Film Club - трета среќа! (138. The Broken Circle Breakdown: 29.11-12.12.2021)

Член од
10 октомври 2011
Мислења
4.881
Поени од реакции
7.039
Brain Donors
И ја го изгледав синоќа. Конечно лабав филм, после еден куп драми со болести и хендикепи.

Жак и Роланд беа најјаки. Краток е па ќе гледам да најдам време за уште еднаш да го изгледам. Оцена 8/10.
“- Rocco Melonchek: We'll have to perform a full rectum-ology.
- Roland T. Flakfizer: Fondue, an epidemic! Drop those pants... Not you, the patient.
- Doctor: I thought you were cardiologists...
- Rocco Melonchek: Uh, well, they're all connected, we enter the rectum and head north.
- Roland T. Flakfizer: Why do you think we have such long instruments?”
“- Roland T. Flakfizer: Do you enjoy being a cab driver?
- Rocco Melonchek: Nah. As soon as I get my driver's license, I'm quitting.”
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
895
Поени од реакции
4.051
Brain Donors

Имаше смешки што погодија ама имаше и неуспешни обиди. Влијаеше и начинот на испорака на сценариото и физичката комедија, сепак ова е римејк на еден од подобрите филмови на браќата Маркс, а овие тројца не се ни браќа ни Маркс.
Исто забележително ми беше тоа што "добриов" балетан што се сакаше со Лиса, немаше абер од глума.. од дамна не сум видел така слабо одглумено.
Богаташката инаку е мајката на Тони Сопрано.
Најсмешни ми беа за време на балетот кога се глупираа, посебно кога ја ловеа "патката"

Генерално ок, all out комедија, кратка, ама не слатка, ама не ни горчлива.. 6/10
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
510
Поени од реакции
1.086
Brain Donors

Фала богу лабав филм во клубов, што не треба да се гледа со сила. Глупа (silly) комедија, која имаше добар хумор, ама имаше и тапа ствари што го уништуваа филмот. Пример колава сама си вози и слични фори, ич не им требале. Друго при крајот ептен досаден беше и снема хумор.

6/10
Автоматски споено мислење:

Исто забележително ми беше тоа што "добриов" балетан што се сакаше со Лиса, немаше абер од глума.. од дамна не сум видел така слабо одглумено.
Може така му било кажано, сите глумеа нереалистично.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.964
Поени од реакции
10.809
Brain Donors

„It's time for Animaniacs
And we are zany to the max
So sit back and relax
You laugh til you collapse
We are animaniacs“

Зошто се вика вака филмов? Прочитав некаде дека требало да се вика Lame Ducks, ама кога напуштиле продуцентите, од Парамаунт го смениле името. Малку Холивуд драма како почеток на мојата тотално безсодржајна (=ова не е збор) рецензија. Супер опуштено филмче што ептен ме потсеќаше на Аниманиакс, и супер смешно исто така иако имаше ептен лош а ла the three stooges старт. Кога се појави Туртуро фати нов правец и репликите негови беа легендарни, а исто и глумата ми се допадна од него. Филм кој, како што разбрав е римејк на еден (или повеќе филмови) на браќата Маркс кои што ќе мора да седнам и да ги ѕирнам евентуално. Конкретно неам што да кажам околу тоа кој ми беше омилен момент или шега зашто немам, ама супер атмосфера направија и ептен се изненадив што заврши толку брзо. Јас обожавам супер лесни и забавни филмови и овој дојде како одлично освежување во колектив што се сфаќа себеси пресериозно.

Кудос Виолетова!

7/10
 

Джонтра Вохохолта

I`m with the fucking FBI
Член од
20 јули 2020
Мислења
4.563
Поени од реакции
29.865
Веќе не се праат вакви рандом комедии од типот на оние со Лесли Нилсен и компанија.
Вакви рандом глупости онака, детски, ретардирани, али смешни. Сеа некој квалитет нема, ниту пак некој којзнае колку смешен хумор ама генерално океј филм за тепање време, краток и не бара многу замарање, внесување и слично. Мада рака на срце доста смешни реплики имаше.

Секогаш е добро да се види госпоѓата Ливија Сопрано, позната е она по појавување у вакви ментални комедии од погореспоменатата фела.

Оценка нека биде 7.
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
115
Поени од реакции
740
Brain donors (1992)

Филмчево лабаво да, ама некако вештачко. Уште од почеток ме нервираше извештачената глума, непотребните и пренагласени гримаси и гестикулации. А хуморов можда и ќе ми беше смешен да го гледав пред десет години.

3/10

Јас во принцип и не гледам комедии, затоа @Violetova нека не ми замерува на рецензијава. :love:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
10.036
Поени од реакции
23.330
BRAIN DONORS

Мислам дека ова е најоригинален филм во клубов до сега. Дефинитивно не сме имале комедија од овој тип. Инаку, интересно е што иако трае само саат и нешто, не е ни во топ 15 најкратки филмови кои сме ги имале во клубот.

И фала богу што траеше кратко, зашто мене не ми се допадна воопшто, sorry @Violetova . Филмов ми беше ко да гледам Женски оркестар, или Хихирику, ама на батерии, fast-forwarded. Овде не можеш да се насмееш од што беше убрзано се. Бурлеска. Буквално се насмеав само еднаш, во цел филм. Башка глумата беше лоша, особено од некои од небитните актери. Исто, веројатно како дете ова би ми било WOW, ама сега - ни да ме дирне! Само 4/10 од мене, и тоа само зашто реков - најоригинален филм до сега во клубот е. А му реков на @Anon дека до сега немам дадено 1 за ни еден филм. Малку фалеше.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
1.584
Поени од реакции
3.162
Не би било интересно ако не сме овде со различни вкусови. :)
Инаку, да, филмот е лесен за гледање, тип на хумор како од бурлески.
Првпат кога го гледав пред години, да давав оценки тогаш, ќе добиеше десетка.
Најсмешни ми беа сцените ( а и уште ми се, при повторното гледање) кога ја уништуваа балетската претстава.
Инаку, веројатно треба и јас да дадам оценка = 8/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.129
Поени од реакции
3.641
Mar Adentro

Каснам малку со филмов, но фатија одморите па тек сега го гледам...

Убава тематика обработува од морален аспект, нешто што секогаш знаело да ме заинтригира и остави во размислување. Еутаназијата е една од најподелените теми, па така и филмов секој различно го доживеал во клубов. Јас, го доживеав некако на средина, ни оваму, ни онаму. Се сложувам со замерките кои сте ги напишале, со различните билдапи на приказните без некој завршеток, бар не логичен...
Но исто така се сложувам и со оние кои го доживеале емоционално филмот, ги допрел подлабоко и уживале во неговото гледање. Малку сум повеќе на кај вторите, но никако не можам да се сложам дека е ова вау филм на рангот на The Diving Bell and the Butterfly или на еден The Intouchables, иако таму се работи за комплетно друга тема, но е филм за чиста 10-ка. Овој не беше.

Хавиер Бардем одлично го носеше филмот на својот грб. Глума за 10-ка. Рамон беше ведар лик со некој посебен хумор, шарм и малку саркастичен на моменти. Таа негова харизма, и талент, знаеше да ги привлече луѓето околу себе, па не ме чудеа и љубовната приказна со Јулиа и Роза, која на некој начин го гледаше повеќе како спасител кој и го промени животот. Иако на моменти знаеше карактерот да му е тежок, посебно за домашните кои несебично се грижеа за него и му пружаа љубов, сепак неговото гледиште одлично беше прикажано низ филмот и морално - етичките дилеми кај гледачот ги ставаше под знак прашалник.
Беше карактер со цврсти ставови поткрепени со сопствено логичко размислување што мене ми се допаѓа. И баш затоа филмот е на едно повисоко ниво и ги надминува некои други нелогичности и моменти кои требало да се избегнат.
Продукциски говорено, не би сакал да наоѓам замерки, за музики, сцени, камери, агли... Обично филмови што се со неанглиско говорно подрачје знам дека се со помал буџет, па и така ги перцепирам.

Се на се, уживав да го гледав, емоционално многу не ме допре, но морално-етички ме стави во размислување.

8

П.с Каде го наоѓате на Виолетова филмот? Пробав на пиратите ама го немаше... На Рарбг го има?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
10.036
Поени од реакции
23.330
кој е следен све му ебам ? :D
Знаеш дека за момент, онака, само за една секунда, ме штрекна и ми прелета мисла низ глава да кликнам на „избриши“ или „опомени“. :pos:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.523
Поени од реакции
1.848
Brain Donors (1992)

Филмов ме остави со поделени впечатоци и прв пат не знам што да напишам и како да го оценам.
Направен е како омаж на слепстик комедиите на тројцата лакеи и браќата Маркс. Не знам дали тој хумор веќе не е смешен во денешно време или едноставно треба да се гледа во поголема група која ќе не зарази со смеењето.

Инаку сценариото, ликовите, геговите, темпото, типични се за тој жанр актуелен во триесеттите и четириесеттите години. Имаше навистина добри штосови, a добар дел беа базирани на игри на зборови. Но тој изнасилен хумор со претерани реакции не ми беше смешен иако самиот филм беше забавен.

Најавната и одјавната шпица беа феноменални.

6/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.064
Поени од реакции
26.514
Ужас.
Каква абоминација од филм. Барем кратко траеше.
3.5/10
Вакви брзи и глупи комедии со на сила ретардирани ликови... не.
Некој свесно на изгледан филм го препорача ова срање? Се надевам не...
Fuck you. Ем не глеам филмови ем бев приморан оваа театрално-дебилна глупост да ја гледам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom