FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Пишував, пишував, и сепак со интервенциите на серверот ми се избришал нацртот. Ај одново:

Under the Silver Lake

На второ гледање, многу работи се избистрија. Ова е хипстерски take на една расправа за поп културата, за теориите на заговор, за медиумите и медиумската култура, за култовите, за современиот свет во кој демнат безброј невидливи опасности, за младите, и за уште мал милион работи. Ендрју Гарфилд одличен (пак) во улогата на еден џаболебар плус многу мали споредни улогички, но повеќето од нив впечатливи. Освен глумата, и секако, музиката, најголем впечаток тука ми остави камерата и боите. Боите се живи, светли, како да сме во modern day LA. Има прекрасни сцени како онаа кога пливаат во Silver Lake со таа богаташката, ќерката на исчезнатиот милионер, и кога некој ја погодува неа со куршум во градите, додека таа тоне under the Silver Lake, режисерот ни ја рекреира истата слика од омилената насловна страница на Playboy за Сем, онаа на која мастурбирал за прв пат. Освен интра, тука има и интер"текстуални" референци како во сцената каде ликот на Ендрју Гарфилд, Сем, се буди на каучот со раката залепена за Amazing Spider-Man стрип. Пробува да го одлепи стрипот од раката, неуспешно. Исто онака како што самиот Гарфилд не успева да се одлепи од неговата улога како Spider-Man во два Amazing Spider-Man филма, кои се чини дека ќе го прогонуваат и со кои ќе го споредуваат уште долго во животот. Дури и кога успева да го одлепи стрипот од раката, на неа остануваат траги. Ја спомнавте и сцената со стариот композитор, која исто беше интересна. Малку несфатлива дел од симболиката на режисерот, како темата со убиецот на кучиња, ама претпоставувам некои работи му се ставени само и за филмот да изгледа похипстерски, а немаат некое пошироко значење. Инаку како освен со хипстеризам би го објаснил фактот дека во денешно време ликовите во филмот играат Нинтендо и слушаат винилки. Тука има и референци на Мерилин Монро, Rear Window на Хичкок, и многу други. Се на се, убав филм кој останува во сеќавање. Овојпат и успеав да го оценам - 8/10, зашто во некои сегменти, како бизарноста на приказната филмов е за 6, во други - чиста 10. Затоа мислам дека средна 8/10 совршено му одговара.
Имам уште многу да пишувам, ама мора да одам, па да не ми се избрише уште еден нацрт...
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Under the Silver Lake (2018)

Филмов ми изгледаше нешто како бледа денска верзија на „Малхоланд Драјв“. Покрај тоа, преполн со непотребни референци кон сцени и ликови од класични филмови, особено од Хичкок, Линч, Полански. Можеби и Ходоровски ако веќе самиот Линч него не го цитира. И којзнае уште кои и колку, како од филмови така и други правци од поп културата. До толку напињаше, што дури и покажа и нечиј надгробен споменик со натпис Хичкок.

Приказната ја движеа мистериозни настани, кои не беа ни планирани да се објаснат или барем да се оправдаат. Исто и ликовите, тотално без објаснување за мотивацијата на нивните постапки или кратка историја за положбата во која се наоѓаат.

Имаме лик којшто живее во скап апартман во елитна населба, денгуби по ноќни локали, а нема пари за да ја плати киријата и тотално ништо не презема околу тоа. Едноставно фрлен е во тие околности и безразумно го следи сценариото, кое го праќа во потрага по соседката која реши да замине преку ноќ откако ликов реши да ја запознае.

Фотографијата беше добра, а и музиката ме бендиса. И целата таа надреална атмосфера.
Остатокот баш како некоја верзија на „Супер Марио“ што го играа. Делот од мапата што ќе ја најдеш на ова ниво, совршено се совпаѓа со остатокот на другата локација и ако ги собереш сите букви од печурките, ќе ти се отвори преминот кон следното ниво.

Едвај 7/10.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
@Viollet @Saladin @SK-92 дали имате/ве имам на Letterboxd? Ако немате, напрајте, ако имате, додајте ме

Како и да е.
Многу е тешко ова предложување филм... ем треба да најдеш некој шо си го гледал, ем да е добар, ем да е краток, ем да не е многу популарен, ем да не го глеале, ем да е 720p...
Сепак, филмот што го препорачувам е секако „Нирнбершките процеси“ за кој напишав рецензија у „Предлог за филм со кратка рецензија“
Judgment at Nuremberg
По 5 години и Interstellar, еве сум повторно во темава. Само што сега не сме со нешто актуелно, туку се враќаме 60 години назад.


Со малку страв ќе речам дека Judgment at Nuremberg е можеби најдобриот филм што го имам гледано. Мислам дека имам повеќе пати спомнато на форумов, но филмови поврзани со Втора светска војна, Хитлер, Фашизам, Евреи итн. имаат посебна точка во мене. Се прашувам зошто? Отсекогаш сум бил во фудбал за Германија. Германија ми беше репер за нешто идеално. Се восхитував. Искрено не знам зошто, но сигурно е некоја комбинација од испран мозок, воспитување, природа... како и многу други работи во животот. Во основно кога учевме историја, секогаш навивав за Германија. Многу се нервирав дека изгуби во Прва светска војна, ептен се надевав дека ќе тепаат во Втора светска војна но ништо и од тоа. Го обожавав знамето. Си цртав Свастики. Не дека нешто сум го подржувал Фашизмот туку едноставно има нешто во таа форма и бојата... нели, Свастиката е сепак симбол со друго потекло. Можеби дека сум мирен и повлечен, а идолите ги бараме во она што не сме, или во она што се плашиме да бидеме? Не знам.

Во Judgment at Nuremburg, го следиме судењето на четворица кои биле дел од системот на Хитлер, министер за правда, судија и уште не знам шо беа тие другите двајца. Ги суди некој специјален трибунал од Америка. Сценариото во филмот е феноменално напишано. Глумата, особено на тој што ги брани и еден од четворицата осудени е за ништо помалку од Оскар. Филмот те голицка да размислуваш што е добро а што лошо, ти дава јасно значење дека има премногу сивило во нашиот свет, да сочувствуваш, да плачеш... филмот покажува како обичниот човек реагира на Фашизмот, како самите фашисти меѓу себе имале недоразбирања, како човекот е растргнат од многу фактори при донесување на одлуки. Правда, има ли?

На Letterboxd само еден од многуте Столиња на форумов го имаат гледано и поради тоа паѓам во очај. Филмов мора да се гледа. И не би пуштил ниту еден студент да заврши Право без да го гледа, анализира и дискутира филмов.
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
267
Поени од реакции
1.750
Judgment at Nuremberg (1961)

Емоционална драма, фантастична глума, дијалози кои те прогонуваат со денови.
Maximillian Schell :cuc:, заслужен оскар (performance of a lifetime).
Филмот е околу 3 часа за 4 наци судии на судење за злосторства против човештвото, искрено очекуваав дека ќе ме смори на моменти, but I underestimated it, дијалозите те држат залепен за екран.

Филм кој добро опишува што точно се случувало за време на втората светска војна во Германија, и дел од населението кое замижува на едно око за хорорите кои нацистите ги вршат (we didn't know).
Губење на работна позиција докoлку не си истомисленик - corruption at its best, кастрација на "undesirables".
А најголемиот хорор е што сето тоа се случило во една цивилизирана земја.
Доста језиво кога ги пуштаа снимките од логорите, незнам дали се користени оригинални снимки, ќе побарам покасно.

Ги пратиме и обичните германци кои пробуваат да продолжат со своите животи најдобро што можат, 3 години по завршувањето на војната во разрушен град.

И на крај и покрај осудата за доживотен затвор, сите затвореници се ослободени после неколку години - sounds familiar (едни судат, други ослободуваат).
Иако дел од приказната и карактерите се фиктивни, репрезентацијата за тоа што всушност се случило, доказите и обвиненијата се автентични.
Добар бленд од историја и фикција.
Се на се 9/10.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Доста језиво кога ги пуштаа снимките од логорите, незнам дали се користени оригинални снимки, ќе побарам покасно.
Дел од нив биле вистински... а мене сите така ми делуваа.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Го глеам филмов некаде до половина, ставам пауза, одам до старава у друга соба, ѝ редам сите шајки, мајки оти ми го нема препорачано филмов порано (јер ѝ се качувам на глава апропо препораки за стари филмови) и продужуем да го глеам понатака.
Одличен филм во секоја смисла на зборот.
Секоја роља однапред одлично смислена за да опфати секакви гледишта и перспективи кон една војна и нејзината грозоморност. Од аспект на еден обвинувач без никакви скрупули (Col. Tad Lawson) кој се обидува по секоја цена обвинетите да ја добијат најголемата можна казна., преку обичната раја која, замајана од силната пропаганда на нацистите појма немала што се случува надвор од сопствениот двор, до четирите осуденици кои секој различно гледаат на оваа трагедија, застапени од еден адвокат кој на некој начин ја рефлектира реалната слика на нацизмот и неговите причини зошто тој се појавува во претходно дотолчената Вајмарска република.
Од друга страна ги имаме судиите кои на скромен начин се претставени, како ликови-лаици во новосоздадениот поствоен свет. Сето тоа помешано со малку романтични нишки (релацијата Бертолф - Хејвуд).
Нема доволно зборови со кои би го опишал ова ремек дело, освен дека е задолжителна литература (за секој правник поготово :D ). И да. Жив се јадам што го имам испуштено до сеа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom