FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
The State of Shock
Не ми е прв словенечки филм ама и не дека ја познавам нешто посебно нивната кинематографија..
Филмот ги има сите потребни клишеа: ропак Србин, транзициски директорчиња, новокомпонирани политичари...
Главниот лик после неочекуван шок „паѓа“ во амнезија и се буди после 10 години.. Заспан во времето на Југославија како дресиран „друг“ и разбуден во самостојна Словенија со технолошки и општествен „напредок“. Филмот е лесен за гледање, забавен, на моменти наивен без некои посебни емоции.
Главниот лик е чесен и скромен... Единствено што сака е пристојна работа и своето семејство.
Ова е некако и основна порака на филмот: не треба многу за среќа и мирен живот.
Во позадина е проткаена разликата во воспитување на едно друго време кога материјалното не било во прв план. Тоа што многу ми се допадна е што филмот искача надвор од типична балканска кинематографија оптоварена со тешки приказни и депресивни историски тематики.
Убава промена.
6.5/10
 
Член од
18 март 2019
Мислења
435
Поени од реакции
1.974
И јас играм ! :D
После пријатното искуство со movie secret santa решив да запливам подлабоко во филмските води на форумов. Прв филм кој го изгледав од филм клуб ја имаше честа да биде "Стање Шока". Во само неколку денови направив комбо со прв изгледан црно бел филм, па сега словенски.

Филмот го гледам кратко после мојата прва посета на Словенија, за која пред да отидам имав впечаток дека се работи за многу досадна држава и држава со систем кој воопшто не ми допаѓа, колку и да функционира. Јбг, подраго ми е OЏ Балканското. :cool: Заминав таму со надеж дека ќе доживеам сосема различна околина која ќе ми го смени впечатокот, но напротив само се испостави токму тоа кое и јас го замислував. Затоа во филмот влегов со доза на резерва,за на крај да не останам разочаран. Но овој пат останав запрепастен од фактот дека уствари словенците ти имале смисла за хумор, и не биле толкави намќори како што се претставуваат пред други, туку си имаат нивни внатрешни фори за кои треба ептен малку да се потрудиш за да ги сфатиш.

Лесен, лабав филм за гледање и морам да признаам дека успеа да ме насмее во неколку наврати. Ми се допадна тоа што суптилно во неколку сцени, на сатиричен начин беа претставени двата општествено-политички система и транзицијата меѓу нив. Кога се работи за приказната и глумата воопшто не се чувствував како да гледам Екс-Ју филм. Замени го комираниот, сопругата и Којо со Сандлер, Анистон и Роган, добиваш класична холивудска комедија.

За наши услови 7.5/10, ми се допадна. (y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.747
Поени од реакции
33.460
И јас играм ! :D
После пријатното искуство со movie secret santa решив да запливам подлабоко во филмските води на форумов. Прв филм кој го изгледав од филм клуб ја имаше честа да биде "Стање Шока". Во само неколку денови направив комбо со прв изгледан црно бел филм, па сега словенски.

Филмот го гледам кратко после мојата прва посета на Словенија, за која пред да отидам имав впечаток дека се работи за многу досадна држава и држава со систем кој воопшто не ми допаѓа, колку и да функционира. Јбг, подраго ми е OЏ Балканското. :cool: Заминав таму со надеж дека ќе доживеам сосема различна околина која ќе ми го смени впечатокот, но напротив само се испостави токму тоа кое и јас го замислував. Затоа во филмот влегов со доза на резерва,за на крај да не останам разочаран. Но овој пат останав запрепастен од фактот дека уствари словенците ти имале смисла за хумор, и не биле толкави намќори како што се претставуваат пред други, туку си имаат нивни внатрешни фори за кои треба ептен малку да се потрудиш за да ги сфатиш.

Лесен, лабав филм за гледање и морам да признаам дека успеа да ме насмее во неколку наврати. Ми се допадна тоа што суптилно во неколку сцени, на сатиричен начин беа претставени двата општествено-политички система и транзицијата меѓу нив. Кога се работи за приказната и глумата воопшто не се чувствував како да гледам Екс-Ју филм. Замени го комираниот, сопругата и Којо со Сандлер, Анистон и Роган, добиваш класична холивудска комедија.

За наши услови 7.5/10, ми се допадна. (y)
Welcome! :) Баш ми е драго што клубот се шири.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Stanje šoka
Темата многу интересна: како би реагирал човек на промените што се случија за време и по распадот на Југославија, кои не ги преживеал, туку му ги прераскажуваат. Чиста десетка за темата, но за филмот во целина, како документарец да гледав, а не филм. Штета што за филмот немало холивудски пари, техника и појаки сценаристи и режисери, би бил одличен.
За ваков каков што е: 6/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Stanje šoka (2011)

Шок е состојбата во која ќе падне работникот Петар откако за работник на годината како награда ќе добие стан. Шок е и состојбата кога ќе се разбуди по десет години и ќе открие дека државата и уредувањето во кое живеел веќе ги нема. Заменети се со систем во кој вредниот и чесниот е ограбуван и во кој државата и нејзините служби се во одбрана на ограбувачите, а не на ограбените. Тоа е темата на оваа сатирична драма, како „разбудените“ ги прифатиле и ги поддржуваат сите овие промени низ годините, а овој „заспаниот“ не може да се помири со новата ситуација.

Изведбата е солидна, но сценариото како набрзина довршено, а ликовите плитки, недоследни и стереотипни. Како излезени од некоја комедија од времето на случување на филмот од типот на „Жикина династија“ и слични. Настаните некако беа насилно туркани за да приказната врви во правец на замислата на авторот, а не онаму каде би ја одвеле ликовите. Ликот на Јово тотално не се вклопуваше во филмот. Имам впечаток дека Којо воопшто не глуми, туку дека се игра самиот себе, во сите филмови е истиот лик. Ни комшијата од минатиот филм, овој пат во улога на докторот немаше добра изведба. За ликот на Арна најдобро ништо да не кажувам.

Од сите на шпицата, само нашиот стигна до номинација за оскар :)

6/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.944
Stanje šoka (2011)

Филмот како да ја позајмил идејата од Goodbye Lenin. Тоа ми беше првата асоцијација кога почна. И очекував да продолжи да тера во тој правец, т.е. да биде критички осврт на социјализмот и Југославија. Бар, тоа ми беше очекувано од Словенија, држава која најмалку пати по бившата држава и граѓани кои највеќе се изјаснуваат за среќни во ова ново, капиталистичко уредување. И секако, најдобро и котира од сите екс Ју републики. Мислев дека ќе биде нешто како Тито и јас. Потсмевајќи се со Тито, пионерите, синдикалните друштва, итн итн.
Но, ме изненади скроз што проба преку сатира да го исмее Капитализмот, трчањето по материјалното задоволство, матната транзиција, апашлукот и кражбата, мафии, бирократија и општата апатија која се случувала низ транзицијата, а сеуште е присутна и денес овде.
И сета таа тема е одлична, и ретко овака еден филм од балканските простори се дрзнува да го критикува денешното општество на овој начин. За тоа добива чиста 10-ка од мене.
Од друга страна, реализацијата беше таа што разочара. Ликовите немаа длабочина во себе, немаше линеарно градење на нивните карактери, ниту пак успеа филмот да задлабочи малку подлабоко и остана да гребе само на површина. Не успеа на еден поперфиден начин, затскриено да ја упати својата критика, туку тоа го правеше јавно, директно и помалку пародично, млако и неумешно.
Можам само да замислам каков филм би можел да се направи за матната транзиција, за капитализмот, за падот на Југославија и да се преслика мислењето на мнозинството луѓе кои живееле во таа држава, и оние кои никогаш не живееле а го делат истото. Филм кој би можел да послужи како инспирација, да донесе промени, макар малку да ја разбие апатијата и да ги придвижи работите на подобро на овие простори.
Овака, излезе само уште еден филм со одлична тематика, но ужасна реализација.

6.5 - поради идејата и дрзнувањето да се направи еден оваков филм. Кога ние ќе направиме нешто овакво за нашите крадци кои ја искрадоа Македонија во транзицијата и луѓето ги оставија на питачки стап?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Stanje šoka (2011)

Не сум живеела во Југославија и не ги сфаќам тие жалопојки по неа и по социјализмот. Мислам дека луѓето имаат тенденција да ги паметат само убавите работи од минатото и затоа го идеализираат тој младешки живот што тогаш го имале.

Словенечката кинематографија ми е целосно непозната, но не почувствував нешто значајно вредно преку овој филм. Инспирацијата од Goodbye Lenin (може е и скроз случајно) е убава и интересна тема, но реализацијата потфрли. Човекот паѓа во кома, лежи 10 години и кога се буди изгледа помладо од моментот кога се онесвести. Требало да поработат повеќе на тоа гледачот навистина да ја почувствува таа 10 години разлика. Освен сетингот, изгледот на ликовите беше круцијален за да го согледаме тоа, а воопшто не се ни погрижиле да изгледаат барем малку „остарено“. Женскиот лик беше многу површен, ко без емоции и без идеја што сака во животот. Фамилијата како концепт ја имаше само улогата да го „оствари“ животот на главниот лик. Никаква разноликост.

Хуморот се базираше на клишеа, иако на места беше функционален. Остави несериозен и лабав впечаток, веројатно за месец дена ќе заборавам дека сум го гледала. Од мене 6/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.747
Поени од реакции
33.460
Stanje šoka (2011)

Иако, како што веќе рековте, идејата е слична со Goodbye Lenin, кој исто така го имавме во клубов, Stanje šoka се движи во малце поразлична насока. Тука поентата е да се прикажат болестите на капитализмот, со сето тоа затворање на фабрики, финансиски измами, збогатување преку ноќ на некои кои веројатно се родени под среќна ѕвезда, на бирократијата, на консумеризмот, на се она за кое Петар говори на крајот од филмот во неговиот монолог кој повеќе или помалку беше своевиден проглас на режисерот за тоа што капитализмот донел. Да не беше трагично за повеќето од нас, и да го немавме проживеано сето ова кое го гледавме, може и ќе беше смешен. Вака, за мене беше само болно реален балкански филм, веќе сто пати виден, проживеан и преживеан, и во делови уште го преживуваме. Но, генерално гледано, ова е филм кој не нуди ништо. Нема некоја јака глума, нема добро изградено сценарио, хуморот чат-пат насмева, но не останува во сеќавање ни 2 секунди потоа, режијата е климава, идејата не е баш оригинална... Значи, се на се - од филмски аспект, подпросечно доживување. Ништо повеќе од 5/10!
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.276
Поени од реакции
789
Стање шока мој предлог
Го гледав на кино премиерно во салата имаше буквалноно тројца гледатели :)
Интересен филм од историско идеолошка политичка перспектива, дејството во Словенија,напочеток на нов плуралистички систем ,премин од стар комунистички поредок,се се гледа матријалистички ,на словенците како повеќе да му одговараше комунизамот,во капитализамот потешко се конкурентни на светскиот пазар во југославиа беа поценети, итн,се гледа во филмот консалтинг фирми шопинг центри ресторани се што носи демократиата,ликовите се тие за нискобуџетен филм е ок,дебелиот е смешен лик класичен пробисфет ,дебелите луѓе увек биле најсмешни у филмофите жената му ја зедоја којо ,најако беше ко го отпуштија којо ,кој дотогаш толерираше не се бунеше,и му рече мајку вам јебем капиталистичку,тоа е во капитализамот,работата не е сигурна увек,и самиот лик мораше да прифати било какфа работа и лепеше плакати ,то што бара пазарот,не е бољи живот ама арен филм ко за словенија, 7,2/10
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Stanje šoka (2011)

Не ме бендиса. Глумата и режијата беа премногу аматерски за да ме внесе во приказната. Саат ипол ми траеше ко три саата. Едина насмевка ми беше Кољо кога пцуеше у црквата, другото се беше бледо и неинтересно.


3/10
 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.231
Чист мех, горе доле го делам мислењето со останатите. Ништо, праволиниско, неинтересно, ме мрзеше да гледам, не ме привлече нешто особено. Да не беше Никола Којо може ќе добиеше Х многу рано.

Стај му 2ка оценка.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
The State of Shock
Некако лошо реализиран филм, не ми знаеше баш кај тера.
Кринџнав дека се разбуди овој баш кога се венчаа и откако поминаа 10 години, епик феил ми беа некои сцени кај што пробуваше да биде комедија филмов... Глумата на Којо под просек, главниов исто, како лик ми беше мех-мех... многу клишеа, досадни социјализам капитализам ствари...
6/10 благ ја вака со оценувањево
 

Kajgana Shop

На врв Bottom