Film Club 2 (114. Remember: 10.05 - 16.05.2020)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.192
Поени од реакции
17.973
Си беше еднаш еден филм. Заработи многу пари на кино благајните во Америка, го фалеа филмските критичари, влезе во повеќето листи на најдобрите филмови од таа година, но како и секој сличен на него, наскоро беше подзаборавен. Но кога и да се сетеше некој на него, се сеќаваше со насмевка и едно „ееех, добар беше тој филм“. Сѐ додека татковците на филмот, желни да заработат многу повеќе пари, не одлучија да ја молзат истата крава. Направија продолжение. Sequel. На стара слава, во име на првиот филм, и вториот заработи многу пари. И луѓето пак беа насмеани, но не од задоволство, туку од тоа колку очаен беше вториот. Толку беше лош, што гледачите почнаа да му се потсмеваат и на неговиот претходник, заборавајќи колку добар беше тој. Приказната обично не завршува тука, туку следат уште продолженија, ама ние тука ќе ја запреме.

Ќе пробаме на направиме, не sequel, туку reboot на нашиот стар, добар, сакан Film Club. Но не со цел да заработиме пари или слава како што тоа бидува во филмскиот свет, туку за да пробаме да го вратиме ова на старите патеки, како што заслужува, а и да видиме дали значителните измени во правилата ќе направат да има повеќе членови кои ќе ги гледаат филмовите и ќе коментираат. Е сега, кога се во прашање правилата: поентата е да направиме да не се толку строги како претходно, да нема исфрлање ако некој не ги гледа филмовите и слично, туку сѐ ќе биде малце полежерно, поедноставно и полиберално. Ајде, еве, конечно правилата.

Од стариот клуб остануваат истите, со црвено ќе бидат обележани новите и измените во старите:

1. The first rule of Film Club is: you do not talk about Film Club! :P

2. Како клубовите на читатели. Идентично! Сите гледаме еден ист филм (поточно - иста верзија на еден ист филм) и потоа го коментираме истиот.

3. Секој кој сака може да стане член на клубот! Потребно е само да имате волја, и да одвоите по 2 часа време секоја недела за да изгледате еден филм предложен од некој од членовите на Film Club (FC).

4. Да, исто како и во читачките клубови, и тука самите членови на FC ќе ги предложуваат филмовите. Кога еден филм ќе биде предложен, првиот кој ќе го изгледа и ќе пише коментар за него во темава, ќе има право да го предложува следниот филм, следната недела. За тоа кој предложува следен ќе може да се информирате во истиот Google документ кој го користевме за стариот клуб: ЛИСТА НА ЧЛЕНОВИ НА FILM CLUB, само во посебен sheet. При коментирање на филмот не треба и да предложувате филм, тоа ќе го направите кога ќе ви дојде времето.;)
NOTE: Секој предлог за филм ќе биде прво разгледан од модераторите на подфорумот Филм и ТВ (@џимеј и @wot ) и јас, како креатор на клубот. Ова - со цел да не ни изумрат милиони мозочни клетки ако некој предложи нешто како „Патот на кенгурите“, што еднаш се случи.

5. Предложениот филм МОРА да може да се најде за download преку некој од тракер сајтовите во минимум 720p. резолуција (HD). Секако, по договор, некои исклучоци може би биле дозволени (пример, ако станува збор за македонски филм, и сл).

6. Имајте разбирање за предлозите, почитувајте го мислењето на другиот. Да не се расправаме со муабети од типот - леле колку глупав филм, јас не го гледам!

7.
Letterboxd листата останува истата: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/ што значи продолжуваме таму каде што застанавме, и...

8. ...не смее да се предложи филм кој веќе бил предложен во клубот, било стариот, било овој.


9. Доколку некој веќе го има гледано предложениот филм, препораката е да го репризира додека го гледаме сите, затоа што и репризите се бројат во Moviespotting. :P

10. Темава ќе биде spoiler free, што значи не ја отварајте пред да го гледате филмот! ;)

11. Нормално, правилата на форумов важат и во темава, затоа be careful!

12. Почнуваме од денес, недела, 16 февруари 2020, со првиот филм, а дискусијата за него ќе трае до 22 февруари 2020 (
една недела), по што почнуваме со вториот филм. Се одлучив за една недела, наместо две недели, затоа што со смената на начинот на предложување, постои веројатност да коментираш денес, а да чекаш за да предложуваш филм дури по 2-3 месеци. Затоа, мислам дека една недела е доволна.

13. Once member of Film Club, always member of Film Club. Значи членството во клубот не може да се изгуби! Ако го гледаш филмот и коментираш за истиот, ќе имаш можност да предложуваш филм во иднина, ако не, нема. Ама членството не го губиш.

14. За разлика од претходно, нема да ги контактирам предложувачите во приватни пораки, ќе проверувате во документот чиј ред за предложување е, и во недела го предложувате филмот. Останатите членови на клубот ќе ве потсетат, доколку некој заборавил.

15. Се одлучив секој нов филм да почнува во недела, наместо во понеделник, зашто сметам дека во недела луѓето се послободни, па можат да го симнат филмот, па дури и да го изгледаат. Значи почнуваме со нов филм СЕКОЈА НЕДЕЛА!

___________________________________________________________
Сега мало појаснување за начинот на кој ќе ги додавам предложувачите во листата: прво правило е: кој коментира прв, тој ќе предложува прв. Пример: оваа недела имаме ФИЛМ 1, за него коментираат ЧЛЕН 1, ЧЛЕН 2 и ЧЛЕН 3, следната недела ќе предложува ЧЛЕН 1, наредната ЧЛЕН 2, па по 3 недели ЧЛЕН 3. Следната недела, кога ЧЛЕН 1 ќе го предложи ФИЛМ 2, коментира прво ЧЛЕН 2, па ЧЛЕН 1. По 4 недели пак ќе предложува ЧЛЕН 2, па по 5 недели пак ЧЛЕН 1. Значи кој повеќе гледа и коментира, повеќе ќе предложува. Simple as that! Ако не ви е јасно, едноставно, најлесно е да не се трудите да сфатите и само да погледнете на ЛИСТА НА ЧЛЕНОВИ НА FILM CLUB кој треба да предложува следен. :D

Можете да давате сугестии, околу клубот и правилата, колку сакате, но се што е во насока на зголемување на моите обврски при „модерирањето“ на Film Club, ќе биде одбиено без образложение, зашто една од причините зашто Film Club 1 згасна е моето немање време. :D Затоа и се направени измените во правилата, затоа што на овој начин сметам дека филмот ќе си функционира нормално и без моја голема инволвираност во него.

Инаку идејата за новиов клуб трае уште од згаснувањето на стариот, пред 2 месеци, само чекав да поминат Оскарите и да завршиме со изборот ТОП 100 од декадата, па еве, може да почнеме.

Ги молам само @wot и @џимеј да го менуваат насловот на тамава еднаш неделно, за што јас ќе ги потсетувам. Затоа што, нормално, јас не можам.

И толку. Почнуваме со првиот филм. Јас го затворив претходниот клуб, јас ќе го отворам новиов. Ви посакувам многу забава, многу нови филмови, и клубов да трае, ако ништо друго, барем повеќе од 4 години, колку што траеше стариот.
____________________________________________________________
Првиот филм кој ќе го гледаме тука, или 102 филм севкупно, ќе биде еден филм понов филм, од 2018, кој иако неколкупати го препорачував на форумов, според Letterboxd, сѐ уште никој не го изгледа. Тоа е единствениот филм кој кај мене имаше толку мешани чувства, што буквално не знаев како да го оценам. Затоа и на Letterboxd ми стои уште неоценет. Единствен таков! Филмот е со еден од моите најомилени актери, Ендрју Гарфилд, во главна улога, во режија на Дејвид Роберт Мичел, режисерот на хоророт It Follows. Филмот е доста експериментален, има вајб од филмовите на некои од најдобрите режисери кои ги знам, како Линч, Кјубрик... и многу референци од купишта класици кои ги знаеме - ете, предизвик: да ги препознаете. Станува збор за филмот UNDER THE SILVER LAKE .

001.jpg

Се надевам деке ќе ви се допадне. Или не. Сеедно. Важно да го гледате и да коментирате! Се надевам дека нема овој наш sequel да биде ниво пред оригиналниот Film Club, туку дека ќе го надмине.

Па да почнеме!
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.149
Поени од реакции
6.236

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
37.733
Поени од реакции
73.529
Де бе, што е ова Кајганавуд само сиквели и римејкови смх
:D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
12.491
Поени од реакции
19.334
Under the Silver Lake
Тоа е, кога ќе си невработен стоунер како Гарфилд, ќе бидеш и ваква трипајла. Ќе наоѓаш некаков си Homeless King, ќе копаш списанија, ќе добиваш clues од cereals, ќе си замислуваш теории на заговор за богатите кои имаат многу кеш и сите земни задоволства ги поминале и сега сакаат да трансцендираат... и на крајот секако дека ќе одиш да се исковаш со 30 години постарата сосетка со папагалите која беше цело време топлес.
Тофер Грејс кажа нешо интересно таму, тоа со дека нема веќе мистерија и ја крејваме, се сложувам. И ова теоријата на заговорот за музиката претежно, и филмови, реклами итн беше солидно прикажана, добра сцена со стариот музичар.
Интересен филм се на се, нормално дека нема да има асална разврска и ќе има некои различни интерпретации, типично несфатено-уметничко-хипстерски.
7/10
Ми имаше и некој Legion вајб претежно ради плавата која ми личеше на плавата од Legion.
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
266
Поени од реакции
1.731
Under the Silver Lake (2018)

Добар предлог, интересно филмче, малку чудно и бизарно на моменти али вреди да се погледне. Одлична кинематографија, дијалози и глума.

Сем е изгубен, осамен, невработен и иден бездомник со вишок слободно време кој пробува да најде смисла и значење на ситници во свет кој и нема смисла.
Опседнат е со автор кој пишува стрип/книга со теории на завери, бара тајни пораки во песни и верува дека тајната мапа на кутијата со житарици е клучот за целата мистерија.

Ми се допадна сцената со сонгврајтерот, она као ја користат поп културата да не манипулираат, контролираат анд кип ус хепи.
На крајот ја дознава вистината дека се тоа нема никакво скриено значење и го прифаќа фактот дека повеќето работи во животот се случуваат без никаква причина.

Филмот е претставен како мистерија, но според мене е трагедија за Сем кој полека но сигурно губи се, неговата работа, дом, кола, девојка и неговата младост.

Ако ми текне уште нешто ќе допишам.

Го гледав без никакви очекувања и пријатно ме изненади.
Според мене оцена 8/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
12.491
Поени од реакции
19.334
Најверојатно сите песни од сцената со „ѓаволот“ и пијаното

Crazy Train (Ozzy Osbourne)
Jump (Van Halen)
I Want It That Way (Backstreet Boys)
Cheers TV Theme Song
I Want to Know What Love Is (Foreigner)
In-A-Gadda-Da-Vida (Iron Butterfly)
Earth Angel (Marvin Berry)
Smells Like Teen Spirit (Nirvana)
Push It (Salt-N-Pepa)
I Love Rock n Roll (Joan Jett)
Where Is My Mind (Pixies)
Ode to Joy (Beethoven)
Axel F (Harold Faltermeyer) aka Beverly Hills Cop theme
La Bamba (Richie Valens)
Pinball Wizard (The Who, but it sounds like Elton John's version with piano)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
2.248
Поени од реакции
3.843
Under The Silver Lake (2018)

Филмов е уште поинтересен ако имаш во животот некој денгубар како главниот лик, во мојот случај братучед ми.
Значи истите муабети со масони, илуминати, скриените пораки во песните...
Прав пример за тоа "гледаш само она што умот сака да го види"

Мистериозен крајно.
Многу работи останаа нејасни иако од прилика сфаќаш дека Сем е психопат.
До толку беше опседнат со глупи теории што и курвата му кажа дека мора да си оди, демек он смрдел, ама претпоставувам досаден и беше. :)

Ја го гледам него како убиецот на оној познатиот од телевизија, трите девојки и убиецот на кучињата.
Прав профил на сериски убица.
Моментот кога иде во тунелите треба да преставува негово апсење, нели?!

Интересна беше и сцената со кралот кога го испитува за кучешката храна пронајдена кај него, а и моментот кога авторот на стрипот извршува самоубиство, а Сем вика ич не изгледаше како да има намера за самоубиство. :D

Дефинитивно ќе треба некои сцени да се гледаат повторно.
Има и моменти на хумор па цел филм ми дава впечаток на 8 од 10.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.065
Поени од реакции
11.023
Under the silver lake
Се работи за тип заразен од поп-културата со его-манијакални предизпозиции кои го доведуваат онаму каде што го доведуваат (според мене - никаде).
Не ми напраи нешо многу ќеф филмов (после изгледани Mr. Nobody и Truman Show), Гаро игра солидно, ама немаше некоја драж туку делуваше ко да е сосила довлечкан на филмското платно и тера некој хипстер мувмент за да на крај сето тоа заврши мистериозно као пораката е пратена, само вие проценете што би можело понатака да се случи.
Освен некои референци на поп-културата со благ мозаик на теории на заговор, филмот ми делуваше штуро. Саундтракот и камерата го извадија од сивилото инаку би го сврстал у топ 10 најпразни филмови што сум ги изгледал во овие 2 години.
Ваљда е до мене. :icon_lol:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.192
Поени од реакции
17.973
Пишував, пишував, и сепак со интервенциите на серверот ми се избришал нацртот. Ај одново:

Under the Silver Lake

На второ гледање, многу работи се избистрија. Ова е хипстерски take на една расправа за поп културата, за теориите на заговор, за медиумите и медиумската култура, за култовите, за современиот свет во кој демнат безброј невидливи опасности, за младите, и за уште мал милион работи. Ендрју Гарфилд одличен (пак) во улогата на еден џаболебар плус многу мали споредни улогички, но повеќето од нив впечатливи. Освен глумата, и секако, музиката, најголем впечаток тука ми остави камерата и боите. Боите се живи, светли, како да сме во modern day LA. Има прекрасни сцени како онаа кога пливаат во Silver Lake со таа богаташката, ќерката на исчезнатиот милионер, и кога некој ја погодува неа со куршум во градите, додека таа тоне under the Silver Lake, режисерот ни ја рекреира истата слика од омилената насловна страница на Playboy за Сем, онаа на која мастурбирал за прв пат. Освен интра, тука има и интер"текстуални" референци како во сцената каде ликот на Ендрју Гарфилд, Сем, се буди на каучот со раката залепена за Amazing Spider-Man стрип. Пробува да го одлепи стрипот од раката, неуспешно. Исто онака како што самиот Гарфилд не успева да се одлепи од неговата улога како Spider-Man во два Amazing Spider-Man филма, кои се чини дека ќе го прогонуваат и со кои ќе го споредуваат уште долго во животот. Дури и кога успева да го одлепи стрипот од раката, на неа остануваат траги. Ја спомнавте и сцената со стариот композитор, која исто беше интересна. Малку несфатлива дел од симболиката на режисерот, како темата со убиецот на кучиња, ама претпоставувам некои работи му се ставени само и за филмот да изгледа похипстерски, а немаат некое пошироко значење. Инаку како освен со хипстеризам би го објаснил фактот дека во денешно време ликовите во филмот играат Нинтендо и слушаат винилки. Тука има и референци на Мерилин Монро, Rear Window на Хичкок, и многу други. Се на се, убав филм кој останува во сеќавање. Овојпат и успеав да го оценам - 8/10, зашто во некои сегменти, како бизарноста на приказната филмов е за 6, во други - чиста 10. Затоа мислам дека средна 8/10 совршено му одговара.
Имам уште многу да пишувам, ама мора да одам, па да не ми се избрише уште еден нацрт...
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.446
Under the Silver Lake (2018)

Филмов ми изгледаше нешто како бледа денска верзија на „Малхоланд Драјв“. Покрај тоа, преполн со непотребни референци кон сцени и ликови од класични филмови, особено од Хичкок, Линч, Полански. Можеби и Ходоровски ако веќе самиот Линч него не го цитира. И којзнае уште кои и колку, како од филмови така и други правци од поп културата. До толку напињаше, што дури и покажа и нечиј надгробен споменик со натпис Хичкок.

Приказната ја движеа мистериозни настани, кои не беа ни планирани да се објаснат или барем да се оправдаат. Исто и ликовите, тотално без објаснување за мотивацијата на нивните постапки или кратка историја за положбата во која се наоѓаат.

Имаме лик којшто живее во скап апартман во елитна населба, денгуби по ноќни локали, а нема пари за да ја плати киријата и тотално ништо не презема околу тоа. Едноставно фрлен е во тие околности и безразумно го следи сценариото, кое го праќа во потрага по соседката која реши да замине преку ноќ откако ликов реши да ја запознае.

Фотографијата беше добра, а и музиката ме бендиса. И целата таа надреална атмосфера.
Остатокот баш како некоја верзија на „Супер Марио“ што го играа. Делот од мапата што ќе ја најдеш на ова ниво, совршено се совпаѓа со остатокот на другата локација и ако ги собереш сите букви од печурките, ќе ти се отвори преминот кон следното ниво.

Едвај 7/10.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
12.491
Поени од реакции
19.334
@Viollet @Saladin @SK-92 дали имате/ве имам на Letterboxd? Ако немате, напрајте, ако имате, додајте ме

Како и да е.
Многу е тешко ова предложување филм... ем треба да најдеш некој шо си го гледал, ем да е добар, ем да е краток, ем да не е многу популарен, ем да не го глеале, ем да е 720p...
Сепак, филмот што го препорачувам е секако „Нирнбершките процеси“ за кој напишав рецензија у „Предлог за филм со кратка рецензија“
Judgment at Nuremberg
По 5 години и Interstellar, еве сум повторно во темава. Само што сега не сме со нешто актуелно, туку се враќаме 60 години назад.


Со малку страв ќе речам дека Judgment at Nuremberg е можеби најдобриот филм што го имам гледано. Мислам дека имам повеќе пати спомнато на форумов, но филмови поврзани со Втора светска војна, Хитлер, Фашизам, Евреи итн. имаат посебна точка во мене. Се прашувам зошто? Отсекогаш сум бил во фудбал за Германија. Германија ми беше репер за нешто идеално. Се восхитував. Искрено не знам зошто, но сигурно е некоја комбинација од испран мозок, воспитување, природа... како и многу други работи во животот. Во основно кога учевме историја, секогаш навивав за Германија. Многу се нервирав дека изгуби во Прва светска војна, ептен се надевав дека ќе тепаат во Втора светска војна но ништо и од тоа. Го обожавав знамето. Си цртав Свастики. Не дека нешто сум го подржувал Фашизмот туку едноставно има нешто во таа форма и бојата... нели, Свастиката е сепак симбол со друго потекло. Можеби дека сум мирен и повлечен, а идолите ги бараме во она што не сме, или во она што се плашиме да бидеме? Не знам.

Во Judgment at Nuremburg, го следиме судењето на четворица кои биле дел од системот на Хитлер, министер за правда, судија и уште не знам шо беа тие другите двајца. Ги суди некој специјален трибунал од Америка. Сценариото во филмот е феноменално напишано. Глумата, особено на тој што ги брани и еден од четворицата осудени е за ништо помалку од Оскар. Филмот те голицка да размислуваш што е добро а што лошо, ти дава јасно значење дека има премногу сивило во нашиот свет, да сочувствуваш, да плачеш... филмот покажува како обичниот човек реагира на Фашизмот, како самите фашисти меѓу себе имале недоразбирања, како човекот е растргнат од многу фактори при донесување на одлуки. Правда, има ли?

На Letterboxd само еден од многуте Столиња на форумов го имаат гледано и поради тоа паѓам во очај. Филмов мора да се гледа. И не би пуштил ниту еден студент да заврши Право без да го гледа, анализира и дискутира филмов.
 
На врв Bottom