- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.629
- Поени од реакции
- 33.182
MAR ADENTRO
Филмиште! Симнат ми е многу одамна, одбивав да го гледам само зашто не сакав да доживеам депримирачки моменти како по The Diving Bell and the Butterfly со кој овој ми беше премногу сличен. Ама ова беше далеку од депримирачко искуство. Хавиер Бардем и Белен Руеда беа прекрасни! Цел филм товарот на свој грб го понесоа. И плус морам да ја спомнам актерката што ја глумеше Мануела - алал вера! Музиката звучеше по малку ко некоја келтска музика, но според мене во секој момент совршено беше вклопена во филмот. Не знам дали знаете, но автор на музиката е Алехандро Аменабар лично! Негова режија, сценарио, музика, продукција, монтажа... Без коментар! Филмов, инаку, беше номиниран за 2 Оскари за 2004, за шминка (Бардем беше среден до непрепознатливост!) и странски филм, а вториот Оскар и го освои, во конкуренција на еден Downfall, а и во годината кога беше направен The Motorcycle Diaries кој дури не беше ни номиниран! Не можам со зборови да ги опишам „летањата“ на Рамон над полињата и морето - перфектна кинематографија придружена со прекрасната музика! Филмов буквално ме опседна со убавини, ме остави цел наежен и со многу емоции и мисли во мене. Чиста 10/10!
18.03.2021 - пред само 6 месеци, а 25 години по смртта на Рамон Сампедро, Шпанија стана четврта држава во Европа која донесе закон со кој им се овозможува на луѓето да имаат право да го прекинат својот живот под одредени околности. Четврта држава во Европа во која еутаназијата за која Рамон Сампедро се залагаше - стана легална. Затоа @Джонтра Вохохолта - подобро време да го пуштиш филмов и не можеше да избереш.