FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Жими се. Озбилно разбирам се.
Не знам да правам муабет ич, ама 100 % ги разбирам. Ај како да ти докажам?
Нема што да ми докажуваш муци. Гледав пред некое време шпански филм без превод, разбрав некои 80%. Филмот и дејството ќе го разбереш, ти верувам, ама баш секој збор или фраза да го разбереш, поготово што не си го учела јазикот, тешко.

Башка што од шпански до шпански имаш разлика. Со тој шпанскиот што го слушавме од Мексико, Венецуела и Перу, генерално можеме добро да разбереме и европски шпански, ама аргентинскиот е малку поинаков.

Плус да ти пуштам една комедија шпанска кај што си користат и фрази од Баскија, Каталонија и Андалузија, да те видам да ги разбереш скроз 100% без превод.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.423
Поени од реакции
9.325
Преведи го филмов да не се мачи Виолетова да бара преводи :LOL:
Не знам како иначе радо би. Може да дојде да го гледаме заедно и ќе и преведувам :ROFLMAO:
Автоматски споено мислење:

Нема што да ми докажуваш муци. Гледав пред некое време шпански филм без превод, разбрав некои 80%. Филмот и дејството ќе го разбереш, ти верувам, ама баш секој збор или фраза да го разбереш, поготово што не си го учела јазикот, тешко.

Башка што од шпански до шпански имаш разлика. Со тој шпанскиот што го слушавме од Мексико, Венецуела и Перу, генерално можеме добро да разбереме и европски шпански, ама аргентинскиот е малку поинаков.

Плус да ти пуштам една комедија шпанска кај што си користат и фрази од Баскија, Каталонија и Андалузија, да те видам да ги разбереш скроз 100% без превод.
Абе сега и ти. Ко така и кавадаречки не разбирам во мајчиниот јазик. Шпански стандард, обичен што знам како да ти кажам.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
The Sea Inside 5/10
Скоро го гледав Me before you на иста тема кој ми остави голем впечаток, па филмов ми дојде како повторување за еутаназија. Не можев а да не правам споредби меѓу двата филма: таму гледаме богати, овде сиромашни, и два различни света. Таму навивав дечкото да не умре, овде ми беше сеедно.
И Хавиер Бардем многу огрдел, последните неколку филмови со него што ги гледам, сосема е различен од оној Бардем заводникот. :)

п.с. Од Џонтра не очекував ваков филм, на драми до сега лошо реагирал, па морам да кажам дека ме збуни со предлогот. :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Mar adentro (2004)

Во филмов ги гледаме последните месеци од животот на главниот лик кој 26 години лежи неподвижен во истиот кревет во истата соба и бара начин легално да го заврши својот живот.
Не знам колку е филмов верен на оригиналниот лик по кој е инспириран и дали од таа страна има некакви ограничувања, но ниту ликот ниту филмот не успеаа да воспостават некаква емоционална врска. Ликот беше премногу ведар и шармантен, секогаш расположен за шега, кој стигне се заљубува во него, работи кои баш не ми соодејствуваа со неговата положба и неговото барање.

Некако како да не можеше да се одлучи режисерот што да биде главната тема на филмот, дали борбата за еутаназија, дали романтичниот однос меѓу ликовите, дали животот од перспектива на главниов лик. Сакајќи од сѐ по малку, на крај ништо.

И музиката ми звучеше многу келтско-шкотска и неадекватна како за темата така и за околината.

6/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Одличен филм, 8.5/10

Прво си реков дека ќе биде некое полу срање ко оние на Алмадовар, плус шпанскиот не го можам, како да го можам поради шпанскине серии, и како да биде сфатен сериозно јазик кој „коче“ вика за автомобил?
Но, супер тематика. Еутаназија, дали е морално, кога би била оправдана кога не... на таа тема одамна сум размислувал и секако дека сум ЗА. Ем не бираме да дојдеме на овој свет, ем да немаме избор да отидеме на, сепак би рекол достоен начин... да не е дозволена во вакви ситуации навистина не е фер.
Ми се допадна многу Бардем, одлично изглумено, и Хулија, и Роса срцката...
Супер дијалози, феноменална и соодветна музика, одлични сцени при искреност и револт на ликовите. Топ филм.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Ликот беше премногу ведар и шармантен, секогаш расположен за шега, кој стигне се заљубува во него, работи кои баш не ми соодејствуваа со неговата положба и неговото барање.
Тоа и даде смисла и воља за живот на Хулиа. :D
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Да, ама кој нему му даваше воља за живот?
Чекај, тој всушност сакаше да умре, не да живее!
Па никој. Он нејќеше да живее пошто не можеше. т.е можеше, ама како.
Хулија и девојката можеа, и мораа. Затоа некако и успеа `да ги убеди` да продолжат понатаму.

Јас го сфаќам него, и јас би играл така ако некогаш ми се случи таква несреќа у животот.
Човек не мора да биде депресивен за да има желба да престане да живее.
Плус нели викаат, депресивните луѓе всушност се весели и насмеани пред јавноста. :D
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Mar adentro

Солидно филмче.. Добра глума, добро сценарио, музиката на моменти погодена на моменти не.. Интересна тема за еутаназија, сепак ко што пишал и Мунгус, некако не беше до крај отидено и за тоа и за односите меѓу ликовите и за тешкотиите на главниот лик кои го принудиле да донесе безусловна одлука за умирачка. Некако како сѐ да беше дадено и ми фалеше развој на приказните. Единствено со Хулија имаше развој, преку нејзината болест го разбра зошто не сака да живее, реши да умрат заедно у стилот на Ромео и Јулија, го инспирираше за книгата, ама и таму некако одеднаш заврши приказната со писмото што му го прати..
Оваа Роза одеднаш се појави, се инспирираше, се заљуби и веднаш и она стана лик со статична приказна.
Бардем го износе филмов, јаки фацијални изрази, сепак не ме здрма и не се соживеав со него до таа мера како што би требало за ваков тип на филмови. Не ми пречеше неговата "веселост" спрема другите, точно му е тоа на Џонтра, ама изглеа ми фалеше поише од неговата темна страна..

Од вакви филмови, прв што ми паѓа на памет секогаш е The Diving Bell and the Butterfly.

Како и да е, 7/10
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Mar adentro

На филмов поштопото му стаив 6ка. Да го опишам како благо разочарување ќе биде комплимент со оглед на тоа како беше најавуван месеци уназад. Имав и релативно повисоки очекувања и од Џонтра, кој го имаше предложено Awakenings - еден од подобрите предлози во клубот. Тематиката на филмов иако интресна, сепак за мене е веќе помината и со вакви проблематики се занимавав повеќе во средно, па филмов не успеа да ми го заскокотка мозокот и да ме натера да размислувам за асистирано самоубиство, еутаназии и слично, ниту од морален ниту од правен аспект.

Освен што филмов не ме предизвика никако интелектуално, воопшто никако не ме предизвика ниту пак емотивно. Најсилна емоција што ја извади од мене беше аверзијата кон ретардираната Роса на која сеуште не и го сфаќам филмот, ниту пак ликот, ниту пак постоењето воопшто. Хавиер Бардем одглуми совршено, но скриптата не дозволи да воопшто се поврзам со него и го сожалувам или пак навивам за него, едноставно филмот не дозволи ние тука да имаме било какво мислење во овој проблем, туку само раскажуваше прикзна за еден човек со една рамна, неемотивна нарација.

Ликот на Јулиа исто така, скоро па неискористен. Филмов имаше голем проблем со следење на приказната. На многу наврати ќе тргнеше да гради приказна во некоја насока, за потоа комплетно да ја завшри без никаква поента. Билдапот со Јулиа беше еден од најветувачките во филмов. Се запознаа, се зближија, се заљубија, па си ветија дека заедно ќе умрат како Ромео и Јулија, ама ноуп, при крај на филмот све тоа се откажува, набрзина овој ја убедува Роса да му помогне да се самоубие и тоа е тоа. Антиклимакс е мал збор за развојот на филмов.


Како и да е, Everybody loves Raymond Ramon, и на крај пак си отиде човекот. Ако ништо барем се спаси од прикаските на Роса до смрт досадни.

6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
Должам анализа за The Sound of Music. Го гледале 13 души, и му дале средна оценка 5,7, што е израмнување со третата најлоша оценка по рестартот на клубот, или ако сакате повеќе, петто место од позади. :( Ова барем за мене е изненадувачки, зашто сепак се работи за класик, но по се изгледа го прегризал забот на времето, и денес го нема истиот appeal како некогаш. Морам само уште ова да додадам: баш пред некој ден го репризирав и Мери Попинс, и цело време додека го гледав го споредував со овој, и секако, The Sound of Music кај мене победи во секој можен аспект.

Инаку, го испуштиле:
- @Setsuko , @SK-92 , @wot и @Хоуп - на сите прв неизгледан филм во клубот
И толку.
_______________________________________
Mar Adentro има уште три дена. Знам дека сите имате busy agendas, знам дека денес излегува La Casa de Papel, ама се надевам дека ќе најдете време за него престојниот викенд: @devilko , @Setsuko , @SK-92 , @wot , @Комита Ултрас , @__Vita____ , @Imperatorot , @Shawn Spencer , @Хоуп . И јас. :sramezliv:
______________________________________
А, да, и новиот Showdown - филмови за училиште е во тек. Пишете ги десетте најдобри такви во темата - https://forum.kajgana.com/threads/ВО-УЧИЛИШТЕ-kajgana-showdown-06.111953/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom