FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.421
Еве ја конечно анализата за Bitter Moon:

Само четворица го гледаа и му дадоа средна оценка 7,8. Го испуштија: @grande-juve (1 филм), @whatto , @Corvus , @ManUtdChampions и @wot (2 филм) и @Anon (3 филм, со што за прв пат од креирањето на клубот, @Anon испаѓа од листата).
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Cure (1997)

Додека го гледав имав впечаток како да гледам јапонска верзија на „Менхантер“ во комбинација со уште неколку филмови минус музиката. Сцената на плажата кога Мамија се моташе околу наставникот ептен ми наликуваше на сцената на почетокот кога агентот го врбуваше профајлерот, сега веќе им ги заборавив имињата. Главниот лик е полицаец, опседнат со својот случај и истовремено има личен проблем во семејството, конкретно со сопругата. И тука пак ми ѕвони, овојпат ликот на Ал Пачино во „Жега“. @Vlatko_Gjorce, или некој што читал за режисеров, спомнува ли некаде од кои режисери се инспирира?
Од друга страна сопругата пати од амнезија исто како и главниов негативец иако неговата можеби е симулирана.

Стилистички филмот е добро изведен. Има добар ритам со мал празен од некаде после половината. Премногу зрно имаше на сликата, но тоа може да се должи и на некој лош трансфер.

Некои сцени, како на пример таа со пералната не разбрав зошто беа во филмот. Како и многу други ситуации, каде што се отвораат прашања и навестувања, но не се даваат одговори. За да едно време дознаеме дека кон крајот на 19-ти век, период кога филмот како технологија уште не бил или е штотуку откриен, во Јапонија ги снимале психијатриските сеанси!

Многу работи можат да се толкуваат на разни начини, не поврзани едни со други, за да на крајот се запрашаме дали се работи за назнаки и трагови коишто не сме ги откриле и со тоа останале неразбрани или се работи за лошо сценарио и екранизација на истото. Штом се јавува такво прашање, одговорот е секогаш вториот.
Филмов е за шестка, но заради филмската атмосфера едно погоре.

7/10
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Cure (1997)

Додека го гледав имав впечаток како да гледам јапонска верзија на „Менхантер“ во комбинација со уште неколку филмови минус музиката. Сцената на плажата кога Мамија се моташе околу наставникот ептен ми наликуваше на сцената на почетокот кога агентот го врбуваше профајлерот, сега веќе им ги заборавив имињата. Главниот лик е полицаец, опседнат со својот случај и истовремено има личен проблем во семејството, конкретно со сопругата. И тука пак ми ѕвони, овојпат ликот на Ал Пачино во „Жега“. @Vlatko_Gjorce, или некој што читал за режисеров, спомнува ли некаде од кои режисери се инспирира?



Некои сцени, како на пример таа со пералната не разбрав зошто беа во филмот.
Гледам дека и други што го гледале филмов исто го спомнуваат Heat, 7, и Silence of the Lambs (?).

Сцената со пералната и црвениот фустан...гледав прашање му поставија на режисеров за тоа, ама англискиот превод беше лош па колку сфатив, рече дека имало слична едноставна сцена во Дијаболик со голем ефект кај публиката, у филмов во врска со жена му на Такабе...Дијаболик ми е у топ 10 трилери ама само еднаш ми е гледан многу одамна и не ми текнува на која сцена мисли.

Има доста сцени у филмов, на пример во еден момент Такабе го гледаме при крајот исфрустриран како седи дома и после иде ја гледа жена му како спие па оди во кујната зема нож и наеднаш префрла оштро во сцената со автобусот околу кој гледаме облаци ко да лебди а он и жена му се единствени патници на задните седишта, и на крај ја гледаме жена му со пресечен врат со Х???
Или сцената кога Мамија кој цело време е апатичен, почнува да лупа со стол по радијаторот и тоа изазива потреси низ целата зграда??
Некои мислат дека човекот што поминува за момент пред камера на снимката што ја гледаат е Мамија?

Многу работи во филмов како да не се тоа што изгледаат, заедно со негативецот...како филм од Линч...многу работи не се објаснети или двосмислен...ама пак те импресионира...Со тек на време, како што го размислувам, и други што го гледале што ми потенцирале некои работи, порасна филмов у моиве очи. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.421
Cure

Филмов е за шестка, но заради филмската атмосфера едно погоре.
Сосема се согласувам! Филмов ми беше многу спор, некои сцени ми делуваа непотребно уфрлени, или пак јас не им ја сфатив поентата. Друго, некако недефинирано ми делуваше тоа што на моменти ко ништо да не кажуваше (мислам тука, првенствено на ликот на негативецот), а на моменти, пак, ко да кажуваше премногу, па така, од време на време си помислував - ќе беше појако да беше негативецот отсутен и да немаме поим што се се дешава. Но...
...одлична атмосфера. Мене иако Heat ми е најтазе од сите тие кои ги спомнавте, додека гледав, воопшто не ми тегна на него, иако сега, кога веќе рековте, ги гледам сличностите. Но Se7en, Silence of the Lambs па и Zodiac кого не го спомнавте, не можев а да не ги видам тука. Најмногу, во атмосферата, но и во некои елементи на приказната и ликовите, како на пример сличностите меѓу Мамуја и Ханибал Лектор.

Друго, не знам што да кажам. Убаво објаснување имаше Влатко за крајот на филмот. - дека можеби детективот станал хипниотизер, но можеби тоа е само привид во нашите очи, можеби ние сме хипнотизирани од тоа што гледавме до сега, а келнерката го зеде ножот за да пресече торта. Во таа насока, може да се толкува и на тој начин што филмот е приказ на сите нас, на целиот свет кој е масовно хипнотизиран од медиумите, првенствено, и сите наши акции се реакции на она кое ни го сервираат, било да е тоа вистина или лага. На истиот тој начин и настанала таа масовна хистерија во Јапонија која Влатко ја спомена, а за која, да бидам искрен, јас не се сеќавам и не знам ништо.
7/10

@Corvus , @grande-juve , @whatto , @ManUtdChampions и @wot - утре е последен ден!
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Cure (гледан скоро во 5х предизвикот)

Комбинација на трилер/хорор/драма. Си држеше и овој, добра мрачна атмосфера. Исто и повторувачките звуци кои не беа музика доста придонесоа. Многу интересен и јак психо, со константните досадни прашања.
И детективов јак беше и добро одглумено неговото суптилно "полудување".
Имаше една две не толку значајни ситници што ме пецкаа, како на пример на детективов одеднаш, без никакви претходни индикации му текна дека хипнозата можно е да е предизвикана од некоја светлина. Исто и ликот на психијатрот ме нервираше малце. А и малкуцка подолг ми се причини. Али севкупно убаво возеше.
Крајот малку збуни не беше до крај дефиниран, ама мислам дека детективов ја зема "ѓаволската" штафета од психото, и ваљда он го "среди" убиството на жена му(делуеше дека е она) и покрена ново убиство во најава преку келнерката..
7,5/10

Bitter Moon

Не е од рангот на ремек делата на Полански ама пак доста добар. Држеше внимание од почеток до крај начинот на кој беа прикажани двете дијаметрално спротивнитр врски посебно на Зијадин Села и младата Французинка, а и Хју Грант со К.С. Томас иако во помала доза супер си одработија.. посебно Хју Грант ми беше ептен погоден за ликот негов.
Во секој од жанровите каде што навлезе филмов кај мене успешно помина, погодена музика, погодена атмосфера.. 8/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Сцената со пералната и црвениот фустан...гледав прашање му поставија на режисеров за тоа, ама англискиот превод беше лош па колку сфатив, рече дека имало слична едноставна сцена во Дијаболик со голем ефект кај публиката, у филмов во врска со жена му на Такабе...Дијаболик ми е у топ 10 трилери ама само еднаш ми е гледан многу одамна и не ми текнува на која сцена мисли.
Не се сеќавам ниту јас на некоја таква сцена во тој филм. Тој се случува целиот во интернатот, освен оној дел каде женските одат дома. Нема други локации, уште помалку црвени фустани.
Некои мислат дека човекот што поминува за момент пред камера на снимката што ја гледаат е Мамија?
Искрено, бев спремен на снимката да видам лик дали од Мамија дали од полицаецот, ама не покажаа ништо. А тоа што некој поминал пред камера е нормална работа, може да е испитувачот или некој негов асистент, но филмов инсистира да инсинуриа значења таму каде што ги нема.
а и Zodiac кого не го спомнавте, не можев а да не ги видам тука.
Не го спомнавме „Зодијак“ затоа што е сниман после овој ;)
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Ќе пишам на кратко за последните два филма зашто им помина редот, а баш штета зашто многу имав за пишување за Битер Мун.
Океј како и да е, Битер Мун многу ми се допадна, иако доста долг не го осетив како таков, едноставно има режисери што знаат како да направат долг филм без да го осетиш. Еротиката во филмот, а и ликовите многу ми се допаднаа, иако имаше екстреми и кај двете за којшто можеби немав ептен желудник, тие што го гледаат филмот сигурно знаат за што зборам. На моменти, ми стануваше незгодно за ликовите, ама тоа и беше целта на некои од сцените, па го бројам како плус. Крајот исто беше добар, а и млад Хју Грант исто.
Ова ми беше првиот филм од Полански и стварно сум задоволна особено со оглед на тоа што не му го сметаат како еден од најдобрите.
8/10

Cure како контраст на ова, не ми се допадна. Всушност и не памтам многу од филмот, а го гледав летово, па со оглед на тоа што не ми остави нешто особено впечаток не го репризирав сега пак. Го гледав во рамки на предизвикот и баш ми е жал што не напишав рецензија кога ми беше свеж, зашто апсолутно ништо не памтам освен тоа што имаше детектив кој решаваше убиства, и човечка форма на Ѓаволот кој беше одговорен за тие убиства. Еве се согласувам со Гранде за крајов, тоа со ножот и келнерката го памтам, а памтам и дека до истиот заклучок дојдовме за крајот. Исто памтам и дека многу евтино и нискобуџетно изгледаше што исто лошо влијае на оценката. У секој случај, најверојатно додека сум го гледала ме држел for the time being, па врз основа на тоа ќе му ја оставам оригиналната оценка што сум му ја ставила уште тогаш.
6/10
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Не се сеќавам ниту јас на некоја таква сцена во тој филм. Тој се случува целиот во интернатот, освен оној дел каде женските одат дома. Нема други локации, уште помалку црвени фустани.
Искрено, бев спремен на снимката да видам лик дали од Мамија дали од полицаецот, ама не покажаа ништо. А тоа што некој поминал пред камера е нормална работа, може да е испитувачот или некој негов асистент, но филмов инсистира да инсинуриа значења таму каде што ги нема.
Не го спомнавме „Зодијак“ затоа што е сниман после овој ;)
Не, во Cure e црвен фустан а во Diabolique нешто друго...?
Ме мрзи да го симнам Дијаболик и само заради ова да барам :D зш ми е од оние филмови што само еднаш се гледаат...првиот пат така добро ќе те извози и све ќе ти се открие и сосема доволно е и тој еден пат.

Тоа со инсинуациите...што не можеш да кажеш со сигурност за некои работи дали е така или не, што остава простор за добра дискусија, таа мистериозност не само позади негативецот, доста прашања отворени, не ти е све дадено на тацна, ти остава храна за умот / те заинтригира скоро за секоја сцена...кој поминал пред камерата...дали е Мамија не би рекол дека нема значење зш ако е, тоа ти открива нешто плус за него....или сцената кога почнува наеднаш да капе вода од таванот и го гаси упаљачот на Такабе и му го врти вниманието на водата... дали тоа е стварно, или е може илузија од страна на Мамија кој седи пред него...? Итн.
Штознам...може и ја го правам филмов нешто повеќе од што е...на мене таков, силен впечаток ми остави.

Сцената со снимката потсеќа на Ringu иначе мада филмов е 1 година пред него...
Ќе пишам на кратко за последните два филма зашто им помина редот, а баш штета зашто многу имав за пишување за Битер Мун.
Океј како и да е, Битер Мун многу ми се допадна, иако доста долг не го осетив како таков, едноставно има режисери што знаат како да направат долг филм без да го осетиш. Еротиката во филмот, а и ликовите многу ми се допаднаа, иако имаше екстреми и кај двете за којшто можеби немав ептен желудник, тие што го гледаат филмот сигурно знаат за што зборам. На моменти, ми стануваше незгодно за ликовите, ама тоа и беше целта на некои од сцените, па го бројам како плус. Крајот исто беше добар, а и млад Хју Грант исто.
Ова ми беше првиот филм од Полански и стварно сум задоволна особено со оглед на тоа што не му го сметаат како еден од најдобрите.
8/10

Cure како контраст на ова, не ми се допадна. Всушност и не памтам многу од филмот, а го гледав летово, па со оглед на тоа што не ми остави нешто особено впечаток не го репризирав сега пак. Го гледав во рамки на предизвикот и баш ми е жал што не напишав рецензија кога ми беше свеж, зашто апсолутно ништо не памтам освен тоа што имаше детектив кој решаваше убиства, и човечка форма на Ѓаволот кој беше одговорен за тие убиства. Еве се согласувам со Гранде за крајов, тоа со ножот и келнерката го памтам, а памтам и дека до истиот заклучок дојдовме за крајот. Исто памтам и дека многу евтино и нискобуџетно изгледаше што исто лошо влијае на оценката. У секој случај, најверојатно додека сум го гледала ме држел for the time being, па врз основа на тоа ќе му ја оставам оригиналната оценка што сум му ја ставила уште тогаш.
6/10
Јееееј, (и) Корвус се спаси у последен момент :oleee:
мада му ја спушти средната оцена на мојот филм, бууууу(n):P

Иначе, да, филмов има таков J-horror (Ringu, Ju On,...) лоу-буџет изглед што за мене е плус (кај овие филмови) во однос на атмосферата :toe::)
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Не, во Cure e црвен фустан а во Diabolique нешто друго...?
Ме мрзи да го симнам Дијаболик и само заради ова да барам :D зш ми е од оние филмови што само еднаш се гледаат...првиот пат така добро ќе те извози и све ќе ти се открие и сосема доволно е и тој еден пат.

Тоа со инсинуациите...што не можеш да кажеш со сигурност за некои работи дали е така или не, што остава простор за добра дискусија, таа мистериозност не само позади негативецот, доста прашања отворени, не ти е све дадено на тацна, ти остава храна за умот / те заинтригира скоро за секоја сцена...кој поминал пред камерата...дали е Мамија не би рекол дека нема значење зш ако е, тоа ти открива нешто плус за него....или сцената кога почнува наеднаш да капе вода од таванот и го гаси упаљачот на Такабе и му го врти вниманието на водата... дали тоа е стварно, или е може илузија од страна на Мамија кој седи пред него...? Итн.
Штознам...може и ја го правам филмов нешто повеќе од што е...на мене таков, силен впечаток ми остави.

Сцената со снимката потсеќа на Ringu иначе мада филмов е 1 година пред него...

Јееееј, (и) Корвус се спаси у последен момент :oleee:
мада му ја спушти средната оцена на мојот филм, бууууу(n):P

Иначе, да, филмов има таков J-horror (Ringu, Ju On,...) лоу-буџет изглед што за мене е плус (кај овие филмови) во однос на атмосферата :toe::)
Немам ништо против тебе или филмов, мислам сепак дека преференците играа најважна улога тука. Не сум нешто особен фан на хорори, а ниту па на азијски филмови, затоа и никогаш не го завршив тој предизвик, а имам симнато уште некои кои можеби ќе ги погледнам, ама немам преголем ентузијазам, најверојатно ќе ги пуштам кога ќе ми зафали место во лаптопот.
Во секој случај, ако си фан на тој жанр за разлика од мене, еве нешто што можеби ќе ти се најде како идеја или препорака, има рецензии за доста од филмовите.

@Zlatikevichius кој е следен?
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Немам ништо против тебе или филмов, мислам сепак дека преференците играа најважна улога тука. Не сум нешто особен фан на хорори, а ниту па на азијски филмови, затоа и никогаш не го завршив тој предизвик, а имам симнато уште некои кои можеби ќе ги погледнам, ама немам преголем ентузијазам, најверојатно ќе ги пуштам кога ќе ми зафали место во лаптопот.
Во секој случај, ако си фан на тој жанр за разлика од мене, еве нешто што можеби ќе ти се најде како идеја или препорака, има рецензии за доста од филмовите.

@Zlatikevichius кој е следен?
Се зезам де (хенс д " :P")... Не ме сфаќај толку сериозно... :D

Иначе линков што го остави све е тоа гледано :D ...дури и тој едниот "3 Extremes" го мислев како можен предлог за момент у Клубов ама гледам дека азијскиве не поминуваат баш најдобро... :D

Мислам дека баш он Злате е на ред :D ако не се лажам...?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.421
Не го спомнавме „Зодијак“ затоа што е сниман после овој ;)
:sramezliv:
ОК, јас не реков дека би требало да го спомнете во контекст на тоа дека овој е инспириран од него. Туку онака, дека навистина има сличности.[DOUBLEPOST=1550521305][/DOUBLEPOST]Еве ме.

Cure го гледаа 6-мина и му дадоа средна оценка 7,3. Го испуштија @whatto , @ManUtdChampions и @wot , на сите трет неизгледан, и на сите мораме принудно да им кажеме бај бај додека не одлучат да бидат поактивни. @whatto требаше да предложува следен, и претходен, нели, но пак се откажа во полза на наредниот, во случајот @ManUtdChampions и по него @wot , но и двајцата не исполнуваат ни еден, а камо ли пак двата задолжителни услови за да може да предложуваат филм, па затоа и нив ги скокаме. Со тоа и го завршуваме шестиот, до сега најкраток круг...

Само 7 предложени филмови во шестиот круг, 48 пати севкупно изгледани, или во просек по 6,8 гледачи по филм, што пак е најслаб круг до сега. Но средната оценка дадена за филмовите во овој круг 7,23, со што е трет по ред круг со најдобра просечна оценка за филмовите по првиот круг (7,63) и вториот круг (7,35), а појак од третиот круг (7,22), петтиот (6,80), и четвртиот (6,71). Што значи - сме предложиле поубави филмови. Или по нашки (што би рекол Гане Тодоровски): „колку сме, толку сме, токму сме“. Најслабата оценка дадена за филм во кругов е 4, а најјака, нормално 10, дадена 2 пати, и и двата пати за истиот филм.

Најгледан филм во кругот (10 души го гледале) - Manhunter на @moongoses
Најмалку гледани (по 5 души ги гледале) - The Dark Horse на @Anon и My Sassy Girl на @grande-juve
Најдобро оценет филм во кругот - The Dark Horse на @Anon (8,1)
Најслабо оценети филмови во кругот - Kalifornia на @Zlatikevichius и My Sassy Girl на @grande-juve (6,3)

Севкупно, остануваат истите филмови:

Најгледан филм севкупно - The Intouchables (3 филм) на @Spiegel (27 души го гледале)
Најмалку гледан филм севкупно - по 5 гледачи - вкупно 6 филма: Brothers: The Final Confession (39 филм) на @Вокерка , Final Cut: Ladies and Gentlemen (61 филм) на @grande-juve , Taste of Cherry (67 филм) на @moongoses , A Pure Formality (71 филм) на @Iceboy и двата од последниот круг, од погоре.
Најдобро оценет филм севкупно - Life is Beautiful (28 филм) на @Iceboy (9.2)
Најслабо оценет филм севкупно - I'm Not There (33 филм) на @ob1 (5.0)[DOUBLEPOST=1550521910][/DOUBLEPOST]Новиот круг, со оглед дека @Anon го нема, за прв пат го почнуваме со мене. Изборот падна на еден филм од една кинематографија која многу ја сакам, која во последн4иве 10-тина години растури, и тоа буквално на светските фестивали, а исто така имаше и еден куп номинирани и освојувачи на Оскар. Данска! Филмот кој ќе го предложам, ниту беше номиниран, ниту освои Оскар, но режисерката на истиот освои Оскар за едно претходно нејзино остварување - Haevnen (In a Better World) (и максимално лошо критикувана за нејзиното последно остварување од 2018 - Bird Box). Мене ми е еден од омилените дански (па и воопшто) режисери, зашто сѐ што сум гледал нејзино, ми се допаднало, бар до сега. А овој филм, особено! Ladies and Gentlemеn, сер Џејми Ланистер во извонредното дело на Сузан Биер (или Бир, како и да се чита) - En chance til / A Second Chance (2014).

@wot - Film Club (En chance til / A Second Chance: 18.02-03.03)
 
Последно уредено:

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
En chance til / A Second Chance:

На некого азијски филмови не му се по вкус :), за мене тоа се скандинавскиве, ги наоѓам обично многу спори а ликовите и приказната неинтересни и не можам да се поврзам никако. Така беше и со овој, многу слаб ми се виде.:toe:
Главниот проблем што го имам со филмов - нереалното дејство. Главниот лик исто неуверлив, несфатлив во своите постапки/одлуки при моралните дилеми, и крајот на филмов се обидува смешно да го оправда. Непотребно преголема минутажа за тој другиот пар на сметка на останатите ликови, не можев воопшто да ги запознаам, колегата, сопругата посебно (освен што се дереше) и (повеќе) да ја разберам (и) неа и нејзините постапки.

Многу слабо направен, посебно сценариото, како да гледав некој ТВ филм.

Режијата би ја издвоил, имаше преубави кадри на моменти... и "твистот" на крај (со рентген снимките)

3.5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom