FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
267
Поени од реакции
1.750
A League of Their Own (1992)

Забавно филмче, супер комедија, одамна не сум се насмеала вака на некој филм.
Најверојатно некогаш поодамна го имам гледано, познати ми беа некои сцени.

Одлична глума од целата екипа (доста познати имиња), Мадона пријатно изненадување.
Детето - маскота (he is a sweetest little boy) :pos:
На Том Хенкс колку добро му лежат комични ликови (Ми текнува во The Money Pit кога го гледав, моментот кога пропаѓа во подот):pos:
Од пропаднат пијаница и бивши бејзбол играч кој уво не го боли за женската лигата и го прифаќа тренерско место заради пари, на крај се претвора во ентузијастичен тренер.

Интересна динамика меѓу Кит и Доти.
Кит доста симпатична.

Баш релакс филм за ова хаотично време, добар избор.
8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
A League Of Their Own

И мене многу ми се допадна филмот, супер предлог, @moongoses ! И јас се смеев на некои сцени ко луд. Искрено, последната третина од филмот по малку почна да ме заморува, но крајот, со собирот на девојките многу години подоцна, многу ми се допадна. Очекував клишеа - Праските да победат во последниот дуел, таа главната да го напушти мажот и да замине со тренерот, или барем на крајот, кога се собраа сите и кажа дека маж ѝ починал, да се сретнат со тренерот и да се залапаат, ама ништо од тоаа не видов, што е поен плус за филмот. Сѐ на сѐ, многу забавно филмче, супер поминати 2 часа од денов, и воопшто не жалам што не пуштив уште еден Оскаровец наместо овој. 8/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
A League of Their Own (1992)

Баш ми е мило што на сите ви се допадна филмот и успеа малку да ве развесели во овој период кога сме од сите страни опкружени само со вести што шират страв и паника.
Забавен и смешен филм, без изнасилени комични ситуации. Одлични ликови, опфатени беа сите типови. Функционираше и ривалството на сестрите кое беше вметнато колку да има некаков драмски сукоб. Том Хенкс со неповторлива изведба на плукањето на тутунот.

Одлична целина, се на свое место и морам пак да ја спомнам музиката во сцената од финалето, која и даде една интензивност и емоционалност.

За време на одјавната шпица, кадрите од жените што играа беа вистинските играчици (вака е женски род од играчи?) од лигата.

8/10
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
267
Поени од реакции
1.750
Се извинувам што каснам малку, предлог филм за оваа недела:

Night on Earth (1991)
Screenshot_20200404-153019_IMDb.jpg

Антологиски филм за една вечер во животот на 5 различни таксисти во 5 различни града - 5 различни приказни.

И мојот избор е за нешто полесно, позабавно.
Се надевам ќе Ви се допадне.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Night on Earth (1991)


Баш добро и брзо поминаа два саати.
Добро, саат и 40.
Искрено како почна, мислев дека ќе е катастрофа.
Лос Анџелес ми беше ултра досадно, а и глумата ми одеше на нерви. 5/10
Њу Јорк некако ме разбуди. 7/10
Париз беше врвот. Убедливо најинтересен (10/10) ,заедно со Рим - 9/10
И за крај солидно во Хелсинки. 7/10


Просечна оценка - 8/10

Мислев дека една работа има што ги поврзува, ама ми текна уствари дека германецот во Њу Јорк не запали цигара!?

П.С. Одлично музиче има филмов.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
@Saladin ти си на ред за предложување филм
Автоматски споено мислење:

И едно мало олеснување за оние кои сакаат да се приклучат: ping @Vlatko_Gjorce - секој нов член кој сака да предложува филм, за да не чека до октомври - во моментот кога ќе изгледа и искоментира 3 од претходно предложените филмови, по автоматизам ќе биде додаден да предложува наредната недела, па повторно по 10 недели, и уште еднаш на крај на листата - значи по еден предлог за сите 3 филма изгледани.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Night on Earth (1991)

Типичен Џармушовски филм составен од неколку дела поврзани меѓу себе преку некој предмет или место. Исто типично е и што нема конкретен заплет и расплет, туку едноставно е сцена од нечие секојдневие такво какво што е. Овојпат е тоа едно возење во такси една ноќ во исто време на пет различни места во светот. Различни приказни, различни ликови, секој со своите проблеми и уникатни гледишта за нив.

Нема многу филмичност, ништо поразлично од театарска претстава. Кај Џармуш е секогаш формата пред содржината. И музиката е во истио препознатлив стил.

Малку ме изненади што не беше црно-бел како повеќето негови филмови од тој период.

7/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Пак Џармуш :)
Да. :)
После твојот коментар го гуглав малце режисерот да видам остали филмови, и видов овој французинот што е во Night on Earth е и во овој филм, погледнав 10 секунди од трејлерот и ај викам иде download.
Имдб не ветува многу, али кој го врти имдб, не се секогаш точни.
Ќе пишам импресии вечер, најкасно утре.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom