FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
The Dark Valley

Сосема солиден предлог а воедно и филм, кој што успеа да ми го задржи вниманието до самиот крај. Тоа што е предвидлив воопшто не ми сметаше, иако уште од старт се знаеше дека дечкото беше дојден за одмазда во селото. Јас сакам филмови со одмазда, и овој ги задоволи моите критериуми и потреби за тој жанр. Комплименти и за тоа што во релативно кратко време раскажа интересна приказна, и филмот ми помина доста брзо, воопшто не ми завлекуваше ниту ми беше досадно да го гледам. Единствена замерка што ја имам можеби, и што ете јас лично сметам дека ќе беше подобро е да ги убиваше браќата еден по еден како што и впрочем почна со првите двајца. Сетингот исто ми беше освежувачки, особено што филмов го доживеав како вестерн а беше сместен на Алпите. Главниот лик ми беше ептен симпатичен и лајкабл и навивав за него да ги заколе сите до последен, дури и си направив mental high five кога го пуцна попот. Девојчето Луци ми беше многу симпатична и нешто на почеток мислев дека ќе биде со протагонистот ама тоа ептен Холивуд ендинг ќе беше сепак, а си имаше и вереник, а Американецот и онака си беше дојден тука по друга работа, па брзо ја баталив таа идеја. Доста креативни стапици и убиства, штета што немаше повеќе од тоа, но во секој случај добар предлог, јас сум задоволна.

7/10
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Еден од филмовите што никогаш не ми бил досаден, а сум го глеал досега бар 5 пати и пак би го глеам понатака
супер приказна 4,5/5
 
Последно уредено:
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
The Dark Valley (2014)

Интересен. Го изгледав во еден здив и мислам дека за тоа најзаслужна беше тензичната музика која одлично ја комплетираше приказната. Имаше и прекрасни слики (мислам, не ни можеш да го зафркнеш филмот кога ги имаш на располагање снежните Алпи)..
Крајот ми беше малку 'ко на филм'... петмина бацлаци да не можат да убијат еден човек..мх.. ок, помина некако.

7/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Пуууу многу просечен филм, ни да го сакаш ни да го хејташ.
Од технички аспект солиден, атмосфера топ - зима, долина, ово оно. 7/10
Глума невиден просек. 5/10
Интересност на приказна 3/10 ич не ме заинтересира.

5.5/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
The Dark Valley

Сосема солиден предлог а воедно и филм, кој што успеа да ми го задржи вниманието до самиот крај. Тоа што е предвидлив воопшто не ми сметаше, иако уште од старт се знаеше дека дечкото беше дојден за одмазда во селото. Јас сакам филмови со одмазда, и овој ги задоволи моите критериуми и потреби за тој жанр
. Комплименти и за тоа што во релативно кратко време раскажа интересна приказна, и филмот ми помина доста брзо, воопшто не ми завлекуваше ниту ми беше досадно да го гледам. Единствена замерка што ја имам можеби, и што ете јас лично сметам дека ќе беше подобро е да ги убиваше браќата еден по еден како што и впрочем почна со првите двајца. Сетингот исто ми беше освежувачки, особено што филмов го доживеав како вестерн а беше сместен на Алпите. Главниот лик ми беше ептен симпатичен и лајкабл и навивав за него да ги заколе сите до последен, дури и си направив mental high five кога го пуцна попот. Девојчето Луци ми беше многу симпатична и нешто на почеток мислев дека ќе биде со протагонистот ама тоа ептен Холивуд ендинг ќе беше сепак, а си имаше и вереник, а Американецот и онака си беше дојден тука по друга работа, па брзо ја баталив таа идеја. Доста креативни стапици и убиства, штета што немаше повеќе од тоа, но во секој случај добар предлог, јас сум задоволна.

7/10
The Dark Valley (2014)

Интересен. Го изгледав во еден здив
и мислам дека за тоа најзаслужна беше тензичната музика која одлично ја комплетираше приказната. Имаше и прекрасни слики (мислам, не ни можеш да го зафркнеш филмот кога ги имаш на располагање снежните Алпи)..
Крајот ми беше малку 'ко на филм'... петмина бацлаци да не можат да убијат еден човек..мх.. ок, помина некако.

7/10
моето мислење се поклопува со овие две на колешките.. солиден и интересен, 7/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
The Dark Valley (2014)

Солидна кинематографија, солидна костимографија, солиден кастинг ама предвидлива приказна.
Очекувано според мене дека он е син на стариот. Тоа можеше да се види кога Луци му кажа на вереникот ништо пред брак и кога причата дека секоја невеста првата брачна ноќ иде кај стариот на ''проверка''. Тогаш сфатив дека стариот прави своја армија. :)
Ми се допадна ама фалеше малку динамичност за да му дадам осмица.

7.5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
THE DARK VALLEY

Генерално ОК филмче. Типична revenge драма, ама сместена на едно нетипично место, во една долина опколена со снежни планини во која не баш убави работи се случуваат, со децении. Сценографијата беше супер, и генерално визуелно одличен впечаток остави, освен во некои сцени каде по малку тарантиновски крвта необично се расплиснуваше наоколу. Ама глумата не ми беше некако многу убедлива. Не дека нешто особено лошо изглумеа, ама очекував повеќе бес, повеќе емоции, и кај овој типацов што се претвори во каубоец, и кај домородното население кај кои ретко дури и страв видов. Повеќе беше само апатија и како на сите да им беше сеедно за се што се случува околу нив. Ко да веќе беа мрвти. Може и тоа му било целта на режисерот, не знам, мене ми делуваше неприродно. Приказната како приказна ОК беше, ама ништо веќе невидено, така што, и тука филмот не ги подигна оценките. Инаку, по „професијата“ на типот - фотограф, и по тоа што во еден необичен сетинг се разви вестерн-like приказна, филмов многу ме потсети на нашиот Прашина на Манчевски. Сумирано, пак ќе речам, ОК филмче, ама далеку од тоа да ме остави без здив. Некаде измеѓу 6 и 7 ми е, ама обично 7 давам за нешто посолидни остварувања, затоа 6/10 мислам дека му е доволна на овој.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
The Dark Valley (2014)

Ништо посебно, ама солидно филмче. Не ме воодушеви со ништо, и филмот од секој аспект беше само солиден и ништо повеќе. Едино глумата заостануваше, и ми делуваше доста вештачки. Повеќе уживав во Алпите отколку во самата приказна, ама генерално не е лош филм.

6.5/10
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
The Dark Valley

Ако користам гурмански термин би рекол блуткаво.

Ниеден лик не беше допадлив, нити можеше да се поврзеш со некој од ликовиве. Ни Паула Беер, симпатичниов примерок на германска лепота што го носам на аватар, не можеше да го извади филмов од просечноста за жал.

Позитивни ствари:
Песната од Нина Симон на почетокот беше добра, супер пејзажи од Алпите во позадина и солидна пуцаљка кога го сардисаја.

5/10
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Следниот филм што ќе го гледаме е Chungking Express (1994).

Се надевам ќе уживате во боите на Вонг Карвај онака како што уживав и јас.

п.с. видов дека два тројца го имаме веќе гледано ама сепак мислев дека нема да биде лошо да си го повториме..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom