6/10.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Спремни за нов филм? :D

Одамна немаме гледано аниме во клубот. Знам дека не е омилен жанр меѓу нас. Но, за мене нема добар или лош жанр. Не е битна темата, концептот, туку начинот на кој е раскажана приказната, и колку истата може да допре до нас, да изнуди некои емоции, чувства. А, оваа итекако допира.

Се наближува Септември, за мене месец на фамилијата. Па затоа следниот филм што ќе го гледаме, е токму за тоа:
Wolf Children



Уживајте во гледањето.
Време е да го заживееме клубов повторно.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Вака сега: Јас прашав дали сакате да почнеме од 19.08, ама никој не ми одговори. Не е страшно што девилко го објави насловот на филмот, но сепак сакам да видам колку сме за тоа да продолжиме уште од сега, а колку да чекаме септември.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Вака сега: Јас прашав дали сакате да почнеме од 19.08, ама никој не ми одговори. Не е страшно што девилко го објави насловот на филмот, но сепак сакам да видам колку сме за тоа да продолжиме уште од сега, а колку да чекаме септември.
Злате, јас го објавив пошто така ми пиша во порака. Го објавив денес пошто бев по слободен. Утре е Понеделник, работен ден и не знам колку и кога ќе имам време.
Не верувам и дека некој ќе го гледа денес, таман е "спремен" за од утре.
Но, ако мислите дека е подобро од Септември да го почнеме, ако сте сеуште зафатени, можеме и тогаш. Немам јас ништо против. :)
Целта на предлозите овдека е да бидат гледани.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Wolf Children

Сакам аниме али ова ич не ми легна некако, може е и до годините јебига.


Ми се виде досаден, преспор, празен, му фалеше динамика, за 2 сата можеше да понуди повеќе содржински, дури во последните 15 минути се помрдна малку во поглед на дејството па видовме конечно некој конфликт проблеми и промена кај ликовите, кај децата... пошто мајкава цело време ми беше иста, флегма, очекував побурно или уопште да изреагира на почетокот ко да беше нормално што овој беше вукодлак и можеа да се задржат повеќе на тоа на почетокот вака пребрзо се премина преку тие моменти и преку ликот на таткото зашто-како не ни објаснија барем позадина малку за да го осетиш ко лик. И после тоа темпото ептен успори. Наместо обратно.

Анимацијата ми беше под ниво, премногу едноставна, безлична, иако колоритна, и дали само 2-3 пати на момент импресивна кога ќе покажеа некој предел.

Приказната беше добра, за проблемите борбата на секој самохран родител, мајката во овој случај како еден инспиративен лик, како и за односот према постарите...но не успеа да ми извлече никакви емоции, рамнодушен бев цел филм кон све што се случуваше... а не се случуваше многу.

Од мене само
3/10
...sorry

П.С. bestiality ftw!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Еве ме!

High Society

Не ми се допадна, sorry @Corvus , dear. Прво, уште во една од почетните сцени ко и пееше Крозби на таа малечката, ми дојде тој нагон на повраќаање кој секогаш го имам кога ќе видам лепотици ко Кели со гуштери, шимпанза и горили. Овој пат педофилијата ја однеле на сосема друго ниво, помислив. После, што по ѓаволите и се случуваше на Грејс цел филм? Имаше моменти кога толку вештачки театрални движења и фасцијални експресии правеше, што изгледаше ко со сила да ја терале да глуми.Тројцава животни ОК си беа, ама сепак ми фалеше развој на ликовите. Некако се пребрзо, преглупаво и прелекомислено ми беше. Сите некакви глупави одлуки носат, што не верувам ни дека тони алкохол не би ги оправдале, а не па чаша шампањ. Музиката, ОК си беше, двајца генијални музичари во еден филм, како нема да е. Нооо, сепак, генералниот впечаток е филмов не ми легна воопшто. Од мене само една слаба петка, доста е.

Дефинитивната оценка за High Society е 5 гледачи и 5,9 средна оценка. Го испуштија: @wot (1 филм), @Corvus (2 филм) и @Хоуп (3 филм, привремено мора да кажеме чао, но верувам дека @Хоуп ќе се врати, како многупати до сега. BTW, среќен роденден, @Хоуп ).

Почнуваме со нов филм, @devilko веќе го презентираше, Влатко веќе го гледаше.

@wot - Film Club (Wolf Children: 19.08-01.09)
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Хинт: немаат врска годините со аниме :love:

Wolf Children

Премногу реално за една фантазија. Проблемите околу кои се врти анимето е колку е тешко да изгледаш деца како самохрана мајка, и колку е уште потешко да сфатиш дека треба еден ден да ги пуштиш, да изберат свој пат, пат кој може ќе е различен од замислата на родителот (занемарувајќи го фактот дека децата се волци и едното избра дивина, не секој ден децата на 12 години ќе избираат дивина :D). Тоа што е навидум досадно, преспоро и нединамично е поради тоа што требаше да ни го отслика животот на мајката и со несекојдневното растење на човек-волк, мене па баш напротив, ќе ми изгубеше секоја смисла анимето ако понудеше повеќе содржински, уствари и што повеќе? Ништо не и фалеше на содржината, на крајот сфаќаш дека вредело тоа што е бавно, кога ќе ти се слеат солзите. Ми се допаѓа тоа што акцентот го става на израснувањето и скоро цел филм е поврзано околу децата и мајката, го гледаме нивното растење како и растењето и секојдневното учење на мајката како да ги изгледа и како да се справува со секојдневните проблеми со кои се спротивставуваше одгледувајки човек-волк. Ми се допадна што саат време се задржуваме на животот и само животот на семејството. А што да кажам за првите 20 минути...Twilight кога ќе порасне сака да биде првите 20 минути од Wolf Children :D Искрено, не ни сакав да завршат. Сакам да има некој посебен филм за нивната љубов. Може и една од многу малкуте замерки ми е тоа, што премногу кратко се задржуваме на нив, али па така анимето ќе траеше 3 саата. Ќе се помирам со 20 минути Хана и сега сфаќам дека не му го кажаа името на волк-човекот. Другата замерка е што не се кажа повеќе за Нирасаки. Ко гром од ведро небо се појави и тоа е тоа. Анимацијата аниме ко аниме, немам замерки, а и никогаш не ни сум барал замерка на аниме-анимација, а сум преголем обожавател на аниме(Not weaboo tho).


Btw јубилеен 100-ти ми е за годинава. :rolleyes:

8/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom