FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Remember (2015)

Уште еднаш Егојан ги обработува темите како заборав, сокриено минато, утеха, соочување со реалноста. Овојпат преку двајцата станари на старечкиот дом, едниот во количка, другиот дементен, во конечната потрага кон преживеаниот нацист од Аушвиц кој ги убил нивните семејства. Четворица има со тоа име, не знаат кој е вистинскиот. Дементниот тргнува на тура низ Америка, барајќи го вистинскиот нацист, логистички поддржан од истомисленикот во количка.

Одлична игра на Пламер во главната улога. Со оглед на неговите години, неколкупати се запрашував дали воопшто глуми. Атмосферата одлична, сe се одвива полека и мирно, следејќи ја брзината на старецот. Иако секојдневно мора да се потсети кој е, каде е, каде му е сопругата и во каква мисија е појден, воопшто не навлегува во репетитивност. Филмот одлично вози до крај.

8/10

Само јас ли останав да гледам филмови? Ајде, каде сте сите?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Само јас ли останав да гледам филмови? Ајде, каде сте сите?
Јас периодов слабо со филмови воопшто. Се гледаше Озарк, па Тајгер Кинг и сега Бетер Кол Сол. =)
Вкупно 10 филмови дали имам изгледано во последниве 2-3 недели.
Овде заостанувам два, ветувам дека до Недела ќе пробам да ги изгледам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Исто и јас. Имав quest да ги догледам сериите што сум ги загледал и прекинал: вкупно 16 серии имав на листата: "Not Watched For a While". Останаа уште по 2-3 епизоди од 3: Sherlock, AHS и Band of Brothers. Плус денес излезе нова сезона од The 100.
Филм немам гледано не памтам од кога.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Вкупно 10 филмови дали имам изгледано во последниве 2-3 недели.
Тоа е многу повеќе од тоа што јас изгледав во истиот период :)
Останаа уште по 2-3 епизоди од 3: Sherlock, AHS и Band of Brothers. Плус денес излезе нова сезона од The 100.
Ти па ептен назад си бил со сериите. Изгледај и некој филм, многу серии не е на арно.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
The Congress, предлог на @wot

Што да правам ми ја затворивте темата, сега мора тука да ве замарам со тб рецензии на стари предлози од филм клубот.

Знаејќи за филмов дека се базира на книга од Лем, ова е претпоставувам втората екранизација на дело на Лем што ја гледам, после Соларис, влегов со голема скепса кон филмов. Иако не знам дали да го наречам тоа скепса, туку повеќе како... се спремив за certain weirdness, и за тоа дека тој weirdness нема добро да ми легне.

Го гледав после долго натегање и мора да кажам дека сум изненадена од оценките што ги видов на летебокс, сите нешто дркаат на Блек Мирор, а на филмов двојки, тројки му ставиле. Јас не сум нешто хардкор фан на Блек Мирор, па не бев и од филмов импресионирана нешто многу, ама доста силен е тој БМ вајб што го оддава.

Морам да кажам послаб предлог од Only Lovers Left Alive, ама вот, тука некаде со Synecdoche, New York, двата филмови го имаат тоа мета чувство, како да не гледаш филм. Ги немам прочитано рецензиите во темата, ме мрзи искрено да барам и да читам, ама тоа што можам да претпоставам е дека не им легнал многу анимираниот дел од филмот, па затоа и слабите оценки. Мене толку не ми сметаше, ама јас (можеби) за разлика од нив бев со време известена дека овој филм е повеќе анимација отколку лајв екшн.

Се на се, филмов и не беше така лош, вака кога ќе се присетам, ама па и не беше многу интересен. Додека го гледав цело време се осеќав ко да чекам нешто да се случи, и не се случува. Чекав веројатно некаков пик на дејството, некаква кулминација, нешто што комплетно ќе го смени текот и тонот на филмот. И не го добив тоа искрено (истово е една од причините што не мастурбирам на Блек Мирор), у еден момент мислев дека таа прекршна точка на филмот ќе биде со револуцијата на Конгресот. Ама и не беше. Филмот продолжи без некое дејство, и без некоја поента искрено, немаше цел.

Цел доби кога Робин се „разбуди“ и се објасни дека се е халуцинација, некаков нов, модерен начин на живот кај што луѓето живеат во свет на халуцинација. Океј! Интересно! Ама што со тоа? Дали тоа е порака? Дали е симбол? Што порачува? Што симболизира? Што сака филмов да каже? Имам чувство како да сака нешто да каже, ама не разбирам што! Или па на крај краева, не сака да каже ништо? Дали е само еден вид артистички аутлет на креаторите на филмов? Дали е претенциозен филм што е само стилистички обоен со никаква суштина и идеја? Не знам. Како што не знаев ни за Synecdoche, New York.

Во секој случај, ако ја тргнеме на страна целата претенциозност и „што филмов сака да биде?“ аспектот, ова е доста аплифтинг филм. Не е воопшто мрачен, тажен или дистописки, напротив емоциите на филмов се доста позитивни и оптимистички. Не ми е воопшто криво што го гледав, ама сепак влегува во онаа категорија на surreal, мета филмови на коишто јас и не сум нешто особено голем фан.

Меѓутоа фан била или не била, се мислев меѓу 6 и 7 и на крај се одлучив за

7/10
 
  • Љубов
Reactions: wot

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
All About Eve - предлог на @grande-juve

Еве сум јас пак, со моите очајни обиди за рецензија. Освен што сега нема да пишам никаква рецензија, само ќе го пофалам гранде за изборот и да ја известам многупочитуваната форумска фела дека сум глеала филм од клубот. Еве ајде некој збор да пишам, Бет Дејвис - кралица, како глуми господе боже свака и част, па тоа фацата кога ќе ја напраи, ич не мора уста да отвори, од очи и се чита што сака да каже. Интересен момент беше појавата на младата за малку непрепознатлива Мерилин, која не знаев дека е таа кога ја видов и си реков Еј оваа изгледа е нешто пародија на ликовите на Мерилин, таква згодна, приглупа плавуша, исклучиво во улога на eye candy. После гледам, таа била. Немам зборови, стварно преубава. Ваква манекенкаста ми е поубава од онаква со облини каква што ја знаат дамите кои споделуваат нејзини (или не) цитати. Тие двајцата Бил и Лојд ги мешав многу, исто ми изгледаа. ДеВит ми беше МВП уште кога ја почна нарацијата, цар! Ева ми беше одвратна, мразам лицемерие, глумење лудило и лажна скромност, баш ми беше мило кога ја одби симпатијата. Епа, толку можам да кажам без да спојлнам било што за филмов, фала им на сите што ја прочитаа оваа полуретардирана рецензија која што АПСОЛУТНО doesn't do justice to филмов кој беше прекрасен, и за жал многу рилејтабл.

8/10 со амбиции за 9.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Film Club 2

Злате коа искача 3 дел:pos:

Ќе правиш франшиза ко Fast & Furious :pos:
Штета што @wot ми го избрка @whatto aka Нострадамус, за да посведочи и на овој момент. :(

Во 2015 почнавме на 28 декември, последната недела од таа година (така, симболично, почнуваме и денес, во понеделник, 28 декември). Тогаш @grande-juve беше првиот кој предложи филм - го гледавме All About Eve. Денес, точно 5 години подоцна, испраќајќи ја очајнава 2020, по 114 предложени филмови, неброени коментари, рецензии, оценки (престанав да ги бројам со првото рестартирање на клубот, годинава :P), и нешто над четириесет и пет членови (ако не сум грешка), еве го повторно едно од најомилените катчиња во подфорумот Филм и ТВ. Овојпат, вашиот (некогаш-несуден) модератор има уште поодврзани раце да менува наслови на теми, па ви ветува уште повеќе забава, уште повеќе филмови, предлози, рецензии, оценки... И повеќе ажурност!

Сега за сега продолжуваме во нова тема, со надеж дека ќе привлечеме и нова, свежа крв, но, по некое време истава ќе биде споена со оригиналната тема на Film Club-от која моментално стои заклучена, и ќе продолжиме таму, за што навремено ќе бидете информирани. За сите оние кои не знаат за што се работи, еве и линк до ПРВИОТ FILM CLUB.

Правилата... За Film Club 2 се обидов малку полиберално, да може да предложува секој, но се создаде една листа од скоро 40 предложувачи и невозможно беше да се продолжи по тој терк. Затоа ќе се вратиме назад кон старите правила, од оригиналниот Film Club:

1. The first rule of Film Club is: you do not talk about Film Club! :P

2. Како клубовите на читатели. Идентично! Сите гледаме еден ист филм (поточно - иста верзија на еден ист филм) и потоа го коментираме истиот.

3. Секој кој сака може да стане член на клубот! Потребно е само да имате волја, и да одвоите по 2 часа време на секои 2 недели за да изгледате еден филм предложен од некој од членовите на Film Club (FC).

4. Да, исто како и во читачките клубови, и тука самите членови на FC ќе ги предложуваат филмовите. Првиот филм во овој трет клуб го предложувам јас. Следните предложувачи ќе бидат оние кои први ќе го гледаат мојот филм и ќе напишат кратка рецензија тука, по истиот редослед по кој ќе ги напишете рецензиите. Листата на членови и редоследот по кој ќе предложуваат филм ќе ја најдете тука: ЛИСТА НА ЧЛЕНОВИ НА FILM CLUB (ќе биде update-увана наскоро, сега за сега можете да ги видите само предлозите на филмови во Film Club и Film Club 2).
NOTE: Секој предлог за филм ќе биде прво разгледан од моја страна, како креатор на клубот. Ова - со цел да не ни изумрат милиони мозочни клетки ако некој предложи нешто како „Патот на кенгурите“, што еднаш се случи. Доколку некој од предложувачите се обиде да нѐ истрола на таков начин, ќе биде трајно баниран од клубот.

5. Предложениот филм МОРА да може да се најде за download преку некој од тракер сајтовите во минимум 720p. резолуција (HD). Секако, по договор, некои исклучоци може би биле дозволени (пример, ако станува збор за македонски филм (каков што веќе сме имале), или авторски филм кој уште немал премиера (нешто што @Вокерка еднаш ни овозможи) и сл.).

6. Имајте разбирање за предлозите, почитувајте го мислењето на другиот. Да не се расправаме со муабети од типот - леле колку глупав филм, јас не го гледам!

7. Ова е Letterboxd листата во која еден по еден ќе бидат додавани филмовите за некој кој ќе се вклучи подоцна во клубот да може да нѐ следи што сѐ сме гледале, па ако сака и да изгледа. Тука се веќе ставени претходните 114 предложени филмови. Продолжуваме надолу од 115. Линк до листата: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/

8. Доколку некој веќе го има гледано предложениот филм, препораката е да го репризира додека го гледаме сите, затоа што и репризите се бројат во Moviespotting. :P Но, ако го гледал скоро и се сеќава доволно добро, или не сака да го репризира, а напише рецензија за истиот, нема да има никаков проблем, и истите рецензии ќе се бројат.

9. Што ќе постигнеме со клубов? На вашите изгледани филмови ќе додадете бројка од 26 нови (52 недели во годината = 26 филма), ќе научиме нешто ново за светот на филмот и ќе се дружиме разменувајќи ги нашите ставови за филмовите што ќе ги гледаме.

10. Темава ќе биде spoiler free, што значи не ја отварајте пред да го гледате филмот! ;)

11. Нормално, правилата на форумов важат и во темава, затоа be careful!

12. За еден предложувач да има право да предложува филм следен, кога ќе му дојде редот, мора да има изгледано и напишано рецензија за минимум 1 филм од последните 3 предложени, и минимум 3 од последните 10. Во спротивно, го губи правото да предложува се додека не бидат задоволени овие два услова. Секако, ова не важи на почетокот, за првите 3 филма. И дополнително - секој кој изгледал минимум 1 филм во првиот круг, за да има поголема разноликост, ќе добие можност да предложува филм во кругот.

13. Почнуваме ВЕДНАШ!
__________________________________________________________________________________________________
Првиот филм во третиот Film Club ќе биде, како што реков, мој предлог, и за прв пат се одлучив за филм кој и јас го немам гледано. Првиот Film Club го почнавме со стар филм, од 1950, вториот Film Club со нешто понов, од последните неколку години, за сега да имаме ептен нов, филм буквално од пред неколку дена: Soul (2020). Зошто се одлучив токму за него? Затоа што верувам дека на повеќемина сѐ уште не им е гледан, како и мене, а сигурен сум дека многумина ќе сакаат да го гледаат за време на празничните денови, каде секогаш доминираат семејните, анимираните и божиќните филмови. И плус, верувам дека не е филм кој бара многу концентрација, а убеден сум дека нуди многу забава, па затоа се надевам дека сите заедно ќе уживаме.

115. Soul (2020)
Pete Docter, Kemp Powers
MV5BZGE1MDg5M2MtNTkyZS00MTY5LTg1YzUtZTlhZmM1Y2EwNmFmXkEyXkFqcGdeQXVyNjA3OTI0MDc@._V1_UX182_CR0...jpg

__________________________________________________________________________________________________
За крај, морам да ги тагнам сите стари членови, за секој случај, да не ја испушти некој темава, зашто сакам повторно нашиот клуб да биде најголемото, најпозитивното, највеселото, најубавото катче на форумов. @moongoses , @Corvus , @devilko , @Vlatko_Gjorce , @wot , @Gazpapir , @Хоуп , @grande-juve , @Anon , @__Vita____ , @whatto , @ManUtdChampions , @Iceboy , @Patience , @Bojan Van Buuren , @MyloXyloto , @Zarniwoop , @џимеј , @Goodfella , @Толстој , @Донев , @Вокерка , @dejan_k , @wicked_1 , @Джонтра Вохохолта , @ob1 , @Васил МКД , @Spiegel , @RectumAnale , @Leo Bonnie , @Erich Zann , @AceCaleb , @Krk1 , @marinetti , @Hurin , @Botko , @bobipp , @Shawn Spencer , @Carax , @Chovek , @AniMagus , @K!KI , @Saladin , @Хефест , @beaverknight , @Viollet , @SK-92 ... - ВЕ САКАМЕ НАЗАД! Секако, и секој друг кој сака да ни се придружи, е добредојден.
__________________________________________________________________________________________________
Е па, најдраги мои Филмклубери - Let the FILM CLUB 3 begin!
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
У ла ла :love:


И сега што да ти пишам во филмски новогодишни желби? :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom