Film Club 2 (114. Remember: 10.05 - 16.05.2020)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.446
Питерсен, едниот од сведоците (незнам кој актер го игра) беше феноменално изведен.
Монтгомери Клифт е актерот. Малку улоги има, но сите се забележителни. Гледај го во „Признавам“ на Хичкок во улогата на свештеник.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.572
Поени од реакции
4.999
Монтгомери Клифт е актерот. Малку улоги има, но сите се забележителни. Гледај го во „Признавам“ на Хичкок во улогата на свештеник.
И "Место под сонцето" - A Place in the Sun (1951), макар што тој филм мене нешто не ме воодушеви.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
12.507
Поени од реакции
19.355
Destroyer
Тапа Џонсон филмов @Viollet извини, но знај дека те сакам. Требаше другиот.
Никол Кидман никогаш не била поубава во филм. Бу-ху.
Ич не беше интересен, не можам да кажам претерано досаден но беше досаден... значи нит ме интересираше нејзината врска со ќерка и, нит со партнерот, нит демек мистеријата што било што се случило... а пак пред крајот мајндфакот, што да ти расправам.
Требаше да има повеќе за негативецот. 3-4 солидни актери катастрофално потрошени.
Чим немало џа-бу за релативно нов филм со солидни актери, се очекува тапа.
АМА последните 2-3 минути се Теренс Малик перфекција :D

@Zlatikevichius ти бе, ало, Франкфурт зафатен, планираш нешто да пишеш или ја отвори целава тема испонапиша си предложи филм и толку, те снема, кај си да пишеш за последниве 2 филма???
зафатен, работа, инспекции, 2 деца, тоа е, се нема време
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.196
Поени од реакции
17.982
@Zlatikevichius ти бе, ало, Франкфурт зафатен, планираш нешто да пишеш или ја отвори целава тема испонапиша си предложи филм и толку, те снема, кај си да пишеш за последниве 2 филма???
зафатен, работа, инспекции, 2 деца, тоа е, се нема време
Еве бе, еве.

Judgment at Nuremberg

Искрено, го подзаборавив филмов. Недела и нешто помина. Ми се допадна. Тоа прво. Еден од најдобрите филмови со судски процес кој сум го гледал. И изненадувачки за мене, искрено. Прво, зашто не беше со некоја тема која предизвикува емоции, како нечие убиство, на пример. И тука има убиство, но не конкретно, на некоја личност која исто така е прикажана во филмот, туку геноцид. И за чудо, не предизвика никакви емоции кај мене. Потоа - предолг беше. И си викав: како ќе успејам филм од 3 саати со судски процес да го изгледам и да ми задржи внимание. Ама сепак, за чудо, ми задржа. И не само тоа, туку и не трепнав за време на филмов. Мене најимпресивен лик ми беше ликот на обвинетиот судија. И дури прочитав дека бил инспириран од вистински лик. Секоја чест на целиот морал кој го прикажал. Мислам дека личностите како него во реалниот свет се или загрозен вид, или тотално изумрени. Секако, и другите ликови прекрасно се вклопија во целината: и судијата, и авокатите, и Марлен Дитрих, и некои од сведоците... Е сега, ако сѐ беше толку добро, зошто 9, а не 10? Затоа што, најискрено, ми сметаше што зборуваа на англиски, по тој брз зум на камерата на почетокот на филмот. И мислам дека имаше моменти каде направија филмски грешки со слушалките: пр. едниот адвокат зборува, другиот му одговара, а не стави слушалки: како го разбра кога едниот треба да знае англиски, а другиот германски. Но сепак, тоа се само техникалии и мислам дека да не беше така, ќе требаше да трае минимум дупло од тоа што траеше. Ама барем ќе беше пореално. Реков 9/10. Одличен филм. Најдобар до сега во новиот клуб. :P

Destroyer ќе пробам да го гледам вечерва, ако не, идната недела и тој, а и новиот филм кој утре ќе го предложи @SK-92 .
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
266
Поени од реакции
1.731
Destroyer
Тапа Џонсон филмов @Viollet извини, но знај дека те сакам. Требаше другиот.
Никол Кидман никогаш не била поубава во филм. Бу-ху.
Ич не беше интересен, не можам да кажам претерано досаден но беше досаден... значи нит ме интересираше нејзината врска со ќерка и, нит со партнерот, нит демек мистеријата што било што се случило... а пак пред крајот мајндфакот, што да ти расправам.
Требаше да има повеќе за негативецот. 3-4 солидни актери катастрофално потрошени.
Чим немало џа-бу за релативно нов филм со солидни актери, се очекува тапа.
АМА последните 2-3 минути се Теренс Малик перфекција.
Да знам во право си, уште кога го репризирав сфатив дека направив грешка (едвај го изледав до крај по втор пат), ама веќе беше касно за исправка.
Требаше да одам со првобитниот избор ама тоа е.
Не знам како ми останал во сеќавање како солиден филм.
Доста предвидлив, многу малку screen time за негативецот, полн со клишеа и така.
5/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.446
Destroyer (2018)

Никол Кидман како зомби во овој обид за некаков нео-ноар. Ја следиме во нејзината опсесивна потрага по некогашниот водач на бандата, за кој, што и зошто дознаваме многу дозирано низ бројни флешбеци. Добро ја водеше приказната и градеше атмосфера. Ми се допадна изборот на локации во Лос Анџелес со кои го прикажува грдото и распаднатото во градот, како рефлексија на психофизичката состојба на главниот лик. Кој па по потреба тепа појако од Сталоне во најдобрите денови.

Штета што карактерите беа многу слабо изградени, без никаков обид за емпатија кон нив и уште помалку објаснување за мотивацијата на нивните постапки. Напр. зошто беше испратена означената новчаница? Освен да послужи во заплетот.

Дејствието беше сега и тоа пред 20 години. Ништо помеѓу не беше спомнато, а беше потребно токму за изградба на ликот. И затоа, кога ќе се распостели приказната до крај, целата структура се распаѓа.

Постојано бев под впечаток дека гледам амалгам од многу филмови на оваа и слична тема. Со преземени многу стилови, во неуспешен обид да се изгради свој сопствен. Сепак ми се допадна, а режисеркава има потенцијал.

7/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.257
Поени од реакции
3.847
professor.jpg




Филмот за оваа седмица е : The Professor and the Madman (2019)

Се работи за историска драма базирана на животот на Џејмс Мареј (Мел Гибсон) кој е уредникот на оксфордскиот речник и еден војник кој е хоспитализиран во лудница по име др. Вилиам Честер (Шон Пен)
Во потрага во што повеќе материјал за оксфордскиот речник, Џејмс Мареј добива 10.000 зборови од пациент во лудница.

Филмот е базиран на книгата Хирургот од Кроутаун (The Surgeon of Crowthorne) - 1998

Се надевам е добар избор.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.196
Поени од реакции
17.982
@wot - Film Club 2 (105. The Professor and the Madman: 09.03 - 15.03.2020)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
12.507
Поени од реакции
19.355
The Professor and the Madman
Марџерииииииииии очи мои најубави, носе мое најцаканко
1583704200239.png
Малку филмови можат да бидат одлични кога тематиката е нешто кое не би требало да биде особено интересно како што е создавањето на факинг речник.
Овој филм не е меѓу нив.
Почна интересно но потоа некако изгубив интерес. Солидна глума од Пен и Гибсон иако Пен на моменти ту мач. Никако не сочувствував со неговиот лик откако му отиде здравјето даунхил. Плус, тотално неочекувано Марџери да се заљуби у него мислам тешки глупости тоа да го залапа да плаче да рика таму по врати само за да го види, и не, ова не е од љубомора :D
6.25/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.196
Поени од реакции
17.982
The Professor and the Madman

Едвај го догледав филмов. Три дена го гледам, со постојани прекини. До душа, не беше само до филмот, туку и до тоа што јас сум преморен деновиве. Инаку, за филмов, не знам што да кажам. Ова е интересно за нас, колку што на Американец би му бил интересен филм за Блаже Конески, на пример. Јас ја сфаќам важноста на луѓето кои беа прикажани тука за англискиот јазик и за британската култура, воопшто, ама ете, едноставно, мене не ме тангира. Значи буквално кај мене не побуди никакви емоции. Иако глумата беше и повеќе од фантастична. Одлични и Мел Гибсон, и Шон Пен, и Марџери Тајрел! Симнувам капа, стварно, прекрасна актерска екипа. Исто, ми се допадна и сценографијата и костимографијата, ги обожувам британските period drama филмови. И пак ќе речам - тука се си е погодено, филм кој е прекрасен на сите поединечни нивоа, а како целина не носи ништо, туку онака, остава рамнодушен. Не знам што друго би додал.

А, да - Мел Гибсон личи на Дедо Мраз. И тоа најдобриот Дедо Мраз кој некогаш сум го видел на екран! :pos:

6/10
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
266
Поени од реакции
1.731
The Professor and the Madman

Биографија за англиски речник, звучи досадно но мене филмот ми беше океј, баш онака релакс ко за саботно попладне.
Одлична глума и сценографија, можело да се поработи малку повеќе на дијалозите и да се скрати за некој дваесетина минути/половина час.
Малку ми беше неверојатно како Елајза се вљуби во Вилијам, можеби подобро ќе беше само да му прости и да се спријателат.
Не сфатив што беше финтата со сликањето и константното повраќање, така ли ги лечеле од лудило :toe:
Overall 6/10

Мел Гибсон личи на Дедо Мраз.
Mr. Muncie is the elf :pos::pos:
 
На врв Bottom