FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Ааааааааааааааааааааааа, ugh! Поидиотски филм немам изгледано од Purge кога беше предложен. Многу ми е криво што не ги стрелаа на крај, поетска правда за времево што го поебав. Колку не ми беше гајле за филмов, и за ликовите, и за Пиноче, и за децата што ги силуваа, и за Револуцијата, и за сектата... можеби само за Урсел ми беше гајле малку, и секако дека баш таа умре.
Не знам од кај да почнам, обично кога имам некои замерки за филмови во контекст на нелогични дејства од ликовиве, доаѓам и викам „Па... имаше нелогичности, ама добро ајде сега, не му замеруваме за тоа зашто не е тоа целта на филмот“, епа сеа има да каматирам за сите тие прогледувања низ прсти, зашто кога ќе ми дојде филм и ќе ми рече Inspired by true events има да вадам дупки ко да ме плаќаат за тоа. Ај да почнам со ликовите, поретардирани ликови немам гледано на филм од не знам кога... Не знам кој е поретардиран, дали Даниел со апаратов што оди чкрапа таму полициска бруталност во држава под режим, или оваа глупачава што влезе во секта што ни знае како функционира, ни знае дали Даниел е воопшто жив. Што се мисли дека е, Лара Крофт? Што е ендгејмот тука? И што мисли да направи и кога би го нашла? Не мисли дека е потешко да избегаат двајца, отколку да избега еден? Не ми е јасно, како мислеше да му асистира во бегството, освен како human shield не гледам тука повисока цел на нејзиново присуство во овој логоров Аушвиц за Амиши. Очигледно дека имаше никакво знаење за сектава зашто појма немаше дека одделно живеат маживе и жениве у логоров, да знаеше сигурно немаше да оди... а и кој оди да се вклучи во секта со никакво предзнаење бе, што е со ликов, не е воопшто реален иако треба да е инспириран од вистински настан и од вистински луѓе, кој праи вакви работи во светов? Ex machina моменти милион, многу ги мразам во филмови што треба да пренесат реални ситуации, што е поентата на филмов што сака да пренесе реална ситуација и ми ја шминка со драматичност? Даниел го активира алармот моментот кога требаше да ја претепаат Лена, зошто? За да го омекнат филмот? Која порака тогаш сака да ја пренесе филмов? Не е поентата да го видиме ужасот на Колониа Дигнидад, зошто ми го цензурираш ужасот тогаш? Зашто и да е ќе се префрлам на друга сцена. Гизела ја наоѓа сликата од подземните тунели>ја носи Лена кај Шејфер>Даниел кажува дека е негова>го носи во темната соба да му покаже кај ја нашол>се враќа Шејфер и вика Излегувајте курви>курвите излегуваат и Лена ја онесвестува Гизела со шипка по череп>се пушта аларм>се пушта аларм>insert Gru meme here. Зошто се пушта аларм? Кој го пушти алармот и како знае типов што се дере преку мегафон дека овие се во процес на бегство? Во кој универзум сценава е реална? Сеедно. Бегаат и одат во Амбасада, што е првото што го прават кога ќе влезат во Амбасада? Се разбира дека се расфрлаат со сликите пред дипломати во корумпирана држава под режим! Мистерија е како телетабисиве упорно преживуваат, i mean it's beyond me како до сега се немаат самоутепано некако несакајќи. И филмов упорно не сака да заврши, таман реков еве го се смири, ајдеееее нов заплет на 5 минути пред крај, апсолутно непотребни сцени кај што се бркаат со Шејфер низ аеродром. Bruhl одлично глуми ретард, секоја чест за чоеков. Ама хемијата со Ема беше практично непостоечка, изгледаа ко да се комшии што еднаш дневно си разменуваат по едно непријатно Добро утро. Некаде на почетокот ликот на Ема имаше некои тизачки обиди кон ликот на Даниел :'))), се надевам не им беше толку непријатно да ги снимаат колку што мене ми беше непријатно да ги гледам. Катастрофа, значи.... доста е ајде.

5/10 како и да е, не можам ни да ја оправдам оценкава, најмногу ради Purge му ја давам зашто исти ми беа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
10-мина го гледаа Colonia, и му дадоа средна оценка 6,2. Го испуштија: @MyloXyloto , @devilko , @Хоуп (на сите прв неизгледан), и @AceCaleb и @Zarniwoop (трет неизгледан = црвен картон, т.е. губење на правото да предложуваат филм, се додека не се вратат и не изгледаат барем еден од последните 3).

Кога сме кај тоа правило, ќе направиме мал update на истото, за да не се случи некој кој го изгледал првиот и вториот филм, пред две години и три месеци да се врати и да го изгледа само последниот, и со тоа да може да предложува, зашто навистина не е фер спрема сите оние кои се тука цело време. Ние имавме нешто неофицијално (да изгледаат минимум 3 филма од тековниот круг), само сега ќе го видоизмениме истото со следниот

АМАНДМАН БРОЈ 2:
Право да предложуваат филмови имаат членови кои кога ќе им дојде ред да предложуваат, ќе имаат изгледано
-минимум 1 филм од последните 3 и;
-минимум 3 филма од последните 5 или минимум 5 филма од последните 10, сеедно.

Сега одиме со следниот, 59-ти филм во клубот. Конечно дојде редот на најнестрпливиот, @whatto и тој избра нешто навистина уникатно:

whatto напиша:
Дами и Господа

Дојде и мојот ред,дојде време јас да стапнам во филмскиот клуб на Кајгана и да го презентирам(not) своето првенче но пред тоа да направиме малку talk-codplay.
Навистина овој првенец доаѓа во едно искрено една непопуларна филмска атмосфера која како црн облаг се протега над мојата соба.Искреноста е клучот.Историјата е сведок.
Тешко е да се говори навистина ова се тие неславни филмски моменти,големи празнини,презаситеност,време,живоТ.Ова е една совршена компилација на многу фактори кои говорат за падот на гледачот,за падот на учеството во градење високатница на филмски бројки можеби звучи смешно ама е вистина и се случува.Гледачот се соочува со рефлексија навистина чудна и невообичаена зачудувачка одбивност која не била показател во минатото.Само искрено се надевам дека се работи за временски период,а не континуитет.Има доста да се говори но ќе мора да се застане тука.Емпатија:pos:
Вилиајам Икес: Комплексна форма на психолошки инференција во која се комбинирани набљудувања, меморија, знаење и расудување за да се добие увид во мислите и чувствата на другите.Симон Барон-Кохен : Емпатијата е спонтано и природно подесување во мислите и чувствата на друго лице, без оглед на тоа што се. Постојат две главни елементи на емпатијата. Првиот е когнитивната компонента: Разбирање на други чувства и способноста да се презема нивната перспектива, а вториот елемент на емпатијата е афективната компонента. Ова е соодветен емоционалниот одговор на набљудувачот на емоционалната состојба на друго лице.
Сега да се вратиме на она што и првично требаше да биде напишано.The Mystery Man follow me.

Филмот кои ќе биде на менито е Detour (1945).
Се враќаме 73 години назад/
Зошто овој филм?Бидејќи нема ништо подобро од краток ноир.Перверзи.
Филмот е во времетраење од 1час и 8 минути.Почетокот-Крајот-Вулкан.
Гледајте го/
Секое добро.
-whatto
Значи, ако добро ме држи меморијата, ова е прв класичен филм-ноар во клубот, со сите марифети. И воедно, со само 68 минути должина, еден од најкратките филмови кои сме ги гледале (верувам ова сите ќе ги израдува, а особено @Anon ). Ако не сфативте од тоа погоре, филмот е Detour (1945).

@џимеј , те молам насловот - Film Club (Detour (1945): 19.03- 01.04)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Коа пишува whatto we all need one of these books

Ја,Деадлус и Гиш тие сме таа екипа
Cannot agree more, хахахаха, ама овојпат не мислев на тоа, туку дека немаше линк до филмот ставено. А инаку, знаеш колку пати сум ти ги прочитал мислењата по 3 пати и пак не сум разбрал? :D А понекогаш пак, читам, читам, читам, стигам до пола некаде, и си се откажувам. Ама во последно време почнуваат да ти се појавуваат по некоја точка и запирка, па и не си така нејасен веќе. ;)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Јас двапати го прочитав претставувањето, вториот пат со големо внимание и ништо не разбрав освен насловот на филмот. И него од насловот на темата го дознав :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.625
This movie smells of whatto. Well actually, it reeks whatto.
„Конфузен“ филм како и постовите на вато. Ќе се зазбори нешо ликов и наеднаш ќе отиде у некој друг правец но сеуште ќе има горе-долу некоја логика.
Вато, ти си направен според филмов!

Не можам да кажам дека ми се допадна филмов, не можам да кажам дека не ми се допадна.
Чепка теми ама не ми ги дочепкува.
Имаше некој шмек на Twilight Zone, на A Clockwork Orange.
Со 67 минути не може да ме исполни целосно, иако океј беше раскажана приказната.
7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Прва работа што ми падна в очи: многу лошо сочуван филм. Очекував на сред гледање да се скине лентата и да сопре, дури! Ама тогаш ќе ми текнеше дека живееме во дигиталната ера... После си праев филмови дека сепак може. HDMI да ми се скине, рецимо... :D

Втора работа - премногу наратор! Па да земеле, мајку му, и да не го ни снимеле, ако не? Да го направеле радио драма? Не дека мразам наратори, напротив. Само да се во функција на придвижување на приказната, а не да ни ја прераскажат цела приказна, од А до Ш.

Ама не беше до толку лошо де. Не беше до толку „ноар“. Ми се допадна што беше краток, ми се допадна оригиналноста на приказната. Моментот со качувањето на Вера во колата ме потсети малку на Казабланка - „Of all the gin joints, in all the towns, in all the world, she walks into mine.“, иако во различна конотација. Ми се допадна крајот - малку и отворен за толкувања, недопишан, недокажан. Баш го ублажи тоа што ми сметаше до тогаш - што сѐ беше кажано. Буквално! Ми се допадна глумата на актерот во главна улога. Актерките ми беа грди, двете. И кога ќе врзиш сѐ во едно крпче, добив не само еден добар филм, туку веројатно еден од најдобрите ноари кои сум ги гледал, можеби дури вториот, веднаш по Double Indemnity. Одличен избор, @whatto . 8/10
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Torrent od filmov da ne mu se naogja na nekoj?
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Torrent od filmov da ne mu se naogja na nekoj?
пп[DOUBLEPOST=1521749931][/DOUBLEPOST]Со оглед на тоа што малку ги подзапоставив ноарите последниов период, ете баш видов последниот сум го гледала на 14ти Декември, предлогов на ватомир ми дојде како кец на десетка.
Стварно краток, ама компактен. Ми се свиѓаше тоа што си ја реализира целта и знаеше кај тера.
Еве Анон вика конфузен, ама Анон го нема гледано The Big Sleep да види што е конфузен ноар кај што не се знае кој пие кој плаќа. Мене па доста линеарен и јасен ми беше, баш како што кажав, знаеше што сака да биде и си ја исполни целта, без додатни side stories, без додатни side plots, без измислени заплети. Еден од наједноставните ноари што сум ги гледала. И функционира супер! Кој сака ноари ќе го сака филмов сигурно. Ништо не му треба повеќе, си го има тој ноар вајб што го дефинира, си има приказна, буквално ништо не му фали и нема вишок. Може нема да им се допадне на фановите кои љубат драматичност, тоа недостига и тоа во голема мера, па има некаков underwhelming ефект ако си навикнат на тој елемент.
Не можам да го сместам кај ноарските великани како што се Double Indemnity и Laura, ама Е солиден ноар и искрено уживав додека го гледав

7/10
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Не можам да кажам дека ми се допадна филмов, не можам да кажам дека не ми се допадна.
Ете!

Краток бре. Кога ќе видам филм под саат и триесет скептик сум, шубе ми е, не сакам да го гледам. На што личи тоа 1 саат филм, додека се наместам, се впуштам во филмот да ме вози он да ти завршил... За филмов можело да се стават нешто повеќе сцени, има дооооста материјал за да се средел. Али како и да е, и за тие саат и пет минути не беше лоша вожњата. Како што кажа Corvus доста линеарен и јасен филм. Малце и комичен ми беше. Ја задави со телефонот :DDDDDDDD. Океј. Ann Savage колку само добро го долови ликот. Listen Mister. Одлична беше.



@Corvus Гледај го малце и на бугарски, да видиш колку е досаден. :D Нема емоции во синхронизацијава, го зборуваат како на пазар да се.

Мислам дека нема средна оценка, а баш би сакал 6.5 да му дадам. На Колонија малце и му попуштив и ќе ме гриже совест ако на овој 6 му ставам. 7/10
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
@Corvus Гледај го малце и на бугарски, да видиш колку е досаден. :D Нема емоции во синхронизацијава, го зборуваат како на пазар да се.
Руски :D
Ги имам слушано цепки се, уште па кога ќе земе тој на почеток глумците да ги чита...
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Руски :D
Ги имам слушано цепки се, уште па кога ќе земе тој на почеток глумците да ги чита...
Не ни приметив... Малце пуштив само сцената во колата со Ann. Shame on me, не знам што е руски што бугарски...
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Detour (1945)

Наспроти конфузната најава, филмот беше јасен :)
Раскажан во флешбек, но со линеарна и едноставна нарација. Секако проследена со внатрешен монолог, доста типично за филмовите од овој период. Нискиот буџет се забележува на сите страни од филмот, но не пречи, дури и стилистички се оправдува. Како на пример маглата додека шетаат по улиците на Њујорк, која всушност крие дека не е Њујорк, а не дека се прави некоја атмосфера типична за жанрот. Главниот лик е губитник, чиишто погрешни постапки го вовлекуваат во се поголема неволја за којашто ја обвинува судбината. Каква па отровница таа девојката што ја собра. Малку наивно како токму на неа налетаа двајцата ликови, како не можеше да ја откачи, а уште повеќе крајот со кабелот од телефонот. Фотографијата имаше елементи од германскиот експресионизам, начинот на осветлување на лицето кога почнува флешбекот, музичарите во клубот и други места. Повторно типично за филмовите од тој период на коишто работеле голем број пребегнати автори од Германија. Најверојатно и тука некој таков замешал прсти, никој од екипата не ми беше познат (освен шминкерот од кланот Вестмур, ама и тие се редовни на шпиците од тоа време)
За мене ноар треба да има гангстери и приватни детективи, се останато ми е драма/мелодрама. Веројатно под влијание на романите на Чендлер и Чини.

7/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom