FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Retko film na vtoro gledanje da me zdrvi ko prviot pat. Ustvari, i poveke. Ili sum ja zaboravil tenzijata ili sum bil fokusiran na sledenje prikazna i detali.
Ova e vistinskata forma na Denis Vilenuev, ova e Blade Runner bez pomosnite trkala i bez budzet.
Gi ima site gimicks od Blade Runner, go ima soundtrackot sto ezi i go vozi prilicno dosta filmot, ima originalna atmosfera, ednostavno vpivase taa sepia kinematografijata i skoro sovrsen editing, prikazna koja te tera da mislis i sekako pretty face so odlicni glumecki sposopnosti koj even in the straightest guys im sozdava peperutki u penis. :love:

Prviot pat ne znaev vo sto se vpustav i e tezok da go presedis malku iako trae edvaj saat ipol. Togas procitav (i pamtam) deka e za izneveruvanje. So ova predznaenje filmot mi bese pointeresen. Ili jas si go napraviv, ne znam. Jake e edna licnost, spored ranata, spored majka mu muabetot za blueberries i acting. Mojot problem e timetable-ot, odnosno soobrakajkata koja mi krsi teorija. Mislam deka ranata dvajcata sto ja imaat mu e od tamu. Tipov ustvari ja izneveruva devojka mu, a pajakot prenosno e taa so koja go izneveruva. Pravi soobrajaka i se pobrkue poso ja ubil. Posle nekoe vreme 2te realnosti pocnuvaat da mu se spojuvaat i gleame borba za koj lik da preovladi. Barem ja taka go sfativ ama posle ne mi se soglasuvase vremeto, poso ko da se desava u isto vreme e prikazano, iako mislev deka ne e. Bitno taka da e mi e pointeresen. Ajde unistete mi go so religiski temi ko uvek.

Se na se, mnogu super si pominav. Mu ja krevam od 4 na 5 ocenata.

Mnogu super... moze taka? Ne e neso greska, superlativ takvo nesto, pa da ne smee? Ko like pa poise love. Mnogu ubavo pa super li ke mu doe u slucajov?

Eh. Tonam ionaka.
Leka nokj. :*
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Целиот филм се сведува околу изневерување и страв од посветеност ( commitment issues ) кон една личност во случајот жена му и страв од губење на слободата. Исплашен е од одговорноста на одгледување и започнување семејство. Жена му почна да сфаќа дека на Џејк мозокот се поделил. (затоа и толку трагично го прифати фактот дека постои уште еден човек што е скроз ист на лик како мажот и ). Пробува да му помогне да го прифати фактот дека мозокот му се поделил.

Интересен е разговорот на Адам со мајка му и многу открива. Мајка му кога му нуди блуберис Адам одбива и вика дека не сака блуберис, мајка му вика секако дека сакаш.

Исто така интересно е кога Адам легнува со жена му на Ентони, жена му вика bad day at school?

Пајаците ги претставуваат жените. Ентони се чуствува дека ја има изгубено слободата и е заробен во мрежата од пајаци ( жени ). Ја гледа така жена му, како пајак кој го има заробено во мрежата. Интересна е паралелата на сцени кога Адам плаче и жена му на Ентони го теши и му вика да остане, а од друга страна Ентони се кара со Мери во колата и прават сообраќајка. Кога загинува Ентони во сообраќајката на шофершајбата имаше мрежа.Тука Адам ја победува војната во потсвеста и го брка негативното од него т.е Ентони и се посветува само на жена му.

Крајната fucked up сцена е кога Адам го наоѓа клучот од секс клубот, паѓа во искушение и одма одлучува дека ќе оди. И тоа значи последната сцена со пајакот. Пајакот е жена му. Ентони is back on stage.

Не знам дали има легитимно објаснување од Денис, немам најдено.

Омилена врста на филмови! 10/10
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.372
Поени од реакции
42.563
Конечно и јас изгледав еден филм од клубов после подолг период. Иако бев цел прашалници после самиот крај, ми се допадна тензијата што владее во филмот и ме држеше напнат од почеток до крај. Искрено неможев да си направам некоја теорија, мада после сцената со мајка му беше очигледно дека станува збор за еден човек и дека е малце удрен во главата. Сепак, постовите погоре разјаснија се. :D Не сум толку добар во метафори па да сфатам шо е финтата со пајаците, јебига. :D

8/10 од мене. :P
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Џејк ми е еден од омилените глумци, толку омилен што кога би бил женско, би мењал флуиди со него, anytime. :D
Енеми, се сеќавам како вчера да беше колку го очекував со нетрпение да излезе во добра снимка и да можам да го гледам уште пред 4 години. Очекувањата ми беа големи, поготово што очекував mindblow, мистериозен трилер, омилен жанр. Донекаде тоа што го очекував, тоа и го добив. Иако тогаш за младич кој штотуку почна да го открива се повеќе филмскиот свет, и не ми легна така добро. Не успеав сета таа завиткана метафора да ја проголтам на начин на која беше прикажана. Од денешна гледна точка можам да кажам дека не сум бил доволно подготвен за еден таков комплексен филм.
И знаејќи го сето ова, очекував дека сега, по втор пат, после толку години и избледнети детали за него, спремен за rewatch, ќе ме mindblow-не јако како њот. За жал тоа не се случи.
Импресиите се поголеми од првиот пат, се разбира. Plot-от веќе беше познат, оттука немаше да останам занемен на самиот крај, го знаев тоа. Решив да му пристапам на друг начин, задлабочувајќи се и ловејќи мали детали, навлегувајќи во тајните на умот на Адам и покушавајќи да ја спојам сета таа нелиенарна структура на раскажување на филмот. Се обидов да го разберам неговиот дуалитет и поривот за selfdestruction одново и одново, и неговата борба со својот непријател, самиот себе си. Пајаците (жени), и неможноста да избега од својот ум на крајот, повторно паѓајќи во искушение.
Сите сме помалку како него, не до таа мера удрени. :P Ама го имаме тој порив сами себе си да си наштетуваме во животот, да си ставаме сопки, да ги повторуваме истите грешки повторно и повторно...
Enemy е филм кој претендира да биде во самите височини, но сепак не успева да стигне до таму поради своја комплексност која не е наменета за широки маси. Баш тоа е она што му фали да биде толку блиску, а сепак толку далеку од филмските анали. Овака останува само одличен филм кој ќе те остави со многу прашалници во глава и неколку часовно пребарување за откривање на сето она што сакал да ти го каже. :)
Добива 8ца, што не е воопшто лошо, знаејќи го фактот дека првиот пат сум го оценил со 6ка. Можеби на следниот rewatch ќе добие и повисока, кога и самиот ќе бидам филмски посозреан па подобро ќе го преџвакам. :P
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Enemy е веројатно еден од најзабеганите филмови кои сум ги гледал во животот! Мене ми беше прв пат, и останав толку fucked up што после враќав сцени одново и одново. ОК, јасно ми беше дека се работи за една личност, но некои други работи не можев да си ги објаснам. Да, и пајаците меѓу нив. И речиси никогаш не читам туѓи мислења или рецензии пред да напишам коментар, ама овојпат морав! Според она што го најдов како trivia, нема никаде објаснување од Дени што се пајаците. Дури и сите членови на екипата морале да потпишат изјави дека нема да откријат на новинарите за значењето на пајаците. Но после опсежната анализа на сцени од филмот, мислам дека најверојатно пајаците ги претставуваат не жените itself, туку она што Адам/Ентони ги плаши во нивната врска со жените - обврската, т.е. чувството дека се заробени, ко во пајакова мрежа. Затоа и крајот всушност не покажува дека Ентони се врати на сцена, како што рече некој, туку повторно истото чувство дека е повторно во стапица. Не знам што да кажам, стварно, уште сум под неверојатни импресии и ова што го пишав погоре е веројатно некоја глупост и далеку од идејата на Вилнев...

Инаку, да - музиката беше партали. Кинематографијата - партали и пол. Мислам дека му нема рамен на Вилнев денес во тој поглед, иако може да звучи преувеличено ова. Баш сакам да видам со кои директори на фотографија најчесто соработува и дали е тоа негов или нивни touch. Ама толку секој кадар, боите, тоновите, светлата, му се перфектни, што доволно е само да гледаш и уживаш, па макар и ништо не сфатил. Џејк, нормално, ѕверка - еден од моите најомилени актери е. Единствен филм на Вилнев до сега кој не ми се допадна е Sicario. За овој друго немам што да кажам, ментално ме растрои и во моментов мозокот ми е салата. Нека легне, да подразмислам малце, па може ќе успеам да се дефрагментирам.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Enemy (2013)

Обично пишувам мислење веднаш откако ќе го гледам предложениот филм. За овој си реков, да го оставам да слегне, за да можам да му ги испофаќам нишките. И што повеќе се трудам да го отплеткам, тоа се повеќе ми се заплеткува. Очигледно е дека авторот сакал да направи филм отворен за слободно толкување, повеќезначен, но малку повеќе ги исплеткал работите, па можни се многу делумни интерпретации на значењата.

Филмот може да се следи линеарно и функционира и така иако на тој начин не дава одговор на повеќе прашања. Но повеќе од јасно е дека дејствието не е прикажано линеарно туку е фрагментирано. Скинатата фотографија, телефонските повици и коментарот за боровинките од мајката се директни показатели за тоа. Реакциите на ликовите исто така укажуваат дека работите не се такви како што ги прикажува линеарниот тек. Има и други индиректни, но тие се повеќе навестувања кои може и поинаку да се толкуваат. За жал овие показатели доаѓаат кој крајот на филмот. Бо првата половина воопшто не се прикажани „правилата на игра“ како што е тоа во други филмови од овој тип, а со тоа и не се оправдуваат необичните постапки на ликовите. Тоа му овозможува на авторот полесно да го манипулира гледачот. Откако истите ќе се воспостават, доцна е за враќање наназад и барање на вистинската интерпретација. Затоа што со новиот поглед на работите, поставените постулати веќе наголемо чкрипат. Делчињата од слагалката веќе се измешани а веќе не знаеме која слика треба да ја составиме.

Кој е вистинскиот а кој е измислениот-потсвесниот-поделениот? Логиката вика дека професорот треба да е вистинскиот/првичниот. Затоа што не можеш да станеш професор по историја на факултет затоа што така ти дувнало едно утро. А имаме и објективен показател дека навистина е професор, постои на веб страницата на факултетот. Од друга па страна, ако одлепиш лесно можеш како актер да се пријавиш во агенција. Но и тој е исто така одамна присутен, бил статист во дури три филма, кои се достапни за изнајмување. Плус жена му го знае како актер, професорот и е непознат. Актерот е тој што сака боровинки, тоа го знае и мајка му, професорот не ги сака. Значи филмот вели дека професорот е „новиот“. Која нишка и да ја фатиме, се замрсува. Не можат да се одредат почетокот и крајот. Можат само да се следат до некаде и потоа да се смени правецот.

Ако ова го прифатиме, тогаш филмот е одличен. Го постигнува оној WTF (КК) момент, затоа што делува убедливо. Отвора простор за најразлични интерпретации. Ако не го прифатиме, тогаш станува нелогично претенциозно дело од типот сакам кажам не знам речам. Се зависи од точката на гледање, којашто и филмот не ја одредува туку вели одберете си ја. Јас одбрав да не прифатам.

Ми пречеше и тој постапокалиптичен колорит, како и отсутноста на туѓо присуство во филмот. Беа во вистинска функција на постигнување на атмосферата на филмот и на состојбата во која беше ликот, но не ми се допаѓаа. Премногу надреално изгледаа, уште една нота која треба да му даде уметничка тежина на филмот. За разлика пак музиката беше одлично вклопена.

Режисерот го постигнал тоа што сакал да го направи. Но јас не добив задоволителен филм.

6/10
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.180
Поени од реакции
8.808
Enemy (2013)
-Chaos is order yet undeciphered-

И јас филмов прв пат го гледав кога демек почнав да гледам "посериозни" филмови и кога бев во потрага по филмови што ќе ми се фатат за душа.. И ми се фати за душа.

