FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Поради тоа што форумот беше офлајн most of the time, продолжуваме со Miracle Worker до недела, 08.12.2019.
Автоматски споено мислење:

@Хоуп , пиши оценка, те молам. @Zlatikevichius , @Corvus , @Vlatko_Gjorce , @wot , @Gazpapir , @Anon и @__Vita____ , имате(-ме) уште 5 дена!
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Е па драги мои, дојде и тој миг кога, за жал, мора да ставиме крај и на овој проект. Точно 4 години се дружевме, споделувавме мислења и ги гледавме меѓусебните предлози. И, по мое мислење, успешно беше. Ете, дури и дознавме податок (@Acid сподели), дека во месец ноември, зборовите film club се трети најпребарувани зборови на Google кои потоа пребарувачите ги донеле на форумов. Искрено, на момент се замислив дали да ја променам одлуката, која веќе тлее подолго време, клубов да згасне. Но сепак се одлучив да ставиме крај. Има неколку причини. Што велат старите: сѐ се собрало, не е само едно нешто:

-последниот филм го гледаа, и пишаа за него само двајца, од кои еден не го ни оцени. Активноста во клубов одамна е на незавидно ниво, веќе некое време едвај живуркавме. Затоа мислам дека е веќе бесцелно да се обидуваме да развиваме дискусии, кога дури и тие кои ги гледаат филмовите, чат пат немаат време ни 2 збора да напишат овде;
- @__Vita____ , која требаше да предложува следна, не одговори на мојата порака, а и секако според правилата кои во последно време моравме да ги прекршуваме за да може да опстане клубот, не ги исполнува условите да предложува, зашто има изгледани само 2 филма;
-ни јас немам повеќе толку слободно време како до сега. Од пред месец дена станав татко по втор пат, и некако како да ми се дуплираа обврските. За месец дена, и тоа во сезона на Оскари, јас имам гледано само еден филм. И ни еден од последните 3 во клубов, со што и јас добивам црвен картон од него, доколку гледаме според правила...
-а немам веќе ни ентузијазам како порано, да бидам искрен, зашто сметам дека целиот труд е залуден кога едвај два-тројца го вреднуваат;
-и покрај тоа што за секоја Нова година многумина ветуваа дека ќе се вратат или приклучат, малкумина повратници или нови членови видовме, затоа што...
-активноста во подфорумов е многу слаба. Додека до пред некоја година уживав во сите теми кои ги отворав, сега... во Moviespotting се намали бројот на бројачи и изброени филмови за повеќе од четири пати, во клубов се намали бројот на членови за повеќе од 6 пати, и најинтересно од се: доаѓа време за нови Kajgana Movie Awards, а никој не забележа, ЦЕЛА ГОДИНА, дека се уште не се објавени победниците во оние за 2018! Разбирливо, социјалните мрежи си го прават своето. Веројатно има уште некоја причина-две, но според мене, овде е веќе бесцелно од активните членови на форумот кои се бројат на прсти, да бараш повеќе од петмина бар, активни во клубов.

Затоа, со тешко срце, но мора да ставиме крај. Огромна благодарност до сите кои учествувавте, макар и за 1 филм! Или со броеви, како што милувавме, благодарност до: сите 46 стари и нови членови за 100-те предложени филма, 2950-те напишани коментари на 197-те страници од темава и за 1081-то гледање на некој од предложените филмови, во сите овие 4 години... Клубот ќе биде привремено неактивен, додека не помислам дека се створени услови за негово рестартирање. Ние секако ќе се гледаме и дружиме во другите теми од подфорумов. А можеби, доколку ептен осетам празнина, да пробаме да се преселиме на некоја друга платформа. Што и да биде, ќе бидете известени.

За крај, моја ќе биде честа да го затворам клубот со последниот, 101 филм. Благодарение на тоа што форумов не работеше 3 дена, ако 101 филм го гледаме точно 2 недели, како и сите други, би завршиле на католичкиот Божиќ, на истиот датум на кој што почнавме, 25 декември, со што клубов ќе направи точно 4 години пред да згасне. Убаво заокружување на нештата! Откако го скројав планот за крајов, цело време бев сигурен последниот филм да биде Fight Club, оној кој е виновен за насловот, но еве, баш сега се премислив, зашто тоа е филм кој ем сите го имаме гледано, ем сите го имаме коментирано. Затоа, ќе завршиме со едно ново божиќно филмче кое мене ептен ми се допадна, а со кое ќе ги зачините предпразничните денови со малку магија. Origin приказната за Дедо Мраз, во наредните две недели го гледаме Klaus!

@wot - Film Club (Klaus: 12.12-25.12.2019)

До видување, драги филм-клубери!
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Честитки Злате на станувањето татко по втор пат. Нека се живи и здрави децата. Нека ве прати многу љубов и хармонија во вашиот дом. :love:

Многу ми е жал што едно овакво убаво катче во кое бев дел од самиот почеток, па скоро до самиот крај згаснува.
Многу филмови се предложија овде, многу страници се испишаа... Излеговме побогати филмски, пораснавме, и го надраснавме местово. Предизвикот ќе го продолжиме да го бараме и понатаму некаде, можеби и повторно попатно ќе дружиме.

Имав чест Клаус да биде еден од ретките филмови на кои му најдов време годинава да го изгледам и да ја оставам својата последна трага во клубов.
Одамна немало оволку добар анимиран филм кој ќе ме чепне длабоко како овој. Ова посебно го збори личност која се ужасува од новогодинешните просеравања, украсувања и цела таа еуфорија.


Клаус преставува една модерна верзија на една стара приказна со малку крипи шмек за легендата за Дедо Мраз.
Анимацијата и нарацијата е одлична. На момент ме потсети на How to train your dragon, ама само на момент. Не дека ми сметаше тоа...
Легендата беше доловена максимално,пораката е испратена, на нас е дали ќе направиме подобар свет или ќе го оставиме овој и понатаму да гори.

Оцена: 9

Ви посакувам пријатни празници испреплетени со среќни мигови. Се читаме, повторно, некаде низ форумов.

Збогум Филм Клуб.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Клаус (2019)

Едно сосема ново и оригинално видување на настанокот на Дедо Мраз. Приказната за себична личност која ќе престане да мисли само за себе и ќе започне да се грижи за другите, веќе е видена и наравоучението е познато. Но тоа воопшто не штети а и треба да се повторува со оглед дека во денешно време се помалку се оди по тој пат.
Цртежот и анимацијата многу ми се допаднаа, вистинско освежување од 3Д анимациите на Пиксар и Дизни и сите останати што се трудат да ги следат. Многу ме потсетуваше на класичните поинт и клик авантури од пред многу години, особено на серијалот за Monkey Island, оние подновените верзии. Дури и главните ликови изгледаа речиси идентично. А и некоја од репликите како да беше излезена од таму, особено оние духовитите.

8/10


Што се однесува до Филмскиот клуб, па сега, сѐ што е добро има крај. Едно огромно благодарам до Злате, за несебичната заложба да го започне и четири години да го води ова катче. А секое несебично дело секогаш поттикнува ново, што би рекол Клаус.
Евидентно беше неговото оправдано отсуство во последниов период.
Сите учесници гледавме по неколку наслови, кои да не беше клубов, сигурен сум дека никогаш не би ги виделе. Многу од нив беа добри, некои и не толку, но од сите нив научивме по нешто ново, ги проширивме видиците, се запознавме со нови автори и изведувачи. Сигурен сум дека многу од членовите и продолжија со гледање на останатите нивни филмови.

До некоја следна дружба ви посакувам убави празници и многу здравје, среќа и малку повеќе пополезни активности од гледање филмови.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Си беше еднаш еден филм. Заработи многу пари на кино благајните во Америка, го фалеа филмските критичари, влезе во повеќето листи на најдобрите филмови од таа година, но како и секој сличен на него, наскоро беше подзаборавен. Но кога и да се сетеше некој на него, се сеќаваше со насмевка и едно „ееех, добар беше тој филм“. Сѐ додека татковците на филмот, желни да заработат многу повеќе пари, не одлучија да ја молзат истата крава. Направија продолжение. Sequel. На стара слава, во име на првиот филм, и вториот заработи многу пари. И луѓето пак беа насмеани, но не од задоволство, туку од тоа колку очаен беше вториот. Толку беше лош, што гледачите почнаа да му се потсмеваат и на неговиот претходник, заборавајќи колку добар беше тој. Приказната обично не завршува тука, туку следат уште продолженија, ама ние тука ќе ја запреме.

Ќе пробаме на направиме, не sequel, туку reboot на нашиот стар, добар, сакан Film Club. Но не со цел да заработиме пари или слава како што тоа бидува во филмскиот свет, туку за да пробаме да го вратиме ова на старите патеки, како што заслужува, а и да видиме дали значителните измени во правилата ќе направат да има повеќе членови кои ќе ги гледаат филмовите и ќе коментираат. Е сега, кога се во прашање правилата: поентата е да направиме да не се толку строги како претходно, да нема исфрлање ако некој не ги гледа филмовите и слично, туку сѐ ќе биде малце полежерно, поедноставно и полиберално. Ајде, еве, конечно правилата.

Од стариот клуб остануваат истите, со црвено ќе бидат обележани новите и измените во старите:

1. The first rule of Film Club is: you do not talk about Film Club! :P

2. Како клубовите на читатели. Идентично! Сите гледаме еден ист филм (поточно - иста верзија на еден ист филм) и потоа го коментираме истиот.

3. Секој кој сака може да стане член на клубот! Потребно е само да имате волја, и да одвоите по 2 часа време секоја недела за да изгледате еден филм предложен од некој од членовите на Film Club (FC).

4. Да, исто како и во читачките клубови, и тука самите членови на FC ќе ги предложуваат филмовите. Кога еден филм ќе биде предложен, првиот кој ќе го изгледа и ќе пише коментар за него во темава, ќе има право да го предложува следниот филм, следната недела. За тоа кој предложува следен ќе може да се информирате во истиот Google документ кој го користевме за стариот клуб: ЛИСТА НА ЧЛЕНОВИ НА FILM CLUB, само во посебен sheet. При коментирање на филмот не треба и да предложувате филм, тоа ќе го направите кога ќе ви дојде времето.;)
NOTE: Секој предлог за филм ќе биде прво разгледан од модераторите на подфорумот Филм и ТВ (@џимеј и @wot ) и јас, како креатор на клубот. Ова - со цел да не ни изумрат милиони мозочни клетки ако некој предложи нешто како „Патот на кенгурите“, што еднаш се случи.

5. Предложениот филм МОРА да може да се најде за download преку некој од тракер сајтовите во минимум 720p. резолуција (HD). Секако, по договор, некои исклучоци може би биле дозволени (пример, ако станува збор за македонски филм, и сл).

6. Имајте разбирање за предлозите, почитувајте го мислењето на другиот. Да не се расправаме со муабети од типот - леле колку глупав филм, јас не го гледам!

7.
Letterboxd листата останува истата: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/ што значи продолжуваме таму каде што застанавме, и...

8. ...не смее да се предложи филм кој веќе бил предложен во клубот, било стариот, било овој.


9. Доколку некој веќе го има гледано предложениот филм, препораката е да го репризира додека го гледаме сите, затоа што и репризите се бројат во Moviespotting. :P

10. Темава ќе биде spoiler free, што значи не ја отварајте пред да го гледате филмот! ;)

11. Нормално, правилата на форумов важат и во темава, затоа be careful!

12. Почнуваме од денес, недела, 16 февруари 2020, со првиот филм, а дискусијата за него ќе трае до 22 февруари 2020 (
една недела), по што почнуваме со вториот филм. Се одлучив за една недела, наместо две недели, затоа што со смената на начинот на предложување, постои веројатност да коментираш денес, а да чекаш за да предложуваш филм дури по 2-3 месеци. Затоа, мислам дека една недела е доволна.

13. Once member of Film Club, always member of Film Club. Значи членството во клубот не може да се изгуби! Ако го гледаш филмот и коментираш за истиот, ќе имаш можност да предложуваш филм во иднина, ако не, нема. Ама членството не го губиш.

14. За разлика од претходно, нема да ги контактирам предложувачите во приватни пораки, ќе проверувате во документот чиј ред за предложување е, и во недела го предложувате филмот. Останатите членови на клубот ќе ве потсетат, доколку некој заборавил.

15. Се одлучив секој нов филм да почнува во недела, наместо во понеделник, зашто сметам дека во недела луѓето се послободни, па можат да го симнат филмот, па дури и да го изгледаат. Значи почнуваме со нов филм СЕКОЈА НЕДЕЛА!

___________________________________________________________
Сега мало појаснување за начинот на кој ќе ги додавам предложувачите во листата: прво правило е: кој коментира прв, тој ќе предложува прв. Пример: оваа недела имаме ФИЛМ 1, за него коментираат ЧЛЕН 1, ЧЛЕН 2 и ЧЛЕН 3, следната недела ќе предложува ЧЛЕН 1, наредната ЧЛЕН 2, па по 3 недели ЧЛЕН 3. Следната недела, кога ЧЛЕН 1 ќе го предложи ФИЛМ 2, коментира прво ЧЛЕН 2, па ЧЛЕН 1. По 4 недели пак ќе предложува ЧЛЕН 2, па по 5 недели пак ЧЛЕН 1. Значи кој повеќе гледа и коментира, повеќе ќе предложува. Simple as that! Ако не ви е јасно, едноставно, најлесно е да не се трудите да сфатите и само да погледнете на ЛИСТА НА ЧЛЕНОВИ НА FILM CLUB кој треба да предложува следен. :D

Можете да давате сугестии, околу клубот и правилата, колку сакате, но се што е во насока на зголемување на моите обврски при „модерирањето“ на Film Club, ќе биде одбиено без образложение, зашто една од причините зашто Film Club 1 згасна е моето немање време. :D Затоа и се направени измените во правилата, затоа што на овој начин сметам дека филмот ќе си функционира нормално и без моја голема инволвираност во него.

Инаку идејата за новиов клуб трае уште од згаснувањето на стариот, пред 2 месеци, само чекав да поминат Оскарите и да завршиме со изборот ТОП 100 од декадата, па еве, може да почнеме.

Ги молам само @wot и @џимеј да го менуваат насловот на тамава еднаш неделно, за што јас ќе ги потсетувам. Затоа што, нормално, јас не можам.

И толку. Почнуваме со првиот филм. Јас го затворив претходниот клуб, јас ќе го отворам новиов. Ви посакувам многу забава, многу нови филмови, и клубов да трае, ако ништо друго, барем повеќе од 4 години, колку што траеше стариот.
____________________________________________________________
Првиот филм кој ќе го гледаме тука, или 102 филм севкупно, ќе биде еден филм понов филм, од 2018, кој иако неколкупати го препорачував на форумов, според Letterboxd, сѐ уште никој не го изгледа. Тоа е единствениот филм кој кај мене имаше толку мешани чувства, што буквално не знаев како да го оценам. Затоа и на Letterboxd ми стои уште неоценет. Единствен таков! Филмот е со еден од моите најомилени актери, Ендрју Гарфилд, во главна улога, во режија на Дејвид Роберт Мичел, режисерот на хоророт It Follows. Филмот е доста експериментален, има вајб од филмовите на некои од најдобрите режисери кои ги знам, како Линч, Кјубрик... и многу референци од купишта класици кои ги знаеме - ете, предизвик: да ги препознаете. Станува збор за филмот UNDER THE SILVER LAKE .

001.jpg

Се надевам деке ќе ви се допадне. Или не. Сеедно. Важно да го гледате и да коментирате! Се надевам дека нема овој наш sequel да биде ниво пред оригиналниот Film Club, туку дека ќе го надмине.

Па да почнеме!
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Драги членови на клубот. Ќе пробаме да го рестартираме, со значително изменети правила, тука: https://forum.kajgana.com/threads/film-club-2-102-under-the-silver-lake-16-02-22-02-2020.109136/

Повелете, дојдете!

@wot, те молам смени го насловот на темава во Film Club, и стави ја под клуч. Кој сака, може да коментира во новата тема. Thanks in advance.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Де бе, што е ова Кајганавуд само сиквели и римејкови смх
:D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Under the Silver Lake
Тоа е, кога ќе си невработен стоунер како Гарфилд, ќе бидеш и ваква трипајла. Ќе наоѓаш некаков си Homeless King, ќе копаш списанија, ќе добиваш clues од cereals, ќе си замислуваш теории на заговор за богатите кои имаат многу кеш и сите земни задоволства ги поминале и сега сакаат да трансцендираат... и на крајот секако дека ќе одиш да се исковаш со 30 години постарата сосетка со папагалите која беше цело време топлес.
Тофер Грејс кажа нешо интересно таму, тоа со дека нема веќе мистерија и ја крејваме, се сложувам. И ова теоријата на заговорот за музиката претежно, и филмови, реклами итн беше солидно прикажана, добра сцена со стариот музичар.
Интересен филм се на се, нормално дека нема да има асална разврска и ќе има некои различни интерпретации, типично несфатено-уметничко-хипстерски.
7/10
Ми имаше и некој Legion вајб претежно ради плавата која ми личеше на плавата од Legion.
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
267
Поени од реакции
1.750
Under the Silver Lake (2018)

Добар предлог, интересно филмче, малку чудно и бизарно на моменти али вреди да се погледне. Одлична кинематографија, дијалози и глума.

Сем е изгубен, осамен, невработен и иден бездомник со вишок слободно време кој пробува да најде смисла и значење на ситници во свет кој и нема смисла.
Опседнат е со автор кој пишува стрип/книга со теории на завери, бара тајни пораки во песни и верува дека тајната мапа на кутијата со житарици е клучот за целата мистерија.

Ми се допадна сцената со сонгврајтерот, она као ја користат поп културата да не манипулираат, контролираат анд кип ус хепи.
На крајот ја дознава вистината дека се тоа нема никакво скриено значење и го прифаќа фактот дека повеќето работи во животот се случуваат без никаква причина.

Филмот е претставен како мистерија, но според мене е трагедија за Сем кој полека но сигурно губи се, неговата работа, дом, кола, девојка и неговата младост.

Ако ми текне уште нешто ќе допишам.

Го гледав без никакви очекувања и пријатно ме изненади.
Според мене оцена 8/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Најверојатно сите песни од сцената со „ѓаволот“ и пијаното

Crazy Train (Ozzy Osbourne)
Jump (Van Halen)
I Want It That Way (Backstreet Boys)
Cheers TV Theme Song
I Want to Know What Love Is (Foreigner)
In-A-Gadda-Da-Vida (Iron Butterfly)
Earth Angel (Marvin Berry)
Smells Like Teen Spirit (Nirvana)
Push It (Salt-N-Pepa)
I Love Rock n Roll (Joan Jett)
Where Is My Mind (Pixies)
Ode to Joy (Beethoven)
Axel F (Harold Faltermeyer) aka Beverly Hills Cop theme
La Bamba (Richie Valens)
Pinball Wizard (The Who, but it sounds like Elton John's version with piano)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Under The Silver Lake (2018)

Филмов е уште поинтересен ако имаш во животот некој денгубар како главниот лик, во мојот случај братучед ми.
Значи истите муабети со масони, илуминати, скриените пораки во песните...
Прав пример за тоа "гледаш само она што умот сака да го види"

Мистериозен крајно.
Многу работи останаа нејасни иако од прилика сфаќаш дека Сем е психопат.
До толку беше опседнат со глупи теории што и курвата му кажа дека мора да си оди, демек он смрдел, ама претпоставувам досаден и беше. :)

Ја го гледам него како убиецот на оној познатиот од телевизија, трите девојки и убиецот на кучињата.
Прав профил на сериски убица.
Моментот кога иде во тунелите треба да преставува негово апсење, нели?!

Интересна беше и сцената со кралот кога го испитува за кучешката храна пронајдена кај него, а и моментот кога авторот на стрипот извршува самоубиство, а Сем вика ич не изгледаше како да има намера за самоубиство. :D

Дефинитивно ќе треба некои сцени да се гледаат повторно.
Има и моменти на хумор па цел филм ми дава впечаток на 8 од 10.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Under the silver lake
Се работи за тип заразен од поп-културата со его-манијакални предизпозиции кои го доведуваат онаму каде што го доведуваат (според мене - никаде).
Не ми напраи нешо многу ќеф филмов (после изгледани Mr. Nobody и Truman Show), Гаро игра солидно, ама немаше некоја драж туку делуваше ко да е сосила довлечкан на филмското платно и тера некој хипстер мувмент за да на крај сето тоа заврши мистериозно као пораката е пратена, само вие проценете што би можело понатака да се случи.
Освен некои референци на поп-културата со благ мозаик на теории на заговор, филмот ми делуваше штуро. Саундтракот и камерата го извадија од сивилото инаку би го сврстал у топ 10 најпразни филмови што сум ги изгледал во овие 2 години.
Ваљда е до мене. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom