FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
Women in a nutshell.



Ве молам друг пат без вакви експерименти, да се гледаат филмови од 3+ саати што сите сме ги гледале.
За разлика од некои што гледаат 261 филм за 225 дена, ние останатите имаме живот и сакаме да гледаме нешто ново.
Ај сеа не биди Anon па и ти! Не беше баш и некој експеримент, само омаж кон филмот заради кој ја засакав филмската уметност, заради кој гледам по 100+ филма годишно, што е над секаков просек, и во крајност - заради кој постои и клубов (сеа да не навлегувам во "да имаше баба мадиња ќе беше машко" небулози, веројатно ме сфати што мислам). Но погледни само колкумина ги "натерав" да гледаат филм од три саати што претходно го гледале, и тоа сред летниот период кога речиси никој не гледа речиси ништо. Значи - и да е експеримент, успешен беше. ;)
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Од утре имате експеримент што трае без малку саат ипол :D @Anon знаејќи те, тебе може и подолг да ти се виде, ама барем го немаш гледано, само што не е баш нешто ново :icon_lol:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Но погледни само колкумина ги "натерав"
Свака част :D
Од утре имате експеримент што трае без малку саат ипол :D @Anon знаејќи те, тебе може и подолг да ти се виде, ама барем го немаш гледано, само што не е баш нешто ново :icon_lol:
Никогаш сум немал поголемо двоумење дали да ставам лајк или не.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.166
Поени од реакции
8.798
Има живот човекот што очекувате сите филмови да ги знае? Таа голема плата нема да се потроши со седење пред тв. Неизживеани едни, со мали плати и мали телевизори! :sramezliv:

Поминаа две недели?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Јас не ни имам телевизор. На мобилен ги гледам филмовите, онлајн ги барам.
@Anon биди добар и купи ми телевизор.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.166
Поени од реакции
8.798
Јас не ни имам телевизор. На мобилен ги гледам филмовите, онлајн ги барам.
@Anon биди добар и купи ми телевизор.
Не знам сега дали ова те става на тронот за најголем очај без живот пред мене или сепак јас со моите 271 филмови остануваме на врвот...
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Не знам сега дали ова те става на тронот за најголем очај без живот пред мене или сепак јас со моите 271 филмови остануваме на врвот...
Јас сум увек на тронот. Сакаш да ме симнеш? Изгледај 400 филмови.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Јас не ни имам телевизор. На мобилен ги гледам филмовите, онлајн ги барам.
@Anon биди добар и купи ми телевизор.
Ти имаш други проблеми за средување, батали телевизорот.
Во секој случај, само на Шонси би му купил.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
Уште минута и ќе ми се симне Titanic. Конечно, по цели две недели. Само ќе морам да го гледам вон терминот, за жал. :(
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Уште минута и ќе ми се симне Titanic. Конечно, по цели две недели. Само ќе морам да го гледам вон терминот, за жал. :(
Се надевам ќе излезе некој проблем да не ти се пушти поради некој кодек или нешто, на руски јазик, несинхронизиран...
Клетвите сметај ги за пуштени.
Последно е ова вот, извини!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
Titanic заврши со 11 гледања и средна оценка 8.1. Јас не успеав да го изгледам во терминот, предолго се симнуваше, но затоа го чувам за во вторник. Оценка и коментар - тогаш.

Го испуштија (освен јас): @Corvus и @Вокерка@Zarniwoop , ок, ама него не го сметаме оти на мобилен гледа филмови. :neetaka:).

Следен за предложување е @Goodfella . Ви најави дека ќе биде експеримент, мене ми најави дека нема да може да го презентира во понеделник, поради обврски, па затоа еве јас ќе преземам неговата улога. Станува збор за филм каков не сме имале досега во клубот, и за што веројатно повеќето ќе бидат разочарани (не знам зошто, но таков впечаток имам). @Goodfella се одлучи, и покрај промената кон нешто што го гледаме прв пат тука, за старата тактика - стар филм/класик. Разликата, овојпат, е што станува збор за НЕМ филм. Еве што подетално тој има да ви каже:

Поминав низ филмовите шо ги имам со 5 ѕвездички оценето на летер, 2 ми паднаа у око за клубот и за среќа речиси никој ги нема гледано. Дилемата ми е меѓу (...) и City Lights на Чарли Чаплин... Не би се двоумел ич да знам дека нема да им е проблем да гледат нем филм, ама па да не биде филм со најмала гледаност у клубот, а инаку е ремек дело...
City Lights!!! Нека гледат бе, уште нем филм фали у клубот :D

Можеби малку го имате гледано филмот, ама ретко кој нема слушнато за Чарли Чаплин. За ваша несреќа нема да е Големиот Диктатор, туку се враќаме во ерата на неми филмови, 1931, мада ако не се лажам веќе излегувале филмови со звук, но Чарли продолжил да го прави тоа што најдобро го знае, понатаму и во 1936та со Modern Times.
City Lights е филмот што може да им држи лекција на сите ром-ком филмови што излегле до денеска. Не ми се верува било кој да остане рамнодушен на приказната или барем да не се насмее неколку пати во текот на филмот, без разлика колку не сака стари, црно-бели, неми филмови.
@wot бараше интересен круг, ете му - од интересно, поинтересно. Јас искрено, не обожувам многу неми филмови, не затоа што не ми се допаѓаат, напротив, сум гледал вистински ремек дела, туку затоа што бараат од мене дополнителен напор, поголема концентрација од скоро било кој рандом звучен. Но се надевам дека ќе имам бар еден таков ден во кој ќе успеам да ја доведам мојата концентрација на нивото потребно за да уживам во City Lights. И се надевам дека ќе уживам! А и вие. ;) Барем знаете дека @Goodfella досега не потфрлил.

@wot - Film Club (City Lights, 21.08-03.09)

20170821_024549.jpg

П.С. Ова воедно е и најстариот филм кој сме го гледале во клубов
 

Kajgana Shop

На врв Bottom