FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Wolf Children

Аниме кое ме освои.
После оние старите легендарни анимеа, Wolf Children ја има таа поучна приказна која ќе ве остави без здив, ќе ве натажи, расположи, замисли, а после се ќе ве направи помудри и поспокојни.
Аниме кое го обработува модерниот брз живот и бегството од истиот. Како да се најде внатрешниот спокој и да се спои со природата. Среќата е во малите нешта. Во макотрпната работа што сте ја пружиле, и берењето на плодот подоцна.
Не учи и како да се спријателиме со луѓето, комшиите. Светот е едно сурово место и сами не можеме да успееме, но со подршка од најблиските, ќе ја постигнеме својата среќа и задоволство.
Ни одржува и лекција за патиштата низ животот и изборите кои ги правиме. Секој самиот е одговорен за нив и секој треба да си го следи својот пат и да продолжи таму каде што припаѓа, па макар тоа било и дивина.
Тагата на еден родител, една мајка која после долги години посветување на својот живот овозможувајќи им на децата подобар живот. Учејќи ги и градејќи ги, доаѓа до моментот на разделба. Моментот кога истите се доволно големи и треба да го продолжат својот пат.

Аниме кое навидум не изгледа како во него да се случува многу, но кажува многу.

Мала, слатка лекција која ни вдахнува мудрост.

9
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Wolf Children

Ова е мојот втор филм на Мамору Хосода, по Mirai, и морам да признаам дека за нијанса повеќе ми се допадна. Хосода го споредуваат со Мијазаки, и во некоја линија, морам да се согласам, зашто налик на Мијазаки, приказните му се невини, навидум едноставни но од нив можат да се извлечат длабоки поуки, најчесто го отсликуваат животот и секогаш (или барем тие 2 филма кои јас ги имам гледано) се без негативец. Плус тука е тој некој анимализам, или свртување кон природата, правење паралели меѓу човековите норми и природните законитости... Но, јас некако повеќе би го споредил со Макото Шинкаи, и особено со неговиот 5 Centimeters Per Second. Откако го гледав тој филм, толку лирско нешто на екран, не се сеќавам дека сум гледал. Толку тивко, толку смирува, особено со таа прекрасна амбиентална музика која цело време оди во позадина, но и со прекрасните анимации кои не, никако не може да се лоши во едно аниме. Исто така, имаше некоја таква dreamy-like атмосфера, исто како кај Шинкаи, зашто и тој користи наратор во (и кај него) двата филма кои сум ги гледал, и тоа создава некој впечаток како да си влезен во нечиј сон, или како ти да сонуваш... или како да се враќаш некаде далеку, во минатото и мечтаеш за она кое поминало. Плус, и Wolf Children и 5 Centimeters Per Second се приказни за љубовта - секој на свој начин претставувајќи ја.

Wolf Children е филм за ако те боли главата, ако си под стрес, анксиозен или нервозен. Уверувам дека би имал седативен ефект кај секого.

7/10
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
На слатки маки бев кој филм да го предложам... па на крај решив да направам една кратка пауза од азијциве...и да "го ископам од калта" британско-канадскиот The Reflecting Skin, сензацијата на Канскиот Филмски Фестивал '90-тата, кога е прогласен од критичарите за "déjà un culte" ("already a cult"). Уживајте. :)
download.jpeg images.jpeg
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.182
Поени од реакции
8.808
Многу ми се насобраа, ко на секој два дена да се менува филм се осеќам последните месеци. Нема да е проблем да гледам кој ќе ми текне од изминатите и да пишам така @Zlatikevichius ? Ќе ми ги пишеш оцените и ќе ми ги бришеш црните квадратчиња?
Разгледав во сите 34 ((n)) неизгледани филмови и решив чистката да ја почнам со Billy Wilder и love in the afternoon и ако се сеќавам добро @Corvus.
Love In The Afternoon
Во ваквите ром-комедивчиња нема замарање и мозгање, неколку пати ќе се насмееш, неколку пати ќе воздивнеш по Одри, неколку пати ќе воздивнеш за таква љубов (љубов ко демек така да сакаш некого не за љубов со 30 години постар маж), ќе си ја стоплиш душата и пошто друго и не ни треба да се бара во ваквите филмови, грев е да му лупнеш ниски оцени и да филозофираш премногу, пошто затоа се создадени, за уживање и одмарање. Една љубовна приказна која не ти го суши мозокот.

Јас секогаш читам се до ситница за филмовите што ги предложувате и тука има една ептен слатка пријателска приказна позади филмов и освен што Gary Cooper е како татко на Одри друга замерка немам, некако не можам да преминам преку тоа, а како што прочитав и јавноста не преминала и како причина што филмот во тоа време бил слабо посетен во кината е баш поради скоро 30 години постариот Gary. Бљак, ама ете тоа е.
Дедо Били си гледал бизнис ваљда и си одбрал звучни имиња за пари, одбивам да размислувам за некоја педофилска жичка.

И друга замерка, не за филмов него општо што имам заприметено кај овие филмови е тоа што бракот не се смета за сериозна работа посебно ако главниот лик има афера со другиот главен лик, а сопругата е споредна, што ми ствара контрадикторни мисли зошто гледајќи ги баба ми и дедо ми и сите тие +70 среќни брачни парови, не мислам баш дека е така.

Филмот ја претставува почитта на режисерот спрема неговиот омилен режисер Ернст Лубич, а осумката ја претставува почитта спрема еден од моите омилени режисери иначе ќе беше 6 или 6.5. 8/10
1567595319256.jpeg
Ќе ја заборавев и модата. Фустани до колена кои го следат телото, раскошни бунди, па тоа шапки, па и додатен шмек што тука е и Париз.... Совршено. Треба и некоја малце женска тема да направиме, мода на филм :P Јас ги номинирам сите филмови со Одри.

И ништо ваше не сум прочитала ако се повторувам со некој, а сигурно се повторувам за тоа дека нема смисла со годиниве, сега ќе ве читам и ако имам време ќе пишам и за друг зошто имам уште.


Два имам гледани а не сум пишала, ако може а може секако по сеќавање ќе пишам зошто добро се сеќавам пошто едниот го кажав јас.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Wolf Children го гледаа само четворица и му дадоа средна оценка 6,8. Го испуштија: @moongoses (1 филм, и тоа like, ever), @wot (2 филм) и @Corvus (3 филм - бај бај Корвувче до следното враќање :love:).
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.182
Поени од реакции
8.808
Detour 1945

Филм снимен за една недела, со Б класа актери и мало буџетче, раскажан директно и со самосожалителен глас и се тоа звучеше толку искрено и вистински затоа што актерот всушност и си живеел таков насилнички живот. Бил солиден боксер кој ја завршил кариерата поради премногу насилство и на крај завршил во затвор за убиство на неговата трета жена и починал само 4 месеци откако си ја отслужил казната. Несреќен живот.

Нискиот буџет и времето на снимање се ептен очигледни, посебно кај сцените со возење во автомобилите, ноарите не изгледаат вака ефтино, иначе класика ноар во се друго, насилство, црнила, магли, местенки, убиства, каење, небричени мажи, фатални жени, сексуална слобода и многу виски.

Филм без позитивни ликови и победници и филм кој животот го прикажува како крајно бесмислен и безначаен, во него ликовите изгледаат толку ситни и мали, а се друго црно, огромно и сурово. Не е за луѓе со кревка психа што не се задоволни од себеси, доволно е еднаш да го гледаш, ете мојата психа некако успеала скроз да го избрише од сеќавање, а сум го гледала. Не се осеќам вака за другите ноари, не е баш добар избор за да натераш луѓе да сакаат ноар, освен што е и толку мрачен, не е и нешто посебно интересен. 7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
The Reflecting Skin

WOW! Најискрено, не го очекував ова. Навистина комплексен филм. Ме потсети многу на I'm Not Scared на Габриеле Салваторес, по сценарио и според истоимениот роман на еден од моите најомилени писатели, Николо Аманити. Тој е доста понов филм, но се бави со истата тематика. Овде беше дури и поексплицитно претставена coming of age драмата кога возрасните немаат време да ти ги објаснат сите оние работи кои се случуваат околу тебе, а единствените „рационални“ објаснувања кои сам можеш да си ги дадеш мораш да ги црпиш од твоите фантазии. Сите сме биле деца, сите сме се соочиле со милиони стравови и секој од нас може да се пронајде во барем една сцена од било кој од двата филма. Reflecting Skin беше едно навистина вонемирувачко искуство, но толку реално претставено, што ти доаѓа тебе на крај да викаш. Од тука може да се извлечат многу поенти, да се анализираат многу симболи, да се дебатира, дискутира... Па ве чекам. Може ќе додадам уште нешто откако ќе ми легне, зашто сега за сега се уште одѕвонува целиот тој немир донесен со една лиричност и визуелно мајсторство, па под целиот тој восхит, навистина не знам што да додадам. 9/10 од мене, и големо браво и благодарност до @Vlatko_Gjorce за изборот.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Го испуштија: @moongoses (1 филм, и тоа like, ever),
Да бе, нели до септември ќе траеше паузата. Сред август сте пуштиле филм.
Ама ја стигнав... :)

Wolf Children (2012)

Филмов е за судбината на една девојка, која што ќе се вљуби во момче кој е всушност волк и откако со него ќе има две деца, исто волчиња, тој ќе биде убиен и таа ќе мора самата да ги одгледува. Тоа е на кратко содржината во стилот „на брат му му ја скршија кичмата“. Приказната може да се гледа како таква, бајка ли е што ли е како литература, можеби @Zlatikevichius може да помогне во одредувањето на формата. Но може да се гледа и како метафора, волкот да е напр. некој јакуза.
Во секој случај универзална приказна од чие било секојдневие, исто како и пораките што ги испраќа.
Цртежот прекрасен, неверојатен колор и детаљи. На повеќепати се запрашував да не гледам фотографија, особено деловите во градот. Но истото не можам да кажам за анимацијата. Позадините статични, воопшто да немаше движење, за паралакса збор не станува. Што се однесува до ликовите и објектите, некои одлично анимирани, некои едвај. Музиката фина, прикладна на приказната.

7/10

The Reflecting Skin (1990)

Уште на самиот почеток, кога ја надуваа жабата преку клоаката и после кога пукна и прснаа две кофи крф, јасно ми беше дека ќе гледам филм што ќе нема врска со реалноста. Филмов е како Дејвид Линч за почетници и со деца. Сместен некаде на крајот или веднаш по втората светска војна, на фарма со бескрајни житници, каде сите се знаат едни со други. Како прилега на стилот, сите ликови се ексцентрични и имаат свои тајни или настраности. И наеднаш исчезнуваат деца, се обвинуваат жителите меѓу себе, а никому не му се сомнителни четворица новодојденци во црн автомобил.
Прекрасно снимени пејсажи, зрелото класjе постојано се ниша од ветрот, под чистото сино небо. Сите екстериери снимени на само зајдисонце, што уште повеќе и дава една магична димензија на сликата. Музиката убава, но како на моменти да препознавав мотиви од класични дела. Гледлив филмот, бавен, се се одвива полека, но воопшто не ме натера да се обидам да го анализирам или да барам значења на чудните работи, доколку и имаше што да се бара.
Едно оцена плус за пејсажите, заради нив и беше гледлив.

6/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
а никому не му се сомнителни четворица новодојденци во црн автомобил.
Можеби затоа што никој не ги ни забележува, само случајни минувачи се, нивното поминување некако како да не ги допира нивните животи, навидум, но сепак остава траг за кој тие не се свесни. Шерифот, на пример, во ни еден момент не ги забележа, не поминаа кога тој беше присутен, единствен кој ги виде беше малиот, но тој не можеше да најде конекција меѓу нив и убиствата, зашто сите возрасни беа презафатени за да му ги објаснат концептите на живот и смрт, детето не знаеше ни што е тоа ангел, а што вампир. Мајка му беше опседната со чистење и со својот живот, со блага ментална ретардација и OCD, татко му беше презафатен со евтините книжулиња во кои бараше утеха од тоа што нне можеше да ја поднесе жена му. Плус, шерифот беше далеку од компетентен да биде шериф. Изгледаше ко да бил во војна во Виетнам, а тој, кутриот, испоосакатен од животни.

Друго објаснување: дејствата во филмот беа низ призмата на детските очи. Можеби на некој од жителите и му биле сомнителни минувачите со црниот автомобил, но тоа никој не му го кажал на детето, па затоа он не можеше ни да претпостави, а со тоа, не го ни видовме истото на екранот.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Можеби затоа што никој не ги ни забележува, само случајни минувачи се, нивното поминување некако како да не ги допира нивните животи, навидум, но сепак остава траг за кој тие не се свесни. Шерифот, на пример, во ни еден момент не ги забележа, не поминаа кога тој беше присутен, единствен кој ги виде беше малиот, но тој не можеше да најде конекција меѓу нив и убиствата, зашто сите возрасни беа презафатени за да му ги објаснат концептите на живот и смрт, детето не знаеше ни што е тоа ангел, а што вампир. Мајка му беше опседната со чистење и со својот живот, со блага ментална ретардација и OCD, татко му беше презафатен со евтините книжулиња во кои бараше утеха од тоа што нне можеше да ја поднесе жена му. Плус, шерифот беше далеку од компетентен да биде шериф. Изгледаше ко да бил во војна во Виетнам, а тој, кутриот, испоосакатен од животни.

Друго објаснување: дејствата во филмот беа низ призмата на детските очи. Можеби на некој од жителите и му биле сомнителни минувачите со црниот автомобил, но тоа никој не му го кажал на детето, па затоа он не можеше ни да претпостави, а со тоа, не го ни видовме истото на екранот.
Детето виде како неговото другарче влегува во црниот автомобил. И после тоа беше исчезнато се додека не го пронајдоа мртво. Не беше толку мало ни глупаво детето за да не ги поврзе тие две работи, единствено што може да се оправда е дека од страв не кажа ништо.
Татко му беше нереализиран хомосексуалец и повеќе ми изгледаше дека жената не го поднесуваше, отколку тој неа. Постојано му префрлаше дека мирисал на бензин и моторно масло. А човекот само чесно си работеше на бензинска пумпа.
Не може никој од целиот град да не го види црниот автомобил, а дури тројца од главните ликови да влезат баш во него и да бидат убиени.
И тоа скаменетиот фетус, втф?
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Црната кола по мене ја претставува смртта.
За фетусот и мене ми е тоа мистерија...
но како и на пр. на Линч филмовине така и овој, не мора да го разберам (докрај) за да уживам во него и ме воодушеви, поважно е мислам како ќе се доживее и впечатокот што ќе ти го остави
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Не беше толку мало ни глупаво детето за да не ги поврзе тие две работи, единствено што може да се оправда е дека од страв не кажа ништо.
Детето не знаеше што е тоа ангел, ни вампир, ни смрт. Ако се плашеше, немаше да разговара со странците во црниот автомобил, а тој разговараше како да ги знае цел живот. Плус тој шерифот кога го прашуваше: " дали татко ти те допирал некаде", му одговори "да, во кујната". Детето беше неуко, просто селанче. Едноставно не можеше да разбере некои концепти и поими, не дека се беше уплашило. Единствено нешто од што се плашеше беше вампирот кој всушност и не постоеше.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
The Reflecting Skin
(ориг. наслов - Аmerican Gothic)

"Oh... innocence can be hell."

Или, кога Линч би го режирал Days Of Heaven на Т. Малик...полн со симболики, бизарни ликови, и визуелно преубав. Described by its director as a "mythical interpretation" of childhood.

Црната кола реков за мене ја претставуваше смртта како една од многуте чудни неразбирливи работи со кои се среќаваш како дете. А крикот на крајот, сознанието дека злото го прават луѓето (брат му и војната...) а не вампири дека нема ништо тука суперначурал,... коруптивното влијание, од кое детето не можеше да избега, на тоа рурално гратче кое постепено пропаѓа, тоа за мене беше толку добро доловено, таа изолирана аморална нездрава средина која го опкружуваше, стравот на тие луѓе од соочување со реалноста и самите себе затворени во некој свој свет, барајќи ја вината секаде освен во самите себе...и преку нив прикажаната фрагилност на егзистенцијата. Го пратиме детево како се повеќе навлегува (како кога се движи низ класјето) во тој застрашувачки комплициран свет на возрасните исполнет со лудило, разочарувања/неуспеси, суровост/насилство, смрт...и сето тоа е "нормално", дел од реалноста, како што вика слоганот sometimes terrible things happen quite naturaly, и во сето тоа детево, како што кажа Злате, се обидува на некој негов начин оставено без одговори да најде во сето тоа некаква смисла, нешто што и на возрасните нели не им поаѓа секогаш од рака.
(А има една теорија... дека детето е убиецот...поготово на крајот кога додека збори со "вампирката" црната кола се појавува наеднаш од нигде никаде и почнува неприметно да се доближува во позадина. А и со едново дете се караа нели у еден момент чив да бил ангелот....
:toe:)

Детево си ја заврши одлично работата впечатливо да го пренесе ликот, а и Виго Мортенсен и начинот на кој ненаметливо се вклопи во филмов.

Haunting атмосфера, музика. :cuc:

А сцената со жабата мислам дека никој нема да ја заборави :D , тоа ми е прва асоцијација на филмов. :D

Hidden gem, од оние филмови како Д.Дарко кои со тек на време со уникатноста сé повеќе ми се издвојуваат од останатите и растат у моиве очи.

9/10 од мене
 

Kajgana Shop

На врв Bottom