FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.625
The Professor and the Madman
Марџерииииииииии очи мои најубави, носе мое најцаканко
1583704200239.png
Малку филмови можат да бидат одлични кога тематиката е нешто кое не би требало да биде особено интересно како што е создавањето на факинг речник.
Овој филм не е меѓу нив.
Почна интересно но потоа некако изгубив интерес. Солидна глума од Пен и Гибсон иако Пен на моменти ту мач. Никако не сочувствував со неговиот лик откако му отиде здравјето даунхил. Плус, тотално неочекувано Марџери да се заљуби у него мислам тешки глупости тоа да го залапа да плаче да рика таму по врати само за да го види, и не, ова не е од љубомора :D
6.25/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
The Professor and the Madman

Едвај го догледав филмов. Три дена го гледам, со постојани прекини. До душа, не беше само до филмот, туку и до тоа што јас сум преморен деновиве. Инаку, за филмов, не знам што да кажам. Ова е интересно за нас, колку што на Американец би му бил интересен филм за Блаже Конески, на пример. Јас ја сфаќам важноста на луѓето кои беа прикажани тука за англискиот јазик и за британската култура, воопшто, ама ете, едноставно, мене не ме тангира. Значи буквално кај мене не побуди никакви емоции. Иако глумата беше и повеќе од фантастична. Одлични и Мел Гибсон, и Шон Пен, и Марџери Тајрел! Симнувам капа, стварно, прекрасна актерска екипа. Исто, ми се допадна и сценографијата и костимографијата, ги обожувам британските period drama филмови. И пак ќе речам - тука се си е погодено, филм кој е прекрасен на сите поединечни нивоа, а како целина не носи ништо, туку онака, остава рамнодушен. Не знам што друго би додал.

А, да - Мел Гибсон личи на Дедо Мраз. И тоа најдобриот Дедо Мраз кој некогаш сум го видел на екран! :pos:

6/10
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
267
Поени од реакции
1.750
The Professor and the Madman

Биографија за англиски речник, звучи досадно но мене филмот ми беше океј, баш онака релакс ко за саботно попладне.
Одлична глума и сценографија, можело да се поработи малку повеќе на дијалозите и да се скрати за некој дваесетина минути/половина час.
Малку ми беше неверојатно како Елајза се вљуби во Вилијам, можеби подобро ќе беше само да му прости и да се спријателат.
Не сфатив што беше финтата со сликањето и константното повраќање, така ли ги лечеле од лудило :toe:
Overall 6/10

Мел Гибсон личи на Дедо Мраз.
Mr. Muncie is the elf :pos::pos:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Mr. Muncie is the elf :pos::pos:
:pos: Хахаха, не ми текна на него, ама сега, откако спомна, дефинитивно е! :pos::pos::pos::pos:

Инаку заради целата ситуација со вирусов, не успеав да го изгледам твојот предлог, сѐ уште. Sorry. Ама ќе биде!
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
The Professor and the Madman (2019)

Филмот е за предизвиците и проблемите со кои се соочува новиот уредник на тоа што ќе биде најголемиот речник на англискиот јазик и за неговиот најполезен волонтер, кој е всушност осуденик со големи психички трауми од граѓанската војна. Се работи за класична биографска драма која опфаќа повеќегодишен период главно фокусиран на односот помеѓу професорот, докторот и вдовицата. За почитта, каењето, простувањето, заложувањето, признанието и други карактеристики кои денес се во изумирање.

Одлична режија. а сценариото плени со дијалогот и оној тогашен начин на изразување. Малку ми пречеше немирната камера на почетокот, ама подоцна ја снема или престанав да ја забележувам.

Не им ја разбрав играта со зборовите што ја играа при нивната прва средба.

Вакви филмови не ми се баш прв избор, но немам никакви замерки.

8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Не им ја разбрав играта со зборовите што ја играа при нивната прва средба.
Ако не се лажам, кажуваа зборови кои сметаа дека соговорникот не ги знае или не ги слушнал. Некои убави англиски зборови кои ги воодушевувале.
На втората средба, кажуваа збор кој соговорникот треба да го насмее. Кој прв ќе се насмее, тој губи.

@Saladin , чекаме...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Ripnete me za predlozi mene, osven ako primate predlog u 2-3 zbora.
P.s. go gledav segasniot film so profesorot i ludakot pa ja procitav recenzijata na zlate i neam sto da dodadam. Filmot u globala e stur no go vadat super ulogite na Gibson i Penn. Koa ke napraam paralela vaka, Creation od 2009 so Bettany e mnogu podobar.
Kao predlog moze Sideways od 2004 so Giamatti i Haden church.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
The Professor and the Madman

Ја како последен коментирајќи го, исто како Саладин, немам што да додадам.
Еве со што делам мислење.


Почна интересно но потоа некако изгубив интерес.
иако Пен на моменти ту мач.
Никако не сочувствував со неговиот лик откако му отиде здравјето даунхил. Плус, тотално неочекувано Марџери да се заљуби у него мислам тешки глупости тоа да го залапа да плаче да рика таму по врати само за да го види, и не, ова не е од љубомора :D
ми се допадна и сценографијата и костимографијата, ги обожувам британските period drama филмови.
можело да се поработи малку повеќе на дијалозите и да се скрати за некој дваесетина минути/половина час.
Малку ми беше неверојатно како Елајза се вљуби во Вилијам, можеби подобро ќе беше само да му прости и да се спријателат.
Одлична режија. а сценариото плени со дијалогот и оној тогашен начин на изразување.
Вакви филмови не ми се баш прв избор, но немам никакви замерки.

Уствари имам што да додадам.
Имаше неколку тотално небитни ликови а се појавиja неколку пати во филмот.
Можеби ако фокусот се ставел повеќе на тоа како го наоѓале потеклото на зборот, филмот би бил одличен.
Вака, со оглед на тоа што на The Destroyer од претходно сум дал 7, ова сигурно е 8 по мој вкус, а можеби и треба да си го преиспитам вкусот или да бидам по строг во оценување. :)

8/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.281
Sideways (2004)


Ваков филм никогаш не би одбрал да гледам сам, ама ете по препорака го пуштив и не зажалив.
Филм за виното, љубовта и кога не иде, не иде.

Мајлс е професор и писател во обид чија пасија е виното.
Од друга страна Џек е актер кој е веќе во залез на кариера и го чека женидба.
Двајцата прават трип до Санта Ињез каде Џек е решен да се омрси уште еднаш пред свадба, а Мајлс буквално не му е до ништо дојдено од толку што не му иде на сите полиња, и само му се густира вино додека Џек едвај чека да се начука за да урла. Него секое вино му е врв. :)

Супер глума. Споредниот карактер феноменален, истотака перфектно одигран. (додека го пишував постот барајќи му го името, видов дека бил номиниран за спореден актер за оскар)
Одлични сцени и дијалози, и препорачувам да се гледа во што поголема резолуција и со што подобар квалитет за да се доживеат подобро сите тие сцени на лозјата.

П.С. Интересен момент кога цел филм го спремаше виното во колекција од 61ва за посебна прилика, за да на крај го испие во пластична чаша јадејќи бургер. :D

8/10
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Sideways (2004)

Двајца најдобри другари, со потполно спротивни карактери што одлично се надополнуваат еден на друг, пред свадбата на едниот заминуваат на еднонеделно патување низ винариите. И двајцата се веќе во средни години, едниот потпросечен актер на залез од кариерата, другиот професор и нереализиран писател оставен од сопругата. И двајцата горе долу во слична животна ситуација, но со тотално различен поглед на нештата кои ги следиме низ комична перспектива.

Сценариото е одлично, преполно со суптилни моменти кои помагаа во дефинирање на ликовите.

Гледлив филм, особено убави пејсажите на местата што ги посетуваа. Музиката адекватна на атмосферата.

7/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom