FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Краткиот е подобар... поконцизен... како и кај сите вакви обиди за долгометражен од кратки
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Le Cercle Rouge (1970)

Супер прикажан грабеж. Иако немам гледано многу филмови од тоа време со ваква тематика, а посебно не француски добро ми легна.
Особено ми се допадна делот со снајперот и амонијакот(?) и неговата претходна припрема.
Интересен момент да се види безбедноста на вакви локали во тоа време. Делува импресивно а и ме натера малце повеќе да изгуглам за камерите во тоа време и нивната употреба.

Позитивно ме изненадија и кога го прибраа тој студентот заради наводно дилање марихуана. Имав претстава дека во тој период е табу тема, особено за на филмското платно.

Како и да е, и мене како на Злате ми зафали малце по трилер музика да го долови ефектот на филмот а и мислам дека доколку се скратеа некои 20 минути филмот ќе имаше подобар flow.

7/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Кешбек (2006)

Со тие предолгите шупливи монолози на главниот имав впечаток како некој да ми читаше книга на глас. Тотално непотребни, со оглед дека не пренесе никаква информација или па емоција. Приказната веќе видена во бројни варијанти, ново овде беше што главниов лик имаше способност да го замрзне времето. Не разбрав само дали тоа беше реално или беше само негова фикција. А не и дека би правело разлика што и да е. Имаше малку хумор од време на време, иссилен во повеќето ситуации. Ликовите по стандардна рецепта, особено колегите од супермаркетот, а шефот тотално недефиниран.
Гледлив беше. не дека не, но онака по рамна линија. Сигурно кај публиката која е во целната возраст би оставил поголем впечаток.

6/10

Него, кој е следен?
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
267
Поени од реакции
1.750
Cashback (2006)

Главниот глумец доста интересен како лик, не ми е познат од порано.
Бен по раскинувањето со девојката почнува да пати од инсомниа, автоматски добива +8 слободни час, и решава да се вработи во супермаркет се со цел да убива време.

Предвидлива приказна посебно крајот, досаден на моменти, имаше и некои смешни сегменти, кинематографијата извонредна, супер ми беа и споредните ликови. Сепак вреди да се погледне поради тоа што е малку необичен.
За стопирање на времето цело време мислев дека само си замислува, се до крајот.

Видов дека има и некоја кратка претходна верзија на филмот, ќе го ѕирнам и тој.

7/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Cashback (2006)

Немам многу што да кажам за филмот.
Не е дека е ептен лош, ама како што вика moongoses приказната веќе видена.
Има обид за комедија, успеаа бар два пати онака да ме насмеат и останато е само главниот лик (мн. ме потсеќа на главниот карактер од Under the Silver Lake) во потрага по романса. Очаен е, се губи во просторот,ама некако му се вклопуваат коцките.
Имаше и тотално непотребни ликови, како на пример оној со каратено и лошана глума кога беше голман.

6/10


Него за следна недела мислам ја треба да предложам, а за утре имам симнато еден филм и колку што успеав да пребарам тука на форум и летербокс мислам дека повеќето го немате гледано. Ако случајно е обратно, имам и резерва.
Филмот за следна недела е The Immigrant (2013)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
@Anon -че, it's your turn, m8!
Зш не сум исклучен од клубов? Па 5-6 филма неам глеано последни... или колку и да се.
Како и да е, ви го препорачувам Remember од 2015 со легендите Мартин Ландау и Кристофер Пламер.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
The Immigrant (2013)

Колку што е филмов за имигрантот Ева, како што сугерира насловот, толку е, ако не и повеќе за домаќинот Бруно. Првиот изгубен во новиот свет, вториот изгубен барајќи ја својата вредност. Го следиме развојот по не баш така случајната средба помеѓу нив двајца. Филмот е концентриран исклучиво на нивните личности и меѓусебниот однос. Воопшто не ги допира останатите делови од нивните животи. Фино тече до некаде, потоа опаѓа во држење на вниманието, некаде до пред крајот.

Добра актерска игра, во монологот на самиот крај Феникс со потеченото лице ме потсети на познатите монолози на Брандо. Одлична фотографија, иако како за мој вкус претераа со портокаловата боја. Главно ентериери, тесни и темни, како одраз на местото во кое се наоѓа душата на ликовите. Музиката некако бледа.

Ваквиве приказни некако ми се посоодветни во книга, каде може многу детално да се опишат внатрешните чувства. Треба големо мајсторство тоа да се пренесе на екран. Иако гледаме добар обид, не е баш мајсторски зафат.

7/10


Зш не сум исклучен од клубов? Па 5-6 филма неам глеано последни... или колку и да се.
Влезеш ли еднаш, нема излегување :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Зш не сум исклучен од клубов? Па 5-6 филма неам глеано последни... или колку и да се.
Како и да е, ви го препорачувам Remember од 2015 со легендите Мартин Ландау и Кристофер Пламер.
Да, еднаш член на клубот, секогаш член на клубот. BTW, ме имаш стигнато на сите листи на LB, а на оваа за клубот губиш ко Грчка! :cool:
Автоматски споено мислење:

@wot - Film Club 2 (114. Remember: 10.05 - 16.05.2020)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom