Не знаев дека сум го имал гледано
Princess Mononoke, и тоа многу одамна како мал, без превод, на некој странски канал. Баш се сетив на сцената на вепарот кога станува демон и дека на Богот ќе му ја пресечат главата. Трауми за тогашно дете. Aма не за дете како мене.
Сторијата беше толку линеарна што уште тогаш бев ја разбрал пораката која ја испраќа цртанот. Можам да кажам дека анимацијата ми била предобра, како и да не била во 90тите кога еве и после 20тина години сеуште е одлична? Одлично претставена бајка, со одлични пејзажи. Спроти нив, брутални сцени. Мини ми беше воодушевен.
Но, за разлика од тогаш, денес како да сум го надраснал анимево и не успеа да допре до мене толку, ниту пак да ме заинтересира посебно. Како да беше превише преџвакано и уедноставено. Можеби затоа што го знаев крајот или само сум остарел? Сепак таргет групата се тинејџери.
Овој ми е втор гледан јапонски аниме во последно време. Како дете сум гледал стандардните Digimon, Dragon Ball, Pokemon, Yu- Gi - Oh, оној со вртимушките. Може и заборавив некој.
Grave of the Fireflies кој беше предложен на форумов, ако добро се сеќавам минатата година, успеа да ме остави без здив и го оценив доста високо. 9, 9.5 мислам.. За разлика од него, Princess Mononoke од мене добива една солидна 7ца, помалку заслужена и на носталгија.