Не дека нешто разбрав, не се ни сеќавам дали сум го мозгала на некој мој начин да го дешифрирам и како сум го дешифрирала, сега после второто гледање веќе имав изначитано се за него и сега се фрлив само на уживање. За приказната и цела таа симболика сте кажале, кажале многу, сме прочитале, сега демек јасно ни е и немам што да додадам пошто немав простор овој пат сама да го истражувам филмов, затоа што си поврзував делчиња за да фатам логика на се она што сум прочитала и такво ми беше дружењето овој пат со него, штета што не сум пишала нешто тогаш под првите импресии, затоа што јас сум убедена дека секој филм, без разлика дали е метафоричен, симболичен, со порака, или авторот сакал да каже нешто, најправилно е кога е слободно интерпретиран и кога секој еден гледач ќе си направи свое сценарио, сите се точни и се така е, не постои никаква вистина за филмот, сите вистини се точни :ROFLMAO:

Атмосферата е онаква анксиозна, мрачна, депресивна, погодена.. Те прави да се осеќаш непријатно во сопствена кожа, исто како што се осеќа и главниот лик во својата, а музиката главен фактор за да ти го направи целото искуство вознемирувачко, може пак за година дена ќе заборавам што се дешавало во филмот, нема да се сетам дали финтата била со пајак или стоногалка, ама ќе се сетам на чувствата што ги разбудил кај мене филмов, онака во пакет заедно со се, исто како што се сетив сега на тоа после неколку години...

Читав дека прво улогава била понудена на Бејл, ама не му одговарал терминот на снимање. Јас лично си ги сакам и Бејл и Џејк, па може сега да ги видам заедно во еден ваков филм, нема да се бунам... : ))

И се извинувам што толку ве паузирам, ама таман да гледам еден филм веќе му завршил терминот, еве ќе гледам сега со овој да ве дружам повеќе и да гледам малку по малку од она што ми е пропуштено.
8/10 за овој филм.
 
WB! :aplauz:
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Уф, сте кажале се.
Ова ми беше rewatch. Ми беше супер тогаш, ми беше супер и сега. Иако многу помалку имав сфатено првиот пат, а секако после го гледав на јутуб објаснувањето што ми ги појасни работите.
Еве ги белешките што ги фаќав во второво гледање :D
Земал нов стан, мајка му се грижи како живее така, но не знаеме зошто. (му честита за нов стан)
Се појавува трудна жена на екранот.

Џејк оди во подземен тунел во некоја просторија со многу луѓе кои гледаат некоја жена и маж кои изведуваат некои сексуални акти. Потоа се појавува жена со послужавник го става доле и внатре имало пајак кој потоа жената со штикли го гази, и сите уште гледаат чудно.

Џејк е професор им збори на ученици како диктаторството стопира идеи.

Ентони и Хелен посебно го гуглаат Адам Бел и го наоѓаат

Доаѓа дома полуразочаран, има чуден секс со жена му, она делува незадоволна.

Џејк е груб во секс му се лути жената.

Џејк сонува дека е хотелски помошник (избричен) носи куфери на жена, а како да е во филм што го гледаше минатата вечер.

Се буди во ниедно време го пушта филмот и гледа дека навистина бил во него ама избричен.

Филмот му беше препроачан од коелга.

Џејк гледа каст од филмот и го наоѓа Даниел Сент Клер на гугл имеџес, дека личи како негов близнак. Гледа дека глумел како вратар, келнер и човек на воз.

Џејк се инфилтрира во зградата на талент агенција кај што е Даниел, и вратарот му се обраќа со Ентони, едвај го познал ради брадата. И покрај тоа што му се обрати со Ентони, му дава плико кое е за него а на него пишува Даниел. А внатре во пликото писмо насловено Ентони Клер.

Адам Бел хистори тичер е Џејк.

Се јавува по телефон дома кај Ентони и жената мисли дека Адам е Ентони и дека трола.

Потоа Адам се слушнува со Ентони му кажува дека си личат и тој е хостајл.

Се префрла сликата кај Ентони и гледаме дека е ист како Адам, со плава женска, која го прашува дали ме изневеруваш „дали се гледаше со НЕА“? Наговестува претходно читинг од Ентони. Хелен се вика моменталната на Ентони. Хелен е трудна. Можеби таа од почетокот?

Хелен оди накај факултетот на Адам, а Ентони му ѕвони на Адам му вика дека саат да се запознаат.

Хелен го наоѓа Адам, тој секако не ја знае. Хелен му звони на Ентони а Адам си оди, така што кога ќе крене Ентони може да е Адам уствари.

Адам или Ентони сонува гола жена во тунелот од почетокот на филмот, со маска на пајак на глава како се разминуваат со него и се буди.

Адам оди во некоја хотелска соба (го бара Ентони можеби), во ходникот има некоја дрољештија се разминува со неа. СЛЕДИ МОЕ МИСЛЕЊЕ МОЖНО Е ВЕЌЕ ДА ЗАВРШИЛ РАБОТА СО НЕА А Е ЕДЕН ИСТ ЧОВЕК АДАМ/ЕНТОНИ.

Во хотелската соба доаѓа и Ентони кои изгледа исто како Адам, нешто послаб со кожњак и мотор изгледа, му вика да не сме браќа, Адам е уплашен, Ентони му покажува scar овој не покажува ама веројатно го има. Адам бега исплашено и му го остава писмото од талент ејџнси.

Ентони се враќа дома и на Хелен и вика „не се секирај нема да не замара веќе тој човек“’

Ентони го следи Адам и го гледа со женска му. Продолжува да ја следи женска му и влегуваат во бус. Ја гледа во миниќ и во нозе поради некоја причина. Она носи штикли од змиска кожа можеби или крокодил. Ја следи до работа.

Адам збори со мајка му и и кажува за Ентони, она му вика не бе шотие не се занасај.
На 1:1:1 имаме пајачиште огромно колку згради, движи низ градот.

Адам (? ама изгледа е Ентони) си збори во огледало, очигледно покажувајќи дека е поделена личност.

Се среќаваат кај Адам изгледа, мада друг стан е, во однос на тоа кај што беше со мајка му претходно (па ваљда кај мајка му бил лол), Ентони мисли дека ја Адам му ја ковал жена му, и му ја бара облеката за да ја скова девојка му. Тоа се случува.

Ентони ја носи женската на Адам некаде.

Адам оди кај шо живее Ентони. Тука вратарот личи, и најверојатно е, човекот на почетокот на филмот што е заедно со Џејк во тунел кај шо одат кај оргиите.

Во станот на Ентони, Адам се пресоблекува, отвора фрижидер и гледа блуберис (Адам мрази блуберис, Ентони сака).
Доаѓа жената на Ентони, чудно му е малку на Адам. Легнуваат во кревет, оваа го гледа гол, малку сомнително но само малку, и го прашува „како беше на факултет?“ овој вика „што?“ она му вика батали.

У меѓувреме даваат сцена се кова Ентони со девојката на Адам. И девојкава (Мери) го прекинува сексот нешто ја вознемири (имал отисок од прстен на прстот, пошо нели женет е) он вика отсекогаш го имал тоа, она му вика неее.

Даваат кадар се буди Адам изгледа.

Ентони ја враќа со кола Мери и се караат.

Женава пак на Ентони му се умилкува на Адам а он не може да спие.

Ентони има страшна сообраќајка со Мери, 0.1% шанса да се преживеани. Стаклото е пукнато како пајакова мрежа.

Адам го отвора пликото и наоѓа клуч, за оргиите изгледа. Добива желба да оди на таква оргија. Оди ка Хелен во соба и гледа дека она е огромен пајак.
Се мислам дали да ги прочитам, ќе ме заморат. Ќе го мозгам како некоја логичка задача. Не можам.

Кога загинува Ентони во сообраќајката на шофершајбата имаше мрежа.Тука Адам ја победува војната во потсвеста и го брка негативното од него т.е Ентони и се посветува само на жена му.

Крајната fucked up сцена е кога Адам го наоѓа клучот од секс клубот, паѓа во искушение и одма одлучува дека ќе оди. И тоа значи последната сцена со пајакот. Пајакот е жена му. Ентони is back on stage.
Ате така, добро е. Ова сакав да го пишам.

Кои бои, една боја, тмурно жута е :D

Го постигнува оној WTF (КК) момент
Дали се обиде да го преведеш WTF и КК е тоа што мислам? :D

8/10

Адам е една поделена личност, се бори против своите пороци ама не успева.
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
Пред 5 месеци го репризирав и нема по трет пат да го гледам. Ќе искористам карта џокер за да го употребам мислењето на Мунгусес зашо тоа е тоа што би го пишал само помалку елоквентно. Квалитетен и се' тоа али:

Enemy (2013)

Обично пишувам мислење веднаш откако ќе го гледам предложениот филм. За овој си реков, да го оставам да слегне, за да можам да му ги испофаќам нишките. И што повеќе се трудам да го отплеткам, тоа се повеќе ми се заплеткува. Очигледно е дека авторот сакал да направи филм отворен за слободно толкување, повеќезначен, но малку повеќе ги исплеткал работите, па можни се многу делумни интерпретации на значењата.

Филмот може да се следи линеарно и функционира и така иако на тој начин не дава одговор на повеќе прашања. Но повеќе од јасно е дека дејствието не е прикажано линеарно туку е фрагментирано. Скинатата фотографија, телефонските повици и коментарот за боровинките од мајката се директни показатели за тоа. Реакциите на ликовите исто така укажуваат дека работите не се такви како што ги прикажува линеарниот тек. Има и други индиректни, но тие се повеќе навестувања кои може и поинаку да се толкуваат. За жал овие показатели доаѓаат кој крајот на филмот. Бо првата половина воопшто не се прикажани „правилата на игра“ како што е тоа во други филмови од овој тип, а со тоа и не се оправдуваат необичните постапки на ликовите. Тоа му овозможува на авторот полесно да го манипулира гледачот. Откако истите ќе се воспостават, доцна е за враќање наназад и барање на вистинската интерпретација. Затоа што со новиот поглед на работите, поставените постулати веќе наголемо чкрипат. Делчињата од слагалката веќе се измешани а веќе не знаеме која слика треба да ја составиме.

Кој е вистинскиот а кој е измислениот-потсвесниот-поделениот? Логиката вика дека професорот треба да е вистинскиот/првичниот. Затоа што не можеш да станеш професор по историја на факултет затоа што така ти дувнало едно утро. А имаме и објективен показател дека навистина е професор, постои на веб страницата на факултетот. Од друга па страна, ако одлепиш лесно можеш како актер да се пријавиш во агенција. Но и тој е исто така одамна присутен, бил статист во дури три филма, кои се достапни за изнајмување. Плус жена му го знае како актер, професорот и е непознат. Актерот е тој што сака боровинки, тоа го знае и мајка му, професорот не ги сака. Значи филмот вели дека професорот е „новиот“. Која нишка и да ја фатиме, се замрсува. Не можат да се одредат почетокот и крајот. Можат само да се следат до некаде и потоа да се смени правецот.

Ако ова го прифатиме, тогаш филмот е одличен. Го постигнува оној WTF (КК) момент, затоа што делува убедливо. Отвора простор за најразлични интерпретации. Ако не го прифатиме, тогаш станува нелогично претенциозно дело од типот сакам кажам не знам речам. Се зависи од точката на гледање, којашто и филмот не ја одредува туку вели одберете си ја. Јас одбрав да не прифатам.

Ми пречеше и тој постапокалиптичен колорит, како и отсутноста на туѓо присуство во филмот. Беа во вистинска функција на постигнување на атмосферата на филмот и на состојбата во која беше ликот, но не ми се допаѓаа. Премногу надреално изгледаа, уште една нота која треба да му даде уметничка тежина на филмот. За разлика пак музиката беше одлично вклопена.

Режисерот го постигнал тоа што сакал да го направи. Но јас не добив задоволителен филм.

6/10
 
Член од
31 јануари 2018
Мислења
99
Поени од реакции
48
и што беше со филмот. бавен безвезален. што се деси ништо не се деси.
3/10
 
Kajgana Shop

На врв Bottom