FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.707
Поени од реакции
33.343
Еј, најчесто немаат врска со религија филмовите на Џејлан. Moreover, од тоа што сум видел (зашто ем многу пати сум бил во Турција, ем сум сретнал многу Турци зашто работам во турска фирма), таму се далеку помалку религиозни отколку Турците кај нас: можам да речам 9 од 10 не ни постат за Рамазан, а 7 од 10 локаат алкохол. Кај нас има, ама 1 од 10, да речеме - што не пости, и еден од 100 - што пие. Иако Ердоган сега малку ја искриви сликата со потези како на пример прогласувањето на Аја Софија за џамија, Турција е сепак секуларна држава. Па седиштето на православната црква, т.е. "православниот Ватикан" е на сред Истанбул. На само 100 метри од Аја Софија е Аја Ирене што денес ја користат за концерти заради акустиката, која никогаш не станала џамија и во која на сред главна купола внатре има огромен крст.

Не знам зошто морав се ова да пишам, испаѓа ко да се правдам, ама ни на крај памет не ми падна Бајрам. :pos:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
2.540
Уживај.

Го спомнав во контекст дека филмов е три саата и кусур,, а Бајрам е неработен ден па да има време да се изгледа :) :D
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Јас само да кажам дека почнав да снемувам време за барање и симнување на филмови, па лош бил звукот, или сликата ... на некои такви се чувствувам не како да учествувам во нешто што ми е забава, туку како да имам домашна задача по математика. :(
Минативе недели се фатив себеси на три пати кај што си велам: да го пуштам филмот од Клуб или да си гледам по свој избор мини серија? Џентлемен и Три боди систем победија ... филмот остана неизгледан, а времето беше толку, огранчено.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
2.540
Јас само да кажам дека почнав да снемувам време за барање и симнување на филмови, па лош бил звукот, или сликата ... на некои такви се чувствувам не како да учествувам во нешто што ми е забава, туку како да имам домашна задача по математика. :(
Минативе недели се фатив себеси на три пати кај што си велам: да го пуштам филмот од Клуб или да си гледам по свој избор мини серија? Џентлемен и Три боди систем победија ... филмот остана неизгледан, а времето беше толку, огранчено.
Ако сакаш јас ќе ти праќам квалитетни снимки од филмовите, со се превод на јазик по желба.
Само немој да се жалиш дека немаш време за еден филм од два часа, а имаш за две серии по 10 :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.083
Поени од реакции
8.132
мислиш VHS време е па лоши снимки наогала па и се укочила касетата, па како ке ја вратам во видеотека сега леле ке ме казнат, драпај си мевот


за About Dry Grasses го гледав скоро по препорака од ерик зан што го предложи пред некое време на форумот, нз крајот чуден крај доби кога го праша девојчето зошто тоа го направи а она што тоа ?

4/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.707
Поени од реакции
33.343
за About Dry Grasses го гледав скоро по препорака од ерик зан што го предложи пред некое време на форумот, нз крајот чуден крај доби кога го праша девојчето зошто тоа го направи а она што тоа ?

4/5
Важно ти се допаднал. Многумина пишаа за тоа на крајот, ама јас воопшто не видов ништо чудно таму, не ми ни падна на памет да правам некои теории дека Севим не ни била таа која се пожалила, како што мислам дека некои помислиле. Тој ја прашува: „зошто го направи тоа“, зашто и покрај се, наместо да се осврне на своите грешки, тој се уште ја држи таа грутка во него и не може да прости и да продолжи понатаму. Наспроти него, со одговорот на Севим: „што тоа?“, покажува дека за неа тоа било само детска игра, дека таа заборавила, „простила“ и продолжила со животот.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
2.540
Kuru Otlar Üstüne (2023)

Ова беше многу поблиску до снимен театар отколку до филм. И стилистички и наративно гледано. Фиксна камера во широк план и актерите си тераат со муабет. Или одат. Ама повеќе прават муабет кој наликува на филозофско-политички трактат. Целиот филм е всушност анализа на карактери, приказната е само средство да ги стави ликовите во одредени ситуации. Во сите сцени откриваме по некое делче од карактерот на ликовите, но сметам дека некои беа излишни или предолги. Некои ликови, како тој командирот на војската, воопшто не се ни појавија повторно, а имаше цела сцена за него. Од друга страна па ми фалеа разврски во некои сцени.

Камерата многу ми се бендиса, светлото даваше некоја посебна топлина во кадарот и одлично беше вклопено во сценографијата. Што е голем предизвик имајќи ги предвид локациите на кои се одвиваше филмот. Од друга па страна им беше големо олеснување нејзината фиксна позиција.

Не ми е јасна сцената кога наставникот излезе од собата и едноставно излезе и од филмот, влезе зад кулисите и отиде до тоалетот. Тотално беше надвор од колосек од сè претходно прикажано и кога си реков ќе има некаков Тарантино од самрак до зори стил на пресврт, сцената нагло заврши и филмот продолжи како ништо да не било.

Сличен впечаток имав и за ликот на наставникот. Беше прикажан како симпатичен оптимист, доблесен интелектуалец за многу брзо да се сврти во надмен, одмазднички настроен злонамерник.

Во секој случај впечатлив, иако предолг и развлечен филм на кој немаше да му шкоди некоја сцена помалку. Или па со неколку сцени повеќе да прејде во минисерија.

7/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom