FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.407
Поени од реакции
9.290
Мене ноарите ми се толку помешани, што само на два дали се сеќавам како што треба. Филмов ко прв пат да го видов сега, а сум го гледала и 7 сум ставила. Ќе пробам да видам дали ќе се сетам на нешто за да пишам, ако не ќе го гледам пак...
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Сакам да се заблагодарам на сите шо ми го испочитувавте првенчето у клубов.
Филмот е краток,едноставен и доволно моќен нема конфузи,нема расправи.9/10
Продолжуваме понатаму останете на истава фреквенција.
Секоје добро.
-whatto
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283


И после 4 години пак уживање во најдобриот "Б" ноар. Најмногу заради ликот на Вера и како фантастично беше изглумен, едвај чекав да се појави. Плус и динамиката со главниот лик, од понижување до пуштање.
И приказната интересна со ироничните заплети и "убиства".
Се гледаа недостатоци во техничкиот дел, да, having said that (@Anon @whatto CYE), завршниот продукт беше доста добар.
Кратко јасно динамично и слатко, 8/10
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ај некој нека ми пуштил линк од торент по пп :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.373
Завршивме со Detour на @whatto . Го гледаа седуммина и му дадоа средна оценка 7,6 која е втора највисока средна оценка за филм од четвртиов круг. Го испуштија: @wot (најавено отсуство, ништо страшно, ќе надомести), @Bojan Van Buuren , @ManUtdChampions (на сите тројца прв неизгледан), @MyloXyloto , @devilko и @Хоуп (на сите тројца втор неизгледан).

Следен предложува @ManUtdChampions со кого одамна не сме се дружеле. Ги имаше Alive и Time to Kill во првите два круга, а во третиот беше отсутен. Еве го сега пак, го чекаме до вечер до 20:00 да ни каже кој е филмот кој го избрал, ако го нема, јас ќе ви кажам.

Инаку, ова е веќе 60 филм во клубот! Ова прерасна во нешто во кое никогаш не очекував дека ќе прерасне. Фала ви дечки, најдобри сте!
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Прво, фала на можноста да предложам филм, иако искрено сметам и дека не заслужувам. xD Сепак, кажав дека последниов ќе го изгледам обавезно, така да утре или најкасно во среда ќе одвојам саат време за Detour. :)

Јас ќе ве префрлам во Шпанија, а филмот кој што го одбрав е Marshland (2014). Мислам дека поголем дел од членовите на филмот го немаат гледано, a и јас самиот го имам подзаборавено, па и јас ќе го изгледам уште еднаш обавезно. Неам ни многу време за некоја спектакуларна најава, еве скоро 8 ќе дојде, така да тоа е тоа од мене. Се надевам ќе ви се допадне. Позз :P
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Филмов го имам гледано на Sep 05, 2017
Еве што стои во извештајот.
Колку сум откачен хехехехе.
ама ќе го глеам пак интересен е

whatt0’s review published on Letterboxd :
Шпанциве немат памет тоа е тоа.
Дефиниравме.
Продужуваме даље да пливаме у длабоки шпански пресврти и откаченостИ.
и ДА ќе забораев филмов вади бољи дронски снимки од трски него ли сите Њујорк и Калифорнија панорама кадри укупно.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
La isla minima (2014)

Филмов го гледав скоро, пред неколку месеци, кога затерав една серија шпанско/мексикански/аргентински трилери, криминални и сф филмови. Речиси сите беа одлични, вклучувајќи го и овој наслов. Иако не се сеќавам на сите детали, не би го репризирал затоа што со позната приказна и расплет нема веќе да е тоа тоа.

Се работи за случај на две исчезнати девојчиња во една пустош во Андалузија и истрага која ја спроведуваат двајца детективи од голем град кои баш и не се поднесуваат. Приказната а уште повеќе атмосферата и ликовите потсетуваат на серијата „Вистински детективи“. По некоја случајност серијата ја гледав пред филмот, но слободно може да се каже и обратно, со оглед дека филмов и серијата се врсници.

Феноменално оцртани ликови, прекрасни пејсажи од кои демнее опасност, честопати снимани од голема височина. Цело време една напната и ежава атмосфера. Ликови и настани коишто воопшто не се такви како што изгледаат на прв поглед. Клопчето се одмотува во потполно поинаков правец одошто е на почетокот навестено. Уште поголема тежина дава поврзаноста на некои ликови со настани од блиското бурно минато во Шпанија, коешто за жал не ми беше познато за да го разберам подлабокото значење.

Сцената пред крајот со дождот кога го бркаа лошиот ми беше некако непотребно предраматизирана, како во холивудски стил.

8/10
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Инаку Zlatikevichius да те пофалам вака јавно за тоа колку труд улагаш у се ова.
Шо се покушаваш да држиш под конец:Film Club,5X филмски предизвик v.2/2018,Moviespotting,Kajgana Movie Awards,КАЈГАНА ТОП 250(океј иако ова е за навек али ипак).
Како и да е не учествувам у ниедна твоја тема освен фајтка(сеа не ми кажувај ама еве ти причина плус чим ти се допаѓа моето функционирање овде на форумов да се приклучиш во некој од темите шо ги наведе НЕ нема да се приклучам ама продолжи да ги негуваш као да ти се новороденче.
Уше еднаш да се повториме Браво за трудот (y) /
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.373
Фала @whatto , ми значи. Инаку, да, наградите одземаат време и енергија, кајгана топ 250 беше исцрпувачко искуство кое не би го повторил ни за пари, ама клубов, 5х предизвикот и особено Moviespotting и не бараат така многу труд. Ако ги имаш фатено конците в рака, редовно да update-уваш листи и табели, ко ќе видиш на крај - и не правам нешто посебно.

Ама во секој случај ми значи поддршката, фала. ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.373
Јас го гледав La Isla Minima уште во вторникот, но поради ненормално напорната недела за мене, не стигнав ништо да пишам. Филмов неверојатно потсетува на True Detective, тоа е неоспорен факт, и по атмосфера, нивото на дијалозите, кинематографијата, музиката, приказната... И тоа не е лошо, воопшто. Ликовите се перфектно извајани, до најситни детали. Се гледа болката во очите на мајката, таа нишка на перверзност/настраност во очите на едниот детектив за кој колку и да си велиме дека е ОК, дека е на „страната на добрите“, сепак тоа не потсетува дека стои на тенката црвена линија помеѓу нормалното и страната на психопатите (барем јас така го почуваствував)... Ова е еден од оние филмови во кои не можеш до крај со сигурност да кажеш кој е добар, а кој лош лик. Зад секое ќоше се крие опасност, секој има некакви свои мрачни тајни, поврзани или не со убиството на девојките, секој е на некаков начин поврзан со нив, и крие нешто... На некој начин ова може да се чита и како метафора за човековата нарав, ако одиме во подлабока анализа. Она што мене особено ми се допадна, пак, се пејсажите снимени од птичја перспектива (повторно метафора: ги нема луѓето, тие се толку малечки, најчесто не се ни гледаат во кадарот, а сепак прават толку лоши работи, што менуваат нечии цели светови):

Screenshot_1.jpg Screenshot_2.jpg Screenshot_3.jpg
Она пак, што не ми се допадна во филмот е pacing-от, темпото со кое се придвижуваа работите. Може е до мене, може во таков mood сум бил во моментот, но ми делуваше преспор, и на моменти ме фаќаше досада. Затоа и не му ставив повисока оценка од 7/10, иако, генерално можам да кажам дека е одличен филм, и веројатно, објективно, заслужува и повеќе.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Marshland

Стандардно солидно просечен филм со murder investigation. Не ми понуди ништо ново, не беше досаден. A mind fuck here and there.
7/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom