Film Club 2 (114. Remember: 10.05 - 16.05.2020)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.034
Поени од реакции
17.657
Јас имав навистина бурен ден. Извинете многу за чекањето. :( Еве, затоа овојпат нема да ве мачам со некој артси фартси филм, туку ќе ви предложам една лимонатка за која се кладам дека средна оценка би била 5, ама барем ќе ве опушти до максимум. Ко да сте пушеле џоинт. Филм со многу дрога, многу секс, многу рок ен' рол... Филм на Анг Ли (кој би рекол?) кој ќе ве одведе на едно музичко патување какво што не сте ни очекувале! Оваа недела ќе го гледаме:

TAKING WOODSTOCK (2009)

Taking Woodstock.jpg

А како филмов никој од моите LB пријатели го нема гледано, ете, не ми е јасно. Мене ми е на листа кандидати за предлог уште од пред две години, и еве, конечно му дојде ред. Па да видиме колку знаете да бидете „опуштени“ ии вие.

P.S. Земањето на опојни дроги за време на гледањето на филмов би било одлично надополнување на впечатокот, но сепак, не препорачувам. :cool:

@wot - Film Club 2 (107. Taking Woodstock: 22.03 - 28.03.2020)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.074
Поени од реакции
3.316
Taking Woodstock (2009)


Откако @Zlatikevichius препорача опојни дроги, испоштуев со една дебела двојка, ама сигурно мислел на некои трипови.
Како и да е, јас не препорачувам ништо. Филмот има се на се, ЕДНА сцена за дрогата.
Искрено тоа и најмногу ме разочара.
Мислам дека доколку филмот се фокусирал малце повеќе на случувањата на Woodstock отколку покажувањето на карактерните особини на евреите, би бил многу подобар.
А евреите одлично прикажани. Значи ќе се ебат во гз само да ќарат некој денар плус од секоја ситуација.

Од друга страна, супер ми легна од што научив неколку работи плус за и онака супер познатиот Woodstock.

6/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.393
Поени од реакции
1.444
Taking Woodstock (2009)

Според најавата на Злате очекував некоја психоделична баханалија. Во комбинација со режисерот кој никако да ми стане допадлив од сè уште не разјаснети причини, мислев дека ќе претстојат два многу досадни часа. Но, се излажав, што уште еднаш се докажа дека најлошо е со предрасуди да се започне да се гледа филм. А и воопшто што било да се прави. Добро што очекувањата ми беа никакви, па филмот немаше каде освен пријатно да изненади, што и го направи.

Филмот е всушност за младиот Елиот и неговиот однос со семејството. Очајно барајќи начин да им помогне на своите родители да го задржат нивниот пропаднат мотел, сосема случајно станува главен виновник за одржувањето на сега веќе антологискиот концерт во неговото родно место. Прикажан е и неверојатниот сенс за бизнис на евреите, како и оние другите кои се против каква било промена, иако вечно незадоволни од моменталната ситуација.

Родителите на Елиот феноменални ликови, особено татко му, кој како целиот живот да го чекал овој настан. Ме воодушевија сцените кога ги бркаа рекетарите, кога воведуваше ред во сообраќајот а и таа со полицаецот на моторот.

Се на се, позитивен филм со доста комични елементи, како и што треба за фестивалот на музиката и мирот. Воопшто не ми пречеше што ја немаше сцената со изведувачите, што некако логично би се очекувало.

8/10

Сега да почнам да барам филм за од утре.
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
242
Поени од реакции
1.543
Taking Woodstock (2009)

Мало разочарување ми беше што немаше сцени од фестивалот туку се концентрира повеќе на behind the scenes и целиот процес на организација.

Елиот интериорен дизајнер кој со сите сили пробува да им помогне на своите родители да не го изгубат гадниот мотел, така и ја добива инспирацијата за фестивалот.
Мајка му и татко му - кои комични ликови :pos:

Филм за љубов, музика, слога, како малите идеи можат да прераснат во нешто големо, но и како со една погрешна реченица работите можат да излезат од контрола.
Релаксирачки филм, блага драма со комични моменти.

И на крај организаторот на фестивалот не стигна да погледне ниту еден изведувач.

7/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.393
Поени од реакции
1.444
Со оглед на ситуацијава барав некој полесен филм што малку ќе не развесели и ќе ни го крене расположението. Одбрав наслов што според летербоксот никој го нема гледано, барем од тие што ги следам. Не се работи за никакво посебно кинематографско достигнување, напротив. Она што ми остана најмногу во сеќавање беше музиката во последната сцена, која трае ако не се лажам десетина минути.

Ќе гледаме една спортска драма-комедија, кај нас одеше под името „Лига на нивен начин“

MV5BNjQ1NTQyYjktZDc5My00NDA1LWI1NmItY2ViNjQ0NDk4NmRjXkEyXkFqcGdeQXVyNTAyODkwOQ@@._V1_SY1000_CR...jpg
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.415
Поени од реакции
2.089
Одбрав наслов што според летербоксот никој го нема гледано, барем од тие што ги следам.

Автоматски споено мислење:

(Ќе пишам, дека го гледав лани и уште го памтам, па не мислам да го репризирам, а и онака у правилана глеам пишува "препорачливо" а не "задолжително" да се репризира...се важи? се важи)

A League of Their Own

Како што рече еднаш, сега веќе екс-Кајганџија :( - нема зш чик-флик (илити женски филм) да биде гилти плежр ако е добро направен, и такви по мене се - Heathers, Night of the Comet, Clueless, па и овој...
Том Хенкс :kruna:, кој не го сака човеков, еден од најсимпатичните глумци, задолжен за хуморот тука and he delivers, ова е еден од неговите поинтересни ликови што сум ги гледал -"there's no crying in baseball !!!"
Кудос до режисерката што од приказна за женски беЈзбол тим и со овој женски кастинг (кога некоја антипатична "актерка" ко Мадона се уклопува и не штрчи, да не заборавам дека и мушкобањастана Рози О'Донел е у филмов, па онаа кускулено Лори Пети која е по мене единствената маана на Point Break) успева да направи доста забавна лесна комедија, која наеднаш на крајот, би рекол неочекувано, врти накај драма со доста емотивна сцена која му дава една тежина на филмов.

6.5/10
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.074
Поени од реакции
3.316
A League of Their Own (1992)

Мене отсекогаш ми биле интересни спортските филмови, и тоа е можеби единствениот начин да читнам нешто повеќе за спорт како бејзбол кој за мене е еднакво возбудлив како мечување.
Одлична глума, ме изненади Мадона, немав појма дека е она споредна улога во филмов, а и останатите девојки имаа свои моменти.
Том Хенкс го немам видено во вакво издание, едноставно човекот е легенда во актерството.

Исполнет е филмот со комични сцени, ама мислам дека ваков тип на филм ќе легне повеќе кај женската популација.
Очекував дека Том Хенкс на крај ќе се спанџа со Џина Дејвис, ама сепак остана оваа лојална до сам крај. :)

7/10

п.с. Си викав цел филм, каде се црнците?
Не е можно да нема ниту еден црнец иако се работи за периодот од ВСВ, сепак улета и црнкиња иако се појави само на 5 секунди. :rolleyes:
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
242
Поени од реакции
1.543
A League of Their Own (1992)

Забавно филмче, супер комедија, одамна не сум се насмеала вака на некој филм.
Најверојатно некогаш поодамна го имам гледано, познати ми беа некои сцени.

Одлична глума од целата екипа (доста познати имиња), Мадона пријатно изненадување.
Детето - маскота (he is a sweetest little boy) :pos:
На Том Хенкс колку добро му лежат комични ликови (Ми текнува во The Money Pit кога го гледав, моментот кога пропаѓа во подот):pos:
Од пропаднат пијаница и бивши бејзбол играч кој уво не го боли за женската лигата и го прифаќа тренерско место заради пари, на крај се претвора во ентузијастичен тренер.

Интересна динамика меѓу Кит и Доти.
Кит доста симпатична.

Баш релакс филм за ова хаотично време, добар избор.
8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.034
Поени од реакции
17.657
A League Of Their Own

И мене многу ми се допадна филмот, супер предлог, @moongoses ! И јас се смеев на некои сцени ко луд. Искрено, последната третина од филмот по малку почна да ме заморува, но крајот, со собирот на девојките многу години подоцна, многу ми се допадна. Очекував клишеа - Праските да победат во последниот дуел, таа главната да го напушти мажот и да замине со тренерот, или барем на крајот, кога се собраа сите и кажа дека маж ѝ починал, да се сретнат со тренерот и да се залапаат, ама ништо од тоаа не видов, што е поен плус за филмот. Сѐ на сѐ, многу забавно филмче, супер поминати 2 часа од денов, и воопшто не жалам што не пуштив уште еден Оскаровец наместо овој. 8/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.393
Поени од реакции
1.444
A League of Their Own (1992)

Баш ми е мило што на сите ви се допадна филмот и успеа малку да ве развесели во овој период кога сме од сите страни опкружени само со вести што шират страв и паника.
Забавен и смешен филм, без изнасилени комични ситуации. Одлични ликови, опфатени беа сите типови. Функционираше и ривалството на сестрите кое беше вметнато колку да има некаков драмски сукоб. Том Хенкс со неповторлива изведба на плукањето на тутунот.

Одлична целина, се на свое место и морам пак да ја спомнам музиката во сцената од финалето, која и даде една интензивност и емоционалност.

За време на одјавната шпица, кадрите од жените што играа беа вистинските играчици (вака е женски род од играчи?) од лигата.

8/10
 
На врв Bottom