FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Brothers. The Final Confession
Гледан. И по @Zlatikevichius потоп. Што да пишам, а да не спомнал тој, со оглед на фактот дека кажал речиси се што мислам и јас.
Го имам читано романот, ми се допаѓа. Но има нешто што недостасува во романот, па и во филмов. Значи приказната е одлична. Иновативна и посебна, а во исто време толку едноставна. Но сепак, недостасува одредена длабочина. Тоа најмногу се забележува во романот, ама мислам дека и филмот би можел да има подобра реализација. Филм кој сведочи дека постојат различни мотиви да се остане жив. Инатот ги држеше и двајцата во живот. Всушност, да починеше едниот порано, ќе останеше сосем сам. Ќе немаше никого на целиот свет. Така што едниот на другиот си беа основна причина да продолжат. Браќа кои беа поврзани повеќе отколку што и самите можеа да си замислат. Една од последните сцени, кога таа ги положи еден покрај друг (исто како кога беа живи, кога беа деца) беше еден од најсилните моменти во филмов.
Најголема замерка за филмов е дека на моменти беше досаден, односно на приказната и беше пријдено малку површно. Но не во смисла на развивање на приказната, туку во длабочината. Недостасуваше емоција.
Неодлучен сум кога треба да оценам ваков филм. Во оцената ќе го исклучам впечатокот од книгата. Затоа ќе се одлучам за 6, иако мислам дека и да дадев 5 или 7 немаше да погрешам.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Филмов некако ми беше просек, ама вака поубаво кога ќе размислам, многу е добар. А можеше да биде уште подобар да немаше сцени што траат 2 минути во кои само ја има женава како мие раце.
Иначе, за се е крива Живка, се да и ебам.
„Хур-дур Бојко, оној брат ти ме тера само благо да јадеме, не можам да си ги јадам моите омилени месо и компири иако тоа прави масовен инсулин спајк, не ти кажувам директно, еве суптилно вака сфати си, ама исто така и не ме ебе добро, и не знам што да правам, тука во планинава со 2 мажи и 1 жена, не знам како ќе ме сфатиш ама....“

Како умре синот :mad:
Требало порано да испоумрат овие двајцава, многу касно рак и срцеви проблеми.
7/10

Нема подобро нешто од следнава слика :D мега смешна ми е.



 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Ете ме и мене, со последниот воз. Бев офлајн минатиов период.

Brothers. The Final Confession (2013)

Од украинската филмаџии знам само за Довженко, но тој е од времето на Советскиот сојуз, така да тешко е да се каже дека се работи за украински автор. Така филмов е добра прилика за запознавање со оваа кинематографија.
„Браќа“ е филм со многу малку ликови, сместени во живописни изолирани планински предели. Има предолга експозиција, во која се запознаваме со сите три главни лика, но во која речиси ништо не дознаваме за нив, ниту пак успеа да се изгради емпатија. Не се разјаснуваат ни мотивите на жената за нејзиниот престој и како воопшто се најде во куќата на едниот од браќата и каде беше приморана да остане заради огромниот снег кој згодно натрупа баш таа вечер. Спознанието дека во куќата наспроти сам живее болниот брат на нејзиниот домаќин, чија смрт ја чека, не ја буди нејзината љубопитност. Некаде на половина филмот бавно не воведува во можната причина за ваквиот однос на браќата. Поранешниот живот на браќата е прикажан преку флешбекови кои се базирани на нивните раскажувања, но и тој момент не е искористен за да се доловат вистинските мотиви за ривалството кое преминало во смртна омраза. Убави преоди имаше на неколку пати на флешбековите во ист кадар.

Камерата е одлична, прекрасни се како екстериерите, така и ентериерите кои се едвај осветлени. Очекував потрепераво светло во овие сцени со оглед дека гореше оган во куќите, но немаше. Русиве никако да научат дека монотоните и досадни секојдневни работи может да се прикажат и поинаку освен во реално време.
Глумата на браќата беше многу добра, што не можам да кажам и за жената. Музиката одлично ја надополнуваше атмосферата и од некаде ми беа познати мотивите но не можам да се сетам од каде.

Не го разбрав значењето на првата сцена, со минувањето на реката.

Приказната во филмот е интересна, но не е доволно добро прикажана. Сметам дека некој повешт режисер од оваа подлошка би можел да направи многу подобар филм.
6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.778
Поени од реакции
33.540
Не го разбрав значењето на првата сцена, со минувањето на реката.
Ни јас не, но имаше некаква поврзаност со тој светецот Кристофер. Нели спомна во една сцена дека името му било кованица со значење "го носи Христа", зашто нели го пренел Исус како дете на грб преку некоја река. А писателката отиде во планината за да пишува на мир роман за св. Кристофер (по твоево мислење, и не сум баш така сигурен дали ќе го знаев овој податок да го немав прочитано "Бумбаров мед").

Јас па обратно, мислам дека режисерката беше одлична, а на приказната и фали динамика.

Обврски периодов, не ве потсетив дека се ближи крајот за филмов, се извинувам. Привршуваме ноќва. Сабајле ќе сумирам, и го почнуваме последниот филм во кругов.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Ајде станувај.
Иначе ја тоа со реката го поврзав некако и со женава, и она го носеше на грб при крај...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.778
Поени од реакции
33.540
Еве вака: петмина го гледаа Brothers, и го оценија со средна оценка 6,6. Не го гледаа: @devilko , @Goodfella , @wot , @Corvus (се надевам не ја оплескав пак :P), @Донев - на сите прв неизгледан; и @Хоуп , @Васил МКД , @Zarniwoop - на сите трет неизгледан, и баш сега, на крајот на кругот, ќе треба да си кажеме чао, освен ако во следниве две недели сами не го променат тоа.

Следуваат последните две недели од вториот круг на чудово на кое сум особено горд. 40-ти филм е тоа! 40-ти филм! Искрено, бидејќи се што започнувам со толкав ентузијазам како клубов, обично го следи неуспех заради мојата исцрпеност од истиот тој ентузијазам, но тоа не е случај со клубов, и особено ме радува. Ќе се објасниме кој, што, како на почетокот на следниот круг, за две недели, кога ќе сумираме што и колку сме изгледале. Само уште еднаш ќе ги повикам оние кои беа барем пола втор круг со нас: имате 2 недели за да го започнете новиот круг од истата позиција на која бевте до сега, во спротивно, доколку се вратите подоцна, по почетокот на третиот круг, ќе одите најдолу на листата за предложување: @grande-juve , @MyloXyloto , @џимеј , @Iceboy , @Хоуп , @wicked_1 , @Џонтра Волта , @ManUtdChampions , @ob1 , @Васил МКД и @Zarniwoop.

@dejan_k - дојдоа твоите втори 5 минути. Имаш време до вечер до 20:00 да им кажеш на останатите што избра, и да го затвориме кругот како што доликува. Чекаме.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Ни јас не, но имаше некаква поврзаност со тој светецот Кристофер. Нели спомна во една сцена дека името му било кованица со значење "го носи Христа", зашто нели го пренел Исус како дете на грб преку некоја река. А писателката отиде во планината за да пишува на мир роман за св. Кристофер (по твоево мислење, и не сум баш така сигурен дали ќе го знаев овој податок да го немав прочитано "Бумбаров мед").
Се спомнаа тие работи во филмот, дека таа пишува книга за Христифор, и дека го пренел преку реката и за лицето што го имал како куче. Имаше и еден предолг кадар каде што таа нешто као пишуваше на лаптопот. Иако не се сеќавам дека беше спомнато дека барала мир за пишување на книгата. Добив впечаток дека одржува некои библиски предавање низ руралните цркви и дека тука заглави заради снегот.

Но, воведната сцена беше реална. На почетокот од тој кадар гледаме автомобил, значи не беше некоја библиска реконструкција. Од друга страна уште неколку пати се појавија овие ликови низ филмот. Кој беше тој мртвиот и кој го одвезе во чамецот?
Што значеа тие подводните сцени за кои дури пред крај дознавме дека тоа е синот кога пропаднал под мразот. Чиви флешови беа?

Јас па обратно, мислам дека режисерката беше одлична, а на приказната и фали динамика.
Режисерот, меѓу другите работи, ја креира и динамиката на филмот. Овде режисерката ја оплескала на големо.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.778
Поени од реакции
33.540
Режисерот, меѓу другите работи, ја креира и динамиката на филмот. Овде режисерката ја оплескала на големо.
Ама овде случајот е ист и со приказната во романот.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
@Zlatikevichius до утре најкасно последни три негледани планирам да ги изгледам пошто сега неделава имам повеќе слободно време, а викендот сите кои ги имам пропуштено од кога влегов во клубов.

I will keep up. :D
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
@Zlatikevichius не ја оплеска ти, јас ја оплескав сега :P
Ќе го изгледам најрано што можам, ако успеам во терминот на Дејан, супер. Ми изгледа на филм што бара повеќе посветеност, и не само заради содржината, туку може најмногу заради фактот што јас немам голема концентрација кога гледам филм онлајн, а изминативе неколку недели и без тоа ми беа хаос и не знаев главата кај ми е, па не ми се гледаше ради ред.
Ќе пишам за овој во текот на следните термини, promise.

Дејан ај бе дај некој филгуд ти барем.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Purge (2012)
Ова е филмот што ќе го гледаме во наредните две недели.
Посебен филм, посебна приказна, одлична музика... се надевам дека ќе уживате!!! Филм за кој сум сигурен дека никого нема да остави рамнодушен. Освен тоа, Злате потврди дека никој го нема гледано.
За да нема збунки, бидејќи има повеќе филмови со истото име, еве за кој станува збор:
http://www.imdb.com/title/tt1714205/
@Corvus ајде во третиот круг - ветувам!!!
 
Последно уредено:

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Purge (2012)
Ова е филмот што ќе го гледаме во наредните две недели.
Посебен филм, посебна приказна, одлична музика... се надевам дека ќе уживате!!! Филм за кој сум сигурен дека никого нема да остави рамнодушен. Освен тоа, Злате потврди дека никој го нема гледано.
За да нема збунки, бидејќи има повеќе филмови со истото име, еве за кој станува збор:
http://www.imdb.com/title/tt1714205/
@Corvus ајде во третиот круг - ветувам!!!
Филмчево слабо по торентиве? Некој што ќе го најде да го закачи на мега или слично
 

Kajgana Shop

На врв Bottom