Film Club 2 (114. Remember: 10.05 - 16.05.2020)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.164
Поени од реакции
17.911
Mr. Muncie is the elf :pos::pos:
:pos: Хахаха, не ми текна на него, ама сега, откако спомна, дефинитивно е! :pos::pos::pos::pos:

Инаку заради целата ситуација со вирусов, не успеав да го изгледам твојот предлог, сѐ уште. Sorry. Ама ќе биде!
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.446
The Professor and the Madman (2019)

Филмот е за предизвиците и проблемите со кои се соочува новиот уредник на тоа што ќе биде најголемиот речник на англискиот јазик и за неговиот најполезен волонтер, кој е всушност осуденик со големи психички трауми од граѓанската војна. Се работи за класична биографска драма која опфаќа повеќегодишен период главно фокусиран на односот помеѓу професорот, докторот и вдовицата. За почитта, каењето, простувањето, заложувањето, признанието и други карактеристики кои денес се во изумирање.

Одлична режија. а сценариото плени со дијалогот и оној тогашен начин на изразување. Малку ми пречеше немирната камера на почетокот, ама подоцна ја снема или престанав да ја забележувам.

Не им ја разбрав играта со зборовите што ја играа при нивната прва средба.

Вакви филмови не ми се баш прв избор, но немам никакви замерки.

8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.164
Поени од реакции
17.911
Не им ја разбрав играта со зборовите што ја играа при нивната прва средба.
Ако не се лажам, кажуваа зборови кои сметаа дека соговорникот не ги знае или не ги слушнал. Некои убави англиски зборови кои ги воодушевувале.
На втората средба, кажуваа збор кој соговорникот треба да го насмее. Кој прв ќе се насмее, тој губи.

@Saladin , чекаме...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.063
Поени од реакции
11.008
Ripnete me za predlozi mene, osven ako primate predlog u 2-3 zbora.
P.s. go gledav segasniot film so profesorot i ludakot pa ja procitav recenzijata na zlate i neam sto da dodadam. Filmot u globala e stur no go vadat super ulogite na Gibson i Penn. Koa ke napraam paralela vaka, Creation od 2009 so Bettany e mnogu podobar.
Kao predlog moze Sideways od 2004 so Giamatti i Haden church.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.223
Поени од реакции
3.768
The Professor and the Madman

Ја како последен коментирајќи го, исто како Саладин, немам што да додадам.
Еве со што делам мислење.


Почна интересно но потоа некако изгубив интерес.
иако Пен на моменти ту мач.
Никако не сочувствував со неговиот лик откако му отиде здравјето даунхил. Плус, тотално неочекувано Марџери да се заљуби у него мислам тешки глупости тоа да го залапа да плаче да рика таму по врати само за да го види, и не, ова не е од љубомора :D
ми се допадна и сценографијата и костимографијата, ги обожувам британските period drama филмови.
можело да се поработи малку повеќе на дијалозите и да се скрати за некој дваесетина минути/половина час.
Малку ми беше неверојатно како Елајза се вљуби во Вилијам, можеби подобро ќе беше само да му прости и да се спријателат.
Одлична режија. а сценариото плени со дијалогот и оној тогашен начин на изразување.
Вакви филмови не ми се баш прв избор, но немам никакви замерки.

Уствари имам што да додадам.
Имаше неколку тотално небитни ликови а се појавиja неколку пати во филмот.
Можеби ако фокусот се ставел повеќе на тоа како го наоѓале потеклото на зборот, филмот би бил одличен.
Вака, со оглед на тоа што на The Destroyer од претходно сум дал 7, ова сигурно е 8 по мој вкус, а можеби и треба да си го преиспитам вкусот или да бидам по строг во оценување. :)

8/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.223
Поени од реакции
3.768
Sideways (2004)


Ваков филм никогаш не би одбрал да гледам сам, ама ете по препорака го пуштив и не зажалив.
Филм за виното, љубовта и кога не иде, не иде.

Мајлс е професор и писател во обид чија пасија е виното.
Од друга страна Џек е актер кој е веќе во залез на кариера и го чека женидба.
Двајцата прават трип до Санта Ињез каде Џек е решен да се омрси уште еднаш пред свадба, а Мајлс буквално не му е до ништо дојдено од толку што не му иде на сите полиња, и само му се густира вино додека Џек едвај чека да се начука за да урла. Него секое вино му е врв. :)

Супер глума. Споредниот карактер феноменален, истотака перфектно одигран. (додека го пишував постот барајќи му го името, видов дека бил номиниран за спореден актер за оскар)
Одлични сцени и дијалози, и препорачувам да се гледа во што поголема резолуција и со што подобар квалитет за да се доживеат подобро сите тие сцени на лозјата.

П.С. Интересен момент кога цел филм го спремаше виното во колекција од 61ва за посебна прилика, за да на крај го испие во пластична чаша јадејќи бургер. :D

8/10
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.446
Sideways (2004)

Двајца најдобри другари, со потполно спротивни карактери што одлично се надополнуваат еден на друг, пред свадбата на едниот заминуваат на еднонеделно патување низ винариите. И двајцата се веќе во средни години, едниот потпросечен актер на залез од кариерата, другиот професор и нереализиран писател оставен од сопругата. И двајцата горе долу во слична животна ситуација, но со тотално различен поглед на нештата кои ги следиме низ комична перспектива.

Сценариото е одлично, преполно со суптилни моменти кои помагаа во дефинирање на ликовите.

Гледлив филм, особено убави пејсажите на местата што ги посетуваа. Музиката адекватна на атмосферата.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.164
Поени од реакции
17.911
И јас како @Anon веќе го имам гледано филмов, искрено, не ми остави некој особен впечаток, освен кинематографијата, па затоа не планирам да го репризирам. Сум му дал 6/10 на LB тогаш.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.063
Поени од реакции
11.008
Sideways (2004)
Со филмов прв пат се соочив одамна по случаен избор на препораки на ИМДб, си викам ај дај шта даш. Тогаш испадна добро освежување јер малку ми осткршнуваше од оние класични амерички комедии (сеа коа ќе помислам и не баш). Како и да е, видов после тоа дека е правен според книга, па ја ставив и неа na to be read листата. И оставив малку да проветрее низ времето. Едно добри 10 години ваљда. Се до моментот кога имав услови истата да ја порачам од странство и прочитам (и покрај делумно декуражувачки рецензии) и пак да му се вратам на филмот. И пак да ми проникне кисела насмевка коа Мајлс го пие скапиот винтиџ у пластична чашка у некој буркеркинг ( :D ).
Отпрва бев скептик за филмов дека неговото навраќање нема да ми ја направи онаа драж како првиот пат, (обично тоа се случува во филмови-откриени-по-случаен-избор). Но испадна дека филмов не само што ми го даде соодветното расположение, туку и на некој начин се пронајдов со главниот лик.
У принцип, типот, преку својот малку елитистички настроен вкус кон виното, полага надеж на веќе завршената врска со неговата бивша жена. Од друга страна неговиот другар ја согледува неговата глупа меланхолија и со својот пристап на ебачиште пробува да му помогне, а и самиот да си ќари нешто на страна пред да го каже судбоносното „да“. Маја е мојот идеал за девојка која ако некад ја запознам, би забораил на сите бивши и би направил све за да бидеме заедно :D .
И пак не ја сфатив поентата со мерлото - зошто долку го мразеше, освен што спомна дека е некој вид на конфекција од вино? Па бившата обожаваше Шардоне :D
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.446
1584894042779.png

@Zlatikevichius, табелата вели ти си на ред. Нешто ми забушавате со @Anon, @Corvus и останати ич да не ги спомнувам.
Него и термините во табелата нешто не се како треба, провери.
У принцип, типот, преку својот малку елитистички настроен вкус кон виното, полага надеж на веќе завршената врска со неговата бивша жена.
...
И пак не ја сфатив поентата со мерлото - зошто долку го мразеше, освен што спомна дека е некој вид на конфекција од вино? Па бившата обожаваше Шардоне :D
Многу добра беше сцената кога Џек праша зошто се вика пино ноар а виното е бело, а Мајлс му вика не поставувај такви прашања ќе мислат дека си глуп :)
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.137
Поени од реакции
6.212
Прегледај го приврзокот 239768

@Zlatikevichius, табелата вели ти си на ред. Нешто ми забушавате со @Anon, @Corvus и останати ич да не ги спомнувам.
Него и термините во табелата нешто не се како треба, провери.
Многу добра беше сцената кога Џек праша зошто се вика пино ноар а виното е бело, а Мајлс му вика не поставувај такви прашања ќе мислат дека си глуп :)
Јас само тој го изглеав Under the Silver Lake, ептен тапа ми беше, coming to think of it, треба и рецензија да му напишам.
Не можеме сега да гледаме, со Гранде сме самоизолирани во различни делови од градот, а јас само со него ги глеам филмовиве, и така...
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
264
Поени од реакции
1.726
Sideways (2004)

Одлична глумачка екипа, посебно Мајлс ти смешно мало човече.
Кинематографијата и дијалозите перфектни.
Филмот добро ја прикажува тагата и очајот на главниот лик, сето тоа проследено со благ хумор.
Средовечен професор разочаран од љубовта, помалку огорчен кој се плаши да и даде на љубовта друга шанса.
Од друга страна пак Џек е екценричен лик, женскарош, без многу морал, и сака на ова патување да се испука за последен пат пред да се ожени.
Два тотално различни ликови, а сепак добри пријатели.
Ми се допадна и што филмот е доста фокусиран на character development, и те тера да се поврзеш со ликовите иако можеби не ти се допаѓаат нивните одлуки.
Во текот на целиот филм имав чувство дека нема да заврши со хепи ендинг.
And I love wine so 9/10
 
На врв Bottom