Film Club 2 (114. Remember: 10.05 - 16.05.2020)

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
266
Поени од реакции
1.731
Judgment at Nuremberg (1961)

Емоционална драма, фантастична глума, дијалози кои те прогонуваат со денови.
Maximillian Schell :cuc:, заслужен оскар (performance of a lifetime).
Филмот е околу 3 часа за 4 наци судии на судење за злосторства против човештвото, искрено очекуваав дека ќе ме смори на моменти, but I underestimated it, дијалозите те држат залепен за екран.

Филм кој добро опишува што точно се случувало за време на втората светска војна во Германија, и дел од населението кое замижува на едно око за хорорите кои нацистите ги вршат (we didn't know).
Губење на работна позиција докoлку не си истомисленик - corruption at its best, кастрација на "undesirables".
А најголемиот хорор е што сето тоа се случило во една цивилизирана земја.
Доста језиво кога ги пуштаа снимките од логорите, незнам дали се користени оригинални снимки, ќе побарам покасно.

Ги пратиме и обичните германци кои пробуваат да продолжат со своите животи најдобро што можат, 3 години по завршувањето на војната во разрушен град.

И на крај и покрај осудата за доживотен затвор, сите затвореници се ослободени после неколку години - sounds familiar (едни судат, други ослободуваат).
Иако дел од приказната и карактерите се фиктивни, репрезентацијата за тоа што всушност се случило, доказите и обвиненијата се автентични.
Добар бленд од историја и фикција.
Се на се 9/10.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
12.491
Поени од реакции
19.335
Доста језиво кога ги пуштаа снимките од логорите, незнам дали се користени оригинални снимки, ќе побарам покасно.
Дел од нив биле вистински... а мене сите така ми делуваа.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.065
Поени од реакции
11.023
Го глеам филмов некаде до половина, ставам пауза, одам до старава у друга соба, ѝ редам сите шајки, мајки оти ми го нема препорачано филмов порано (јер ѝ се качувам на глава апропо препораки за стари филмови) и продужуем да го глеам понатака.
Одличен филм во секоја смисла на зборот.
Секоја роља однапред одлично смислена за да опфати секакви гледишта и перспективи кон една војна и нејзината грозоморност. Од аспект на еден обвинувач без никакви скрупули (Col. Tad Lawson) кој се обидува по секоја цена обвинетите да ја добијат најголемата можна казна., преку обичната раја која, замајана од силната пропаганда на нацистите појма немала што се случува надвор од сопствениот двор, до четирите осуденици кои секој различно гледаат на оваа трагедија, застапени од еден адвокат кој на некој начин ја рефлектира реалната слика на нацизмот и неговите причини зошто тој се појавува во претходно дотолчената Вајмарска република.
Од друга страна ги имаме судиите кои на скромен начин се претставени, како ликови-лаици во новосоздадениот поствоен свет. Сето тоа помешано со малку романтични нишки (релацијата Бертолф - Хејвуд).
Нема доволно зборови со кои би го опишал ова ремек дело, освен дека е задолжителна литература (за секој правник поготово :D ). И да. Жив се јадам што го имам испуштено до сеа.
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
266
Поени од реакции
1.731
Филм предлог за оваа недела (секако доколку биде ододбрен):


Криминална драма режирана од Karyn Kusama.
Во главната улога е Ерин Бел (Никол Кидман) детектив, која како млад полицаец била ставена на тајна задача и години покасно пробува повторно да го реши случајот и да се справи со демоните кои го уништиле нејзиното минато.

Се двоумев меѓу неколку, и со мала помош од Анон (фала), го избрав овој.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.446
Нирнбершкиот процес (1961)

Екранизација за едни од можеби најпознатите судски процеси во историјата, Нирнбершките процеси. Ме интересираше дали се работи за драматизација на некој конкретен историски процес, но испадна дека судењата се само инспирација за оваа фиктивна приказна, иако голем број од настаните споменати во филмот се вистинити а и ликовите се инспирирани од постоечки личности.

Одлично сценарио со вонвременски дијалози кои наметнуваат сериозни анализи и дилеми. Гледаме обид за објаснување и рационализирање на постапките на обвинетите, а преку нив и на обичниот народ за направените или ненаправените дела кои довеле првин до војна а потоа и до холокаустот. И како младиот бранител, феноменално одглумен од Максимилијан Шел, најдобро што знае и умее се става во одбрана на обвинетите судии иако и самиот тој вели дека не се согласува со тоа, но мора да го направи затоа што тоа му е работа. Исто како што им било работа и на неговите клиенти, кои служеле на татковината а сега им се суди за злосторства против човештвото.

Гледаме како политиката се меша во сите сфери на општеството, како треба да се жртвуваат и правдата и достоинството за поголеми интереси.
Цели единаесет минути трае објавувањето на пресудата од судијата што го глуми Спенсер Трејси, а се гледа помеѓу две трепкања.

Сценариото едноставно плени и е непресушен извор на цитати.

Вакви филмови каде преовладуваат многу дијалошки сцени не се баш филмични. Крамер се трудел да ја разбие монотонијата од промена на кадри од говорниците, со повремени кружни движења на камерата, како и за тоа време популарните брзи зумови на камерата. Но некако ми фалеа повеќе реакции како на активните учесници во процесот, така и на публиката. Немаше ни обид за изградба на некоја неизвесност. Сцените со Полак и Дитрих ми делуваа некако насила вметнато колку да се направи пауза помеѓу дијалозите во судницата. Иста функција имаа и останатите сцени во паузите.

Да не го заборавам и Берт Ланкастер кој секојпат доминира на екранот, без оглед на улогата што ја игра.

8/10.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.248
Поени од реакции
3.843
Judgment at Nuremberg (1961)

Иако можеби на прсти се бројат црно-белите филмови кои сум ги изгледал до крај, овој е 3 саати и успеав на два пути без трепкање.

Одлична адаптација, одлична глума, одличен приказ за тоа како се се' одвивало.

Да незнаеш ништо за Хитлер или Германија во Втора Светска Војна и да го гледаш филмов, можеби ќе застанеш и на страната на осудените.
Одлични аргументи и контра аргументи. Посебно ќе го запаметам кога ги спомена Черчил, Ватикан и останатите како го величеле Хитлер во аргумент за докажување на невиноста на судиите. -> видео

Судијата претерано добар лик. Баш преставува она што секој судија треба да биде, баланс и разум.

Питерсен, едниот од сведоците (незнам кој актер го игра) беше феноменално изведен.
Можев некако да осетам дека ќе ја искористат неговата ментална состојба за да се отфрли од листа на сведоци.

Многу сум задоволен што се потрудиле на секоја реплика, зима едниот става тоа слушалките за превод и цепаат така 3 саати,му дава некако посебен шмек на целиот филм. (y)

9/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.248
Поени од реакции
3.843
The Destroyer (2018)

Никол Кидман во улога на пијандура, мајка и џандар.
Да не знаев дека она е главна улога во филмов, можеби и немаше да ја препознаам, одлична трансформација.

Филмот е поделен на два дела.
Минатото и сегашноста на главниот лик.
Во минатото, или 17 години пред, се инфилтрира во банда заедно со уште еден џандар и се заљубува во него, попатно добива и ќерка која е жив напор во филмов. :)

Иако режисерот се одлучил за женски протагонист, сепак сметам дека е направена грешка.
Мое мислење е дека подобро би излегол филмов да е обратно, односно да партнерот на Никол Кидман е главен лик а Никол негов партнер кој го губи животот. Некако премногу очајно делува кога едно вакво скуфле, иако е веќе пропаднат детектив, мава-тепа крши носови без проблем.

Имам поделени мислења за филмов.
На моменти многу спор, досаден и предвидлив...на други моменти супер интересен. Ете, од филмов дознав за една тактика на америчките банки за обележување на парите при грабеж.
Некои работи останаа нејасни и на моменти претераа со акцијата, особено кога своеволно влегува во банка на момент кога има грабеж. (this is a fucking gunfight)


7/10
 
На врв Bottom