FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Потсетување за ... да го глеаат, кој не го гледал
Јас го симнав уште одма, ама по некој ден кога седнав да го гледам, излезе дека нема превод. Сега внимателно бирав што да симнам да пишува sub.eng, ама има две имиња : Chungking Express - Hong Kong Express (1994) се надевам дека нема да гледам погрешен филм :D
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
ChungKing Express (1994)

Кар-Ваи Вонг си има специфичен стил на раскажување и визуелизација и тоа лесно се забележува и во овој филм. Темата е за блискоста, разделбата, осаменоста. За тоа како малите и безначајните нешта можат да имаат огромно влијание на животот и судбината. Раскажан е преку два различни а сепак слични ликови на полицајци тукушто напуштени од нивните девојки. И двајцата се скршени после тој настан, тешко го преболуваат, но го манифестираат на сосема различни начини.
Иако ова се универзални човечки состојби и емоции, филмот не успеа да изгради емпатија кон ликовите. Најдобро изграден лик беше газдата на сендвичарата.

Камерата типична за неговите филмови, јаки бои, контрасти, светло во кадар. Вришти Хонг Конг од секој кадар. Иако не знам што сакаше да постигне со тоа стробо или како и да се вика ефектот на почетокот од филмот, што за среќа се изгуби понатака.
Не можам а да не споредувам со естетиката на Годар кој го зачна овој стил, кој иако имаше огромно влијание на филмот, сепак не заживеа. Туку вака, одвреме навреме ќе се појави некој автор или наслов кој ќе биде повеќе или помалку омаж кон неговите дела.

За мој вкус, премногу нарација од главните ликови. Значи филм е, не е театар, не е радио, не е книга. Сликата и звукот треба да водат, не некој да ни раскажува. А расказните реченици баш онака поетски, бликаат од животни мудрости. Некаде помеѓу лирика и популарна психологија.

Музиката за ова време погодена топ.

On a winter's day
I'd be safe and warm
If I was in L.A.

И јас сонувам да бидам во ЛА, не само на вакво време :)

Ќе помисли некој, можеле да си дозволат лиценци само за две песни, па удри на секои неколку минути :)

Можеби во некакво поинакво расположение или кино проекција би ми оставил и поинаков впечаток. Но секако е филм што може да се гледа повеќепати и секогаш да се открие некој нов детаљ.

Да не го направиле набрзина може и повисока оцена, сега за сега,
6/10.
Автоматски споено мислење:

Инаку омилен лик од филмов ми беше плавушата, штета што сегментот со неа беше ептен краток и не ја гледавме повеќе, ептен бедес и беше ликот, би гледала цел филм со нејзините патешествија, дилање дроги, пукање у луѓе итн, можам да ја замислам у некој Blade Runner сетинг, топ филм би бил
Има таков филм :)
Ликот на плавушата од овој филм е базиран на ликот од плавушата од тој филм. Не е баш блејдранер атмосфера, повеќе влече накај мафијашка атмосфера во Њујорк. Нема да речам кумовска, не е баш.
 
Последно уредено:
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Автоматски споено мислење:

Има таков филм :)
Ликот на плавушата од овој филм е базиран на ликот од плавушата од тој филм. Не е баш блејдранер атмосфера, повеќе влече накај мафијашка атмосфера во Њујорк. Нема да речам кумовска, не е баш.
Даа! @Corvus гледај го Gloria (1980). :D
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.273
ChungKing Express

Првиот пат кога го гледав 9ка, вториот пат 7ца, сега ми легна за 8ца.. Најмногу се сложувам со Сецуко, само ќе го опишам филмов како филгуд меланхолија и генерално уживав додека го гледав
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
филмот не успеа да изгради емпатија кон ликовите. Најдобро изграден лик беше газдата на сендвичарата.
Се согласувам и јас со ова.
А мене најреален дел од цел филм ми беше кога полицаецот не сакаше да го земе писмото, знаеше дека е откачен, па нејќеше да чита. Другите постапки на ликовите ми беа малку нереални :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
И што е ова што глеав?
Озбилно што е ова што глеав?
Мртви кинези што идат натака навака, со добра американска музика односно добри сите 2 американски песни што вртеа 650 пати и една кинеска верзија на Dreams од Cranberries чија пејачка е оваа со кратката коса што работеше у тоа сендвичарата и што беше едниствената позитивна и убава работа што ја видов у овие 100 минути видео наречено филм.

Не озбилно, што, која е поентата на филмов? Што сака да каже авторот?

Ова ако е љубов и романса, викајте ме Афродита слободно.
Горе доле истово чувство го имав низ текот на целиот филм. А, не сум за Интер...
Chungking Express не е филм кај што акцентот е ставен на приказната, на заплетите и сл. туку на карактерите: нивните чувства и емоции, нивното понашање, навики, желби. Имаш две технички недопирливи ситуации на кои заедничкото им е heartbreak, меланхолијата, тагата и осаменоста. Не знам.. мене ми беше нов и убав овој начин на следење на повеќе карактери отколку осредоточување на еден или двајца на кој сме навикнати кај повеќето филмови.
Можеби Карвај е ту мач за мене, ама јас во филмот никаде не видов чувства и емоции. Едино чувство што го добив е меланхолија, на моменти параноја бидејќи имав чувство дека филмов е снимен во некој стан дома, 2 соби - 2 сета.
Chungking Express (1994)

Филмот е лиричен и на него треба да се гледа како на поезија. Како да се искуси страдањето по раскинување на долга врска и да се влезе во чевлите на младиот полицаец кој трчаше за да нема течност во телото што би останала за солзите, или оној што ги тешеше предметите во собата кои тагуваа по неговата бивша, или да се биде ладнокрвен како жената што носеше дождовен мантил и очила за сонце оти никогаш не знаеме кога ќе биде сончево, а кога ќе врне. А како инфантилно се однесуваш инфериорно, како ликот на Faye, кога се заљубуваш и глумиш дека не ти е гајле за личноста.

И како ситните навики кои те исполнувале претходно ги задржуваш оти те потсеќаат на саканата личност.

Имам еден другар што викаше дека никогаш не сака да го напушти Скопје поради спомените, кога се движи во секој агол од градот му навираат сеќавања. Кога чекал автобус со рандом личност и какви разговори правел со неа, поради клупата на која ја доживеал првата заљубеност, поради топлата шолја чај што ја испил во чаршија и како кога се движи на тие локации прават да се чувствува дека тука припаѓа и дека Скопје е негов идентитет и дека никаде на друго место во светот нема да ги гледа тие духови од минатото кои го прават тоа што е. Ликот е поет и тогаш тоа ми изгледаше малку претерано, но мислам дека со овој филм успеав малку да го дофатам тоа што го зборуваше.

Режисерот ја доловил меланхолијата правејќи омаж од ликови и моменти и како сакаше да нѐ натера да ги цениме истите токму поради нивната минливост.

Обично сакам филмови со убава нарација во која всушност нешто треба да се случи, но иако овде не се случи ништо особено мене ми легна саат, два по гледањето кога остана само чувството. А чувството и искуството на крајот од едно уметничко дело се тоа што е најважно за мене, всушност и затоа читам книги и гледам филмови.

Ова испадна долго. Нека биде 8/10 од мене.
Сетсуко > Карвај. Сериозно постов ми донесе поголема возбуда од самиот филм.


Шо знам, не е филм за мене. Од технички аспект би рекол солиден, имаше некои кадри што ме нервираа, али горе-доле се беше погодено. Приказната, ниту пак ликовите ме допреа. Прво дур да сфатам што сака да каже авторот со првите 2-3 ликови, веќе прејде на други и овие се изгубија скроз. После тоа пробував да разберам која е поентата на филмот, што сака да каже авторот. Кога заврши, тогаш сфатив дека уствари нема приказна. Единствено што ме бендиса е девојката од првиот дел, оваа од вториот ми идеше на нерви што прави муабет дур у позадина ечи музика.
Сум гледал подобри филмови за самотија и тага. Имам измешани емоции од филмов, али не се позитивни.

6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Chunking Express , 134 филм во клубот, го гледаа сите 16 активни членови и му дадоа средна оценка 6,5. Доби и четири десетки, што е најдобар скор на добиени десетки по осумте за Soul. Немаше член на клубот кој не го изгледа, значи не тагнуваме никого. Инаку, претходно не спомнав - ова беше прв предложен филм на @__Vita____ во клубот.

Boy Wonder, предлогот на @Imperatorot , е исто така негов прв предлог во клубот. До крајот на првиот круг останува само уште еден предложувач од активните членови, и доколку сакаат да предложуваат, уште максимум 9 предложувачи од тие кои гледаа барем еден филм во кругот (рековме, тоа беше измена во правилото за овој прв круг по рестартот на клубот).
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Злате е повеќе платен на другото работно место отколку ова, хонорарново. Затоа тоа има приоритет. :D
Јас мислев Злате ова од љубов го прави, а он хонорар земал :D
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Не знам зошто воопшто клубов бил згаснат одреден период, ама ова е најдоброто нешто на форумов. До сега имаше супер филмови, некои повеќе некои помалце, ама се дефинитивно филмови што на своја рака никогаш не би ги пуштил.
Секоја чест за идејата и трудот, keep it going.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom