FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Стање Шока

Се убаво, валидни пораки за пренесеување и се тоа, ама во многу досадна изведба... На крај ми се сведе филмот само во очекување да заврши. 5,5/10
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
The State of Shock

Мех, залудно потрошено време. Досаден филм али темата беше до негде ок. Ликовите не ми се допаднаа, поготово Јово. Уствари Јово т.е. Којо воопшто и не го поднесувам во сите 3 филма што му ги имам гледано.
Приказната на моменти беше исфорсирана. Филмов да се пресними со подобар буџет и актерска екипа може многу повеќе да добие.

4/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.765
Поени од реакции
33.497
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.765
Поени од реакции
33.497
Stanje šoka го гледаа 14 души и му дадоа средна оценка 5,4, што е израмнување со втората најслаба оценка до сега во клубот, за 24 Hour Party People. Го испуштија само @Imperatorot и @Shawn Spencer - и за двајцата втор неизгледан, жолт картон.

Следниот филм кој ќе го гледаме е еден од преостанатите 5 кои се веќе предложени, знаете, од „дезертерите“. Се мислев со кој од нив да одиме следен, и прв избор ми беше еден филм кој јас го имам гледано скоро и кој не би го репризирал пак, но бидејќи периодов сум речиси цело време во кревет пред телевизор, одлучив тој филм да го оставам за малку подоцна, кога ќе се вратам на работа и нема да имам толку време за филмови како што имам сега (малку cheating од мене :P ). Од останатите: два се понови и еден постар филм. Па ете, бидејќи сме на средина со тие 8 филма, а речиси при крај со кругот, ќе го гледаме прво постариот филм.

Се мислев ептен, најдов некои десетина филмови, па намалив на 6, па сега се мислам кој од нив да биде. Зошто сакам и сите овие 6 да си ги репризирам. Барав од тие да извлечам некој што повеќето не го гледале и елиминирав 2, ама сега не можам да се одлучам меѓу овие 4 кој да биде филмот. :(
Додека ти пишувам се одлучив за 2 и сега бирам меѓу нив хахахах.
Нека биде нека биде....
The Innocents
Крипи знам ми беше, нешто дадилка и деца и само тоа се сеќавам, ама мислам дека немаме црнобел хорор гледано одамна, јас само еднаш одамна што кажав еден и таман како што е тмурно и никакво времето ќе се погоди хахаха.
Тука сум, ќе пишам што како за него, ама кога ми доаѓа ред?
Ова ми го пиша предложувачот на филмот, кој рековме, нема да го откриеме. The Innocents (1961), е всушност адаптација на романот (новела?) The Turn of the Screw (Свртување на завртката) од Хенри Џејмс. Тоа е еден од моите омилени романи, на сите нас добро познат по адаптациите: The Others (филмот со Никол Кидман) и минисеријата The Haunting of Bly Manor на Нетфликс. Па да видиме еден поинаков take на истиот - во црно-бело.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Штета за мене, хорор, ќе морам да го пропуштам :(
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Штета за мене, хорор, ќе морам да го пропуштам :(
Хорор од 60те не би требало да биде не знам колку страшен. Ќе видам следна недела дали се лажам. :)
 
Член од
18 март 2019
Мислења
435
Поени од реакции
1.974
The Innocents (1961)
Фак.. Искрено воопшто не ми се гледаше филмов и фактот што гледав "хорор" во сред ден, кога иам слободен од работа доволно говори за тоа. Не сум гледал до сега постар филм од 80ти, а првиот црно бел го гледав пред три недели. Бев скептичен околу филмот, но не ме измачи до толку колку што очекував. Мислев дека ќе ми биде тежок за пратење поради застареноста на снимката, но успеа да ми го задржи вниманието од самиот старт и го изгледав прилично лабаво.

Во врска со филмот ми се допаднаа одредени моменти и ќе пишам кратка рецензија околу тоа. Добро беше воспоставена вознемирувачка атмосфера уште на самото интро со песната, па се задржа тоа темпо до крајот на филмот. Костумите и музиката беа на место.
Поразлична приказна од повеќето хорори што сум ги гледал, но сепак отпрлика знаев на каде ќе се движат нештата. Имаше интересни референци низ повеќе сцени на филмот, кои беа добрзо поврзани една со друга, пример крајот, смрта со отворените очи, исти како што ги опиша "слугинката" кога го нашла мртов Квинт.

Беше интересно искуство да се изгледа филмов, но не ми остаде некој силен впечаток. Добро беше да се направи една паралела како изгледаат хорорите сега и како изгледале во 60ти, па затоа не зажалив дека го гледав.
6.5/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Овој е на Хоуп гарант.

И мене ич не ми се гледаше кога видов дека е истата идеја по која се праени The Others и поготово Bly Manor, со оглед на тоа што ова второво ич не ми се свиѓаше и баш дискутирав за тоа тука на форумов.
The Others е сосема различен.
Блу Манор е идентичен со Иносентс.

Имав ја амбиент и расположение за гледање хорор, плус интрото е многу јако, песната е морничава и веднаш ти пренесува такво чувство и те спрема што ќе гледаш. Низ цел филм преовладуваше таква атмосфера, језива. Глумата од главната актерка не ми се свиѓаше, децата беа топ, поготово Мајлс.
Не можам а да не го споредам со Блу Манор ама тој не ми се свиѓаше од други причини, овој беше сосема во ред, е сеа тоа што крајот не ме шокираше пошто го знаев е друга работа. Генерално добар филм и подобар од мини-серијава.

7/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.765
Поени од реакции
33.497
The Innocents

Мислам дека е ова најблиска, најверна до оригиналот адаптација на „Свртување на завртката“. Подеднакво беше повеќезначна, амбивалентна, како и самата новела. Да појаснам:
The Others - хорор во кој децата и гувернантата се духовите. Питер Квинт и Ребека Џесел се живи.
The Haunting of Bly Manor - хорор во кој куќата е опседната од духови за кои сите молчат.
новелата и The Innocents - не се знае што навистина се случува. Тоа останува на толкувањето на гледачот.

И по мое мислење - „The Turn of the Screw“ и „The Innocents“ не се хорор во буквална смисла на зборот, зашто тука не е примарно тоа - да исплашат, туку да се запрашаш што навистина се случува. Дел од можните варијанти се:

1. Децата ништо не знаат. Гувернантата е мрдната (и мисли дека е опседната), непотребно ги плаши, што на крај доведува до трагичен епилог.
2. Децата знаат се, куќата е опседната од духови, кога гувернантата ќе се посомнева во децата дека и кријат, се труди да ископа повеќе на површина, затоа толку ги малтретира да и кажат, што пак доведува до крајниот трагичен епилог, но во случајот криви се духовите, а не гувернантата.
3. Децата знаат се, и кога гувернантата сфаќа дека е тоа така, трудејќи се да ги заштити, доаѓа до крајниот трагичен епилог.
4. Навистина сите се духови.

Не знам кое од овие можни сценарија го гледавте вие, но според мене, оваа адаптација е најблиска до првото или третото, The Haunting of Bly Manor до второто, а The Others до четвртото.

Тука дури и крајот е амбивалентен - не се гледа дали гувернантата го задави Мајлс, кое е најчестото толкување на крајот во The Turn of the Screw, и ако не се лажам, како што
заврши The Haunting of Bly Manor.

Инаку, ми се допадна што ја имаше истата таа реплика како во новелата, кога куќната помошничка ќе ја праша гувернантата што да му каже на вујкото на децава, таа и вика: „The truth!“. Тоа е всушност и целата поента на новелата - што е вистината? Дали вистината може да се спознае сетилно или не. Еве, ние сите гледавме/читавме, но никој од нас не знае која е вистината. И која вистина куќната помошничка ќе му ја каже на вујкото? Дека куќата е опседната, дека децата се ѓаволчиња кои кријат страшни тајни, или дека гувернантата е шизофреник? Едно е вистина, да, ама таа вистина е различна за сите: една е за гувернантата, друга е за куќната помошничка, трета е за нас како посматрачи, четврта за Мајлс и Флора.

За филмот - ми се допадна. Уште од почетокот, песната е језива упм! И тоа што е црно-бел, дополнително помогна во језивоста. Ликовите топ, погодени, но така се и во сите 3 адаптации. Се на се, убав впечаток ми остави. 8/10 од мене.

@Violetova , далеку е ова од хорор, верувај!
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
The Innocents (1961)

Сум пишувала за „Свртување на завртката“ на форумов во неколку наврати. Ги имам гледано и The Others и The Haunting of Bly Manor и ќе се согласам со Злате дека ова е најверодостојната верзија на книгата. Сигурно било голем предизвик да се пренесе на екран недоверлив наратор како што тоа совршено го прави Хенри Џејмс преку ликот на гувернантата, а филмов натежнува во таа насока.

Воведната сцена, „O Willow Waly“ во целосен мрак и "All I want to do is save the children, not destroy them. More than anything, I love children. More than anything. They need affection, love, someone who will belong to them and to whom they will belong" веднаш нè навлекуваат во кревката психа на Гиденс, која изговарајќи ги тие зборови како самата да сака да се увери во нивната вистинитост.

Фројдовскиот контекст на сексуална фрустрација сосема малку наѕира, доволно да нè голицне, но очигледно е дека тоа би требало да биде доминантниот мотив во филмот. Во Викторијанско доба сексот е нешто непристојно и нешто за кое не треба да се зборува, а гувернантата го влечка тоа со себе и еруптира со бакнежот што ќе му го упати на Мајлс на самиот крај. Токму тоа е веројатно и најголемиот доказ дека сè е само во нејзината глава и духови не постојат. Исто како и фактот дека секогаш прво го гледавме ужаснатиот лик на Гиденс пред да ги видиме „духовите“.

Децата актери беа одлични, со оглед на тоа дека се работи за 1961 година, читав дека го добивале сценариото фрагментирано само за да ги снимаат сцените и ја немале комплетната слика. Малата што ја игра Флора целосно го изгледала филмот дури кога наполнила 16 години. Ми се допаѓа како ги заштитувале децата од тешките теми и евентуалните трауми. Кога Deborah Kerr го прашала режисерот за мислење дали духовите се вистински или нејзиниот лик полудува поради фрустрираноста, тој ѝ одговорил - Одлучи сама!

Во денешна смисла не би рекла дека функционира како хорор, оти сме се изнагледале сè и сешто, но ни малку не му фали creepy атмосферата иако можеби со „евтини трикови“ (мрачни ходници, чкрипење на вратите, ветрот, шепотење, женско кикотење) сепак црно-белата верзија додава на језивоста.

Не бев изненадена, нит исплашена, позната ми е темата, но генерално за мене функционираше филмот. 8/10.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
The Innocents (1961)

Периодов се запознав со Карпентер, па имав малце високи очекувања за филм од ваков жанр, ме издиша.
Не сум запознаен нит со книгата нит со другите филмови што сте ги спомнале. Приказнава ми беше онака. Амбиентот беше сосема добар, се разбира дека ќе ги има они must квичења,крцања, промаа, џамови фрштат. Не ми смета тоа, тоа е и намената на ваквите филмови, атмосферата да ја доловат. Го гледав на макс звук во темница, така да и мојот амбиент беше сосема добар за хорор, иако кога пискаше Флора ми пукнаа ушите. Имаше неколку морничави моменти, посебно во последната сцена кога се појавуваше полека Квинт на џамот, ми се крена секое влакно, го обожавам тоа.


Пах, што знам, се мислев за 6-ка ама некако брзо ми помина, а и глумава на децава морам да ја наградам барем со една оценка плус.

7/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom