FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Еееее ама ме нервираат вакви празни филмови неизреализирани до крај, ставаш тема и приказна и мислиш дека самото тоа ќе доведе до емоции и сочувство кај гледачите.

Ја искрено не ви ги сфаќам оценкиве на летербокс, ама никад ни не сум ве сфатил повеќето тука така да не се ни замарам.

Не може кантри музика да пројде секаде. Тоа прво.
Второ, не може со ваков нехаризматичен лик ко Дидие да сочувствувам, притоа немајќи поима од глумење.
Елиза освен што е убава, друго ништо и она, глума тапа, емоции нула, некој обид за депресија и жалење. Па прееска ја глеав Шарлот у Антихрист, немој да ме јебеш.

Сеа, сакаш да бидеш потресна драма со трагедија и распад или сакаш да бидеш кантри тралалајка, не разбирам. Двете у едно не идат, пошто имаш тотално глупо прикажување на смрт на дете болно од рак доека ме замара некоја глупа кантри песна и ми галами. Не ме ни дирна ова, искрено да ви кажам.
Туѓ срам и не знам као поинаку да се изразам за сцената на погребот коа почнаа да пеат како оркестар некој со влагање у сред пеење со прелази и слични небулози ко да се у театар а не на погреб на дете.

Овие поише личеа на хипици него на кантри музичари.

Цело време замараше тоа бенџото у позадина, ме клукаше у мал мозок, едно време мислев да ги фрлам слушалките и да го глеам така.
Малце почна да се губи у тоа идење напред назад со времето, одеднаш некои несреќи, сообраќајки, Џорџ факинг Буш, па враќање као се запознале, па курсетресе, ај не ме губи и не ме замарај, знаеме што се дешава веќе сега, не ме враќај назад пошто не ме интересира.
Па нешо инцидентно се караат кој е крив, глупости. Не доволно разработено. Битно замара бенџото.

Боље терај од почеток кантри, пеење, музика, лабавење, запознавање, дружење, па од пола натака уозбили го, и финиширај како драма, а не вака да ми досаѓаш 2 саата и да ме нервираш без да осетам ни трошка емоција.

Да ти ебам и мјузиклот ако ниедна песна не ми се свиѓа. Не знам кој беше друг ваков филм што го пцуев.

А и што мајка барам волкава рецензија да пишувам али ме изнервира стварно. Т.е не ме изнервира толку колку што ме разочара. А имаше добра приказна.
Џеси Бакли у Wild Rose за овие двајца е Џони Кеш и Џун Картер у едно.

4ка оценка ќе добие.
1638312895878.png
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Анон само лајк на коментарот на Џони? Изненаџујеш.
Очекував срце да му ставиш што ти се придружил у хејт клубот. :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
што ти се придружил у хејт клубот. :D
Хејт клуб? Немам јас никаков хејт клуб... тоа е само реално согледување на еден едвај просечен филм.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Можи до утре да си прајте муабет, ама сценава ако не ви напраела грутка в грло, проверете да не сте некој јапонски робот.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
The Broken Circle Breakdown

Well... И јас сум изгледа од јапонските роботи...
Приказната не е лоша, мене и музиката не ми беше лоша. Мислам дека поентата на творецот е со музика да се покажат несериозни музичари во сериозни моменти.
Самиот момент кој треба да го донесе приказната за едно дете болно од ваква лоша болест не е доловен. Мене ми немаше скоро никаква емоција. Таткото и не ми беше до толку лош како мајката.
Мајката беше очајна со глумата и крајно неубедлива. Добра беше само во сцената со бикинито на „тетовираната“ хауба.
Ми се свиѓаше сцената со бендот кога девојчето дојде дома. Ми се свиѓаше и терминот „теранда“, кога ликот направи тераса и веранда во едно. Толку.
Не ме повлече филмот и сосема е во право Џонтра за прелазите сегашност-минато.. Комплетно лошо вклопени, наместо да вметнат трета димензија во филмот и да те „вози“, за мене имаше ефект на кратки резови.
Сосема просечен филм... 5/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.757
Поени од реакции
33.488
The Broken Circle Breakdown

Животот е нешто како редица мигови. Добри или лоши, сеедно, кога се навраќаш назад не гледаш пред очи цел живот, гледаш проживеани моменти. Така јас го сфатив филмот (гледан по втор пат) - како навраќање на моменти од животот на Елиза во нејзиниот мозок, неколку моменти пред да ја исклучат од апаратите кои ја одржуваат во живот. Затоа не, немаше да биде подобро да беше линеарно дејството, како што сугерирате погоре. Баш тие скокови и одличната монтажа за мене го засилија ефектот. Исто, многу јак момент е што по секој feel good момент следи feel bad, и повторно одново исто, ко на некој roller coaster... Слично е и во животот. Затоа за мене филмов како да беше буквално имитација на животот.

Втор момент: јас не го сфатив филмот како само емотивна драма за огромната загуба на двајца родители (иако, секако, тоа е стожерот, и носи најмногу емоции, зашто преболна е глетката кога родител го надживува своето чедо), туку како и филм за религијата, за вербата, за мотивот за живот, за медицината, за етиката... Иако се ова подзатскриени моменти, сепак не смеат да се занемарат и отвараат навистина многу прашања и моменти за дискусија.

Трето: нормално, ова е и филм за блуграсот. Морам овде да го поткрепам тоа со најдобрата музичка тема од филмот, If I Needed You, но овде изведена од можеби најдобриот европски блуграс бенд: The Common Linnets (од Холандија се). По филмов прв пат во животот се заинтересирав и за блуграс и американа, и за останатите American roots правци, и можам да кажам без срам дека за прв пат почна да ми се допаѓа оваа музика.


:cuc:

И она што најмногу ви замерувам: мртви биле, немало емоции, к** се тресе во ладна вода... Како, побогу? Од камен ли сте правени? Не ви се наежи кожата на сцената со погребот? Или на „испраќањето“ на Алабама? Или на тетоважата „Алабама Монро и две срциња“ на крајот? Јас и за првото гледање, и сега имав цела карпа на градите! Уште не можам да се помирам со фактот дека овој masterpiece го изгуби Оскарот од медиокритетен филм од еден од најлошите европски режисери на денешницата! Барем Jagten / The Hunt да победеше тогаш, ич немаше да ми биде криво, ама во таква филмска година да победи таков очај од филм покрај овие два... Остава без коментар!

Инаку, прв пат го гледав филмов пред околу 7 и пол, 8 години, непосредно по неговата номинација за Оскар. Тогаш, штотуку стапен во брак, со жена ми во поодмината фаза на бременост. Гледаме, и двајцата во молк, со огромни кнедли во грлата и без да мрднеме ни со око! Завршува филмот, јас уште занемен и закован во место, а она: „Златко, зошто ми пушташ вакви филмови?“ и плачење кое траеше повеќе од 10 минути! Едвај ја смирив. Јас разбирам, хормони се во прашање, веројатно и природно е, но ни до тогаш, ни од тогаш ја немав видено толку да плаче, што малку и ме подисплаши, и затоа ќе ми остане во сеќавање како единствен филм со кој сум успеал да ја расплачам. :P

И нормално, оценката останува иста. Една 10/10 најголема на свет! Ова е еден од моите топ 50 омилени филмови, сигурно!
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Почитувам секое мислење... Еден филм како и песна или те допира или не. Јас сум голем емотивец и родител и не ме трогна ниту ме повлече приказната.
Убавината на овој клуб е токму во различноста на доживувањата и споделувањето на лични импресии.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
The Broken Circle Breakdown (2012)

Филмов изгледаше како видео запис на кантри албум, драматизиран со некоја приказна помеѓу песните.
Наративот префрагментиран, до толку што веќе го знаевме исходот на многу сцени и стануваше досадно за гледање. Особено деловите каде одеше напред назад, па на моменти беше „кај сме сега на тајмлинијата?“.

Иако приказната помеѓу песните беше трогателна, немаше време да се изгради емпатија со ликовите. Голем опфат во многу кратко време и тука мислам дека потклекна. Не мерев, но да се исфрлат сите песни од филмов, мислам дека би траел само нешто повеќе од еден час, а тоа е премалку за да влеземе во целата оваа приказна, каде следиме повеќе години од животот на ликовите низ повеќе стожерни настани.
Најемотивни сцени ми беа пеењето на погребот и последната во болницата. Фалеше некој дијалог повеќе, некое секојдневие со кое што можеме да се идентификуваме, некој социјален момент што ќе не вовлече во приказната. Така освен за свирење и пеење, членовите од бендот воопшто немаа улога во филмов, два реда муабет не свртеа со главниот лик. Имав впечаток дека играат само двајцава главни актери. Дури и детето немаше некоја значителна улога.
Беседата на сцената беше интересна, но и таа некако драматуршки неоправдана ми изгледаше како насила ставена за ликов да го каже тоа што треба да го каже.

Солиден филм, за поздравување е обидот да се прикаже приказната на ваков начин, но очигледно треба уште нешто за да функционира. Или нешто вишок да се исфрли.

6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.757
Поени од реакции
33.488
Имав впечаток дека играат само двајцава главни актери. Дури и детето немаше некоја значителна улога.
Филмов е правен според театарска претстава по сценарио на Јохан Хелденберг, главниот актер во филмов, Дидие. Театарската престава имала само 2 лика: Дидие и Елиса. Немало други актери, немало дете, немало ништо друго освен нив двајца и блуграс музиката. Кога Феликс ван Гронинген ја гледал претставата веднаш ја добил идејата за филмот, но сакал да биде што е можно поверен на изворниот материјал, на претставата, затоа одлучил да ги неутрализира сите споредни ликови до таа мера да личат на статисти, за да може приказната да ја раскажат Дидие и Елиса, исто онака како во претставата. Дополнително, во дијалогот во претставата приказната се одмотувала од разговорите на нив двајца, и така гледачите дознавале дека имале дете, дека починало, така дознале како се запознале и се останато. Гронинген размислувал како да го изведе тоа и во филмот, и затоа се наметнала сама по себе идејата да оди напред-назад низ времето. Така, според него, гледачот би го имал истото чувство кое го имал тој додека ја гледал претставата.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Филмов е правен според театарска претстава по сценарио на Јохан Хелденберг, главниот актер во филмов, Дидие. Театарската престава имала само 2 лика: Дидие и Елиса. Немало други актери, немало дете, немало ништо друго освен нив двајца и блуграс музиката. Кога Феликс ван Гронинген ја гледал претставата веднаш ја добил идејата за филмот, но сакал да биде што е можно поверен на изворниот материјал, на претставата, затоа одлучил да ги неутрализира сите споредни ликови до таа мера да личат на статисти, за да може приказната да ја раскажат Дидие и Елиса, исто онака како во претставата. Дополнително, во дијалогот во претставата приказната се одмотувала од разговорите на нив двајца, и така гледачите дознавале дека имале дете, дека починало, така дознале како се запознале и се останато. Гронинген размислувал како да го изведе тоа и во филмот, и затоа се наметнала сама по себе идејата да оди напред-назад низ времето. Така, според него, гледачот би го имал истото чувство кое го имал тој додека ја гледал претставата.
Е ова објаснува многу работи за филмот.
Од секое дрво не бидува шупелка, а од театарска претстава - филм уште помалку.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom